Showing posts with label вежбање. Show all posts
Showing posts with label вежбање. Show all posts

Thursday, January 24, 2019

Велосипедист извозе 19.000 милји вапоризирајќи канабис!

Роџер Бојд (Roger Boyd) од Велика Британија возел велосипед низ Европа, Нов Зеланд, Непал, Индија и Австралија, запирајќи на секои 20 минути за да вапоризира, за да го разбие митот дека корисниците се мрзливи! „Нема граници за моите дневни количества - на трева или на далечина“ - истакна тој


Бојд за време на пауза :)
Роџер Бојд кој ја води страницата на фејсбук за поддршка на легализацијата на канабисот наречена Healthy Stoner, сака да се надува и да го вози својот велосипед. Толку многу што овој Англичанец ги помина последните три години возејќи над 19.000 милји преку гранични линии и континентални поделби, воедно конзумирајќи канабис на секое запирање. Според Bristol Post, Бојд ја започнал својата Tour De Dank во 2015 година, откако се префрлил од пушењето трева на користење пренослив вапоризатор (испарувач). Со новооткриената моќ на белите дробови, Бојд тргна да го побие митот дека корисниците на канабис се мрзливи, документирајќи ги неговите авантури во велосипедот и канабисот на својот блог Healthy-Stoner.com. Досега, Бојд возел низ Европа, Австралија, Нов Зеланд и Индија, за време на дожд, лапавица и снег, низ автопати и над планините.


Велосипедот на Бојд
Возејќи повеќе од 100 милји секој ден, Ленс Армстронг (Lance Armstrong) рече дека Бојд застанувал на секои 20 милји за да вапоризира, овозможувајќи му да остане надуван за време на целото патување. „Отсекогаш сум сакал да излезам со мојот велосипед и да вежбам додека сум надуван“ - изјави Бојд за Бристол Пост. „Идејата за мојот велосипедски маратон низ светот се појави една ноќ, но немаше многу на интернет за вежбање и вапоризирање. Постои негативна перцепција за луѓето кои користат канабис, во споредба со оние кои користат алкохол. Но, алкохолот е многу поштетен - таму има нерамнотежа. Совршено сум луциден и безбеден кога се возам, а [марихуаната] ми помага да ги јадам милјите“.


По патот, Бојд рече дека наишол на безброј други стонери - на различни места како Сибир и Непал - кои му се придружиле на импровизираните пушачки сесии. И со својот сакан велосипед („Тој е толку силен и има рогови, па го нареков Rhino [носорог]“ - вели Бојд) покрај себе, Boyd нема планови за забавување на темпото во скоро време. Отфрлен од турнеја на Блискиот Исток поради нивните сурови закони за канабис, Бојд веќе го планира својот следен индика ајронмен. Меѓутоа, овој пат, сепак, сака да ги искористи зелените брзини на Северна Америка и планира да се повлече на панамерикански патеки низ САД и Канада, па вели дека тоа ќе потрае некаде од 18-20 месеци. За претстојната авантура, британскиот опсесивен велосипедист и канабис ентузијаст ќе побара спонзори за поголема промоција на неговата иницијатива. Сепак, со или без финансирање, Бојд ќе продолжи да вози и ќе продолжи да пафка!


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Marryjane

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Friday, May 18, 2018

Сè што треба да знаете за употребата на канабисот по напорниот тренинг

Дали CBD е клучна состојка за брзото враќање во форма? Кога ќе помислите на марихуаната, каква слика ви доаѓа на ум? Насмеан хипик што слуша реге или пак силен, здрав атлетичар? Најверојатно првото. Канабисот долго време бил поврзуван со „стонери“ и чипс, но оваа лажна перцепција ја заменуваме со факти. Канабисот може наскоро да се користи како витамините и додатоците во исхрана, за да ве одржи среќни и здрави и поиздржливи кога вежбате. Можеби веќе сте забележале некаков производ со канабис во теретана, особено доколку живеете во држава каде канабисот е легализиран


Дали ќе се „напушам“?

