Showing posts with label свест. Show all posts
Showing posts with label свест. Show all posts

Sunday, March 31, 2019

Зошто на светот му е потребна еколошки биоразградлива пластика од коноп?

Пластиката од коноп станува сѐ поприфатлива опција како еколошка алтернатива на пластиката базирана на јаглерод. Не само што овој био-пластичен производ се добива на безбеден начин од одржлив извор - конопни растенија, тој исто така е биоразградлив и може да се рециклира!



- Сакате ќеса? Не, благодарам!
Во 2017 година, глобалната потрошувачка на стандардна пластика (со животен век од 500 години или повеќе) достигна нови врвови, со околу осум милиони метрички тони пластика што завршуваат во океаните на годишно ниво. Покрај обидите за намалување на оваа бројка со едукација за селектирање отпад и рециклирање, потребата да се развијат биоразградливи, компостибилни алтернативи на пластиката базирана на петролеј е од суштинско значење за нашата иднина. Многу компании од целиот свет напредуваат во производството на пластични производи базирани на коноп. Во САД од донесувањето на Farm Bill во 2014 година, со што се овозможија вистински иновативни скокови за производство на коноп, сега компаниите можат законски да одгледуваат и преработуваат коноп за истражувачки цели. Веќе има околу 19 држави кои учествуваат во оваа програма, а сите ги следат новите потенцијални апликации на конопот. Кога станува збор за пластиката, компаниите како American Hemp, c2renew и други, веќе се стремат кон подобри, поодржливи производи базирани на коноп.


Конопната пластика не е ништо ново...

Користи биоразградлива пластика!
Пластиката од коноп е само навраќање кон иновациите од старите денови, поради тоа што конопот илјадници години се користел како градежен материјал и суровина за многу производи. Дури и Америка трошела околу 3000 тони коноп годишно пред забраната, која започнала на почетокот од 20 век. Издржливи јажиња, ткаенини, индустриска суровина за градежни материјали и друго, беа правени од коноп. Зборот платно (canvas) произлегува од зборот канабис (cannabis), бидејќи конопот бил најчестиот материјал што се користел за изработка на платнени едра во минатото. 



Ќе научиме ли да се однесуваме еколошки?

До 1930-тите, конопот веќе бил во употреба за производи како што се: целофанска фолија и еден вид компостибилен стиропор. Хенри Форд успеа не само да дизајнира, туку и да создаде автомобил речиси целосно направен од конопна пластика во 1940-тите. Тој сакал овој автомобил да е целосно еколошки со тоа што наместо со стандардно гориво, требало да работи со помош на прехранбено масло од коноп и семе од други зеленчуци. Конопното возило на Форд се потпираше само на метална рамка, затоа беше за 500 килограми полесно во споредба со стандардните возила. Исто така, пластиката од коноп е далеку поотпорна на оштетување, па не е чудно зошто овој конопен автомобил не започнал масовно да се произведува...


Зошто пластика од коноп?

Оваа пластика не се распаѓа така брзо и лесно...
Причината зошто конопот е идеален за производство на пластика се сведува на нешто што се вика целулоза. Секоја пластика, без разлика од што е добиена, има потреба од целулоза во својот состав. Петролејот долго време беше извор на оваа целулоза, но сега компаниите се во потрага по поодржливи и еколошки материјали. Конопот е совршена замена за петролејот, со оглед на тоа што ова растение по природа е околу 80 проценти целулоза. За разлика од петролејот, конопот може да се одгледува органски (без пестициди) и не е токсичен.


Иднината на конопната пластика

Пластика од коноп
Според Canopy Corporation, иднината на пластиката од коноп е светла! Автомобилските компании ширум Европа се оддалечуваат од пластиката базирана на петролеј во целост, за изработка на контролните плочи и другите дизајнерски делови во новите модели на автомобили. Големиот број на делови формирани од конопна пластика ја демонстрира употребливоста како материјал. Придобивките од пластиката од коноп далеку ги надминуваат конвенционалните пластики базирани на нафтени деривати. На пример, проценето е дека фибергласот од коноп чини само 50 до 70 центи за половина килограм, во споредба со од 5 долари па нагоре за половина килограм фиберглас базиран на јаглерод. Освен тоа, производите од коноп постојано се докажуваат како потрајни и поиздржливи и секогаш се многу полесни. Се очекува во многу блиска иднина целиот свет да користи биоразградливи пластични алтернативи како што е конопот. Во моментов, пластиката од коноп се користи за да се направат: звучници, гитари, филаменти за 3D печатачи и илјадници други предмети.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Cannabistech

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот

Придобивки и начини на употреба на конопот

Saturday, September 22, 2018

Интервју за канабисот со Тони Зен. Дали канабисот претставува инспирација за творење?

