Showing posts with label Космос. Show all posts
Showing posts with label Космос. Show all posts

Friday, November 24, 2017

Од дневникот на астрономот Карл Саган кој пишува за важноста на канабисот за подигањето на свеста кај луѓето

Постои врста на марихуана наречена по неговото громогласно име, но сè уште не го среќаваме прикажан на везови, постери и плакати како музичарот Боб Марли. Астрономот Карл Саган (Carl Edward Sagan) [1934 - 1996], добитник на Пулицерова награда, во најмала рака може да кажеме дека е генијалец затоа што беше успешен работејќи на многу полиња: во науката, издаваштвото, телевизијата, научната фантастика... Има напишано над 600.000 страници кои се архивирани во Библиотеката на Конгресот, а исто така бил и страствен пушач на марихуана, што е доволен доказ дека марихуаната не те „врзува“ за кревет кога си напушен, туку напротив - те поттикнува да успееш! 

Carl Edward Sagan
Саган бил воодушевен од тревата, што кога имал прилика не се ограничувал да зборува за консумирањето трева на долго и широко. Пред да стане јавен пушач, во 1971 година во Marijuana Reconsidered бил објавен есеј под псевдонимот Mr. X, за кој уредникот од книгата подоцна открил дека се работи за Саган. Овој уредник, т. е. професорот Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) изјавил за Marijuana.com дека тој мисли дека Саган пушел скоро секој ден освен кога морал да патува. Зборовите на Саган изјаснуваат дека некои од неговите идеи се родиле кога бил напушен, велејќи: „Постои мит за вакви напушувања: корисникот има илузија на внатрешен увид која не доживува да биде истражена утрото. Убеден сум дека ова е грешка и дека фаталните внатрешни увиди постигнати додека си напушен се вистински; проблемот е ставањето на овие внатрешни увиди во форма прифатлива за различното Јас кое што сме наредниот ден кога ни поминал ефектот

Карл развил теории дури и за неговите напушувања со научна љубопитност и филозофска јасност кои одговараат на неговите способности: „Се тестирам дали сум напушен затворајќи ги очите и барајќи блисоци. Тие доаѓаат долго пред каква и да е измена во мојата визуелна или други перцепции. Претпоставувам ова е проблем на сигнал кон бучава, кога нивото на визуелна бучава е многу ниско кога очите ми се затворени. Друг интересен информативно-теоретски аспект е претежноста - барем во моите светликави слики - од цртани филмови: само скиците на облиците, карикатурите, не фотографиите. Мислам дека се работи за компресија на информации: би било невозможно да ја опфатиш целосната содржина на едно прикажување со информативната содржина од една обична фотографија, да речеме 108 бита, во дел од секундата која е осветлена. А искуството со светлото е направено, ако можам да речам, за веднаш да биде уживано. Уметникот и гледачот се едно“.


Карл уживал да се „настонирува“ и да „патува“ во вселената

За него канабисот обезбедувал не само измена во свеста и перцепцијата, туку и пат до нешта кои го натерале да сфати дека во животот има нешто повеќе од наука. Научил да ги цени музиката и уметноста, ја разбрал намерата на еден уметник која тој ја чувствувал понекогаш кога му завршувало дејството. Се приближил до смртта на егото чувствувајќи религиозен аспект на некои напушувања, иако самиот не бил религиозен „во вообичаена смисла“. Запишал: „Зголемената чувствителност во сите делови ми дава чувство на блиска духовна врска со моето опкружување, и живо и неживо. Понекогаш, до мене доаѓа еден вид на егзистенцијална перцепција на апсурдот и со ужасна сигурност ги гледам моите, но и лицемеријата и преправањето на моите блиски“.

Редовното користење канабис допринело да се развива свеста на овој научник, тој добивал повеќе разбирање за нештата и го засакувал животот сè повеќе. Со ова дошло и разбирање на социјалните прашања, дел на креативно учење многу поразлично од она по коешто тој е познат. Тој признал дека пропустите во меѓучовековите односи потекнуваат од „дефектите во нашето општество и образовен систем и можат да бидат недостапни за нас без употреба на вакви супстанци“. „Убеден сум дека постојат искрени и валидни нивоа на перцепција достапни со канабисот и најверојатно со други супстанци. Оваа забелешка не важи само за самосвесност и интелектуални достигнувања, но исто така за перцепциите на вистинските луѓе, широко зајакната чувствителност на фацијалните експресии, интонации и избор на зборови коишто некогаш раѓаат таква блискост меѓу две личности што изгледа како да си го читаат умот еден на друг“ - вели тој.


