Showing posts with label новости. Show all posts
Showing posts with label новости. Show all posts

Wednesday, October 18, 2017

Запознајте ги луѓето што испратија канабис во вселената!

Некои сметаат дека марихуаната доаѓа од друга планета, додека други пак, ја испраќаат во вселената... :D Експериментот со канабис од галактички пропорции се одвиваше во Феникс, Аризона, како смел и невообичаен подвиг во обид да се одговори на старото прашање: Што се случува кога ќе испратите канабис во вселената?


Herban Planet се здружи со диспанзерот за канабис од Скотсдејл Level Up за напад во непознатото. Групата спакувала пола кило од извонредната врста канабис Thin Mint Girl Scout Cookies за испраќање во горната стратосфера. Користејќи ги услугите на Sent Into Space, компанијата која се специјализирала за тоа – (претпоставивте дека испраќаат работи во вселената), Herban Planet работеше со коосновачот на Sent Into Space, д-р Крис Роуз (Chris Rose), за да се осигура дека сите соодветни мерки биле на место, за експериментот да биде успешен. Порталот Leafly разговараше со лидерите на овој астрономски проект за да дознаеме повеќе за она што тие сакале да постигнат и што точно се случува кога ќе лансирате марихуаната меѓу ѕвездите...


Тимот позади идејата

Таган Деринг (Tagan Dering) е Главен производствен директор за компанијата Herban Planet и тој ова го опиша како „целосен екосистем“ за канабис заедницата, вклучувајќи образование, вести, речник и многу повеќе. „Само што пристигнавме на пазарот, сите се собраа и ние рековме: ‚Што можеме да сториме за да направиме голем излив?‘ и сите да дознаат: „Еј, овде сме!‘“ - се присети тој. „И некој ја доби идејата: Што ако испратиме марихуана во вселената?“ - додава Таган.

Деринг се присети на брејнстормингот којшто доведе до тоа да се направи првиот космички потфат. „Разговаравме за тоа и направивме инженеринг, а пред тоа, испративме пола кило марихуана во вселената“ - рече тој. Herban Planet го осмисли концептот Space Weed Bro—cannabis што буквално е надвор од овој свет. „Ние не сме диспанзер, па ние никогаш не пристапивме кон покровителство врз канабисот. Тоа е навистина важно од правна перспектива“ - објасни Деринг. 

Level Up се приклучи на страната, останаа со производот цело време, [и] го следеа со нас. Ниту еден од нашите луѓе не го допрел производот“ - истакна тој. „Целото пакување пристигна денес, а Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува тој. Д-р Роуз од Send Into Space се претстави себеси и неговата компанија како „Експерти блиску до Вселената“ (Near Space Experts), создаде цел бизнис модел зад испраќањето на предмети, растенија, органска материја, храна, па дури и џоинт спонзориран од Viceland во горната атмосфера. Сепак, овој експеримент ќе биде малку поинаков.


Науката зад експериментот

Д-р Роуз ги опиша различните можни промени кои неговиот тим се надева дека ќе ги измери во канабисот што го направи опасното патување во екстремни температури како -94 степени Целзиусови. „Ние испраќаме работи во неповолни услови кои не се наоѓаат на Земјата“ - објасни тој. „Ние сме многу заинтересирани да погледнеме и да видиме само каков ефект имаа овие неповолни услови врз марихуаната. Би можело да биде тоа дека изложеноста на дополнително УВ зрачење имаше ефект, сончевото зрачење може да има значителен ефект, замрзнувањето над атмосферата може да има ефект - сите работи врз коишто ние имаме намера да ја искористиме технологијата на располагање за да се обидеме и да откриеме“ - заклучува д-р Роуз.

Деринг ми рече: „Тој ќе се врати, ќе земе неколку примероци, ќе ги врати во лабораторијата и ќе ги тестира за да види дали молекуларната структура се сменила“. Во видеото од експериментот, може да се види кондензацијата во внатрешноста на стаклената коцка каде се сместува канабисот. Како што примерокот плови подалеку и подалеку, кондензацијата кристализира во екстремни услови. Д-р Роуз ги опиша процесите за тестирање на кои ќе се подложи „космичката трева“ за да се утврдат промените во молекуларната структура. „Првиот ќе биде за да се погледне визуелната промена, па ние ќе користиме електронски микроскоп со скенирање за да го направиме она што конвенционалниот микроскоп не може да го направи“ - рече тој. „Скенирачкиот електронски микроскоп користи многу моќни магнети за да ја отфрли светлината, што во суштина ни овозможува да погледнеме до речиси атомско ниво“ - додава.

