Friday, April 12, 2019

Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“ - во организација на здружението Билка

Ајде заедно да го прославиме нашиот празник - интернационалниот ден на канабисот 4/20! На 20ти април „КОНОПФЕСТ 2019“ оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ ќе се одржи на два подиума со почеток во 13:00 часот во градскиот парк во Скопје!


Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“
КОНОПФЕСТ 2019 оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ - ќе се одржи на два стејџа:

1. Школка во Парк, каде што ќе се одржат неколку едукативни предавања, по што ќе следува настап на диџеи;
2. Полјаната Вембли, на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти.

Оваа година ги споивме силите со Универзална сала со која заедно ќе го коорганизираме овогодинешниот КОНОПФЕСТ“ - велат основачите на здружението Билка во објавениот настан на нивната фејсбук страница. 

Конечниот line up за годинешниов Коноп Фест!
Едукативен дел:

- Предавање на основачот на БИЛКА, м-р адвокат Јанаки Митровски на тема: „Приватизација на канабис“;
- Предавање на основачот на БИЛКА, д-р Дарко Костовски на тема: „Употреба на канабисот во тртетман на опијатски зависности“;
- Предавање на активистот Давор Ангеловски на тема: „Медицинска употреба на канабис“;
- Мини перформанс на тема: „Канабис екипа Партизани“.

КЛИКНИ ТУКА!
Дојдете во што е можно поголем број за да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме свесни, дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци! БИЛКА веднаш по завршувањето на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот! Нашето здружение 420 Македонија ќе има свој промотивен штанд на овогодинешниот Конопфест! Граски парк - Булевар Илинден - Се гледаме СОБОРЦИ!

Погледнете го најновото интервју на м-р Моника Ристеска (Monique Konopova), дипломиран новинар и Претседател на здружението за демистификација на канабисот 420 Македонија со адвокатот м-р Јанаки Митровски, Основач на здружението за декриминализација на канабисот и унапедување на животната средина Билка, по повод „Конопфест 2019 - Билка што ЖИВОТ значи“, којшто ќе се одржи на 20ти април во градскиот парк во Скопје!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Билка

1 comment: