Aнализа од домашно направено масло |
Маслото од канабис се користи за стрес, анксиозност, нервоза, депресија и мускулни болки, бидејќи канабиноидите дејствуваат невропротективно. Може да се користи и против гадење и повраќање, особено за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, за што се одговорни канабиноидите што помагаат во одржување на балансот на цревната флора. Ублажуваат и состојби на болка од различно потекло порaди изразеното противвоспалително и аналгезично дејство.
Екстрактите може да се користат за превенција од кардиоваскуларни болести - дејствуваат вазорелаксантно и помагаат при регулирањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, дејствуваат кардиопротективно и антиисхемично, може да помогнат во регулирањето на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогнат во регулирањето на покачената концентрација на гликоза во крвта.
Од пред неколку месеци, во аптеките низ државата започна да се продава многу разреден екстракт од канабис „Каноил“ произведен од фармацевтската компанија „Реплек“, но граѓаните се пожалија на високите цени и слабата концентрација на супстанциите ТХЦ и ЦБД, кои се користат за лечење. Како што изјавува Утрински весник, во аптеките во земјава од 24 август 2016 (среда) во продажба, конечно се најде и „медицинското масло“ од канабис со малку зголемена концентрација од првиот производ, најавено од страна на Агенцијата за лекови како „јакото масло“, кое со само со лекарски рецепт од доктор ќе може да го купат само болни со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детската возраст. Станува збор за препаратот „Канобил канц“, маслени екстракти од билката канабис, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол) и според упатството за употреба се наменети за пациенти со малигни заболувања. Производителот тврди дека едниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри. За жал, како „послабото“, така и ова „појаково“ масло - ја немаат моќта целосно да се спротивстават на многу заболувања, што може успешно да се излечат со помош на високо концентрирано масло направено во домашни услови.
Екстрактите може да се користат за превенција од кардиоваскуларни болести - дејствуваат вазорелаксантно и помагаат при регулирањето на крвниот притисок, ја подобруваат работата на срцето, дејствуваат кардиопротективно и антиисхемично, може да помогнат во регулирањето на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогнат во регулирањето на покачената концентрација на гликоза во крвта.
Македонско зелено злато од Облешево! |
Канабисот се јаде суров како зеленчук |
По божемната легализацијата на канабисот во Македонија за медицински цели, односно по монополизацијата, активистот Филип Достовски од здружението што се бори за легализација на лекот во Македонија Зелена Алтернатива од Скопје, два пати `и погледнал на смртта во очи. Прв пат кога на 15 годишна возраст му бил дијагностициран рак и се излечил со конвенционални методи. Вториот пат пак, решил тоа да го направи со масло од канабис со неверојатен успех што до неодамна, во Македонија беше забрането за употреба. Филип до ден денес со домашно изработен екстракт од канабис го превенира ракот кај себе. Тој реално гледа на новиот производ на Реплек, ги кажува неговите предности, но и недостатоци, а отсега како што вели за Телевизија 21 ќе работи на тоа како поефективно да се употребува маслото од канабис. За маслото од канабис што веќе се продава во аптеките вели дека не е лошо, но е прескапо во однос на квалитетот.
Aнализа на микс од 3 сорти |
„Првата слика е анализа од домашно направено масло и се однесува за 1 милитар масло...значи во 1 милилитар масло од првата сорта има 800 милиграми ТХЦ... Втората анализа е микс од 3 сорти и има 650 милиграми ТХЦ.. За повеќето видови канцер се користи по 1 мл на ден поделено во 3 дози.. На втората слика се прикажани маслата кои ќе бидат на рецепт... Дигитроните во рака, па рачунајте сами..... И да се разбереме... Овие масла ако ги користиш на пример немаш сајдефекти од хемо и од зрачење, супер е за веќе излечени од рак, за превенција, супер е за многу работи...ама вистинските антитумор ефекти се постигнуваат со тоа од 120 мл да го испиеш за еден месец, му доаѓа 10 мг ТХЦ на ден, што е супер за да МНОГУ ПОВЕЌЕ ТХЦ..значи овие масла се ОГРОМЕН напредок од оние претходните, ама Македонија може многу боље...“ - истакнува активистот Филип Достовски од Зелена Алтернатива.
