Showing posts with label тест. Show all posts
Showing posts with label тест. Show all posts

Thursday, October 19, 2017

Како да си го „исчистиме“ системот од канабис?

Сите имаме ендоканабиноиден систем и сите треба редовно да консумираме канабис за да живееме најоптимално здравје, но понекогаш (кога некои одредени услови тоа го бараат) е потребно да се „детоксифицираме“ и да ги отстраниме траговите од канабис од нашиот систем

Најлесен начин е да подметнете урина од мало дете :)
Зборот „исчистиме“ и „детоксицираме“ ги ставив во наводници, затоа што сакам да нагласам дека канабисот воопшто не е токсичен, напротив со помош на канабис ние се детоксицираме од штетните лекови и третмани, како хемотерапија, зрачења итн. Сепак, за жал сè уште некогаш немаме друг избор и мораме да ги отстраниме остатоците од канабис (или да направиме одредена пауза од консумирање) бидејќи многу од работните места налагаат да направиме тест за присуство на дроги (иако тоа е нарушување на приватноста, не ја одредува работноспособноста на лицето и исто така канабисот веќе треба да биде тргнат од категоријата на штетни наркотични супстанци и треба да престане да се мери со смртоносниот хероин). 


Животот понекогаш не е најлесен, пријатели... Иако ТНС останува во нашиот систем само една недела, точно 7 дена, да се помине тестот за дрога е предизвик за редовните пушачи на канабис и пациенти кои се лекуваат со масло. За среќа постојат неколку начини да ги отстраниме ТНС метаболитите.


Што се ТНС метаболити и што детектираат тестовите за дрога?


Метаболит од канабисот...
Тестовите за присуство на дрога вклучуваат тестирање на урината за присуство на метаболити. Но, што се метаболити? Мило ми е што се запраша :) Метаболит е страничен ефект на супстанца којашто е веќе процесирана од телото. Во овој случај, дечките во бели мантили ќе пробаат да детектираат ТНС метаболити или по хемиска формула ТНС-СООН. За да знаеш дали си подготвен/а за тестирање треба да знаеш да го камуфлираш  количеството на ТНС метаболити во твојот систем. Звучи комплицирано, но возможно е и ќе го објасниме овој процес подетално.


Колку долго марихуаната останува во твојот ситем?

Полуживотот на ТНС метаболитот е 7 дена. Ова значи дека количеството на метаболити во телото ќе се намали за 50%. Значи, можеме да претпоставиме дека телото целосно ќе се ослободи од ТНС метаболити за 3-4 недели. Но, тука важно е да се напомене дека овие бројки зависат од тоа колку многу и често пушиш (и колку е јака марихуаната што ја пушиш или екстрактот што го користиш), но и од тоа колкава е твојата телесна маса. Бидејќи ТНС е растворлив во масти, лесно се складира во масното ткиво. 


Поздрав од Струмица...
Како резултат на ова, масните клетки континуирано ќе ослободуваат ТНС метаболити во крвотокот. Но, погоди што? Сè уште може да се помине тестот за дрога без да бидеш 100% чист од ТНС метаболити; нивото на метаболити во крвта треба да ти биде под минималното количество на метаболити за тестот. Типичниот праг е 50 мг/мл. Со ова тестирањето ќе даде негативни резултати и ќе бидеш слободен. Најверојатно, сега си велиш: „Не ме интересира ништо за ТНС метаболити, сакам само да знам како да го поминам тестот“ - запали еден и релакс ;)


Како да го положите тестот за дрога?

Основен метод за поминување на тестот е разредување на урината доволно до ниво под 50мг/мл. Но, постои еден проблем во врска со ова. Дечките со бели мантили можат лесно да забележат разредена урина. Значи не само што треба да ја разредиш урината, туку ќе треба и да го сокриеш фактот дека урината ти е разредена. Скоро невозможно, но постојат начини да се маскира разредената урина.


Како да прикриеш разредена урина?

Постојат неколку начини да се разреди урината. Да почнеме со вода. Водата е Боженствен прочистувач на системот, но не треба да локаш вода недели или денови пред тестирањето бидејќи водата ја разредува урината само во моментот на внес, а исто така можеш да си ги преоптовариш бубрезите. Овде работата може да ви ја заврши препаратот Clear Choice Rescue Cleanse. Подобро да испиеш 3-4 Л во текот на денот пред тестот и уште 1.5 - 2 Л неколку часа пред тестирањето. Најважно овде е да си ги знаеш границите и навистина не би требало да пиеш повеќе од 2 Л бидејќи прекумерниот внес на вода може да резултира со смрт (ете уште еден факт колку канабисот е побезбеден дури и од водата). После многу вода, урината останува безбојна и количеството на креатин се намалува. Супер, нели? Не, баш. Со безбојна урина сиромашна со креатин, испитувачите ќе забележат дека доста си се потрудил да си ја подготвиш урината за тест. А, ти не го сакаш тоа!