Саган цврсто се борел против забраната на марихуаната и војната против дрогите!

Покрај уживањето во неговите рекреативни и духовни искуства, Саган бил и главен поборник за легализација на марихуаната. Изјавил: „Постојат луѓе во терминален стадиум на сида или канцер на кои им се даваат големи дози на хемотерапевтски агенси кои им предизвикуваат гадење, неможност да внесат храна, што потоа брзо води до нивно колабирање. Добро е проучено дека марихуаната се спротивставува на гадењето и во неколку случаи кај кои е дозволоено или користена е незаконски, се собираат забележителни подобрувања. Разумно ли е да им се забрани на пациенти кои умираат да земаат марихуана како ублажувачка супстанца за да си ја покачат телесната тежина и да си го зголемат апетитот? Звучи лудо да се рече ‚Загрижени сме дека ќе станат зависни од марихуана‘ - нема никаква евиденција дека е супстанца која предизвикува зависност, но дури и да има, тие луѓе умираат. Од што ги спасуваме“.

Саган отворено зборувал против војната на дрогите и масивното затворање на корисници, прашувајќи ја Фондацијата за политика на лекови (Drug Policy Foundation) во 1990 година преку писмо: „Колку пари се трошат годишно на планетава на незаконски дроги? Дали постоењето на вакви огромни суми пари неизбежно води до корупција во полицијата и воените извршителни агенции, законодавците, интелигентните агенции и Извршителното претставништво?“ Дури и неговите книги вклучуваат сцени каде се користи марихуана; неговата новела „Контакт“ од 1985 содржи сцена во која во продавница во фиктивна иднина во 1999 во Франција се продавал канабис увезан од Калифорнија и Орегон, покажувајќи предзнаење кое би го имал само некој како Саган.


Неговите писанија во Библиотеката на Конгресот се сместени во кутии стриктно фокусирани на политиките за лекови. Генерално, неговото залагање за ослободување на канабисот било сведено на кратки коментари за тревата, а не како потполен активизам на неговиот животен сопатник и колега Ен Друјан (Ann Druyan). Таа го водела про-марихуана активизмот и активизмот против војната против дрогите: „За нас двајцата. Тој работеше во НАСА и нема сомнеж дека не би можел да ја работи својата работа истражувајќи го соларниот систем и барајќи живот на други места ако јавно проговореше за ова. Марихуаната ни овозможи да бидеме далеку покреативни“ Како што забраната на канабисот масовно исчезнува низ САД, сè повеќе и повеќе луѓе имаат пристап до зголемена свесност понудена од страна на марихуаната. Точно она за што Мистер X се надевал, пишувајќи: „Се надевам дека времето на легализација не е многу далеку; незаконитоста на канабисот е срамота, пречка за целосна употреба на супстанца која носи ведрина и внатрешна рефлексија, чувствителност и другарство кои се очајно потребни во овој сè повеќе луд и опасен свет

*** 

Животот на Карл е пример за исполнет и изживеан живот на секое поле. Тој уживал во животот и за тоа не му била потребна дозвола од законодавците, тој без да мисли два пати користел канабис. Од неговиот мемоар очигледно е дека бил погоден од забраната на канабисот, но тоа не го спречило секогаш да го користи за достигнување на поголем степен на продуктивност, емпатија и чувствителност, а неговите живот и дело се најдобар доказ дека ги постигнал во нивна суперлативна форма. Карл исто така е доказ дека користењето марихуана во нас го убива слепото себељубие и дека го негува чувството на емпатија, со тоа што тој сакал сите да знаат за овој општокорисен лек за духот, умот и телото!