Промоцијата на новото масло на Реплек |
И двата препарати се производство на фармацевтската куќа „Реплек фарм“, прва фирма која на македонскиот пазар го донесе ова лековито масло, а кои веќе беа промовирани пред лекарската јавност. Овие лекови ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист. Препаратите ќе се продаваат по астрономски цени од 5.544 денари за „Канобил канц 300“ и 9.240 денари за „Канобил канц 600“. На промоцијата на Реплек присутни двајца без тројца...
„Бев на промоцијата на Реплек и можам да заклучам дека во земјава не станува збор за легализација туку за монополизација. ќе биде 4000 ден, а на поголемото 7000 ден, плус рецепт. Д-р Милан, поздрав до него (со Претпоставувам сега ќе бидат уште поригорозни? И што правиме за другите болести и состојби кај кои канабисот докажано дава резултати? Од психосоматски до бла бла? И што правиме со прехранбени продукти (брашно, млеко, зејтин)? Важно они се заштитија од нелегалната конкуренција кај најпрофитабилниот пазар (канцер пазарот). Цена на 120 мл мала реплика на неговите мудрости), да не беа тие џанаци и наркомани со своите нестандардизирани екстракции, тие доктори, политичари и пандури уште ќе шетаа по земјава со целата своја глупост и ароганција мислејќи дека марихуаната е штетна и предизвикува шизофренија“ - вели активистот Еди Истер.
Реплек не ја кажува целата вистина - не кажува дека оваа разредена концентрација на канабиноиди не е во состојба да му се спротивстави на канцерот. Тие тврдат дека „Во зависност од болеста, месечно требаат по 2-3 пакувања“ - вели Дарковска-Серафимовска, а со таа концентрација потребни се многу повеќе пакувања за третирање било што. Црниот пазар за квалитетно и потентно канабисово масло што лекува рак, на овој начин нема да се сузбие. „Како резултат на многуте напори на Владата, голем број лекари и здруженија, граѓаните конечно го добија канабисот за легална употреба во медицински цели. Препаратите се произведени по највисоки стандарди, со стандардизирани суровини од европско потекло. Најважно е дека пациентите кои имаат потреба од овој тип на препарати, конечно, добија можност да набават проверени, исклучително квалитетни, безбедни и строго контролирани производи“ - велат од „Реплек фарм“.
Достовски уште тврди дека сортата на канабис што расте во Источна Македонија делува на сите автоимуни болести но и на дијабетес, на алергии, убоди од инсекти, на изгореници. „Имаме суво злато без пари, а ние маслото го увезуваме“ - вели Достовски, кој тврди дека конопот што расте во Источна Македонија може да се употребува или како помош или како лек за повеќе болести. Поради залагањето за легализација на марихуаната Достовски неколку пати имал проблеми со полицијата, но како што вели тој, се` ќе се реши кога ќе му дојде времето.
Македонскиот див коноп |
Септември е најпогоден месец во годината за берење на дивиот коноп, односно канабис, вели Филип Достовски за Радио МОФ. Според него, во Македонија има квалитетен див коноп од кој може да се прави масло во сечиј дом, најпогодно за лекување на епилептични напади и кај мали деца, иако законски се` уште е нелегално физички лица да ја берат оваа билка и да го приготвуваат овој лек. Според него околините на Скопје, Тетово, Битола, Кочани, Гевгелија и Прилеп се места каде може да се забележи квалитетен коноп што расте слободно.
„Од оваа недела и во следните 4 или 5 недели може да се собира нашата дива сорта... Рецептот за маслото побарајте го на Youtube.. ’how to make RSO oil‘... Маслото од оваа сорта е супер за епилепсија, за анксиозност, за биполар... Видете на Google: CBD type treatment.. Лисјата можете да ги искористите за смудија и салати... Сo среќа“ - додава Филип во групата на здружението. Ние би додале дека листовите се идеални и за правење чаеви.
