Showing posts with label енергија. Show all posts
Showing posts with label енергија. Show all posts

Saturday, February 9, 2019

Дали конопот е иднината за чистење на CO2 од воздухот? БАТЕРИИ ОД КОНОП!

Ова ново фасцинантно истражување започнато на Универзитетот Кларксон, би можело да помогне да се спречи пребрзото темпо на глобалното затоплување. Професорот Дејвид Митлин (David Mitlin) и асистент професорот Марио Врајат (Mario Wriedt) го земаат конопот, т.е. контроверзната билка канабис, претворајќи ја во јаглероден материјал кој е доволно порозен за да го зароби CO2 од воздухот


Професорот Дејвид Митлин
CO2 потоа може да биде отстрането или ослободено или може да се рециклира назад во рафинеријата за да произведе повеќе гориво. Фосилните горива како јагленот, природниот гас и нафтата произведуваат CO2, што води до глобално затоплување. Јаглерод диоксидот е потежок од воздухот што го вдишуваме за околу 60 проценти. Иако воздухот што го дишеме е мешавина од гасови, потребен ни е кислородот за да преживееме. Компаниите се обидувале со многу скапи методи за чистење на воздухот од CO2. Сепак, таквите методи не се толку ефективни со текот на времето. Погледнете го видеото подолу за да ви стане појасен проектов.


Дејвид Митлин е генерален директор за системи за нафта и гас при Универзитетот Кларксон. Тој заедно со извршниот директор на Enermat Technologies, Дејвид Хеслер (David Hessler), обезбедија финансирање од грантови во износ од 225.000 долари преку Националната фондација за наука (National Science Foundation) за да го продолжат своето партнерство за комерцијализација на технологијата за складирање на енергија измислена од Митлин. Како резултат на наградата за трансфер на технологија за мал бизнис (Small Business Technology Transfer - STTR), лабораторијата на Митлин ќе добие 127.000 долари, додека Enermat ќе има корист од финансирање од грантови во висина од 98.000 долари.


Митлин рече дека финансирањето ќе се користи за заеднички развој и комерцијализација на материјалите што ги измислил и патентирал. Митлин има развиено материјали за јаглеродна батерија базирани на коноп, кои се евтини и многу побрзо се полнат. „Јас ги користам карбонските нано-листови од коноп, како замена за графитот, за да овозможам многу побрзо полнење во литиум-јонски батерии со голема моќност“ - рече тој. „Тоа може безбедно да се полни за помалку од 10 минути“ - додаде Митлин. Додадената вредност на аспектот на неговиот пронајдок е дека јаглеродните аноди добиени од коноп може да се комбинираат со катода за брзо полнење која веќе постои комерцијално.


Додека технологијата била измислена од Митлин, тој им ги признава на Хеслер и на Enermat Technologies сите аспекти на партнерството поврзани со бизнисот. Националната научна фондација ја структурира програмата STTR, така што малиот бизнис делува како комерцијално возило за да се добие ветувачка технологија од универзитетите како Кларксон на пазарот. „Оваа работа не би била успешна како чиста техничка апликација на Дејв Митлин, туку требаше да соработуваме со компанија како Enermat Technologies за да се обезбеди остварлив пат напред“ - рече Митлин. Хеслер објасни дека Enermat ќе биде одговорен за изработка на прототипови на материјалите на Митлин, со основачот на Enermat, д-р Рахул Мукерџи (Rahul Mukherjee) на чело. Митлин, Mukherjee и Hessler соработуваат на проекти за складирање на енергија од декември 2016 година.


„Ние исто така веруваме дека ќе имаме можност да ја искористиме стручноста и ресурсите во Националната лабораторија Оук Риџ (Oak Ridge National Lab) за дополнителна прототипна работа“ - вели Хеслер. Д-р Мукерџи, кој докторирал на Rensselaer Polytechnic во 2014 година, рече: „Ја познавам работата на д-р Митлин од моите докторски студии и имавме можност да се запознаеме со Дејвид Хеслер во текот на изминатите две години. Јас сум возбуден и оптимист дека овој проект заедно ќе ја унапреди состојбата со складирањето на енергија. Имаме многубројни клиенти кои ќе го следат нашиот напредок“ - заклучува тој.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Clarkson.edu

Wednesday, July 8, 2015

Канабис и вежбање: Канабисот е новиот природен „енергетски напиток“!

Michael Phelps & Usain Bolt
Прочуените „муабети“ дека Канабисот те прави мрзлив и поспан - се само митови! Општеството лажено со години засрамено е нагло да `и се извини на Марихуаната и да ја прифати како природен ЛЕК за опуштање на мускулатурата по вежбањето и како природен поттикнувач на енергија пред тренинзите.

Вистината е секогаш посилна од заблудата, па денес ширум светот илјадници фитнес експерти јавно говорат за фактот дека консумирањето Канабис (напушувањето) пред тренингот, на спортистите им овозможува поуспешно вежбање и полесно фокусирање на одредени мускулни групи. Постојат многу потврдени факти околу Канабисот и вежбањето.

