Showing posts with label 4:20. Show all posts
Showing posts with label 4:20. Show all posts

Friday, April 12, 2019

Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“ - во организација на здружението Билка

Ајде заедно да го прославиме нашиот празник - интернационалниот ден на канабисот 4/20! На 20ти април „КОНОПФЕСТ 2019“ оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ ќе се одржи на два подиума со почеток во 13:00 часот во градскиот парк во Скопје!


Конопфест 2019: „Билка што ЖИВОТ значи“
КОНОПФЕСТ 2019 оваа година под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“ - ќе се одржи на два стејџа:

1. Школка во Парк, каде што ќе се одржат неколку едукативни предавања, по што ќе следува настап на диџеи;
2. Полјаната Вембли, на која ќе настапат повеќе реномирани македонски бендови и артисти.

Оваа година ги споивме силите со Универзална сала со која заедно ќе го коорганизираме овогодинешниот КОНОПФЕСТ“ - велат основачите на здружението Билка во објавениот настан на нивната фејсбук страница. 

Конечниот line up за годинешниов Коноп Фест!
Едукативен дел:

- Предавање на основачот на БИЛКА, м-р адвокат Јанаки Митровски на тема: „Приватизација на канабис“;
- Предавање на основачот на БИЛКА, д-р Дарко Костовски на тема: „Употреба на канабисот во тртетман на опијатски зависности“;
- Предавање на активистот Давор Ангеловски на тема: „Медицинска употреба на канабис“;
- Мини перформанс на тема: „Канабис екипа Партизани“.

КЛИКНИ ТУКА!
Дојдете во што е можно поголем број за да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме свесни, дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци! БИЛКА веднаш по завршувањето на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот! Нашето здружение 420 Македонија ќе има свој промотивен штанд на овогодинешниот Конопфест! Граски парк - Булевар Илинден - Се гледаме СОБОРЦИ!

Погледнете го најновото интервју на м-р Моника Ристеска (Monique Konopova), дипломиран новинар и Претседател на здружението за демистификација на канабисот 420 Македонија со адвокатот м-р Јанаки Митровски, Основач на здружението за декриминализација на канабисот и унапедување на животната средина Билка, по повод „Конопфест 2019 - Билка што ЖИВОТ значи“, којшто ќе се одржи на 20ти април во градскиот парк во Скопје!

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Билка

Thursday, April 19, 2018

Истражување како загревање за утрешниот празник 4/20 од компанија за канабис

20-ти април (4/20) е еден вид интернационален празник на канабисот, но изгледа како никој да не знае точно зошто? Постојат повеќе претпоставки и теории... Дали ова се долкжи на стара американска полициска шифра (420) за поседување марихуана?Дали има сето ова врска со роденденот на Адолф Хитлер? Како и да е, на Eaze Solutions, Inc. (Eaze) оваа недела им се чинеше дека е најдобро време да ги објават резултатите од неодамнешната анкета за канабис


Ајде да прославиме јавно! - Ајде на КОНОПФЕСТ 2018!!!
Eaze претставува четиригодишна техничка платформа која им служи на лиценцираните диспанзери за канабис и брендови, а базирана е во Сан Франциско. Технологијата на компанијата обезбедува помош за бизнисите со канабис со усогласеност, управување со залихи и испорака. 


Eaze вели дека исто така им помага на потрошувачите преку нивно поврзување на интернет или преку мобилен. Според директорот на компанијата Eaze за социјални влијанија, Џенифер Лујан (Jennifer Lujan), мисијата на компанијата е „да ги подобри животите на луѓето, помагајќи им да ги разберат придобивките од канабисот и да им обезбедат безбеден и удобен пристап до легални производи од канабис“.


www.eaze.com
За четири години, Eaze собра 52 милиони долари финансиска поддршка и потпиша договори со над 60 канабис брендови, значи околу 2,5 милиони испораки со кои управуваат возачите на компанијата. Трошоците за испорака кон потрошувачите се понекогаш комплицирани, поради различните прописи. Блогот Eaze покажува зошто... Една од маркетиншките цели на оваа компанија е фокусирање на малцинските заедници на пазарот, за кои компанијата тврди дека најмногу страдале од федералната „војна против дрогите“. За да го реши ова прашање, Eaze ги здружи силите со Hood Incubator со седиште во Оукланд за да обезбеди рамноправност кон малцинствата во канабис бизнисoт.