Искуството што ќе го доживеете со ваквите производи зависи од канабиноидите. Тоа е хемискиот состав пронајден во различните видови на канабис-растенијата. Се верува дека постојат повеќе од 100 различни видови на канабиноиди, но најмногу внимание привлекуваат двете најважни – тетрахидроканабинол (THC) и канабидиол (CBD). Најчесто марихуаната е одгледувана поради THC, што е психоактивна состојка, додека CBD не е психоактивна. Истражувачите дознале дека и двете состојки имаат терапевтско влијание и се добри за човеково конзумирање за најоптимално здравје. И покрај тоа што одредени луѓе преферираат да пушат џоинт кој содржи повеќе THC, има и такви што одбираат да користат CBD за спречување на болката и олабавување на мускулатурата.



Доктор Канабис

Го прашавме д-р Stuart Titus извршен директор на Medical Marijuana, Inc. за бизнисот со канабисот како лек за „опоравување“. Тој вели дека неговото искуство како терапевт го довело до медицинската марихуана. Многу атлетичари го користеле канабисот за болки, воспаленија и несоница. „Мислам дека една од најдобрите информации доаѓа од патентот на американската Влада. Всушност, тој кажува дека CBD е подобро за употреба, бидејќи можеш да го употребиш во големи дози без никакви несакани ефекти“ - вели тој. Официјалниот став  на Владата потврдува дека канабиноидите може да се користат за сè: од болно колено, до Алцхајмерова болест. Тоа значи дека состојките се добри за телото и мозокот. Доктор Титус смета дека CBD им помага на многу луѓе да ги наострат своите ментални способности. Со тоа сака да наведе и дека CBD може да се користи за третирање на болести на мозокот.



Со CBD до подобро здравје 

CBD може да биде клучна состојка во „опоравувањето“ по напорниот тренинг. Д-р Титус смета дека оваа состојка може да е дури и подобра за телото од синтетичките витамини и суплементи кои се внесуваат како „здрави“ додатоци во исхраната. „CBD се чини дека има поголем антиоксидативен ефект од витаминот Ц или Д, па затоа многу атлетичари го користат за да се справат со воспаленијата. Поради тоа е зголемена побарувачката на ваквите производи од страна на спортистите“ - додава тој. Титус вели дека CBD може да се користи за рехабилитација, но исто така и верува дека таа може да стане значајна и суштинска состојка за здрав живот. Тој верува дека во одреден момент ќе постои фиксна утврдена препорачана доза од СЗО за секојдневна употреба на CBD, исто како што луѓето секојдневно внесуваат витамин Ц.


Поврзано: 





Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Menshealth

Friday, February 23, 2018

РЕЦЕПТ: Како да направите протеински шејк од канабис за подобар тренинг?

Лесен е за подготовка, а изобилува со протеини. Еве како да направите протеински шејк од канабис пред тренинг. Може ли протеински шејкови од канабис пред тренингот да помогнат да го направат вежбањето уште подобро? 


За хидрација и повеќе енергија
Кога станува збор за консумација на канабис пред тренинг, мислењето е поделено, но фактите говорат дека канабисот (активиран или не) во организмот делува како природен енергетски напиток. Некои корисници тврдат дека пушењето пред јога или било каков друг спортски тренинг, им дава акутен ментален фокус и се зголемување на силата, додека други го користат растението пред интензивен тренинг и тоа не во форма на џоинт. Исто така псотојат спортисти кои се наградуваат себе и своето тело со канабиноиди и протеиниод канабисот, по завршувањето на тренингот, за одмор и релаксирање на мускулите. За релаксирање на мускилите пожелно е да се користат масти со канабис кои загреваат и ја ублажуваат болката. Такви масти има веќе и кај нас по аптеките, а можете да си ги направите и сами.


Ако сметате дека припаѓате во првата група, тогаш имаме превкусен рецепт за Вас! Секој нутриционист или тренер ќе ви каже дека никогаш не е добро да вежбате на празен стомак (освен пост-кардио). Значи, ако барате да примите високо ниво на протеини, а исто така да добиете дополнителен поттик, можеби ќе сакате да размислите за протеински кана-шејк пред тренинг. Лесно е да се направи, да се наполните со протеини и хранливи материи и загарантирано ќе го подобри не само вашиот тренинг, туку целокупното здравје. Ајде да погледнеме како да направите едноставен протеински кана-шејк пред тренинг.


Состојки:

* 1 чаша млеко од канабис (види подолу);
* семки од канабис по желба;
* 2 лажици здраво ен протеин во прав;
* 1/2 лажица путер од кикирики;
* 1 лажица овес;
* 1/2 од банана;
* 1/4 чаша спанаќ.