Македонскиот извонреден артист, рапер и продуцент Тони Зен со задоволство се согласи да ни биде гостин во еден доста интересен и долг, но доста искрен разговор за канабисот и останатите пропратни теми поврзани со ова лековито растение и неговата употреба


Погледнете го видеото и кажете во коментар што вие мислите, дали сметате дека канабисот треба да биде целосно слободен и треба да се продава на зелените пазари, исто како зеленчукот и овошјето и останатите лековити билки: магдонос, коприва, кантарион...? Дознајте дали Тони Зен консумира(л) канабис? Научните истражувања и животните приказни на многу познати артисти потврдуваат дека канабисот не само што ја поттикнува неврогенезата, лекува од депресија, ги активира двете мозочни хемисфери, но исто така ја поттикнува креативноста. Дознајте дали кај него ова лековито растение претставува инспирација за неговата креативност во неговото творење?


Дознајте како според Тони Зен канабисот треба да биде регулиран? Дали можеби тој како нас смета дека тревата треба да биде целосно слободна? Дознајте дали тој повеќе сака индика, сатива или хибриди? Кои се неговите омилени врсти канабис? Слушнете дали канабисот во некоја негова одредена форма му помага за одредени здравствени проблеми? Дознајте дали Тони Зен познава некој негов близок што се излечил од сериозни заболувања со помош на масло од канабис? Слушнете што Тони им апелира на нашите соборци! Ве молиме да ја споделите оваа статија на социјалните мрежи со цел да ни помогнете во нашата мисија: ДЕМИСТИФИКАЦИЈА И ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КОНОПОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ШИРУМ СВЕТОТ!


Tuesday, June 5, 2018

Зошто ни е потребна подобра, попаметна и безгрижна едукација за канабисот?

Оваа недела, третото читање и гласањето за законот за легализација на канабисот ќе се одржи во Сенатот на Канада. Се чини дека постои перцепција дека ако не ги дизајнираме и не започнеме масовни кампањи за подигање на свеста веднаш, тогаш може да се случи по легализацијата да настане пекол кај дезинформираната јавност


Канабисот е ЛЕК! Не ги лажи младите дека е поинаку!
Додека итноста околу образованието за дистинкција на дрогите од канабисот може да биде добронамерна, искусвото ни покажува дека тоа не секогаш претставува превенција и намалена употреба. Она што го знаеме од систематските прегледи на кампањите за подигање на јавната свест за употреба на канабисот е дека тие во голема мера се неефикасни во менувањето на однесувањето. Во најдобар случај, можеме да покажеме зголемено општо знаење, но има многу малку докази за да се поддржи тврдењето дека програмите за образование што се испорачуваат преку владините кампањи во масовните медиуми се доволни за спречување или менување на обрасците за употреба на супстанци.


Таквите кампањи се предизвик кај оној сегмент на деца кои се повеќе склони да преземат ризици и да експериментираат со лекови. Идејата дека државните напори за образование понекогаш го прават спротивното од она што го имаат како намера е познато во истражувачката литературата како јатрогени ефекти (iatrogenic effects), нешто што се гледа во широко користените програми базирани во училиштата, како што е D.A.R.E. во САД (Drug Abuse Resistance Education - Образование за отпорност против злоупотреба на дроги). Не само што оваа програма D.A.R.E. е оценета дека покажала мало влијание врз намалувањето на употребата на супстанции, програмата всушност била поврзана со зголемување на употребата на некои супстанци! Едно нешто што се чини дека ние како здружение го правиме подобро кога станува збор за младината, всушност, е тоа што се консултираме со нив за програмите, политиките и кампањите што ги развиваме.



Кампањите мора да бидат културно релевантни

Потребата за развивање на културно соодветни ресурси за канабис не доби големо внимание до сега - и истото може да се каже за пристапите кон образование кои ќе допрат повеќе до младите луѓе кои живеат во сиромаштија, т.е. најранливите категории на лица до кои овие кампањи не допираат. Ако имавме неколку милиони долари за да се трошат на едукација за канабисот, не би сакале да инвестираме во сјајни брошури или остри кампањи на социјалните мрежи. Ние би оделе во заедниците со ранливи категории на граѓани, кои најчесто се исклучени од кампањите, за на лице место да се увиди што им е потребно и како треба да се дејствува. Еднократната едукација за канабисот или скапите кампањи за информирање преку медиумите, најверојатно нема да променат многу, но тоа ќе ни овозможи да се навикнеме. За потоа здруженијата на граѓани кои се борат за ослободување на конопот да ја завршат својата обврска за постојано информирање и едуцирање на јавноста што сè уште е во заблуда.


