Tuesday, April 30, 2019

ФОТО од 1910 година: Парижанка со нејзината мачка во нејзината канабис градина!

На оваа историска фотографија документирана е една прекрасна млада Французинка од Париз, која заедно со своите домашни миленици ужива во спокојот на нејзината бујна градина во 1910 година и чита дневен весник, градина во која вирее канабисот!


Фотографија од 1910 година, Франција
Оваа убаво облечена млада жена ужива во природата, а нејзини придружници се нејзината мека верна мачка и нејзината птица во кафез. Чувањето на птиците песнопојки како домашни миленици е хоби кое е старо како и античките Сумери, но малите домашни птици станаа статус симбол во 1800-тите и почетокот на 1900-тите. Сигурно е тоа дека оваа млада дама ужива во друштвото на нејзините животни и растенија и седењето во градината е начин за поврзување со природата. Но, каков е симболот на канабис растенијата до неа? Дали само престижните луѓе одгледувале канабис или тоа бил можеби вообичаен „зеленчук“ на почетокот од тој век? 


Интересно е тоа што нејзината градина содржи неколку растенија од канабис. Тоа би можело да биде објаснето со фактот што најверојатно уникатните листови и живописното зеленило на канабисот го правело да е баран како градинарско растение, а можеби оваа млада дама или некој од нејзиното семејство ги користеле медицинските својства на канабис билката за лекување на секоја форма на заболување во тоа време. А, можеби во тоа време секој имал канабис во својата градина? На училиште по историја учиме за крајно неважни податоци што не може да ни помогнат во животот... Како и да било, историјата не можеме да ја промениме, но можеме да ја промениме иднината! Ајде да го вратиме канабисот во нашите градини и полиња!!!

Уредник и (дипломиран) новинар: MoniQue Konopova
Извор: Themindcircle
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

Историјата на канабисот во Африка и Америка

Истражувачите конечно потврдуваат дека ракот е болест создадена од човекот!

9 антички употреби на медицинскиот канабис

Малку забранета историја: Божиците на канабисот

9 докази дека Исус Христос ја користел Божјата билка за самолекување и исцелување на неговите следбеници

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

За Фестивалот во Непал каде пушењето марихуана е светост!

No comments:

Post a Comment