Некои сметаат дека марихуаната доаѓа од друга планета, додека други пак, ја испраќаат во вселената... :D Експериментот со канабис од галактички пропорции се одвиваше во Феникс, Аризона, како смел и невообичаен подвиг во обид да се одговори на старото прашање: Што се случува кога ќе испратите канабис во вселената?
Herban Planet се здружи со диспанзерот за канабис од Скотсдејл Level Up за напад во непознатото. Групата спакувала пола кило од извонредната врста канабис Thin Mint Girl Scout Cookies за испраќање во горната стратосфера. Користејќи ги услугите на Sent Into Space, компанијата која се специјализирала за тоа – (претпоставивте дека испраќаат работи во вселената), Herban Planet работеше со коосновачот на Sent Into Space, д-р Крис Роуз (Chris Rose), за да се осигура дека сите соодветни мерки биле на место, за експериментот да биде успешен. Порталот Leafly разговараше со лидерите на овој астрономски проект за да дознаеме повеќе за она што тие сакале да постигнат и што точно се случува кога ќе лансирате марихуаната меѓу ѕвездите...
Тимот позади идејата
Таган Деринг (Tagan Dering) е Главен производствен директор за компанијата Herban Planet и тој ова го опиша како „целосен екосистем“ за канабис заедницата, вклучувајќи образование, вести, речник и многу повеќе. „Само што пристигнавме на пазарот, сите се собраа и ние рековме: ‚Што можеме да сториме за да направиме голем излив?‘ и сите да дознаат: „Еј, овде сме!‘“ - се присети тој. „И некој ја доби идејата: Што ако испратиме марихуана во вселената?“ - додава Таган.
Деринг се присети на брејнстормингот којшто доведе до тоа да се направи првиот космички потфат. „Разговаравме за тоа и направивме инженеринг, а пред тоа, испративме пола кило марихуана во вселената“ - рече тој. Herban Planet го осмисли концептот Space Weed Bro—cannabis што буквално е надвор од овој свет. „Ние не сме диспанзер, па ние никогаш не пристапивме кон покровителство врз канабисот. Тоа е навистина важно од правна перспектива“ - објасни Деринг.
„Level Up се приклучи на страната, останаа со производот цело време, [и] го следеа со нас. Ниту еден од нашите луѓе не го допрел производот“ - истакна тој. „Целото пакување пристигна денес, а Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува тој. Д-р Роуз од Send Into Space се претстави себеси и неговата компанија како „Експерти блиску до Вселената“ (Near Space Experts), создаде цел бизнис модел зад испраќањето на предмети, растенија, органска материја, храна, па дури и џоинт спонзориран од Viceland во горната атмосфера. Сепак, овој експеримент ќе биде малку поинаков.
Науката зад експериментот
Д-р Роуз ги опиша различните можни промени кои неговиот тим се надева дека ќе ги измери во канабисот што го направи опасното патување во екстремни температури како -94 степени Целзиусови. „Ние испраќаме работи во неповолни услови кои не се наоѓаат на Земјата“ - објасни тој. „Ние сме многу заинтересирани да погледнеме и да видиме само каков ефект имаа овие неповолни услови врз марихуаната. Би можело да биде тоа дека изложеноста на дополнително УВ зрачење имаше ефект, сончевото зрачење може да има значителен ефект, замрзнувањето над атмосферата може да има ефект - сите работи врз коишто ние имаме намера да ја искористиме технологијата на располагање за да се обидеме и да откриеме“ - заклучува д-р Роуз.
Деринг ми рече: „Тој ќе се врати, ќе земе неколку примероци, ќе ги врати во лабораторијата и ќе ги тестира за да види дали молекуларната структура се сменила“. Во видеото од експериментот, може да се види кондензацијата во внатрешноста на стаклената коцка каде се сместува канабисот. Како што примерокот плови подалеку и подалеку, кондензацијата кристализира во екстремни услови. Д-р Роуз ги опиша процесите за тестирање на кои ќе се подложи „космичката трева“ за да се утврдат промените во молекуларната структура. „Првиот ќе биде за да се погледне визуелната промена, па ние ќе користиме електронски микроскоп со скенирање за да го направиме она што конвенционалниот микроскоп не може да го направи“ - рече тој. „Скенирачкиот електронски микроскоп користи многу моќни магнети за да ја отфрли светлината, што во суштина ни овозможува да погледнеме до речиси атомско ниво“ - додава.
„Второ, она што ќе биде навистина интересно е да се земе она што се нарекува Edx или тест за бром“ - додаде д-р Роуз. „Тој го користи скенирачкиот електронски микроскоп за да се фокусира на одредена област и концентриран зрак на јони. Јон е атом кој има отстранети електрони од него и тој се отпушта, на пример, еден од кристалите или јадрото на марихуаната. Тогаш, ние го наметнуваме на многу мал размер. Ние ја мериме енергијата на електроните кои се избрани. Веројатно се прашувате зошто го правиме ова“ - запраша тој. „Причината е затоа што можеме да го анализираме она што се издвојува. Можеме да добиеме отпечаток од прст, структура на ДНК, ако сакате, во графичка форма и цврсти податоци што е физички различно за оваа марихуана во споредба со марихуаната што не е испратена во вселената“ - потенцира докторов.
Главниот настан
По повеќе пробни обиди, тимот ја постави својата опрема надвор од Феникс, Аризона. Точката на влез во вселената е технички сметана за 19,2 километри над Земјата, но овој космички тим беше решен да стигне дури и подалеку во Универзумот. Користејќи наполнет балон со GPS за да се обезбеди подигнување, овие аматерски космонаути испратија пола килограм од премиум канабисот (врстата е спомената на почетокот од овој текст) од Феникс до 32 километри над Земјата. Тимот ја следеше чистата стаклена коцка и го документираше целиот настан од лансирањето во вселената и неговото долго повлекување назад во пустината преку падобран. Видео-екипата имаше вградено камера на кутијата со канабис, како и разни дронови и копнени видео-екипи за да се осигураат дека историскиот настан ќе биде целосно снимен.
На 131.208 стапки или 32 километри (19,8 милји), метеоролошкиот балон конечно експлодира од притисокот во вакуумот на Вселената, испраќајќи го пакетот со канабис, опаѓајќи назад кон Земјата. Тимот го следеше пакетот, следејќи го со GPS во средината на пустината Аризона. Најверојатно ќе потрае најмалку еден месец за резултатите од овој експериментза да се процесираат, но во меѓувреме, првиот канабис кој интергалактички се исфрли надвор од овој свет, Space Weed Bro ќе биде достапен исклучиво во диспанзерот Level Up во Скотсдејл, Аризона. „Space Weed Bro оди во продажба почнувајќи од понеделник“ - заклучува Деринг.
Автор: К. К.
Извор: Leafly
No comments:
Post a Comment