* Декарбоксилиран сатива канабис;
* Сами одлучете за јачината на ТХЦ во канабисот, но бидете сигурни дека ќе ја пресметате соодветната доза на ТХЦ најдобра за вас (сами сте свесни дали сте почетници или пак, ветерани кога станува збор за употребата на канабис);
* Општи упатства за почетници: 1 - 2 грама канабис на литар млеко;
* Млеко.


Начин на подготовка:

Прелесно... Сè што треба да направите е да го истурите вашето млеко во сад и да го измешате со вашиот канабис. Потоа, поставете го садот на висока температура околу еден час. Ќе ја намалите топлината, но ќе продолжите да го загревате уште еден час или два. Откако ќе го направите, можете да го исфилтрирате со газа, хулахопка или филтер за кафе (како при подготовка на масло/екстракт од канабис) ако е потребно. Протеинскиот канабис шејк е идеален пијалак пред тренинг, не само што го хидрира организмот, туку и поради тоа што во споредба со другите рецепти за шејкови од природни намирници, овој рецепт е најдобриот од сите, поврдуваат спортистите. Можете да го пиете и после тренинзите, поради тоа што инстантно ги надокнадува изгубените хранливи состојки.


Сатива шејк за пред, индика шејк за после тренинг! :)
1. Чекор еден: Измешајте ги состојките

Едноставно искомбинирајте ги горенаведените состојки во миксер или нутрибулет. Овие состојки се едноставно наша сугестија за протеински шеик, можете да експериментирате со намирниците, да ги менувате и/илида додавате по ваш избор, но главната состојка е кана-млекото.


2. Чекор два: Мешање

Измешајте ги состојките додека не се соединатво течна и густа форма. Ова треба да потрае од 30 секунди до една минута, во зависност од состојките и миксерот/блендерот што ги користите.


3. Чекор три: Уживајте

Тоа е тоа! Сега само претурете го во чаша и на здравје! Сега е време да го добиете посакуваниот задник и посакуваната телесна тежина во салата за вежбање или посакуваните бицепси. Протеинскиот шејк ви дава  енергија пред тренинг, секогаш можете да го консумирате и по тренингот, особено ако сакате да добиете обновување на енергијата после тренинг. Погледнете ја листата на најдобрите десет врсти канабис наменети за подобрување на тренингот. Ако одлучите да го користите за после-тренинг, можеби ќе сакате да користите индика-доминант канабис млеко, која треба да ви го опушти телото по тренингот. Ги очекуваме вашите креативни и вкусни канабис рецепти! :)

Автор: Кристина Т.
Извор: Hightimes

Wednesday, January 3, 2018

Вежбањето јога и пушењето марихуана одат рака под рака

Со зголемувањето на бројот на земји кои ја легализираат марихуаната за рекреативна употреба, се појави прашањето за јавно комбинирање на јогата и марихуаната. Јогата и канабисот отсекогаш биле поврзувани со длабоки чувства за свесноста. Всушност, голем број јогини сметаат дека вежбањето јога им дозволува да достигнат состојба на „просветлување“


Дали на вашиот јога-мат има место и за марихуаната?

Според историчарите за јога, старите јогини со векови конзумирале марихуана во различни форми. Тие конзумирале пијалак направен од листовите од женско растение канабис, додека пак хашишот бил дел од нивниот секојдневен ритуал за медитирање кој вклучувал и асани. Почетоците на комбинирањето на марихуаната со јогата биле забележани уште во древниот култ кон Шива. Во тој период наместо да ја пушат, марихуаната ја пиеле во млеко. 

Голем број јогини потврдиле дека канабисот им помага подобро да се поврзат со своето тело. „Кога треба да ги соедините вашето тело и вашиот здив, марихуаната може навистина да ви помогне да се опуштите и да чувствувате помалку болка. Целта на јогата е да го опуштите вашето тело. А, марихуаната на многумина им помага во тоа“ - вели Mark Haskell Smith, автор и јога инструктор. 
Убавината на јогата е во тоа што се работи за особено лична пракса, а консумирањето канабис исто така претставува лично патување. Јогата сака да направиш сè што е добро за тебе и за твојата пракса, а секако само ти си личноста што треба да одлучи дали комбинацијата од овие две работи е добра за тебе. Секогаш вреди да се проба, поради нетоксичноста на канабисот.


