Болна исповед на една мајка... Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува...
Marie Myung-Ok Lee со сопругот и 12 годишниот син |
Marie Myung-Ok Lee е писател и есеист кој често пишува за науката. Таа предава на Универзитетот Колумбија. Таа во една неодамнешна колумна за The Washington Post изјавува: Ми беше потребно извесно време за да го усовршам рецептот за колачите. Експериментирав со состојките: Blueberry, Strawberry, Sour Diesel, White Widow, Bubba Kush, AK-47 - сите врсти на канабис коишто ги чував, помешани со глицерин во прецизно означени тегли на полицата во кујната. Откако колачињата завршуваа со печењето, јас ги вкусував трошките и ги забележував ефектите во тетратка. Често се чувствував опуштено. Една варијанта ме успа. Кога се убедив себе си дека серијата е во ред, јас му дадов колаче на мојот 9 годишен син. Во тоа време тој беше обземен од насилни напади на бес. Тој ја трескаше главата, вриштеше со часови и буквално ги јадеше своите маици. За време на вечерата, тој ги фрлаше неговите чинии толку силно што имаше храна закачена на таванот. Тој се гребеше и удираше и себеси и другите, така што луѓето ќе ги погледнеа црвените линии на нашите тела и не‘ прашуваа претпазливо, дали имаме мачки?
Но, кога ги погодив колачињата, тој се смири. Неговите агресии станаа помалку жестоки и поретки. Времето на оброците стана помалку бурно. Тој беше во можност да задржи доволно ниво на само-смиреност, така што тој дури и научи да вози велосипед - и покрај фактот што секој експерт ни кажуваше дека тоа никогаш нема да се случи. Сфаќам дека некои луѓе може да гледаат со лутење на родителите кои чуваат трева во домот, а камоли да спроведуваат полулегални медицински експерименти врз нивните деца. Но, крајно време е да се преиспитаат културните и правните ограничувања што се наметнати врз канабисот, особено кога станува збор за децата. Животот на мојот син е променет поради тоа.
Уште откако беше новороденче, јас го гледав мојот син како страда. На 18 месеци, тој беше подложен на две големи операции за отстранување на тумори на 'рбетниот мозок, само неколку недели една од друга и беше имобилизиран во гипс цела една година. После тоа, насилното беснеење започна - понекогаш дури 300 напади во еден ден. Мојот сопруг и јас не разбиравме зошто тој постапува на овој начин, се‘ додека тој беше дијагностициран од воспалителна болест на цревата на возраст од 3 години, за која дознавме дека му предизвикува болки поголем дел од денот, како и тежок аутизам, што му претставуваше тешкотија за него да се изрази себе си или да побара помош.
Се обидовме со сите видови на третмани, вклучувајќи и применувана анализа на однесувањето (applied behavior analysis - претпоставениот златен стандард кај терапијата на аутизмот), работна терапија, терапија со коњи и аудитивна интеграција. Неговиот гастроентеролог му препиша моќни антиинфламаторни лекови. Од времето кога наполни 5, нашиот син беше во специјално училиште и на хипоалергична исхрана. Потоа, неколку години подоцна, лековите престанаа да работат, а неговите агресии експлодираа. Неговото училиште, инсистираше тој да посетува психијатар, кој го препорача лекот Risperdal за лекување на неговата „аутистичка раздразливост“.
Се чинеше дека ние повеќе немавме опции. Тогаш јас налетав на став во „Ботаниката на копнежот“ (The Botany of Desire) од Michael Pollan. Тој тврди дека канабисот е одличен за намалување на болката и може да ја забави краткотрајната меморија. Би можело ли ова, се прашував, да му помогне во ублажувањето на болката на мојот син и нападите од умствените сигнали што тој се бореше да ги процесира? За да го истражам ова прашање, јас станав дел од група на пациенти за медицинска марихуана која се состана на Универзитетот Браун (Brown University), каде што јас предавав. На собирот на тешко болни пациенти еден по друг зборуваа за лековитите влијанија на канабисот. Еден млад човек со парализирачка анксиозност и Туретов синдром, рече дека еден куп на психијатриски лекови не можат да ги смират неговите напади, но тревата можеше.
Мари на прошетка со нејзиниот здрав син! |
Се убедив дека марихуаната вреди да се проба. По неколку недели на колебања, неврологот на мојот син се согласи. И така, на возраст од 9 години, мојот син стана најмладата личност со дозвола за медицинска марихуана во Род Ајленд. Најдовме сертифициран снабдувач. Потоа, бевме зафатени со пронаоѓањето на типот на марихуана што најдобро ќе функционира за него и на кој начин да го натераме да ја консумира? Д-р Lester Grinspoon, психијатар и професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој го истражува канабисот од 1960-тите, ме увери дека најлошото што можеме да му го направиме на нашиот син е да заспие. Се разбира, паранојата е уште еден извитоперен и несакан ефект на марихуаната, но неврологот Карл Харт од Универзитетот Колумбија, кој давал марихуана на илјадници истражувачки субјекти, забележал дека паранојата исчезнува по неколку часа и со текот на употребата на канабисот пациентот се навикнува на ефектите и повеќе не му се необични и непријатни, т.е. тие се намалуваат.
И навистина канабисот е една од неколкуте природни супстанци на планевата што не можат да те убијат! За мојот син, не секој вид на канабис помагаше. Но, на крајот, ние се базиравме на врстата White Russian, миленик на пациентите заболени од рак во големи болки и преминавме од колачињата на маслена тинктура што мојот син ја добиваше орално на секои неколку часа со капалка. Тоа изгледаше како чудо. И седум години подоцна, тоа се‘ уште функционира.
Целата сторија можете да ја прочитате тука: The Washington Post
No comments:
Post a Comment