Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб
Се смета дека канабиноидите треба да се аплицираат поблиску до заболеното место, па според тоа дијагнозите до половината подобро е да се третираат орално (воедно болести на усната шуплина, рак на грло итн.), а дијагнозите од половината надолу - ректално со чепчиња (плус рак на дебело и тенко црево, цревни воспаленија и сл.), болестите на матката најдобро е да се третираат со чепчињата кои ќе се користат како вагиналети; болестите на кожата се третираат топично (со мачкање). Многумина денес сметаат дека пациентите треба да ја ставаат дозата што ја консумираат под јазикот, или дека треба да ја ставаат дозата на непцата (дозата треба да се проголта, а во устата се чува извесно време само доколку заболувањето е во усната шуплина/грлото). „Иако методите како овој може да ги внесат медицинските канабиноиди во телото на пациентот, јас навистина не се согласувам со овие методи, затоа што маслата често може да имаат лош вкус кој во устата може да трае подолго време. Јас чувствувам дека едноставното ставање на дозата во устата на пациентот, од корист ќе бидат оние кои имаат инфекции на непцата и проблеми од оваа природа, но во повеќето случаи верувам дека нивната доза треба едноставно да се проголта“ - истакнува Рик Симпсон на неговата официјалната страница PhoenixTears.ca.

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Воведни инструкции за дозирање на канабисово масло
Домашно изработена канабис-супозиторија |
„Правилното масло е густа мрсна супстанца, па кога ја консумирам мојата доза, јас едноставно ја ставам на мојот прст, а потоа ја ставам на моите заби, по што пијам студена вода, а потоа го користам мојот јазик за да го отстранам маслото од од моите заби, а потоа го проголтувам. Употребувајќи го овој метод, јас обично можам да ги земам моите дози без непријатниот вкус на маслото и мислам дека повеќето пациенти би сакале да го прават истото, но постојат исто така други едноставни методи кои можат да бидат употребени за да се избегне лошиот вкус“ - објаснува Рик.
Неколку совети за подготовка на дозата
Доста лесни за подготовка - потребен е калап |
Дозата што пациентот треба да ја прими може да биде ставена на мало парченце леб и лебчето потоа може да се поклопи за да се покрие дозата. Потоа се става во устата на пациентот и може едноставно да се проголта со вода како пилула. Друг добар метод за да се избегне вкусот е ставањето на дозата помеѓу две тенки резанки овошје, како банани, а потоа ставете ја така подготвената доза во устата на пациентот за да може целосно да се проголта. Некои аптеки имаат празни гел капсули и дозата на пациентот може да се стави во нив и потоа да се користат како супозитории или може да се земаат преку устата како капсули. Вака состојките од маслото започнуваат да се апсорбираат од телото веднаш во желудникот, а вкусот на маслото практично тотално не се забележува.
Рик нагласува дека доколку екстрактот е подготвуван на правилен начин, често тој нема непријатен вкус што ќе трае долго, „но, едноставните методи што јас ги објаснив треба да им помогнат на пациентите да ги консумираат своите дози полесно“. Пеонтата на целата процедура е да се внесе маслото во телото на пациентот на најлесен и најпријатен можен начин „па, сметам дека следејќи ги методите што ги опишав, треба да им се посвети сериозно внимание“ - доава тој.
Кој начин е подобар и за кои случаи?
Одбери го својот метод! |
Доста извесно време, многумина покажаа интерес за користење на овој природен лек во супозиторна форма, затоа што мислат дека на овој начин тие можат да го избегнат хајот и за некои ова е вистина. „Јас исто така го користев ова масло во супозиторна форма, но кога земав доста голема доза на овој начин, јас не можам да речам дека не ги почувствував ефектите. Јас всушност сметам дека во некои случаи користењето на канабис-супозитории е многу добра идеја, затоа што верувам дека маслото треба да биде ставено што е можно поблиску до здравствениот проблем што се третира“ - вели Рик Симпсон.
Канабисовото масло исто така може да се консумира и во вид на домашно подготвени капсули |
Кога маслото се користи во форма на супозитории, медицинските канабиноиди што маслото ги содржи одат веднаш во крвниот систем и го изминуваат црниот дроб. Ако имате намера да користите супозитории за лекување на вашите медицински проблеми, тогаш супозиториите треба да содржат иста количина на масло што нормално би се внесло преку уста и дозата треба да се зголемува на ист начин.
Како се подготвуваат чепчињата?
Како се подготвуваат чепчињата?
Супозиториите се доста едноставни за подготовка, на сè што треба да внимавате е количеството на канабисово масло во нив. Па, на почетокот можеби ќе треба да вложите малку повеќе напор за да ја погодите точната доза. Вообичаено аптеките треба да поседуваат капали за супозитории (можете да ги нарачате на Интернет) и се` што треба да направите е да земете супстанца како цврсто растително масло од дрвото Шеј (Shea butter), органско кокосово масло или органски путер од какао и да го загревате додека не стане течно, до степен кога можете да го додадете канабисовото масло и да ги наполните калапите. Добра идеја е да се наполнат калапите, откако биле чувани во фрижидер. Тоа побрзо ќе `и овозможи на супстанцата што сега ја содржат да се стврдне и откако тоа ќе се случи, тие се готови за употреба.
Лесни за подготовка и консумирање |
„Кога луѓето го консумираат маслото, ми се допаѓа кога ги гледам во нивната комфор зона, но вистината е - колку побрзо го земеш маслото, толку ти се поголеми шансите за да преживееш, доколку боледуваш од сериозна здравствена состојба како што е ракот“ - заклучува Рик Симпсон.
* Текстот е превземен од официјалната страница на Рик Симпсон - phoenixtears.ca
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
* Совет од пациент: подготовка на канабис чепчиња со кантарион!
* Како самите да си направите канабис капсули за третирање на многу дијагнози?
* Како самите да си направите канабис капсули за третирање на многу дијагнози?
здраво, дали некој можи да ми помогни каде во скопје да се најдат чепчиња?
ReplyDeleteКалапите можете да си ги нарачате на интернет - http://www.ebay.com/itm/100-Empty-Disposable-Plastic-Suppository-Molds-2-3ml-/112089577590?hash=item1a190f3876:g:IbsAAOSwJkJWlag~
DeleteZdravo dali semata za cepcinjata e ista za sekoj? Dali ako za tri dena ne se navikne na dozata-uste mnogu spie, treba da se zgolemi? Cepcinjata gi napraviv vo opakovka od kapsuli za pocetok i mi ispadnaa 20namesto 10odnosno dozata e 0,05. Dali kolicinata e mala pa brzo se topi i nemoze da se vnese celosno vo anusot, ili ima nekoj poseben nacin na vnesuvanje? Fala
ReplyDeleteПочитувани, повеќе информации во врска со прашањето што го поставивте, имате на следниве линкови: http://www.cureyourowncancer.org/dosage.html
Deletehttp://www.cureyourowncancer.org/cannabis-oil-suppositories.html