Израелските Министерства за земјоделство и за здравство ќе обезбедат 8 милиони Израелски нови шекели (скоро 2 милиони евра) за финансирање на 13 медицински студии врз канабисот. Меркава е првиот заеднички напор од ваков вид помеѓу единицата за медицински канабис при Министерството за здравство и главната научна единица при Министерството за земјоделство. Студиите, кои ќе бидат финансирани преку Фондот управуван од страна на главната научна единица, ќе се справуваат со биохемиските и медицинските аспекти, како и подобрувањетo на приносите на медицинскиот канабис како култура.
Министерството за земјоделство пред неколку дена изјави дека финансирањето на студиите е пионерски чекор за Израел, кој може да им овозможи на истражувачите да се спроведат основни и применети истражувања за пет години, за време на кои ќе се развиваат алатки и инфраструктура за да ѝ се олесни на следната генерација канабис растителни производи за медицинска употреба.
Меѓу биохемиските и медицинските студии одобрени од страна на Министерствата за земјоделство и за здравство на Израел се идентификацијата и спецификацијата на новите состојки кај видовите на медицински канабис, употребата на марихуаната и нејзиното влијание врз видот, вклучувањето на канабисот во спречувањето и убивањето на развојот на ракот на дебелото црево, третманот на мултиплекс склерозата со користење на канабис, употребата на марихуаната за да се спречи отфрлањето на трансплантирани органи, како и тест за способноста на растението канабис во одложување на развојот на штетните бактерии. Овие студии наскоро ќе добијат финансирање од страна на Израелската Влада.
Во прилог на овие испитувања, во следните неколку години, државата ќе го финансира истражувањето што ќе го испитува развојот на нови и подобрени технологии за одгледување, т.е. наводнување и ѓубрење на растенијата канабис, потоа подобрување на начините за справување со растителните болести и штетници кои го напаѓаат растението канабис, развој на усовршени методи за размножување и калемење на билките канабис за создавање на генетска банка и национална банка од семки на медицински растенија канабис, подобрување и развивање на нови видови канабис и многу повеќе.
13-те канабис студии за да добијат државна поддршка ќе бидат спроведувани од страна на одредените фармацевтски компании, универзитети, истражувачки институти и болници, откако тимовите од експерти ќе одговорат на повикот од главниот научник д-р Авичаи Прл (Avichai Pearl) од Министерството за земјоделство. Посебна комисија ги испитува предлозите и го направи својот избор за државна финансиска поддршка од 30-те поднесени. Министерот за земјоделство на Израел Ури Ариел рече: „Програмата покажува дека земјоделството е важно во сите аспекти од животот“.
Извор: Globes
No comments:
Post a Comment