Во здраво тело - здрав дух! Пријатно канабис-вежбање!

Namaste <3

Автор: Ангела Т.

Saturday, June 3, 2017

ПМС, Менопауза; Регулација на телесната тежина; (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 102 - 103)

ПМС, Менопауза

„Ова е едно нешто за коешто конопот и коноповото масло особено е најдобро што постои, без исклучок. Ти едноставно нема да најдеш ништо кое можело или би помогнало подобро отколку конопот. Тоа ќе помогне да се врати хормоналниот баланс и да се отстрани агресијата, промените во расположението, итн. Тоа исто така ќе помогне во олеснувањето на предменструалните болки и грчеви, мачното чувство, анксиозноста, итн.

Ако јас би видел жена да се однесува чудно поради ПМС поврзани хормонални пореметувања во нејзиното тело, јас би ѝ дал конопово масло веднаш на сите начини или облици или форми достапни на располагање. Јас не гледам причина зошто некој треба да страда без потреба. Да не се споменува дека кога некој страда, сите наоколу него страдаат како резултат на тоа, како било кој што морал да се справува со предменструална жена може да потврди. Јас би ѝ дал да го јаде маслото, да го користи во супозитории и јас не би ја занемарил надворешната употреба на нејзиниот стомак и грб. Таа ќе го сака тоа бидејќи тоа ќе ја отстрани болката и ќе ја подобри кожата на тие делови. Јас исто така би пушел малку масло со неа така што таа да знае дека таа „не е сама“ и дека некој се грижи.

Кажи НЕ на синтетичките лекови против ПМС болки!
Со коноп, менструацијата не мора да биде фрустрирачко и непријатно искуство за сите вклучени.“ ЈБ

П. По ѓаволите, ЈБ... нејзе ѝ одеше одлично, СÈ ДО анти-естрогенските инјекции. Тие ја прават смртно болна.
О. Изненадување, изненадување, Валери (Valerie). „Држи се настрана од докторите“ е правилото на играта во моментов. Ние не го кажуваме ова од задоволство, тоа е реалноста. Пациентите обично се опоравуваат добро на маслото додека медицинските експерти не интервенираат и не го заебат тоа со некои непотребни високо алтернативни и експериментални хемиски лекови. Па сè додека лекарите не научат како да го користат овој лек правилно, навистина е најбезбедно да се држиме подалеку од нив (ако околностите дозволуваат, се разбира). Нејзе не ѝ се потреби инјекциите, таа треба да внесува колку што може повеќе масло колку што таа може побрзо за да ја поправи штетата од претходните медицински третмани и за да се стави нејзината состојба под контрола. Ако маслото не помогне, многу малку е веројатно дека нешто друго би. ЈБ


Регулација на телесната тежина

„Коноповото масло е одличен детоксификатор и тоа не е невообичаено за луѓето кои се со прекумерна телесна тежина да изгубат многу килограми за време на нивниот третман. Тоа е речиси како маслото да знае колку вие треба да тежите и со време тоа ќе го доведе вашето тело до тоа ниво. Во мојот сопствен случај, маслото одзеде околу 13,6 килограми од мене, но јас сум видел многу луѓе да изгубат многу повеќе. 

Кога внесувате конопово масло, тоа не е како да сте на диета. Можете да јадете колку што сакате и што и да посакате. Маслото се чини дека природно го намалува апетитот кај дебелите лица и јас не знам за никаков подобар и побезбеден начин за да се изгуби тежина. Покрај тоа, тоа може да го стимулира апетитот кај личност која има потреба да добие на тежина.

Тоа е баш како што реков, маслото сака да го доведе твоето тело повторно кон здрава тежина без разлика дали сте со премала или прекумерна телесна тежина. Ако би сакале да преминете на некој тип на диета, тоа е ваш избор, но јас би преферирал да не јадам зајачка храна цело време.