Второ, она што ќе биде навистина интересно е да се земе она што се нарекува Edx или тест за бром“ - додаде д-р Роуз. „Тој го користи скенирачкиот електронски микроскоп за да се фокусира на одредена област и концентриран зрак на јони. Јон е атом кој има отстранети електрони од него и тој се отпушта, на пример, еден од кристалите или јадрото на марихуаната. Тогаш, ние го наметнуваме на многу мал размер. Ние ја мериме енергијата на електроните кои се избрани. Веројатно се прашувате зошто го правиме ова“ - запраша тој. „Причината е затоа што можеме да го анализираме она што се издвојува. Можеме да добиеме отпечаток од прст, структура на ДНК, ако сакате, во графичка форма и цврсти податоци што е физички различно за оваа марихуана во споредба со марихуаната што не е испратена во вселената“ - потенцира докторов.


Главниот настан

По повеќе пробни обиди, тимот ја постави својата опрема надвор од Феникс, Аризона. Точката на влез во вселената е технички сметана за 19,2 километри над Земјата, но овој космички тим беше решен да стигне дури и подалеку во Универзумот. Користејќи наполнет балон со GPS за да се обезбеди подигнување, овие аматерски космонаути испратија пола килограм од премиум канабисот (врстата е спомената на почетокот од овој текст) од Феникс до 32 километри над Земјата. Тимот ја следеше чистата стаклена коцка и го документираше целиот настан од лансирањето во вселената и неговото долго повлекување назад во пустината преку падобран. Видео-екипата имаше вградено камера на кутијата со канабис, како и разни дронови и копнени видео-екипи за да се осигураат дека историскиот настан ќе биде целосно снимен.

На 131.208 стапки или 32 километри (19,8 милји), метеоролошкиот балон конечно експлодира од притисокот во вакуумот на Вселената, испраќајќи го пакетот со канабис, опаѓајќи назад кон Земјата. Тимот го следеше пакетот, следејќи го со GPS во средината на пустината Аризона. Најверојатно ќе потрае најмалку еден месец за резултатите од овој експериментза да се процесираат, но во меѓувреме, првиот канабис кој интергалактички се исфрли надвор од овој свет, Space Weed Bro ќе биде достапен исклучиво во диспанзерот Level Up во Скотсдејл, Аризона. „Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува Деринг.


Автор: К. К.
Извор: Leafly

Tuesday, October 17, 2017

Време е за легализација, вели сопственик на диспанзер за канабис од Канада

Како се чувствувате кога сте уапсени?

Ова е она што Роланд Свифт (Roland Swift) ги запрашал своите вработени, пред да ги вработи во High Tides, диспанзерот за медицински канабис кој штотуку беше отворен во Дигби, Канада. Тоа е реалноста со која се соочуваат секојдневно, во очекување на легислативата за легализација на марихуаната, со што ќе се стави крај на диспанзерите кои се наоѓаат во Нова Шкотска. „Ние сме во сива област и се држиме за нашите вратови за да им помогнеме на луѓето. Сите сме страсни за ова и за да направиме разлика“ - рече Свифт

Roland Swift
Чекајќи зелено светло

High Tides прво беше отворен на 31 август. Тоа е медицинска продавница за канабис, што им продава само на оние со рецепти за канабис и кои се постари од 19 години. Оваа продавница има дозвола за работа од општината Дигби и е официјална на секој начин, освен еден - диспанзерите сè уште се технички нелегални. „Ние стоиме гордо, знаејќи дека зборувавме со  Ројалната канадска полиција на коњи (RCMP - Royal Canadian Mounted Police), со градот и дека тие знаат дека сме 100 проценти транспарентни. Ова е велнес центар и ние сме навистина тука да им помогнеме на луѓето“ - додава Свифт.


Диспанзерот делува како аптека 

Ashley Roberts
Свифт, менаџерот Ешли Робертс (Ashley Roberts) и помошник менаџерот Колби Тибодо (Colby Thibodeau) продаваат медицински канабис производи, а исто така одржуваат консултативни сесии со сите несигурни пациенти за тоа што ќе функционира најдобро за нив. Примероците се исто така давани на секој со рецепт и ограничен приход, исто како што аптеките или докторот понекогаш ќе обезбедат мал примерок на нов лек.


Време е за образование

Не само што диспанзерот работи со 100% транспарентност, туку исто така го охрабрува секој кој е љубопитен да ги достави своите прашања и набрзо да замине со одговори. „Најголемиот дел од нашата работа овде, надвор од продажбата е образованието“ - истакнува Свифт. „Повеќето луѓе кои се плашат или се против канабисот едноставно не се информирани за тоа што тој може да направи за луѓето“ - рече Робертс.