Сојузната влада на САД предложи 62,5 милиони долари да бидат доделени за јавно образование за канабис во последниот буџет, што е во прилог на 46 милиони долари веќе инвестирани во 2017 година. И покрај некои од тврдењата за потенцијално негативното влијание на легализацијата врз американската младина, статистиките не го потврдуваат тоа. Ние треба да дејствуваме и имаме време да застанеме и да размислиме за она што го правиме пред легализацијата. Науката за превенција на нештата ни кажува дека е поважно да ги сфатиме работите правилно, а тоа значи да не даваме политички притисок за да направиме нешто инстантно во даден момент. Во следните неколку години ќе има многу иницијативи за јавно образование за канабисот и неговата употреба со истражувачки докази. Но, ниедна кампања нема да има влијание врз преваленцата на употреба или стапките на штети, колку што е можноста за добивање на регулаторната рамка.


Читај повеќе:




Автор: MoniQue Konopova
Извор: The Conversation

Friday, November 24, 2017

Од дневникот на астрономот Карл Саган кој пишува за важноста на канабисот за подигањето на свеста кај луѓето

Постои врста на марихуана наречена по неговото громогласно име, но сè уште не го среќаваме прикажан на везови, постери и плакати како музичарот Боб Марли. Астрономот Карл Саган (Carl Edward Sagan) [1934 - 1996], добитник на Пулицерова награда, во најмала рака може да кажеме дека е генијалец затоа што беше успешен работејќи на многу полиња: во науката, издаваштвото, телевизијата, научната фантастика... Има напишано над 600.000 страници кои се архивирани во Библиотеката на Конгресот, а исто така бил и страствен пушач на марихуана, што е доволен доказ дека марихуаната не те „врзува“ за кревет кога си напушен, туку напротив - те поттикнува да успееш! 

Carl Edward Sagan
Саган бил воодушевен од тревата, што кога имал прилика не се ограничувал да зборува за консумирањето трева на долго и широко. Пред да стане јавен пушач, во 1971 година во Marijuana Reconsidered бил објавен есеј под псевдонимот Mr. X, за кој уредникот од книгата подоцна открил дека се работи за Саган. Овој уредник, т. е. професорот Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) изјавил за Marijuana.com дека тој мисли дека Саган пушел скоро секој ден освен кога морал да патува. Зборовите на Саган изјаснуваат дека некои од неговите идеи се родиле кога бил напушен, велејќи: „Постои мит за вакви напушувања: корисникот има илузија на внатрешен увид која не доживува да биде истражена утрото. Убеден сум дека ова е грешка и дека фаталните внатрешни увиди постигнати додека си напушен се вистински; проблемот е ставањето на овие внатрешни увиди во форма прифатлива за различното Јас кое што сме наредниот ден кога ни поминал ефектот

Карл развил теории дури и за неговите напушувања со научна љубопитност и филозофска јасност кои одговараат на неговите способности: „Се тестирам дали сум напушен затворајќи ги очите и барајќи блисоци. Тие доаѓаат долго пред каква и да е измена во мојата визуелна или други перцепции. Претпоставувам ова е проблем на сигнал кон бучава, кога нивото на визуелна бучава е многу ниско кога очите ми се затворени. Друг интересен информативно-теоретски аспект е претежноста - барем во моите светликави слики - од цртани филмови: само скиците на облиците, карикатурите, не фотографиите. Мислам дека се работи за компресија на информации: би било невозможно да ја опфатиш целосната содржина на едно прикажување со информативната содржина од една обична фотографија, да речеме 108 бита, во дел од секундата која е осветлена. А искуството со светлото е направено, ако можам да речам, за веднаш да биде уживано. Уметникот и гледачот се едно“.