Како да го поминеш тестот и покрај се?

Вештачка урина :)
Постојат две важни супстанци кои можат да ја исправат цела оваа работа. Тие се витаминот Б и креатинот. Витаминот Б и дава жолта боја на урината. Најефективни се витаминот Б2 и витаминот Б12. Препорачливо е да се внесат 50-100 мг неколку часа пред тестирањето. Креатинот е биохемиски нус-продукт кој веќе природно го имаме во телото и може да му е од помош на лаборантот да определи дали урината е разредена или не. Бидејќи полуживотот на креатинот е 3 часа, потребно е да внесеш надпросечна доза неколку часа пред тестот. Хранливи додатоци на креатин има по здравите продавнички и кога ќе се ингестира веднаш почнува да се разложува и се исфрла од системот. Топ! Но, тоа не е сè народе! Има уште неколку моменти кои треба да се запазат за да бидеш 420% сигурен дека телото ти е чисто од ТНС метаболити. Повелете народе:


1. Не вежбај!

Не вежбај барем 24 часа пред тестирањето. За некои од нас ова не е воопшто тешко да се оствари бидејќи вежбање со зборот „прескокне“ одат рака под рака. Но, сите вие теретана фанатици стрпете се барем 24 часа бидејќи вежбањето ќе ти ги открие ТНС метаболитите.


2. Алтернирај го текот.

Батка или дадичке, кога мочкаш во чашичката треба да ја наполниш само со средниот дел од текот на урината, бидејќи првиот и последниот дел од течението се предавници - содржат најголем број на ТНС метаболити.


Македонски поз од Лондон <3
3. Детокс пијалаци

Детокс пијалоците за разредување на урината содржат витамин Б и креатин кои ќе ја прикријаат разреденоста. На пример, како Clear Choice Rescue Cleanse за кој споменавме погоре.


4. Синтетичка урина

Ако времето ти избега, не се секирај бидејќи постои синтетичка урина, а исто така може да подметнете урина од мало дете. Clear Choice Sub Solution е популарен производ кој се препорачува на Интернет. Clear Choice е една од најстарите и најдоверливи компании за синтетичка урина. Ако си редовен пушаш или имаш високи нивоа на масти, разредувањето нема да е ефективно, но ако знаеш што правиш, се ќе биде во ред.

Најдобронамерно ве советуваме да одбирате работни места каде што ќе можете да бидете навистина она што сте - без никакви ограничувања, како што никој нема да ви го оспорува овој природен лек од Бога даден! Среќно! Ние веруваме дека овој текст уште малку и нема да ни биде потребен, затоа што знаеме дека во Република Македонија канабисот наскоро ќе биде целосно ослободен :)


Извор: HERB

Wednesday, October 18, 2017

Запознајте ги луѓето што испратија канабис во вселената!

Некои сметаат дека марихуаната доаѓа од друга планета, додека други пак, ја испраќаат во вселената... :D Експериментот со канабис од галактички пропорции се одвиваше во Феникс, Аризона, како смел и невообичаен подвиг во обид да се одговори на старото прашање: Што се случува кога ќе испратите канабис во вселената?


Herban Planet се здружи со диспанзерот за канабис од Скотсдејл Level Up за напад во непознатото. Групата спакувала пола кило од извонредната врста канабис Thin Mint Girl Scout Cookies за испраќање во горната стратосфера. Користејќи ги услугите на Sent Into Space, компанијата која се специјализирала за тоа – (претпоставивте дека испраќаат работи во вселената), Herban Planet работеше со коосновачот на Sent Into Space, д-р Крис Роуз (Chris Rose), за да се осигура дека сите соодветни мерки биле на место, за експериментот да биде успешен. Порталот Leafly разговараше со лидерите на овој астрономски проект за да дознаеме повеќе за она што тие сакале да постигнат и што точно се случува кога ќе лансирате марихуаната меѓу ѕвездите...