Уште поважно, Eaze гледа на легалниот рекреативен канабис пазар како да оди буквално со највисока брзина. За идни маркетинг програми, компанијата сакаше да знае што мислат нејзините клиенти. На 27-28 март 2018 година, е-мејл анкета беше испратена до корисничката база на податоци и испита 4.852 испитаници. Според Eaze, речиси половина од анкетираните одговориле дека „планираат отворено да ја прослават 4/20 година оваа година објавувајќи со објавување по социјалните медиуми, почнувајќи го бранот на отвореноста за канабисот што бвеќе е во тек во 2018 година.


Автор и Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Forbes

Tuesday, October 24, 2017

Waldos 420 - еден нов и поинаков бренд на облека во Македонија

Нов бренд на облека во Македонија! :)
4:20 културата започнала кога 5 средношколци кои меѓусебно се нарекувале „Waldos“ затоа што омиленото место за пушење џоинт секој ден после часови им бил еден ѕид (wall) покрај нивното училиште. Мистериозната приказна за „Waldos“ е дека оваа екипа имала план на есен 1971 година да најдат скриено богатство, односно поле марихуана кое го барале со помош на мапа направена од сопственикот на богатството. Омиленото место кадешто се сретнувале им била статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur), а договорени биле да се чекаат таму во 4:20 поручек - тие оделе во авантура, односно во потрага по скриеното „богатство“.


Да не заборавиме од каде дошла фразата 4:20 ;)
Секој труд дава плод, иако не секогаш веднаш. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, сепак навиката да се собираат во истото време, да се дружат, групно да консумираат канабис и разменуваат идеи - останала - ДО ДЕН ДЕНЕС! Како меѓусебен интерен слоган ја користеле фразата „4:20 Louis“, што по неколку неуспешни обиди да го најдат азното ја преименувале т.е ја скратиле фразата на само „4:20“. Денес оваа фраза не само младите, туку сите ја користат како интернационален код што означува (време за) пушење (консумирање) канабис во глобала. Waldos не успејале да го пронајдат богатството, но ни го покажале на сите патот по кој треба да одиме за да го ослободиме канабисот.


FB/MyMood420
Благодарение на пионерите Waldos, април 20 (20.04) станал меѓународен празник на марихуаната и секоја година ширум светот на тој ден корисниците на марихуана, особено пациентите кои страдаат од канцер, епилепсија и други болести излечиви со канабис, а за кои медицината сè уште нема решение, протестираат на јавни места против законската регулатива која во многу држави и понатаму го демонизира овој Божји лек што не може да наштети, а само може да помогне. За време на протестите џоинти се палат не само во 4:20! Благодарение на Waldos „4:20“ станало симбол, па иако Waldos се во сите од нас, сепак за да не им го заборавиме името, се појави нов македонски бренд на облека - Waldos 4:20 брендираната облека којашто поддржува талентирани street артисти, отсега достапна и кај нас во Македонија :) Можете да ги контактирате преку нивната FB страница или пак, на нивниот e-mail: 420mymood@gmail.com. Погледнете го промотивното видео во продолжение:



Tuesday, September 26, 2017

Какво е чувството да пушиш канабис за прв пат?

#КАНАБИС ФАКТ: ВУДСТОК 1969 - 9 од 10 од присутните фестивалџии пушеле марихуана. Над 400.000 присуствувале тој викенд. НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА НАСИЛСТВО НЕ БЕШЕ ПРИЈАВЕН!!!


