Tuesday, April 16, 2019

Конопот е новиот даб: Изградена е првата американска „конопно-дрварска“ фабрика!

Зошто да ги уништуваме шумите? „HempWood“ (даските од коноп) се за 20 проценти потешки од дабот и суровината расте 100 пати побрзо. Тоа е одржлива алтернатива за мебел од полно дрво, дрвени предмети, подови и многу повеќе


Даски од конопни влакна!
Сега кога е веќе легално да се одгледува коноп во САД, човекот кој ја минал последната деценија во развојот на „цврсто дрво“ од коноп, гради фабрика во вредност од 6 милиони долари за масовно производство на овој индустриски конопен производ. Неговиот патентиран производ наречен „HempWood“ е направен од компримирани растителни влакна од коноп, кои се спојуваат заедно со лепило засновано на соја. Додека тоа може да звучи како некоја нова верзија на шпер-плоча, тоа не е така.


Влакна од коноп

Изгледа и дава чувство како да е даб, но „конопното дрво“ всушност е за 20 проценти потешко од најпознатото цврсто дрво. Исто така, конопот расте побрзо за 100 пати (3-4 реколти во годината, бидејќи созрева за 3-4 месеци). Додека на дабовото дрво потребни му се најмалку 6 децении за да созрее. Тоа е добра вест за екологистите и за дабовите шуми, бидејќи тие се меѓу најзагрозените дрвја на планетата, поради високата побарувачка за цврст дабов мебел. Сопственикот на новата start up компанија Fibonacci, Грег Вилсон (Greg Wilson), беше пионер во индустријата за подови од бамбус пред конопот да стане легален.


Јажиња од коноп
Компанијата користи технологија популаризирана од кинеската индустрија за плетење бамбус, како надополнување на технологијата развиена во другата компанија на Вилсон, SmartOak, која создава конструирани производи од дрво користејќи трупови, кои инаку би биле претворени во дрвени струготини. HempWood ќе се користи за производство на блокови, плочки, подни летви, плочи за сечење и скејтборди, сите по цени кои се многу поевтини од дабот, велат од компанијата. Компанијата ќе биде со седиште во Кентаки, каде веќе се одгледува повеќе од 40.000 хектари коноп.


Може да изградите куќа од коноп!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: ThelakenewsReturntonow

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Ѕидање со коноп! Куќа од коноп изградена во руралните предели на Калифорнија!

Зошто на светот му е потребна еколошки биоразградлива пластика од коноп?

Како конопот може да ја деконтаминира почвата и да го спаси светот?

БИОГОРИВА - Eнергетскиот потенцијал на индустрискиот коноп!

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален?

2 comments: