Showing posts with label Израел. Show all posts
Showing posts with label Израел. Show all posts

Sunday, May 31, 2020

„Канабисот бил спалуван за време на верски обреди“ од страна на Античките Израелци - научна студија

Античките Израелци палеле канабис како дел од нивните религиозни обреди, открива археолошка студија. Се верува дека канабисот бил спалуван за да предизвика психоактивен ефект кај верниците за полесно поврзување со Бог


Остатоци од канабис се пронајдени
на олтарот од храмот во Арад
Добро сочуваната супстанција пронајдена во храмот стар 2.700 години во Тел Арад е идентификувана како канабис, вклучувајќи го и неговото психоактивно соединение, канабиноидот тетрахидроканабинол - THC. Истражувачите заклучиле дека канабисот најверојатно бил горен за да предизвика еуфорично чувство кај верниците. Ова е прв доказ за употреба на психотропни лековити билки кои се користеле во раната еврејска богослужба, пренесуваат израелските медиуми.


Храмот за прв пат е откриен во пустината Негев, на околу 95 километри (59 милји) јужно од Тел Авив, во 1960-тите. Во најновата студија објавена во археолошкото списание на универзитетот Тел Авив, археолозите велат дека биле закопани два олтари од вар во храмот. Делумно благодарение на сувата клима и закопувањето, остатоците од жртвените паленици беа зачувани над овие олтари.



Темјан беше пронајден на еден олтар, што не беше изненадувачко поради неговата важност во Светите Писма, изјавија авторите на студијата за израелскиот весник Haaretz. Сепак, тетрахидроканабинолот (THC), канабидиолот (CBD) и канабинолот (CBN) - сите активни соединенија (канабиноиди) кои природно се јавуваат во растението канабис - се пронајдени на вториот олтар. Студијата додава дека наодите во Тел Арад сугерираат дека канабисот, исто така играл улога во обожувањето и славењето за време на верските обреди во храмот во Ерусалим.


Ова е затоа што во времето кога храмот во Арад беше дел од тврдината на ридот при јужната граница од Кралството на Јуда и се вели дека одговара на смалената верзија на библиските описи од првиот храм во Ерусалим. Остатоците од храмот во Ерусалим сега се недостапни за археолозите, така што наместо тоа, тие го изучуваат Арад и други слични светилишта и храмови за тоа да им помогне да го разберат обожувањето во поголемиот храм.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: BBC

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

Делчевчанецот Перо Археолого Неолитски раскажува за неговото лично искуство со природниот лек канабис

Saturday, May 2, 2020

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман



Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.


Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката. 


Професорот Дуди Меири
Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.


Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Breitbart

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:






Tuesday, June 26, 2018

Повеќе од половина од израелските војници пушат канабис

Најмалку 54,3 отсто од израелските војници минатата година пушеле канабис, објави израелскиот весник Yedioth Ahronoth


Весникот објави дека официјалната статистика објавена од страна на Израелската агенција за борба против дрогата (Anti-Drugs Authority - IADA) го покажува остриот пораст на бројот на војници кои го користат нелегалниот лек, во споредба со 2009 година кога стапката била само 11 проценти.


Во минатото, пушењето хашиш беше опасно злосторство во армијата“ - пишува весникот. „Во многу случаи, војниците беа обвинети со кривични пријави и беа испраќани во затвор“ - се вели во објавата. „Од јануари 2017 година“ - пишува весникот - „израелската армија усвои поблага политика, дозволувајќи им на израелските војници да пушат до пет пати додека не се на должност“. Весникот исто така рече дека: „дури и за оние кои пушат канабис на должност или повеќе од пет пати не се соочуваат со судски спорови или кривични пријави според постојните прописи“.


Еден од израелските војници изјави во сведоштво: „Исто така, командантите пушат, вработените пушат, лекарот пуши, сите пушат, па кој ќе го спроведе тоа? Командантот на компанијата не може да пуши, но е свесен за сите војници кои пушат. Тој ги гледа како одат надвор, а потоа се враќаат малку уморни, но тој го игнорира тоа. Тоа не му пречи, ако тие не се во оперативна активност или нема опасност“.


Повеќе:




Автор: MoniQue Konopova
Извор: Middleeastmonitor

Thursday, June 14, 2018

Израелски канабис активист испи цело шише CBD масло за да ја докаже неговата нетоксичност

ВИДЕО!!! За време на дискусијата на комитетот за промените во израелските правила за канабис, еден страствен канабис активист испил цело шише масло од канабис, според Jerusalem Post. „Имам медицинско масло од канабис што содржи 30% THC“ - рече тој. „Вие велите дека тоа е опасна дрога, што ќе ми се случи ако го консумирам?“ - додава активистот


Активист пие цело шише масло од канабис!
Пост објави дека тој потоа ја проголта содржината на шишето, велејќи дека: „не можете да се предозирате со медицинско масло од канабис“. Беше веднаш отстранет. Човекот е поранешен војник кој вели дека зависи од маслото од канабис за лекување на неговото пост трауматско стресно нарушување, пишува Times of Israel. Друг човек, чија ќерка зависи од канабисот за да ги спречи нападите, рече дека ќе мора да се сврти кон црниот пазар ако реформите за канабис во моментов го принудат на тој чекор. Се вели дека реформите ги вклучуваат промените што ќе спречат некои видови на канабис да бидат продавани од дистрибутивни компании во Израел, што предивика страшна паника помеѓу пациентите кои зависат токму от тие врсти.


Јас ќе го земам сега, иако рокот му е истечен, бидејќи мојата ќерка веќе не се згрчува“ - рече таткото, пред да го испие маслото. „Ако ја допрете нејзината лиценца за да добива канабис, јас лично ќе отворам лабораторија за производство“ - додал тој. Мајката на друг пациент беше исто така отстранета, иако таа не отиде толку далеку. На нејзиното излегување, таа го прозва министерот за здравство, Јаков Литцман (Yaakov Litzman), како „бездушен“. Литцман ги увери присутните дека Министерството за здравство нема намера да ги спречи да пристапат кон врстите во Израел. Стравувањата на пациентите, исто така, беа поттикнати од гласините дека значително се зголемуваат цените и тој вети дека ќе работи и на решавање на проблемите со цените.


Канабисот е лек“ - рече тој. „Тоа бев јас, а не моите претходници, кои предложија реформа во полето. Не е лесно. Сакаме да спречиме истекување од огледувачите; ние сакаме само квалификувани луѓе да го добијат канабисот со достоинство во аптеките. Ние додадовме лекари кои можат да препишат канабис за пациентите, а ние ќе додадеме повеќе. Оваа реформа е добра, но тука и таму има тешкотии. Постои проблем со скапи цени за тешките корисници и тоа ќе се решава“ - објаснува министерот. Пациентите кои имаат добиено лекарско одобрение во Израел, моментално го добиваат својот канабис од осум дистрибутивни центри под надзор на единицата за медицински канабис на Министерството за здравство, со еден од најголемите, Тикун Олам (Tikun Olam), растејќи околу 230 уникатни врсти. Тоа беше еден од производите на Тикун Олам, што поранешниот војник го консумирал, Avidekel - масло од канабис со висок процент на ЦБД и минимални психоактивни ефекти. 


Медицинскиот канабис е легален за специфични состојби во Израел од 90-тите години и во моментов има околу 26.000 регистрирани пациенти во земјата, а се очекува бројов да се дуплира оваа година. Додека Израел е познат по најсовремената наука за истражување на канабисот, израелскиот научник Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) прв го изолира ТХЦ од канабисот во 1964 година, но израелските компании го водат полето на рекреативното користење и понатаму како нелегално. Предлог-законот за декриминализација на канабисот моментално напредува во Израел.



Автор: MoniQue Konopova
Извор: HERB

Saturday, June 17, 2017

Хемичарот д-р Лумир Ондреј Хануш на 24 јуни во Скопје ќе сподели со вас дел од своето знаење!

Д-р Лумир Ондреј Хануш (Lumír Ondřej Hanuš)
Д-р Лумир Ондреј Хануш (Lumír Ondřej Hanuš) е 69 годишен чешки аналитички хемичар и водечки авторитет во областа на истражувањето на билката канабис. Магистрирал по природни науки во 1972, а докторирал науки по фармацевтска хемија на Универзитетот Чарлс (Charles University) во 1995 година. Тој е еден од најистакнатите светски експерти за ендоканабиноидниот систем и има соработувано и соработува на различни научни истражувачки проекти со научници и истражувачи од целиот свет. 

Д-р Хануш е еден од најавените гости на претстојната јавна дебата за канабис под наслов: „Коноп – 1.000 зошто, 1.001 затоа“, којашто ќе се одржи на 24 јуни во Градскиот парк во Скопје (на Школка) со почеток во 4:20 часот. На настанот се најавува учество и на други двајца еминетни доктори, професори и научници од странство: молекуларниот биолог Д-р Боб Меламед од САД, како и патологот д-р Пол Хорнби од Канада. Најавени се исто така и македонски доктори: Нико Беќароски, Милан Ристевски (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје) и Аспазија Софијанова (директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје). Овој настан е отворен за сите заинтересирани за канабисот!