Покрај тоа, на моја возраст јас навистина не наоѓам никакво задоволство во правењето на сите видови на вежби, па ако јас сакав да ја намалам тежината ова не би било опција. Ако јас сакам да симнам неколку килограми, јас го знам начинот како да го направам тоа без диети или вежбање и сега вие сте исто така свесни како тоа можете да го постигнете самите. Откако ова чудотворно масло стане повеќе достапно, за кратко време, оние кои сега се предебели или преслаби најверојатно нема да останат такви за долго. Да се биде предебел може да предизвика рана смрт, па ако вие носите неколку додатни килограми, сега вие знаете како да се справите со проблемот.

Дали ти сметаш дека тоа сериозно може да го одземе вишокот тежина без вежбање?

Канабисот природно ја регулира тежината!
Да, коноповото масло може да ја намали тежината без вежбање и јас сум жив доказ. Ако јас ја симнам мојата маица, јас изгледам како некој што вежбал доста многу и моето тело е со правилна тежина како за маж на моја висина.

Кога јас бев помлад, јас многу пливав, но сега откако го изгубив вишокот тежина јас ги носам, можете да видите сите мои стомачни мускули повторно. Јас дури и немам повеќе љубовни перничиња, само линија мускули на секоја страна и јас не правам никакви вежби. Ако вие би сакале да вежбате истовремено, сè што треба да направите е да го следите мојот пример и наскоро вашето тело ќе започне да изгледа онака како што треба.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Мојот син користи Симпсоново масло за неговиот Крон но јас слушам дека тоа може да помогне да се намали тежината. Ако да како?“ - Кристал (Krystal)
-- Да, тоа може, јадете го маслото и ќе изгубите тежина ако сте со прекумерна и ќе накачите на тежина кота сте преслаби. Не прашувајте ме зошто, не прашувајте ме како тоа е возможно, јас не го знам одговорот. Тоа едноставно се случува. Јас изгубив 50 килограми самиот на маслото и верувајте ми јас дадов сè од себе за да го побијам Рик. Но јас не успеав и маслото повторно ги порасна моите мускули, исто така. Тоа беше чудно и тешко за верување, јас признавам. Но мене не ми смета што јас ја изгубив сета таа тежина без капка пот и без вежбање. Всушност тоа беше прилично пријатно и да не го споменувам добриот сон којшто се појави како единствениот значаен спореден ефект од употребата на маслото. ЈБ



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

* Посетете ја страницатаhttp://phoenixtears.ca/

Wednesday, July 8, 2015

Канабис и вежбање: Канабисот е новиот природен „енергетски напиток“!

Michael Phelps & Usain Bolt
Прочуените „муабети“ дека Канабисот те прави мрзлив и поспан - се само митови! Општеството лажено со години засрамено е нагло да `и се извини на Марихуаната и да ја прифати како природен ЛЕК за опуштање на мускулатурата по вежбањето и како природен поттикнувач на енергија пред тренинзите.

Вистината е секогаш посилна од заблудата, па денес ширум светот илјадници фитнес експерти јавно говорат за фактот дека консумирањето Канабис (напушувањето) пред тренингот, на спортистите им овозможува поуспешно вежбање и полесно фокусирање на одредени мускулни групи. Постојат многу потврдени факти околу Канабисот и вежбањето.

Во медицинскиот свет не е никаква новост фактот што Тетрахидроканабинолот (THC) телото го таложи во мастите. Научна студија потврдува дека ова складирано ТХЦ на спортистите им дава дополнителен енергетски поттик дури и 28 дена по консумацијата. Како што телото започнува да ги топи масните наслаги, мали дози на ТХЦ се ослободуваат во крвотокот поттикнувајќи го спортистот уште цели два часа по тренингот. Оваа студија исто така покажа поврзаност на нивото на ослободен ТХЦ со BMI (Body Mass Index). Колку е поголем БМИ, толку е поголемо нивото на ТХЦ ослободено од мастите.


Џоу Роган (Joe Rogan) исто така го промовира пушењето трева пред спортување. „Дава прекрасно чувство“ - вели Џоу, „Се чувствувате како Херкулес“ - додава Џои Диаз (Joey Diaz). Слушнете што имаaт друго да кажат.

Michael Phelps зема плуќа од бонг
Ништо е не поубедливо од конкретен пример. Двајцата најбрзи луѓе во светот - најбрзиот човек во вода и најбрзиот човек на копно - консумираат Канабис по пат на пушење. Всушност многу спортисти и олимписки шампиони консумираат Канабис. Ова можеби ви звучи контроверзно, меѓутоа веројатно Канабисот е причината за нивните успеси. Двајцата се олимписки атлетичари и отворено признаваат дека го користеле светото растение.