Карл уживал да се „настонирува“ и да „патува“ во вселената

За него канабисот обезбедувал не само измена во свеста и перцепцијата, туку и пат до нешта кои го натерале да сфати дека во животот има нешто повеќе од наука. Научил да ги цени музиката и уметноста, ја разбрал намерата на еден уметник која тој ја чувствувал понекогаш кога му завршувало дејството. Се приближил до смртта на егото чувствувајќи религиозен аспект на некои напушувања, иако самиот не бил религиозен „во вообичаена смисла“. Запишал: „Зголемената чувствителност во сите делови ми дава чувство на блиска духовна врска со моето опкружување, и живо и неживо. Понекогаш, до мене доаѓа еден вид на егзистенцијална перцепција на апсурдот и со ужасна сигурност ги гледам моите, но и лицемеријата и преправањето на моите блиски“.

Редовното користење канабис допринело да се развива свеста на овој научник, тој добивал повеќе разбирање за нештата и го засакувал животот сè повеќе. Со ова дошло и разбирање на социјалните прашања, дел на креативно учење многу поразлично од она по коешто тој е познат. Тој признал дека пропустите во меѓучовековите односи потекнуваат од „дефектите во нашето општество и образовен систем и можат да бидат недостапни за нас без употреба на вакви супстанци“. „Убеден сум дека постојат искрени и валидни нивоа на перцепција достапни со канабисот и најверојатно со други супстанци. Оваа забелешка не важи само за самосвесност и интелектуални достигнувања, но исто така за перцепциите на вистинските луѓе, широко зајакната чувствителност на фацијалните експресии, интонации и избор на зборови коишто некогаш раѓаат таква блискост меѓу две личности што изгледа како да си го читаат умот еден на друг“ - вели тој.


Саган цврсто се борел против забраната на марихуаната и војната против дрогите!

Покрај уживањето во неговите рекреативни и духовни искуства, Саган бил и главен поборник за легализација на марихуаната. Изјавил: „Постојат луѓе во терминален стадиум на сида или канцер на кои им се даваат големи дози на хемотерапевтски агенси кои им предизвикуваат гадење, неможност да внесат храна, што потоа брзо води до нивно колабирање. Добро е проучено дека марихуаната се спротивставува на гадењето и во неколку случаи кај кои е дозволоено или користена е незаконски, се собираат забележителни подобрувања. Разумно ли е да им се забрани на пациенти кои умираат да земаат марихуана како ублажувачка супстанца за да си ја покачат телесната тежина и да си го зголемат апетитот? Звучи лудо да се рече ‚Загрижени сме дека ќе станат зависни од марихуана‘ - нема никаква евиденција дека е супстанца која предизвикува зависност, но дури и да има, тие луѓе умираат. Од што ги спасуваме“.

Саган отворено зборувал против војната на дрогите и масивното затворање на корисници, прашувајќи ја Фондацијата за политика на лекови (Drug Policy Foundation) во 1990 година преку писмо: „Колку пари се трошат годишно на планетава на незаконски дроги? Дали постоењето на вакви огромни суми пари неизбежно води до корупција во полицијата и воените извршителни агенции, законодавците, интелигентните агенции и Извршителното претставништво?“ Дури и неговите книги вклучуваат сцени каде се користи марихуана; неговата новела „Контакт“ од 1985 содржи сцена во која во продавница во фиктивна иднина во 1999 во Франција се продавал канабис увезан од Калифорнија и Орегон, покажувајќи предзнаење кое би го имал само некој како Саган.


Неговите писанија во Библиотеката на Конгресот се сместени во кутии стриктно фокусирани на политиките за лекови. Генерално, неговото залагање за ослободување на канабисот било сведено на кратки коментари за тревата, а не како потполен активизам на неговиот животен сопатник и колега Ен Друјан (Ann Druyan). Таа го водела про-марихуана активизмот и активизмот против војната против дрогите: „За нас двајцата. Тој работеше во НАСА и нема сомнеж дека не би можел да ја работи својата работа истражувајќи го соларниот систем и барајќи живот на други места ако јавно проговореше за ова. Марихуаната ни овозможи да бидеме далеку покреативни“ Како што забраната на канабисот масовно исчезнува низ САД, сè повеќе и повеќе луѓе имаат пристап до зголемена свесност понудена од страна на марихуаната. Точно она за што Мистер X се надевал, пишувајќи: „Се надевам дека времето на легализација не е многу далеку; незаконитоста на канабисот е срамота, пречка за целосна употреба на супстанца која носи ведрина и внатрешна рефлексија, чувствителност и другарство кои се очајно потребни во овој сè повеќе луд и опасен свет

*** 

Животот на Карл е пример за исполнет и изживеан живот на секое поле. Тој уживал во животот и за тоа не му била потребна дозвола од законодавците, тој без да мисли два пати користел канабис. Од неговиот мемоар очигледно е дека бил погоден од забраната на канабисот, но тоа не го спречило секогаш да го користи за достигнување на поголем степен на продуктивност, емпатија и чувствителност, а неговите живот и дело се најдобар доказ дека ги постигнал во нивна суперлативна форма. Карл исто така е доказ дека користењето марихуана во нас го убива слепото себељубие и дека го негува чувството на емпатија, со тоа што тој сакал сите да знаат за овој општокорисен лек за духот, умот и телото!