За разлика од Карл, јас не сум толку жесток во борба за легализација... Изгледа ми е незамисливо дека треба да барам дозвола за да ја користам природата која ми е на дланка за лични придобивки во кој и да е дел. Едноставно, ми изгледа неизмерно лудо да немам право да користам нешто што за мене и за сите околу мене е нешто најкорисно (да немам право на природата која што ме створила? Хммм, ќе размислам два пати), а во случајов - растението кое храни, облекува, удомува и најважно - кое ни ја подига свеста - алатката со која се карактеризираме како вид на Земјава, што е причина зошто сите сегменти на животот ни се барем делумно затруени, дури и водата без којашто нема живот...

Бидејќи свесноста е најмоќната алатка на човековиот вид, благодарение на која сме семоќни креативни креации т.е. креатори, поради и што постои оваа општествена хиерархија и потчинетост и невидени измислици како религија, сè со цел да се одвлече и потчини вниманието на неосвестениот човечки вид. А, последиците од борбата против човековата свесност која се води неколку милениуми се: војните, болестите, омразата, недостатоците, изобличениот и разделениот по секаква основа свет во кој живееме и ден денес. Животот и делото на Карл Саган ми се пресвртница во животов за да не се запрашувам повеќе што е законско и што е дозволено, туку што да се запрашувам што е Божјо, што е природно и правилно и најдобро за сите и да почнам интензивно да читам филозофија, астрономија, ботаника и народна медицина за вистински да се образувам и да се доближам до мојата суштина.

Извор: HERB

Wednesday, October 18, 2017

Запознајте ги луѓето што испратија канабис во вселената!

Некои сметаат дека марихуаната доаѓа од друга планета, додека други пак, ја испраќаат во вселената... :D Експериментот со канабис од галактички пропорции се одвиваше во Феникс, Аризона, како смел и невообичаен подвиг во обид да се одговори на старото прашање: Што се случува кога ќе испратите канабис во вселената?


Herban Planet се здружи со диспанзерот за канабис од Скотсдејл Level Up за напад во непознатото. Групата спакувала пола кило од извонредната врста канабис Thin Mint Girl Scout Cookies за испраќање во горната стратосфера. Користејќи ги услугите на Sent Into Space, компанијата која се специјализирала за тоа – (претпоставивте дека испраќаат работи во вселената), Herban Planet работеше со коосновачот на Sent Into Space, д-р Крис Роуз (Chris Rose), за да се осигура дека сите соодветни мерки биле на место, за експериментот да биде успешен. Порталот Leafly разговараше со лидерите на овој астрономски проект за да дознаеме повеќе за она што тие сакале да постигнат и што точно се случува кога ќе лансирате марихуаната меѓу ѕвездите...


Тимот позади идејата

Таган Деринг (Tagan Dering) е Главен производствен директор за компанијата Herban Planet и тој ова го опиша како „целосен екосистем“ за канабис заедницата, вклучувајќи образование, вести, речник и многу повеќе. „Само што пристигнавме на пазарот, сите се собраа и ние рековме: ‚Што можеме да сториме за да направиме голем излив?‘ и сите да дознаат: „Еј, овде сме!‘“ - се присети тој. „И некој ја доби идејата: Што ако испратиме марихуана во вселената?“ - додава Таган.

Деринг се присети на брејнстормингот којшто доведе до тоа да се направи првиот космички потфат. „Разговаравме за тоа и направивме инженеринг, а пред тоа, испративме пола кило марихуана во вселената“ - рече тој. Herban Planet го осмисли концептот Space Weed Bro—cannabis што буквално е надвор од овој свет. „Ние не сме диспанзер, па ние никогаш не пристапивме кон покровителство врз канабисот. Тоа е навистина важно од правна перспектива“ - објасни Деринг. 

Level Up се приклучи на страната, останаа со производот цело време, [и] го следеа со нас. Ниту еден од нашите луѓе не го допрел производот“ - истакна тој. „Целото пакување пристигна денес, а Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува тој. Д-р Роуз од Send Into Space се претстави себеси и неговата компанија како „Експерти блиску до Вселената“ (Near Space Experts), создаде цел бизнис модел зад испраќањето на предмети, растенија, органска материја, храна, па дури и џоинт спонзориран од Viceland во горната атмосфера. Сепак, овој експеримент ќе биде малку поинаков.