Colby Thibodeau
Едно од најголемите појаснувања за канабисот е дека тоа е заеднички термин за различни марихуана и канабиноидни производи. Друга точка на разјаснување со клиентите е дека постојат форми на канабис што може да ги консумирате без да го почувствувате хајот, без да се надувате. ЦБД или канабидиол, е уште една состојка што се наоѓа во марихуаната, но за разлика од ТХЦ, една од главните состојки што го предизвикува хајот, но таа не ве надувува. Постојат и различни методи на употреба, како што се пушењето, јадењето и капсулите кои може да се земаат како пилула и секој начин на консумирање дава различен ефект.

Тоа сè уште помага да се справите со болката и има други бенефиции без да го надуваат корисникот“ - додава Робертс. Медицински канабис, исто така, може да се користи за многу повеќе од само контролирање на болката, за што е најпознат. Робертс рече дека некои клиенти исто така го земаат за да огладнат, бидејќи немаат апетит. „Може да се исмејувате дека несаканите ефекти се смеа и глад, но знаете што, тие за некои луѓе се целиот свет“ - заклучува Свифт.


Лична инвестиција

Sherry Outhouse
Свифт е од Островот Брајер и вели дека неговата мајка е меѓу оние што најмногу се против марихуаната кога тој растел. „Мајка ми ми рече дека ќе ме исфрли од животот ако не престанам“ - рече Свифт. „Ѝ испратив книгата за медицинските придобивки од канабисот, а таа се смени за 180 степени. Таа ме држеше и плачеше, велејќи: ‚Има толку многу луѓе што не знаат‘“ - вели тој.

Сестрата на Свифт, која работела како затворски чувар и била целосно против употребата на канабисот, дури и медицински, ја изгубила битката со ракот минатиот Божиќ. Таа одлучи во своите последни недели повеќе да не зема опијати, бидејќи не можеше да помине време со своите деца. „Добивме рецепт за производи од канабис и тоа беше ноќ и ден. Таа го поврати достоинството, нејзината болка не беше голема и беше во можност да каже збогум на нејзините деца. Тоа значеше цел свет“ - рече Свифт.


Дома во Дигби

Робертс се чувствува добро во врска со нејзината нова позиција со High Tides. Тибодo се чувствува исто така, заедно со рецепционерката Шери Оутхаус. „Имавме навистина добар прием во Дигби и мислам дека тоа е добар знак“ - рече Робертс. Свифт се согласи, велејќи: „Единственото нешто што сум го забележал е многу љубопитност, што ние го поздравуваме тука“. Додека разговара за неговиот бизнис, неколку луѓе минуваат низ вратите. Едниот е средовечен, другиот е постар, а третата се чини дека е во нејзините доцни дваесетти години.

Таа разновидност таму е токму она што го бараме и е причината што ја преместив продавницата повторно дома во Дигби“ - рече Свифт, кој ја затвора својата локација во Халифакс. „Тука видов потреба, каде што е потешко да се најдат лекари кои ќе се согласат да препишуваат канабис. Постарите генерации живееле во време кога медиумите ги исплашиле за канабисот. Мораме да работиме за да го смениме тоа, а нашата најдобра алатка се информациите“ - дополнува Свифт. Тој, Робертс, Тибодо и Оутхаус имаат големи надежи дека, со тројцата новодојдени доктори  во Дигби, прогнозите се добри!

Роланд Свифт е сопственик на новоотворената канабис аптека High Tides, диспенсар за медицински канабис во Дигби. Тој е страстен за медицинскиот канабис поради тоа што им помогна на неговата мајка и сестра во последните денови додека се бореа со ракот. „Им даде [нив] достоинство и значеше свет“ - истакнува тој. Ешли Робертс е менаџер на продавницата. Таа е страсна за едукација на луѓето за тоа зошто медицинскиот канабис може да им помогне на луѓето. „Мојата баба го разбрала тоа кога имала рак и дали знаела дека постоеле производи кои би можеле да ѝ помогнат за нејзината болка, без да чувствува хај, тоа можеше навистина да ѝ помогне“ - рече Ешли.

Колби Тибодо работи во центарот, бидејќи тој е страстен за пристапот. „Има толку многу луѓе кои не можат да пристапат до диспанзерите поради далечината, финансиите и други причини“ - рече тој. „Јас работам овде за да помогнам тоа да се промени“. Шери Оутхаус познавала неколку луѓе кои земале медицински канабис и кои виделе итни подобрувања. „Само сакам други луѓе на кои им треба помош да знаат дека сме тука за нив“ - рече таа.

Автор: К. К.