Канабисот предизвикува МИР!
Чувството да пушиш канабис за прв пат е неверојатно и неописливо и тоа треба да се доживее! Ги сожалувам оние кои никогаш во животот не пробале марихуана - го пропуштаат чувството на идеална благосостојба, здравје, среќа, радост, квалитетен и континуиран убав сон, добро расположение, енергија и елан за работа, мотивација и исполнето секојдневие. Пропуштаат нивниот ендоканабиноиден систем да го добие она што ѝ е потребно на секоја клетка во нашето тело за да функционира најоптимално. Храната е повкусна, перницата е помека, музиката звучи поубаво, столицата на која седиме знае да биде поудобна!

Канабисот ги изострува сетилата, помага да се фокусираме и да го цениме моментот. Канабисот нè враќа во моментот, во нас го буди чувството на благодарност и нè поттикнува да го цениме она што го имаме, да ги бараме позитивните аспекти во секоја ситуација, да ја менуваме точката на гледање на работите. Едноставно кажано - канабисот е магичниот зачин, без кој оваа манџа наречена живот нема вкус... Канабисот е магичниот прав без кој твојит живот станува досадна приказна, наместо да стане вистинска бајка! 


Твоето секојдневие нека стане бајка! ;)
Не можеме преку оваа страница со вас да запалиме џоинт :) За среќа нашите колеги активисти од другиот крај на планевата направиле прекрасни видеа. За да ви доловиме барем приближно колку тоа искуство е забавно и позитивно, направивме компилација од тие интересни видеа. Прикажани се личности кои за прв пат во својот живот пушат канабис! Исто така, на подолните видеа може да видите како се менува тензичниот разговор на лицата кои бранат спротивставени интереси и кои меѓусебно не се познаваат, откако ќе запалат малку марихуана!

Канабисот ги зближува луѓето! Пушењето канабис со одбрани личности може исто така да биде сосем ново искуство. Канабисот е безбеден лек и најздраво средство за социјализација и за спречување на секаков вид на друштвена анксиозност. Погледнете како изгледа пушењето трева за прв пат! :) Твоја одлука е дали ќе продолжиш да го живееш твојот досаден повторлив живот, што наликува на сапунска серија или ќе живееш во среќна бајка. Ги очекуваме вашите видеа!


Бабички пушат канабис за прв пат

Дедовци пушат канабис за прв пат

Aubrey Plaza пуши канабис за прв пат со канабис калуѓерките!

Раби, свештеник и атеист - пушат канабис за прв пат

Дете и родител пушат канабис за прв пат

Внуче со баба му пуши канабис за прв пат

Уште едно видео со внук и баба :)

Поранештни полицајци пушат канабис
 

Американски ветерани пушат канабис за прв пат

Поддржувачи на Clinton, Stein и Trump пушат трева заедно

Републикан, демократ и независен - пушат гане заедно

Автор: Monique Konopova

Tuesday, July 18, 2017

Што претставува познатиот код 4:20?

4:20 денес означува глобално движење за ослободување на канабисот, но од каде доаѓа овој симбол?


Постојат повеќе теории за потеклото на овој симбол и за тоа на кој начин истиот е поврзан со марихуаната.

Покрај тоа што на 20 април (4/20) се празнува светскиот (интернационален) ден на канабисот проследен со протести за ослободување на најлековитото растение на планетава, постои еден клучен факт што се смета дека е најточен за настанокот на шифрата „4:20“. 

Во почетоците на 70-тите години од минатиот век група од пет средошколци од средното училиште Сан Рафаел во Калифорнија започнуваат да ја употребуваат оваа фраза за која не ни насетувале дека ќе стане толку позната. 