Тимот позади идејата

Таган Деринг (Tagan Dering) е Главен производствен директор за компанијата Herban Planet и тој ова го опиша како „целосен екосистем“ за канабис заедницата, вклучувајќи образование, вести, речник и многу повеќе. „Само што пристигнавме на пазарот, сите се собраа и ние рековме: ‚Што можеме да сториме за да направиме голем излив?‘ и сите да дознаат: „Еј, овде сме!‘“ - се присети тој. „И некој ја доби идејата: Што ако испратиме марихуана во вселената?“ - додава Таган.

Деринг се присети на брејнстормингот којшто доведе до тоа да се направи првиот космички потфат. „Разговаравме за тоа и направивме инженеринг, а пред тоа, испративме пола кило марихуана во вселената“ - рече тој. Herban Planet го осмисли концептот Space Weed Bro—cannabis што буквално е надвор од овој свет. „Ние не сме диспанзер, па ние никогаш не пристапивме кон покровителство врз канабисот. Тоа е навистина важно од правна перспектива“ - објасни Деринг. 

Level Up се приклучи на страната, останаа со производот цело време, [и] го следеа со нас. Ниту еден од нашите луѓе не го допрел производот“ - истакна тој. „Целото пакување пристигна денес, а Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува тој. Д-р Роуз од Send Into Space се претстави себеси и неговата компанија како „Експерти блиску до Вселената“ (Near Space Experts), создаде цел бизнис модел зад испраќањето на предмети, растенија, органска материја, храна, па дури и џоинт спонзориран од Viceland во горната атмосфера. Сепак, овој експеримент ќе биде малку поинаков.


Науката зад експериментот

Д-р Роуз ги опиша различните можни промени кои неговиот тим се надева дека ќе ги измери во канабисот што го направи опасното патување во екстремни температури како -94 степени Целзиусови. „Ние испраќаме работи во неповолни услови кои не се наоѓаат на Земјата“ - објасни тој. „Ние сме многу заинтересирани да погледнеме и да видиме само каков ефект имаа овие неповолни услови врз марихуаната. Би можело да биде тоа дека изложеноста на дополнително УВ зрачење имаше ефект, сончевото зрачење може да има значителен ефект, замрзнувањето над атмосферата може да има ефект - сите работи врз коишто ние имаме намера да ја искористиме технологијата на располагање за да се обидеме и да откриеме“ - заклучува д-р Роуз.

Деринг ми рече: „Тој ќе се врати, ќе земе неколку примероци, ќе ги врати во лабораторијата и ќе ги тестира за да види дали молекуларната структура се сменила“. Во видеото од експериментот, може да се види кондензацијата во внатрешноста на стаклената коцка каде се сместува канабисот. Како што примерокот плови подалеку и подалеку, кондензацијата кристализира во екстремни услови. Д-р Роуз ги опиша процесите за тестирање на кои ќе се подложи „космичката трева“ за да се утврдат промените во молекуларната структура. „Првиот ќе биде за да се погледне визуелната промена, па ние ќе користиме електронски микроскоп со скенирање за да го направиме она што конвенционалниот микроскоп не може да го направи“ - рече тој. „Скенирачкиот електронски микроскоп користи многу моќни магнети за да ја отфрли светлината, што во суштина ни овозможува да погледнеме до речиси атомско ниво“ - додава.

Второ, она што ќе биде навистина интересно е да се земе она што се нарекува Edx или тест за бром“ - додаде д-р Роуз. „Тој го користи скенирачкиот електронски микроскоп за да се фокусира на одредена област и концентриран зрак на јони. Јон е атом кој има отстранети електрони од него и тој се отпушта, на пример, еден од кристалите или јадрото на марихуаната. Тогаш, ние го наметнуваме на многу мал размер. Ние ја мериме енергијата на електроните кои се избрани. Веројатно се прашувате зошто го правиме ова“ - запраша тој. „Причината е затоа што можеме да го анализираме она што се издвојува. Можеме да добиеме отпечаток од прст, структура на ДНК, ако сакате, во графичка форма и цврсти податоци што е физички различно за оваа марихуана во споредба со марихуаната што не е испратена во вселената“ - потенцира докторов.


Главниот настан

По повеќе пробни обиди, тимот ја постави својата опрема надвор од Феникс, Аризона. Точката на влез во вселената е технички сметана за 19,2 километри над Земјата, но овој космички тим беше решен да стигне дури и подалеку во Универзумот. Користејќи наполнет балон со GPS за да се обезбеди подигнување, овие аматерски космонаути испратија пола килограм од премиум канабисот (врстата е спомената на почетокот од овој текст) од Феникс до 32 километри над Земјата. Тимот ја следеше чистата стаклена коцка и го документираше целиот настан од лансирањето во вселената и неговото долго повлекување назад во пустината преку падобран. Видео-екипата имаше вградено камера на кутијата со канабис, како и разни дронови и копнени видео-екипи за да се осигураат дека историскиот настан ќе биде целосно снимен.