Д-р Хануш долги години беше во контакт со Израелскиот истражувач за канабис Д-р Рафаел Мечулам (Raphael Mechoulam) кој го покани да го продолжи своето истражување на Хебрејскиот Универзитет во Ерусалим, Израел. Д-р Хануш и неговиот колега американскиот молекуларен фармаколог Вилијам Ентони Дивејн (William Anthony Devane) беа првите научници кои во Израел го опишаа ендоканабиноидното соединение анандамид (anandamide), во 1992 година. Тие го изолирале анандамидот и за прв пат ја опишале неговата структура. Анандамидот е ендоген канабиноиден невротрансмитер. Д-р Хануш продолжува да го истражува канабисот, канабиноидите, ендоканабиноидите и неговите деривати.


Д-р Лумир Хануш го смета канабисот како „еден од најбезбедните познати лекови“. Според него, алкохолот и цигарите треба да бидат ставени на „црна листа“ наместо канабисот, поради тоа што постои можноста за обете: како физичка, така и психолошка зависност на првите две, додека не постои никаква можност од физичка и постои само ограничена можност од психолошка зависност од марихуаната. Покрај тоа, луѓето под дејство на марихуана не се опасни за другите. Тој не го поддржува пушењето на марихуаната, поради опасностите од инхалацијата на чад. Хануш е против неконтролирана употреба на марихуаната, но тој целосно ја поддржува неговата употреба за медицински цели. Во април 2010 година и септември 2011 година, д-р Хануш учествуваше во семинар во Чешкиот парламент чијашто цел беше воведување на канабиноидниот третман.

  

Д-р Хануш објаснува зошто канабисот е успешен лек.

Thursday, January 26, 2017

Израелската Влада ќе финансира истражувањa на медицинскиот канабис

Израелските Министерства за земјоделство и за здравство ќе обезбедат 8 милиони Израелски нови шекели (скоро 2 милиони евра) за финансирање на 13 медицински студии врз канабисот. Меркава е првиот заеднички напор од ваков вид помеѓу единицата за медицински канабис при Министерството за здравство и главната научна единица при Министерството за земјоделство. Студиите, кои ќе бидат финансирани преку Фондот управуван од страна на главната научна единица, ќе се справуваат со биохемиските и медицинските аспекти, како и подобрувањетo на приносите на медицинскиот канабис како култура.

Министерството за земјоделство пред неколку дена изјави дека финансирањето на студиите е пионерски чекор за Израел, кој може да им овозможи на истражувачите да се спроведат основни и применети истражувања за пет години, за време на кои ќе се развиваат алатки и инфраструктура за да ѝ се олесни на следната генерација канабис растителни производи за медицинска употреба.

Меѓу биохемиските и медицинските студии одобрени од страна на Министерствата за земјоделство и за здравство на Израел се идентификацијата и спецификацијата на новите состојки кај видовите на медицински канабис, употребата на марихуаната и нејзиното влијание врз видот, вклучувањето на канабисот во спречувањето и убивањето на развојот на ракот на дебелото црево, третманот на мултиплекс склерозата со користење на канабис, употребата на марихуаната за да се спречи отфрлањето на трансплантирани органи, како и тест за способноста на растението канабис во одложување на развојот на штетните бактерии. Овие студии наскоро ќе добијат финансирање од страна на Израелската Влада.

Во прилог на овие испитувања, во следните неколку години, државата ќе го финансира истражувањето што ќе го испитува развојот на нови и подобрени технологии за одгледување, т.е. наводнување и ѓубрење на растенијата канабис, потоа подобрување на начините за справување со растителните болести и штетници кои го напаѓаат растението канабис, развој на усовршени методи за размножување и калемење на билките канабис за создавање на генетска банка и национална банка од семки на медицински растенија канабис, подобрување и развивање на нови видови канабис и многу повеќе.

13-те канабис студии за да добијат државна поддршка ќе бидат спроведувани од страна на одредените фармацевтски компании, универзитети, истражувачки институти и болници, откако тимовите од експерти ќе одговорат на повикот од главниот научник д-р Авичаи Прл (Avichai Pearl) од Министерството за земјоделство. Посебна комисија ги испитува предлозите и го направи својот избор за државна финансиска поддршка од 30-те поднесени. Министерот за земјоделство на Израел Ури Ариел рече: „Програмата покажува дека земјоделството е важно во сите аспекти од животот“.


Извор: Globes