Steve Capper, Dave Reddix, Jeffrey Noel, Larry Schwartz и Mark Gravich се имињата на петте основачи на движењето 4:20. Имено во 1971 година тие додека шетале низ ходниците викале „420 Louis“ (ФОРТВЕНТИ ЛУИС) - што значело се чекаме после часови со џоинт пред статуата на Луј Пастер (Louis Pasteur).

С.Г.

Thursday, April 20, 2017

Среќен 4/20 - меѓународниот ден на тревата! :)

Нашиот тим 420 Macedonia Ви го честита од срце денешниов ден на тревата! 

До година слободно да си го прославиме!!! 

Благодариме за досегашната соработка со сите Вас! Благодариме за лојалноста и довербата и што сте дел од оваа борба за слобода на билниот природен лек за спас на сите нас! ^_^

Во прилог неколку интересни фотографии во чест на денешниов ден од нашите мили и посветени фанови... Уживајте во уживањето марихуана и правете добри дела! Запомнете дека среќата е поголема доколку се сподели. За џоинтот важи истото ;-)

Приказната и другите значења на терминот „4:20“ може да ги прочитате на следниов линк. Ние сакаме да Ви претставиме еден друг аспект на овој број - спиритуалното значење. Бројот 420 во себе содржи ангелска порака! Имено, бројот 420 претставува соединување на енергиите и атрибутите кои со себе ги носат цифрите 4, 2 и 0. Бројот 4 носи вибрација на практично размислување, безбедност и изградба на цврсти темели за нас и другите околу нас, внатрешна мудрост и трпение, како и продуктивност и учество. Овој број, исто така е олицетворение на нашите страсти и на она што нè мотивира и поттикнува во животот.

Лајкнете нè ФБ! ;)
Бројот 2 со себе носи квалитети на партнерство и меѓучовечки релации, дуалност, служба и обврска кон другите, баланс и хармонија, адаптабилност, дипломатија и соработка, разгледување и прифаќање. Цифрата 2 исто така се однесува на твојот Боженствен животен план, како и на мисијата на твојата душа.  

Бројот НУЛА го претставува потенцијалот и/или изборот на нашето спиритуално патување, развој на духовните аспекти, слушањето на интуицијата и Повисокото ЈАС, вечноста и бесконечноста, единството и целокупноста, непрекинливите циклуси и течението, како и почетна точка. Оваа бројка исто така се однесува на Бог/Изворот/Универзумот/Вишата сила и ги зголемува влијанијата на другите цифри со кои се наоѓа во комбинација.

Ангелскиот број 420 значи дека нашите срца се отворени кон воодушевувачки можности и шанси за нашата душевна мисија. 420 значи дека имаме јака и чиста конекција со ангелите и другите нефизички позитивно поларизирани битија и дека примаме Боженстени патокази преку нашата интуиција, соништата и мислите. Имајте доверба во овие пораки и насоките од Вашите ангели чувари. Ангелскиот број 420 е потсетник да ја одржиме нашата ВЕРБА и доверба во ангелите и Универзалните енергии. Луѓето кои често пати и секаде го гледаат бројот 420 треба да знаат дека имаат важна животна мисија. Забележете кога и каде го среќавате овој број и верувајте дека сте безбедни, заштитени и опкружени со ангели!

Ангелскиот број 420 има и охрабрувачко значење, дека вашата професија или занимање се во склоп со животната цел на вашата душа. Кога често го среќавате овој број, тоа значи дека сте на добар пат и дека ангелите се тука околу вас и ви помагаат да успеете во своите цели, доколку она што го правите е фокусирано на помагање на другите луѓе. Уживајте во остатокот на денешниов прекрасен ден! Фала ти Боже за овој ден! Фала ти Боже за канабисот! СРЕЌЕН 4:20!!! :D Ве замолуваме да го поддржите нашиот труд и да ставите лајк на нашата ФБ страница и да ги поканите вашите пријатели да стават лајк за да се шири вистината! Споделувајте ги постовите - SHARING MEANS CARING <3