Во медицинскиот свет не е никаква новост фактот што Тетрахидроканабинолот (THC) телото го таложи во мастите. Научна студија потврдува дека ова складирано ТХЦ на спортистите им дава дополнителен енергетски поттик дури и 28 дена по консумацијата. Како што телото започнува да ги топи масните наслаги, мали дози на ТХЦ се ослободуваат во крвотокот поттикнувајќи го спортистот уште цели два часа по тренингот. Оваа студија исто така покажа поврзаност на нивото на ослободен ТХЦ со BMI (Body Mass Index). Колку е поголем БМИ, толку е поголемо нивото на ТХЦ ослободено од мастите.


Џоу Роган (Joe Rogan) исто така го промовира пушењето трева пред спортување. „Дава прекрасно чувство“ - вели Џоу, „Се чувствувате како Херкулес“ - додава Џои Диаз (Joey Diaz). Слушнете што имаaт друго да кажат.

Michael Phelps зема плуќа од бонг
Ништо е не поубедливо од конкретен пример. Двајцата најбрзи луѓе во светот - најбрзиот човек во вода и најбрзиот човек на копно - консумираат Канабис по пат на пушење. Всушност многу спортисти и олимписки шампиони консумираат Канабис. Ова можеби ви звучи контроверзно, меѓутоа веројатно Канабисот е причината за нивните успеси. Двајцата се олимписки атлетичари и отворено признаваат дека го користеле светото растение.

Мајкл Хелпс (Michael Phelps) е американски пливач со најмногу Олимписки медали до сега, вкупно 22. Овој светски првак во пливање пред некој ден наполни 30 години. Тој не се плаши да признае дека користи Канабис за релаксирање на мускулите, впрочем се гордее со тоа! Ние на Мајкл му посакуваме доживотно да ги срушува рекордите во својот спорт и да продолжи да ги охрабрува другите спортисти и тренери да не користат хемиски допинг, туку природни растенија.

Michael Phelps е горд стонер! ;)
Јусеин Болт (Usain Bolt) потекнува од Јамајка и за еден месец ќе наполни 29 години. Тој до сега осум пати беше светски шампион со освоени шест златни Олимписки медали. Болт признава дека консумирал Канабис кога бил многу млад. Всушност кој не пуши на Јамајка? Овој податок на виделина истакнува една друга контроверзија - Јусеин пушел Марихуана како дете, а нели познато е дека Канабисот не се препорачува на малолетници. Всушност и ова е мит! Јусеин е жив доказ дека Марихуаната не е штетна и дека не влијае негативно на мозкот во развој. Инаку како ќе успееше овој млад човек да стане најбрзиот човек на земјата? 

Неговата консумација во детството се поистоветува и со истражувањето на д-р Мелани Дрехер (Melanie Dreher) спроведено врз трудници, од кои една група консумирала, а друга не. Се покажа дека Марихуаната воопшто не го оштетува плодот, напротив! Растот и развојот на бебињата бил следен во текот на нивниот живот и студијата докажа дека децата на мајките кои користеле Марихуана се развивале дури и подобро од другите, бидејќи имале појак имунитет во текот на целиот живот, од оние кои не консумирале за време на бременоста. 

Елитниот 39 - годишен триатлонец Клифорд Друсински (Clifford Drusinsky) станува во 3 часот наутро за да вежба. Тој пред да започне со својот тренинг не пие вообичаени спортски енергетски напитоци, туку консумира 20 милиграми ТХЦ јадејќи енергетска житна плочка со Канабис. Потоа тој поминува еден час пливајќи во базен, потоа три часа возејќи велосипед, за на крај да го заврши тренингот со 13 истрчани миљи (речиси 21.000 метри).

„Марихуаната ме релаксира и ми помага да навлезам во контролирана медитациска фаза“ - вели Друсински. „Кога ќе се надувам, јас вежбам попаметно и пофокусирано“.

Ние - администраторите на 420 Macedonia исто така сме пример дека Канабисот ти помага да бидеш физички активен. Ние сме активни велосипедисти и напредни планински аматерски велосипедисти и планинари, но и речиси секојдневно консумираме Марихуана. Велосипедот го користиме како основно превозно средство, но и за рекреација по македонските висо-рамнини. Речиси сите наши пријатели и луѓе кои ги познаваме, а кои се консументи на Канабис се интелигенти (а многу од нив високо образовани) физички или интелектуално активни. На сите спортот им е хоби или пасија и најчесто имаат професии кои од нив бараат многу концентрација. Канабисот секогаш е тука за да им помогне да се релаксираат и да се фокусираат на природен начин и без несакани последици по здравјето, бидејќи Канабисот е 100% природно решение и 100% безбедно решение за невиден број проблеми.

Канабисот не само што ти помага во вежбањето, туку ти помага и да ослабеш и да ја одржиш посакуваната телесна тежина! Доколку се сетите на сите луѓе што ги познавате кои се корисници на трева, ќе дојдете до заклучокот дека генерално речиси сите се слаби и немаат проблеми со ЈО-ЈО ефектот од диетите за слабеење (немаат потреба од нив), бидејќи имаат константна телесна тежина во текот на животот.

Канабисот може да ти помогне полесно да ги стопиш „мишелинките“ околу стомакот. Едно друго научно истражување објавено во American Journal of Medicine откри дека регуларните консументи на Канабис пред внесување на храната имаат ниво на инсулин 16% пониско од испитаниците кои не консумираат. Студијата вели исто така дека корисниците на трева во просек имаат помала половина.



Се` уште мислиш дека Марихуаната е дрога?