Showing posts with label јавно. Show all posts
Showing posts with label јавно. Show all posts

Thursday, December 7, 2017

ЦБД го убива стравот од јавно говорење и социјалната анксиозност

Искусните корисници на канабис, доволно е да сролаат еден сатива џоинт пред да имаат јавен настап, но за оние кои се почетници и се плашат од тоа каков ефект ќе има врз нив џоинтот пред да држат говор, постои многу едноставно решение


Зборувај јасно и гласно без влакна на јазикот ;)
За канабисот одамна се знае дека ги смирува нервите и ослободува од стрес и кога си расеан помага полесно да се фокусираш. Истражувачите веруваат дека дури една мала доза на ЦБД значително го намалува стравот од јавно говорење. Канабидиолот ЦБД - канабиноид од марихуаната - исто како и ТХЦ, но без психоактивни својства третставува природен „антидотум“ на ефектот на ТХЦ и неопходен е особено кога се третираат нарушувања во мозочните сигнали, како разни видови на епилепсија. 

Snoop GOD :)
Значи, внесот само на ЦБД (без ТХЦ) нема да те напуши, но треба да се има исто така на ум дека сите канабиноидиеден без друг не можат да го дадат максимумот од својот лековит потенцијал на корисникот, затоа што дејствуваат синергично. Благодарение на неговата непсихоактивна природа, а со тоа и огромен комерцијален потенцијал, ЦБД станува најпопуларната природна лековита состојка од марихуаната меѓу законодавците, истражувачите, пациентите, како и неинформираните лица. Иако истражувањата за овој канабиноид се започнати неодамна, напредуваат многу брзо. Ова не треба да нè зачудува, затоа што екстрактите во кои донимира ЦБД се заслужни за тоа многу аутистични деца, соразлични ментални попреченостии пречки во говорот (говорни маани) - да проговорат за прв пат во својот живот!


Rihanna
Пред повеќе години, спроведено било едно истражување кое ги погледнало последиците на ЦБД врз првиот третман на пациенти со социјална фобија. Истражувањето не добило многу внимание, најверојатно бидејќи било извршено во 2011 година пред Колорадо и Вашингтон да станат првите сојузни држави кои ја легализирале рекреативната марихуана во 2012 година. Која и да е причината, ова истражување заслужува втора шанса. Истражувањата од повеќе Бразилски универзитети, меѓу кои Универзитетот во Сао Пауло, Државниот институт за транслациона медицина и Универзитетот во Јужна Санта Катарина соработувале на ова истражување кое ги тестирало ефектите на ЦБД врз пациенти со социјално-анксиозно пореметување, кои поминале симулација на тест на јавно говорење. Да нагласиме дека овие пациени никогаш претходно не биле третирани на никаков начин за нивната социјална фобија.


Tommy Chong
Истражувачите откриле дека „Треманот со ЦБД значително ја намалило анксиозноста, когнитивното оштетување и неудобноста и непријатноста што ја чувствувале за време на нивниот говорен настап и значително ја намалило небулозата во предвидениот говор“. Со други зборови, ЦБД значително им го намалило стравот од јавен говор. Истражувањето исто така потврди дека ова не било плацебо ефект, затоа што имало и контролна група. „Плацебо групата покажала повисока анксиозност, когнитивно оштетуваwе, неудобност и големо ниво на збунетост во споредба со контролната група“ - велат истражувачите. За секој што има страв од јавно говорење, а кој има среќа да биде благословен на тој начин да живее во држава каде канабисот е легален, може без никаков проблем да му погледне во очи на својот страв. Овие откритија го променуваат текот на играта. Често, ЦБД има различен легален статус во споредба со целата билка канабис и во некои сојузни американски држави како Алабама, имаат одобрено клинички проби со ЦБД додека истовремено одржуваат строга дистанца против растението кога вклучува психоактивна супстанца. Онаму каде што е легален, ЦБД се продава во разни форми, падури и во капсула и/или пилула. 


Засега, како што е заклучено од ова истражување - „Овие прелиминарни резултати укажуваат дека една доза на ЦБД ја намалува анксиозноста зајакнувајќи ги ефектите провоцирани од симулацијата во тестот за јавно говорење кај пациенти со социјална анксиозност, потврдувајќи дека овој канабиноид го спречува стравот од говор во јавност“. Па, наредниот пат кога треба да зборуваш пред група (непознати) луѓе, дури и да немате трема не заборавајте да пробате прво да си ги средите мислите во главата со канабис, па потоа да дозволите говорот сам да си тече од вашата душа, прекувашата уста. Добра медитациска техника е додека пушите џоинт да си замислувате како вдишувате позитивна енергија, а како со секое издишување се ослободувате од наталожената негативна енергија во вашиот систем, стравот и тремата... Inhale the good shit - exhale the bullshit!

