Michael Phelps & Usain Bolt |
Прочуените „муабети“ дека Канабисот те прави мрзлив и поспан - се само митови! Општеството лажено со години засрамено е нагло да `и се извини на Марихуаната и да ја прифати како природен ЛЕК за опуштање на мускулатурата по вежбањето и како природен поттикнувач на енергија пред тренинзите.
Вистината е секогаш посилна од заблудата, па денес ширум светот илјадници фитнес експерти јавно говорат за фактот дека консумирањето Канабис (напушувањето) пред тренингот, на спортистите им овозможува поуспешно вежбање и полесно фокусирање на одредени мускулни групи. Постојат многу потврдени факти околу Канабисот и вежбањето.
Во медицинскиот свет не е никаква новост фактот што Тетрахидроканабинолот (THC) телото го таложи во мастите. Научна студија потврдува дека ова складирано ТХЦ на спортистите им дава дополнителен енергетски поттик дури и 28 дена по консумацијата. Како што телото започнува да ги топи масните наслаги, мали дози на ТХЦ се ослободуваат во крвотокот поттикнувајќи го спортистот уште цели два часа по тренингот. Оваа студија исто така покажа поврзаност на нивото на ослободен ТХЦ со BMI (Body Mass Index). Колку е поголем БМИ, толку е поголемо нивото на ТХЦ ослободено од мастите.
Џоу Роган (Joe Rogan) исто така го промовира пушењето трева пред спортување. „Дава прекрасно чувство“ - вели Џоу, „Се чувствувате како Херкулес“ - додава Џои Диаз (Joey Diaz). Слушнете што имаaт друго да кажат.
Michael Phelps зема плуќа од бонг |
Мајкл Хелпс (Michael Phelps) е американски пливач со најмногу Олимписки медали до сега, вкупно 22. Овој светски првак во пливање пред некој ден наполни 30 години. Тој не се плаши да признае дека користи Канабис за релаксирање на мускулите, впрочем се гордее со тоа! Ние на Мајкл му посакуваме доживотно да ги срушува рекордите во својот спорт и да продолжи да ги охрабрува другите спортисти и тренери да не користат хемиски допинг, туку природни растенија.
Michael Phelps е горд стонер! ;) |
Неговата консумација во детството се поистоветува и со истражувањето на д-р Мелани Дрехер (Melanie Dreher) спроведено врз трудници, од кои една група консумирала, а друга не. Се покажа дека Марихуаната воопшто не го оштетува плодот, напротив! Растот и развојот на бебињата бил следен во текот на нивниот живот и студијата докажа дека децата на мајките кои користеле Марихуана се развивале дури и подобро од другите, бидејќи имале појак имунитет во текот на целиот живот, од оние кои не консумирале за време на бременоста.
Елитниот 39 - годишен триатлонец Клифорд Друсински (Clifford Drusinsky) станува во 3 часот наутро за да вежба. Тој пред да започне со својот тренинг не пие вообичаени спортски енергетски напитоци, туку консумира 20 милиграми ТХЦ јадејќи енергетска житна плочка со Канабис. Потоа тој поминува еден час пливајќи во базен, потоа три часа возејќи велосипед, за на крај да го заврши тренингот со 13 истрчани миљи (речиси 21.000 метри).
„Марихуаната ме релаксира и ми помага да навлезам во контролирана медитациска фаза“ - вели Друсински. „Кога ќе се надувам, јас вежбам попаметно и пофокусирано“.
Ние - администраторите на 420 Macedonia исто така сме пример дека Канабисот ти помага да бидеш физички активен. Ние сме активни велосипедисти и напредни планински аматерски велосипедисти и планинари, но и речиси секојдневно консумираме Марихуана. Велосипедот го користиме како основно превозно средство, но и за рекреација по македонските висо-рамнини. Речиси сите наши пријатели и луѓе кои ги познаваме, а кои се консументи на Канабис се интелигенти (а многу од нив високо образовани) физички или интелектуално активни. На сите спортот им е хоби или пасија и најчесто имаат професии кои од нив бараат многу концентрација. Канабисот секогаш е тука за да им помогне да се релаксираат и да се фокусираат на природен начин и без несакани последици по здравјето, бидејќи Канабисот е 100% природно решение и 100% безбедно решение за невиден број проблеми.
Канабисот не само што ти помага во вежбањето, туку ти помага и да ослабеш и да ја одржиш посакуваната телесна тежина! Доколку се сетите на сите луѓе што ги познавате кои се корисници на трева, ќе дојдете до заклучокот дека генерално речиси сите се слаби и немаат проблеми со ЈО-ЈО ефектот од диетите за слабеење (немаат потреба од нив), бидејќи имаат константна телесна тежина во текот на животот.
Канабисот може да ти помогне полесно да ги стопиш „мишелинките“ околу стомакот. Едно друго научно истражување објавено во American Journal of Medicine откри дека регуларните консументи на Канабис пред внесување на храната имаат ниво на инсулин 16% пониско од испитаниците кои не консумираат. Студијата вели исто така дека корисниците на трева во просек имаат помала половина.
Канабисот може да ти помогне полесно да ги стопиш „мишелинките“ околу стомакот. Едно друго научно истражување објавено во American Journal of Medicine откри дека регуларните консументи на Канабис пред внесување на храната имаат ниво на инсулин 16% пониско од испитаниците кои не консумираат. Студијата вели исто така дека корисниците на трева во просек имаат помала половина.
Се` уште мислиш дека Марихуаната е дрога?
No comments:
Post a Comment