Науката зад експериментот

Д-р Роуз ги опиша различните можни промени кои неговиот тим се надева дека ќе ги измери во канабисот што го направи опасното патување во екстремни температури како -94 степени Целзиусови. „Ние испраќаме работи во неповолни услови кои не се наоѓаат на Земјата“ - објасни тој. „Ние сме многу заинтересирани да погледнеме и да видиме само каков ефект имаа овие неповолни услови врз марихуаната. Би можело да биде тоа дека изложеноста на дополнително УВ зрачење имаше ефект, сончевото зрачење може да има значителен ефект, замрзнувањето над атмосферата може да има ефект - сите работи врз коишто ние имаме намера да ја искористиме технологијата на располагање за да се обидеме и да откриеме“ - заклучува д-р Роуз.

Деринг ми рече: „Тој ќе се врати, ќе земе неколку примероци, ќе ги врати во лабораторијата и ќе ги тестира за да види дали молекуларната структура се сменила“. Во видеото од експериментот, може да се види кондензацијата во внатрешноста на стаклената коцка каде се сместува канабисот. Како што примерокот плови подалеку и подалеку, кондензацијата кристализира во екстремни услови. Д-р Роуз ги опиша процесите за тестирање на кои ќе се подложи „космичката трева“ за да се утврдат промените во молекуларната структура. „Првиот ќе биде за да се погледне визуелната промена, па ние ќе користиме електронски микроскоп со скенирање за да го направиме она што конвенционалниот микроскоп не може да го направи“ - рече тој. „Скенирачкиот електронски микроскоп користи многу моќни магнети за да ја отфрли светлината, што во суштина ни овозможува да погледнеме до речиси атомско ниво“ - додава.

Второ, она што ќе биде навистина интересно е да се земе она што се нарекува Edx или тест за бром“ - додаде д-р Роуз. „Тој го користи скенирачкиот електронски микроскоп за да се фокусира на одредена област и концентриран зрак на јони. Јон е атом кој има отстранети електрони од него и тој се отпушта, на пример, еден од кристалите или јадрото на марихуаната. Тогаш, ние го наметнуваме на многу мал размер. Ние ја мериме енергијата на електроните кои се избрани. Веројатно се прашувате зошто го правиме ова“ - запраша тој. „Причината е затоа што можеме да го анализираме она што се издвојува. Можеме да добиеме отпечаток од прст, структура на ДНК, ако сакате, во графичка форма и цврсти податоци што е физички различно за оваа марихуана во споредба со марихуаната што не е испратена во вселената“ - потенцира докторов.


Главниот настан

По повеќе пробни обиди, тимот ја постави својата опрема надвор од Феникс, Аризона. Точката на влез во вселената е технички сметана за 19,2 километри над Земјата, но овој космички тим беше решен да стигне дури и подалеку во Универзумот. Користејќи наполнет балон со GPS за да се обезбеди подигнување, овие аматерски космонаути испратија пола килограм од премиум канабисот (врстата е спомената на почетокот од овој текст) од Феникс до 32 километри над Земјата. Тимот ја следеше чистата стаклена коцка и го документираше целиот настан од лансирањето во вселената и неговото долго повлекување назад во пустината преку падобран. Видео-екипата имаше вградено камера на кутијата со канабис, како и разни дронови и копнени видео-екипи за да се осигураат дека историскиот настан ќе биде целосно снимен.

На 131.208 стапки или 32 километри (19,8 милји), метеоролошкиот балон конечно експлодира од притисокот во вакуумот на Вселената, испраќајќи го пакетот со канабис, опаѓајќи назад кон Земјата. Тимот го следеше пакетот, следејќи го со GPS во средината на пустината Аризона. Најверојатно ќе потрае најмалку еден месец за резултатите од овој експериментза да се процесираат, но во меѓувреме, првиот канабис кој интергалактички се исфрли надвор од овој свет, Space Weed Bro ќе биде достапен исклучиво во диспанзерот Level Up во Скотсдејл, Аризона. „Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува Деринг.


Автор: К. К.
Извор: Leafly