На 131.208 стапки или 32 километри (19,8 милји), метеоролошкиот балон конечно експлодира од притисокот во вакуумот на Вселената, испраќајќи го пакетот со канабис, опаѓајќи назад кон Земјата. Тимот го следеше пакетот, следејќи го со GPS во средината на пустината Аризона. Најверојатно ќе потрае најмалку еден месец за резултатите од овој експериментза да се процесираат, но во меѓувреме, првиот канабис кој интергалактички се исфрли надвор од овој свет, Space Weed Bro ќе биде достапен исклучиво во диспанзерот Level Up во Скотсдејл, Аризона. „Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува Деринг.


Автор: К. К.
Извор: Leafly

Tuesday, August 22, 2017

Златниот медалист во сноубординг Рос Рибаглиати со гордост потврдува дека користи канабис!

Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден што на тестот испаднав позитивен за трева“ - истакнува Рос Рибаглиати (Ross Rebagliati). Тој го освои првиот Олимписки златен медал за машки Сноубординг во 1998 година, што се одржа во Нагано, Јапонија. Рос исто така, е еден од првите Олимпијци кои сакаат јавно да зборуваат за нивната употреба на марихуана, откако тој беше тестиран на овие Олимписки игри во 1998 година

Ross Rebagliati
По таа случка, му беше одземен златниот медал пред Меѓународниот олимписки комитет да пресуди дека марихуаната не е дрога за подобрување на перформансите. Рибаглиати исто така доби забрана за патување во САД поради позитивниот тест и оттогаш стана еден од главните застапници за легализација на канабисот во светот. Сепак, во сопствената биографија и во историјата тој се запиша како првиот Олимпиец кој прв гордо го носеше „Канабис Факелот“. Тој вели дека не може да биде посреќен поради неговата моментална репутација.


Горд сум што сум ликот кој се обиде во тоа. Чувствувам дека јас претставувам десетици илјади Канаѓани и граѓани ширум светот коишто неправедно платиле различни казни поради нивната употреба на канабис или поради нивното поврзување со него. И јас сум почестен. Искрено, го љубам канабисот и ја љубам канабис индустријата толку многу што не можев да бидам повеќе почестен од тоа да не смејам да отидам во Сад. Да се биде тој човек е огромна привилегија. Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден дека јас испаднав позитивен на тестот за трева на Олимписките игри. Не можам да замислам подобро наследство за мене како Олимпиец од она да го носам ‚Канабис факелот‘ - да го носам канабис знамето“ - истакнува бордерот Рос за порталот Civilized.


Лајкнете го на ФБ! ;)
Но, таа благодарност дојде само со време. Првично Рибаглиати бил преплашен, поминал извесно време во јапонски затвор и ја добил забраната за патување во САД. Рибаглиати вели дека забраната само помогнала да се промовира неговата компанија „Рос Голд“ - супер бренд за канабис. Рос продава производи и додатоци (акцесоари). Рос цврсто верува дека федералната забрана за марихуана нема да трае многу подолго, особено откако политичарите и граѓаните забележуваат дека даночните приходи доаѓаат од државите кои ја легализираа марихуаната и за рекреативни цели.


Бидејќи, како што тој забележува, во ерата на паметните телефони, нема да биде долго пред луѓето да почнат да ги откриваат информациите за себе. „Тие навистина треба да бидат прагматични сега, бидејќи не можете само да ги лажете луѓето повеќе“ - додава Рибаглиати. „Сега имаме Интернет. Тоа е зората на божествените информации. Значи, ако Владата каже нешто, луѓето веднаш одат и фактот го проверуваат. Ја имаме моќта во нашите мобилни телефони што FBI ја користеше. Луѓето повеќе не се во мрак“ - заклучува Рос.

Wednesday, December 30, 2015

Колку време остануваат трагови од канабис во метаболизмот по консумирањето?

Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити

Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.

Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.

Концентрации на нивото на THC по консумирањето

Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници. 

Ова растечка и профитабилна индустрија!
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот. 

Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.

Видови на тестови за присуство на канабис

Остатоците во косата остануваат подолго
отколку во крвта и урината
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол. 

Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.

Извор: THC Over Dose