Мајкл Хелпс (Michael Phelps) е американски пливач со најмногу Олимписки медали до сега, вкупно 22. Овој светски првак во пливање пред некој ден наполни 30 години. Тој не се плаши да признае дека користи Канабис за релаксирање на мускулите, впрочем се гордее со тоа! Ние на Мајкл му посакуваме доживотно да ги срушува рекордите во својот спорт и да продолжи да ги охрабрува другите спортисти и тренери да не користат хемиски допинг, туку природни растенија.

Michael Phelps е горд стонер! ;)
Јусеин Болт (Usain Bolt) потекнува од Јамајка и за еден месец ќе наполни 29 години. Тој до сега осум пати беше светски шампион со освоени шест златни Олимписки медали. Болт признава дека консумирал Канабис кога бил многу млад. Всушност кој не пуши на Јамајка? Овој податок на виделина истакнува една друга контроверзија - Јусеин пушел Марихуана како дете, а нели познато е дека Канабисот не се препорачува на малолетници. Всушност и ова е мит! Јусеин е жив доказ дека Марихуаната не е штетна и дека не влијае негативно на мозкот во развој. Инаку како ќе успееше овој млад човек да стане најбрзиот човек на земјата? 

Неговата консумација во детството се поистоветува и со истражувањето на д-р Мелани Дрехер (Melanie Dreher) спроведено врз трудници, од кои една група консумирала, а друга не. Се покажа дека Марихуаната воопшто не го оштетува плодот, напротив! Растот и развојот на бебињата бил следен во текот на нивниот живот и студијата докажа дека децата на мајките кои користеле Марихуана се развивале дури и подобро од другите, бидејќи имале појак имунитет во текот на целиот живот, од оние кои не консумирале за време на бременоста. 

Елитниот 39 - годишен триатлонец Клифорд Друсински (Clifford Drusinsky) станува во 3 часот наутро за да вежба. Тој пред да започне со својот тренинг не пие вообичаени спортски енергетски напитоци, туку консумира 20 милиграми ТХЦ јадејќи енергетска житна плочка со Канабис. Потоа тој поминува еден час пливајќи во базен, потоа три часа возејќи велосипед, за на крај да го заврши тренингот со 13 истрчани миљи (речиси 21.000 метри).

„Марихуаната ме релаксира и ми помага да навлезам во контролирана медитациска фаза“ - вели Друсински. „Кога ќе се надувам, јас вежбам попаметно и пофокусирано“.

Ние - администраторите на 420 Macedonia исто така сме пример дека Канабисот ти помага да бидеш физички активен. Ние сме активни велосипедисти и напредни планински аматерски велосипедисти и планинари, но и речиси секојдневно консумираме Марихуана. Велосипедот го користиме како основно превозно средство, но и за рекреација по македонските висо-рамнини. Речиси сите наши пријатели и луѓе кои ги познаваме, а кои се консументи на Канабис се интелигенти (а многу од нив високо образовани) физички или интелектуално активни. На сите спортот им е хоби или пасија и најчесто имаат професии кои од нив бараат многу концентрација. Канабисот секогаш е тука за да им помогне да се релаксираат и да се фокусираат на природен начин и без несакани последици по здравјето, бидејќи Канабисот е 100% природно решение и 100% безбедно решение за невиден број проблеми.

Канабисот не само што ти помага во вежбањето, туку ти помага и да ослабеш и да ја одржиш посакуваната телесна тежина! Доколку се сетите на сите луѓе што ги познавате кои се корисници на трева, ќе дојдете до заклучокот дека генерално речиси сите се слаби и немаат проблеми со ЈО-ЈО ефектот од диетите за слабеење (немаат потреба од нив), бидејќи имаат константна телесна тежина во текот на животот.

Канабисот може да ти помогне полесно да ги стопиш „мишелинките“ околу стомакот. Едно друго научно истражување објавено во American Journal of Medicine откри дека регуларните консументи на Канабис пред внесување на храната имаат ниво на инсулин 16% пониско од испитаниците кои не консумираат. Студијата вели исто така дека корисниците на трева во просек имаат помала половина.



Се` уште мислиш дека Марихуаната е дрога?