Извор: HERB

Wednesday, September 9, 2015

ЛЕКализација за просперитетна Македонија (Интервју со Пикисипи - САФ)


Loza.mk: На концертот имавте мал говор за борбата против ракот и легализација на древната билка. Си земам за право да Ве прашам – дали сметате дека канабисот, или конопот – според нашите стари, треба да се декриминализира или ограничи за медицинска употреба?

Пикисипи: Лекализација е дефинитивно потребна! Декриминализација исто така! Зошто тутунот е легален, а од него умираат секоја година милиони луѓе ширум светот, а конопот е нелегален? Освен во медицински употреби може да се исползува и како индустриска суровина за еден куп човечки потребштини (хартија, облека, гориво, козметика, итн.). Зошто да не ги следиме потезите на прогресивните земји кои со Легализација / ЛЕКализација постигнуваат одлични резултати во борба против ракот, епилепсијата, еден куп психосоматски и останати тешки заболувања за кои современата медицината нема одговор!? Зошто на некои луѓе им се ускратува правото на живот и правото на Лек? Зошто не бидеме први на Балканот кои ќе го направат тој потег? Македонија произведувала 1/3 од Афионот и Конопот што го произведувала Отоманската империја! Која друга земја има афион (дрога) на својот амблем? Каде на друго место се давале пити афион како мираз? Зошто сме толку неискрени спрема самите себеси? Зошто толкаво лицемерие!? Зошто Владата мисли дека туристите ќе дојдат во Македонија оти сега имаме неколку споменици повеќе (зарем другите немаат историја)? Во Амстердам одат милиони туристи годишно и никој не оди за да се слика покрај некоја статуа или фонтана. Замислете Стојаково и Добрејци и целиот МКД регион какви модели би им понудиле на туристите кои ќе дојдат на лекување, прошетка, агротуризам… Или каков туристички центар ќе биде Охрид ако го легализираме Конопот? Зошто секогаш сме последни во се` и сешто? Па ете, нека го погледнат примерот на државите Колорадо и Вашингтон во пуританска и конзервативна САД, каде имаат суфицит од неколку милијарди долари данок, па државата гради училишта и факултети со парите од медицинскиот коноп, а криминалот паднал за 30 проценти. И плус еден куп задоволни луѓе на кои денот им поминува полесно од секојдневниот стрес со кој сме сите соочени, да не спомнувам колку луѓе заболени од канцер ќе бидат спасени низ целиот свет од Канабисовото масло кое би го прозведувала еколошки чистата Македонија!? Колку луѓе што се навлечени на психолептици и антидепресиви ќе имаат подобар и полесен живот ако барем се лекализира Конопот? Зошто упорно се прават реклами во кои конопот се прикажува како најголемо зло, кога нашите баби и дедовци го саделе и конзумирале од памтивек… Аман! ЛЕКАЛИЗАЦИЈА!

Преземено од Loza.mk.
Целото интервју може да го прочитате тука.

Friday, July 24, 2015

Анкета: Доколку се легализира Канабисот во Македонија, колку често ќе консумираш?

Во неодамнешната анкета насловена „Доколку се легализира Канабисот во Македонија, колку често ќе консумираш?“ која траеше околу еден месец, се` до денес - својот глас го дадоа 184 лица.

Од оваа анкета може да се заклучи дека само 2% (3 гласови) се изјаснија дека нема да консумираат, само 1 не пробал, но тогаш ќе проба, 1 не знае и 1 по потреба ќе консумира.

28% (52 од гласовите) се изјаснија дека ќе консумираат без ограничување, 11% (20 гласови) ќе користат Канабис три пати во денот, потоа 7% (12 гласови) ќе консумираат секој час, 13 гласови три пати во неделата, 6% (11 гласови) ќе консумираат навечер, 6% ќе користат два пати во денот, 5% (9 гласови) пред спиење, 4% колку што ќе им препише докторот, исто толку ќе консумираат еднаш во неделата, 4% два пати во неделата, 3% наутро и 3% во 4:20.

2% (3 гласови) еднаш во денот, исто толку еднаш во месецот и 2% ќе користат 2-3 пати во месецот. Само 3% (6 мина) нема да консумираат по никоја од нас предложените шеми, туку според сопствена :)

Им благодариме на сите што гласавте. Продолжете да не` следите и очекувајте други интересни анкети. Вашето мислење многу ни е важно. Не плашете се од вистината! Канабисот лекува.