За разлика од Карл, јас не сум толку жесток во борба за легализација... Изгледа ми е незамисливо дека треба да барам дозвола за да ја користам природата која ми е на дланка за лични придобивки во кој и да е дел. Едноставно, ми изгледа неизмерно лудо да немам право да користам нешто што за мене и за сите околу мене е нешто најкорисно (да немам право на природата која што ме створила? Хммм, ќе размислам два пати), а во случајов - растението кое храни, облекува, удомува и најважно - кое ни ја подига свеста - алатката со која се карактеризираме како вид на Земјава, што е причина зошто сите сегменти на животот ни се барем делумно затруени, дури и водата без којашто нема живот...

Бидејќи свесноста е најмоќната алатка на човековиот вид, благодарение на која сме семоќни креативни креации т.е. креатори, поради и што постои оваа општествена хиерархија и потчинетост и невидени измислици како религија, сè со цел да се одвлече и потчини вниманието на неосвестениот човечки вид. А, последиците од борбата против човековата свесност која се води неколку милениуми се: војните, болестите, омразата, недостатоците, изобличениот и разделениот по секаква основа свет во кој живееме и ден денес. Животот и делото на Карл Саган ми се пресвртница во животов за да не се запрашувам повеќе што е законско и што е дозволено, туку што да се запрашувам што е Божјо, што е природно и правилно и најдобро за сите и да почнам интензивно да читам филозофија, астрономија, ботаника и народна медицина за вистински да се образувам и да се доближам до мојата суштина.

Извор: HERB

Saturday, July 29, 2017

Откриени се златни бонгови од Ариевски цар!

Малку забранета историја! Додека екипа од градежни работници поставуваше енергетски линии во Русија, тие наидоа на едно од најбизарните археолошки откритија - златен бонг од Ариевски цар. Никој не очекуваше дека потребата за проширување на националните енергетски нивоа ќе биде толку интригантна. Неодамна откриените златни бонгови датираат од околу 2.400 година п. н. е., а биле откриени во камена комора скриена под густ слој на глина, веројатно поради тоа што античките команданти се грижеле премногу за своето азно 


Човештвото се цивилизирало со канабисот!
Откако густите остатоци од внатрешноста на бонговите биле тестирани, беше откриено дека тоа се остатоци од изгорен канабис помешан со опиум, за што се претпоставува дека бил пушен од страна на племенските лидери со Скитско потекло. Она што ова откритие го прави да е уште поспецифично е фактот што овие златни бонгови се едни од најстарите археолошки артефакти од овој вид коишто потврдуваат дека човештвото отсекогаш консумирало канабис, па и можеби токму поради користењето канабис ја проширило својата свест. Покрај овие златни бонгови, археолозите исто така откриле златен накит, чинии и други предмети кои потоа биле префрлени во еден руски музеј.


Историчарите сега веруваат дека Скитите комбинирале цветови од канабис со опиум и ја пушеле таа мешавина со помош на бонговите пред да одат во војна. Станува збор за номадско племе чиишто територии константно се проширувале во Европа и Азија во периодот помеѓу IX и IV столетие п. н. е. Веројатно е дека овој ритуал се употребувал како форма на лековита рекреација во времето на мир, но примарната цел била да се инхалира лековитиот развеселувачки чад пред битките со цел да се поткрене духот, т.е. расположението на луѓето кои потоа ќе треба крваво да војуваат. Познатиот грчки историчар Херодот напишал: „СКИТИТЕ КОРИСТЕЛЕ РАСТЕНИЕ ЗА ДА ПРОИЗВЕДАТ ЧАД ШТО НИТУ ЕДЕН ГРК НЕ МОЖЕЛ ДА ГО НАДМИНЕ ШТО ГИ ТЕРАЛО ДА ВИКААТ ГЛАСНО“. Се чини дека нашите предци имале неколку начини за откривање на „чудесните“ билки и печурки коишто им помагале за време на битките, особено за справување со телесните и душевните болки.