Ова масло може многу да ти помогне, но нема да те излечи од канцер... |
„Во Македонија има повеќе региони каде може да се најде див коноп, но тоа се повеќе сорти. Има диви автохтони сорти, кои растат природно, но има и остатоци од индустрискиот коноп кој се одгледувал за време на Југославија. Тој повеќе расте во висина и има само мал дел од супстанцијата која се користи за лечење. Во нашите сорти и тој индустриски коноп, речиси воопшто нема од психотропната супстанца ТХЦ, или малку, додека во изобилство содржат ЦБД. Тоа е супстанцијата која многу добро лечи епилепсија, биполарно растројство, анксиозност, несоница и слично, додека ТХЦ повеќе се користи при лечење на рак“ - објаснува Достовски.
До конечниот продукт, односно маслото, има неколку фази, вели тој. Прво е берењето, за кое Достовски смета дека е најпогодно овој период. Тој објаснува дека кога растението вегетира, односно не е во фаза на цветање, не е лековито. „Речиси сите сорти, кога и да ги засадиш цветаат во исто време и се берат од први септември до први октомври. Конкретно нашата сорта веќе од среда може да се бере“ - вели Достовски.
Како што се намалува денот, во средината на јуни, така овој вид на растение почнува да цвета во наредните осум до 12 недели, појаснува тој. Според она што го забележале на терен како организација, сортите на коноп кои ги има во државата се разликуваат, па така, семките од конопот кој би се нашол во Тетово се ситни и потемни, додека семките во Кочани се посветли. „По берењето, растението треба да се исуши десетина дена, во мрачна просторија и проветрена просторија, а потоа почнува приготвувањето на маслото“ - продолжува да објаснува активистот.
На интернет може да се најдат илјадници примери за тоа како се прави масло од канабис. Причината за ова, според Достовски, е бидејќи се разликуваат сортите на канабис и видот на болеста што се третира. Но, како најдобар пример го посочи рецептот на Канаѓанецот Рик Симпсон, кој во светот е познат како најголем поборник за легализација на канабисот во медицински цели и човек кој бесплатно со целито свет го сподели рецептот за правење на ова масло што лекува рак. Со него, вели Достовски, луѓето може да направат екстрат во своите домови.
„Се разликува начинот на приготовка во зависност од тоа дали станува збор за мачкање на кожа или треба орално да се внесе“ - потенцира Филип. Според него, луѓето кои самоиницијативно ќе решат да го направат маслото, прво мора добро да се информираат за фазите на приготвување. „Прво, за да се направи маслото треба растворувач што ќе ја раствори смолата од растението, а потоа растението се фрла. Како растворувач може да се користат секакви хемикалии, само важно е да бидат без адитиви, како чист алкохол, бензин, ацетон, бидејќи во спротивно, тие може да бидат токсични и да останат во маслото“ - напоменува Достовски.
Од кујната на Филип Достовски :) |
Како што изјавуваат од Нова Македонија, во ќе се понудат и супозитории и таблети за џвакање со мала доза ТХЦ, кои ќе може да се купат без рецепт. Марија Дарковска-Серафимовска директорката на Агенцијата за лекови вели дека веќе има две компании што поднеле барање до Министерство за здравство за производство на марихуана и сега е во тек проверка за тоа дали ги исполнуваат условите, т.е. се чека тоа да го утврди комисија. Доколку добијат дозвола, првите производи при оранжериско производство би ги имале за околу шест месеци. Од нив потоа се бере цветот, се обработува и со добива масло. Секое растение ќе има свој баркод, а контролите ќе бидат големи. „Верувам дека овие компании понатаму сами ќе произведуваат масло. Со зголемувањето на конкуренцијата очекуваме и пад на цените на маслото“ - вели таа. Ова може да го сфатиме како најава за пад на цената на канабисовиот цвет? :)
No comments:
Post a Comment