Постои врста на марихуана наречена по неговото громогласно име, но сè уште не го среќаваме прикажан на везови, постери и плакати како музичарот Боб Марли. Астрономот Карл Саган (Carl Edward Sagan) [1934 - 1996], добитник на Пулицерова награда, во најмала рака може да кажеме дека е генијалец затоа што беше успешен работејќи на многу полиња: во науката, издаваштвото, телевизијата, научната фантастика... Има напишано над 600.000 страници кои се архивирани во Библиотеката на Конгресот, а исто така бил и страствен пушач на марихуана, што е доволен доказ дека марихуаната не те „врзува“ за кревет кога си напушен, туку напротив - те поттикнува да успееш!
Саган бил воодушевен од тревата, што кога имал прилика не се ограничувал да зборува за консумирањето трева на долго и широко. Пред да стане јавен пушач, во 1971 година во Marijuana Reconsidered бил објавен есеј под псевдонимот Mr. X, за кој уредникот од книгата подоцна открил дека се работи за Саган. Овој уредник, т. е. професорот Лестер Гринспун (Lester Grinspoon) изјавил за Marijuana.com дека тој мисли дека Саган пушел скоро секој ден освен кога морал да патува. Зборовите на Саган изјаснуваат дека некои од неговите идеи се родиле кога бил напушен, велејќи: „Постои мит за вакви напушувања: корисникот има илузија на внатрешен увид која не доживува да биде истражена утрото. Убеден сум дека ова е грешка и дека фаталните внатрешни увиди постигнати додека си напушен се вистински; проблемот е ставањето на овие внатрешни увиди во форма прифатлива за различното Јас кое што сме наредниот ден кога ни поминал ефектот“
Carl Edward Sagan |
Карл развил теории дури и за неговите напушувања со научна љубопитност и филозофска јасност кои одговараат на неговите способности: „Се тестирам дали сум напушен затворајќи ги очите и барајќи блисоци. Тие доаѓаат долго пред каква и да е измена во мојата визуелна или други перцепции. Претпоставувам ова е проблем на сигнал кон бучава, кога нивото на визуелна бучава е многу ниско кога очите ми се затворени. Друг интересен информативно-теоретски аспект е претежноста - барем во моите светликави слики - од цртани филмови: само скиците на облиците, карикатурите, не фотографиите. Мислам дека се работи за компресија на информации: би било невозможно да ја опфатиш целосната содржина на едно прикажување со информативната содржина од една обична фотографија, да речеме 108 бита, во дел од секундата која е осветлена. А искуството со светлото е направено, ако можам да речам, за веднаш да биде уживано. Уметникот и гледачот се едно“.
За него канабисот обезбедувал не само измена во свеста и перцепцијата, туку и пат до нешта кои го натерале да сфати дека во животот има нешто повеќе од наука. Научил да ги цени музиката и уметноста, ја разбрал намерата на еден уметник која тој ја чувствувал понекогаш кога му завршувало дејството. Се приближил до смртта на егото чувствувајќи религиозен аспект на некои напушувања, иако самиот не бил религиозен „во вообичаена смисла“. Запишал: „Зголемената чувствителност во сите делови ми дава чувство на блиска духовна врска со моето опкружување, и живо и неживо. Понекогаш, до мене доаѓа еден вид на егзистенцијална перцепција на апсурдот и со ужасна сигурност ги гледам моите, но и лицемеријата и преправањето на моите блиски“.
Редовното користење канабис допринело да се развива свеста на овој научник, тој добивал повеќе разбирање за нештата и го засакувал животот сè повеќе. Со ова дошло и разбирање на социјалните прашања, дел на креативно учење многу поразлично од она по коешто тој е познат. Тој признал дека пропустите во меѓучовековите односи потекнуваат од „дефектите во нашето општество и образовен систем и можат да бидат недостапни за нас без употреба на вакви супстанци“. „Убеден сум дека постојат искрени и валидни нивоа на перцепција достапни со канабисот и најверојатно со други супстанци. Оваа забелешка не важи само за самосвесност и интелектуални достигнувања, но исто така за перцепциите на вистинските луѓе, широко зајакната чувствителност на фацијалните експресии, интонации и избор на зборови коишто некогаш раѓаат таква блискост меѓу две личности што изгледа како да си го читаат умот еден на друг“ - вели тој.
Покрај уживањето во неговите рекреативни и духовни искуства, Саган бил и главен поборник за легализација на марихуаната. Изјавил: „Постојат луѓе во терминален стадиум на сида или канцер на кои им се даваат големи дози на хемотерапевтски агенси кои им предизвикуваат гадење, неможност да внесат храна, што потоа брзо води до нивно колабирање. Добро е проучено дека марихуаната се спротивставува на гадењето и во неколку случаи кај кои е дозволоено или користена е незаконски, се собираат забележителни подобрувања. Разумно ли е да им се забрани на пациенти кои умираат да земаат марихуана како ублажувачка супстанца за да си ја покачат телесната тежина и да си го зголемат апетитот? Звучи лудо да се рече ‚Загрижени сме дека ќе станат зависни од марихуана‘ - нема никаква евиденција дека е супстанца која предизвикува зависност, но дури и да има, тие луѓе умираат. Од што ги спасуваме“.
Саган отворено зборувал против војната на дрогите и масивното затворање на корисници, прашувајќи ја Фондацијата за политика на лекови (Drug Policy Foundation) во 1990 година преку писмо: „Колку пари се трошат годишно на планетава на незаконски дроги? Дали постоењето на вакви огромни суми пари неизбежно води до корупција во полицијата и воените извршителни агенции, законодавците, интелигентните агенции и Извршителното претставништво?“ Дури и неговите книги вклучуваат сцени каде се користи марихуана; неговата новела „Контакт“ од 1985 содржи сцена во која во продавница во фиктивна иднина во 1999 во Франција се продавал канабис увезан од Калифорнија и Орегон, покажувајќи предзнаење кое би го имал само некој како Саган.
Неговите писанија во Библиотеката на Конгресот се сместени во кутии стриктно фокусирани на политиките за лекови. Генерално, неговото залагање за ослободување на канабисот било сведено на кратки коментари за тревата, а не како потполен активизам на неговиот животен сопатник и колега Ен Друјан (Ann Druyan). Таа го водела про-марихуана активизмот и активизмот против војната против дрогите: „За нас двајцата. Тој работеше во НАСА и нема сомнеж дека не би можел да ја работи својата работа истражувајќи го соларниот систем и барајќи живот на други места ако јавно проговореше за ова. Марихуаната ни овозможи да бидеме далеку покреативни“ Како што забраната на канабисот масовно исчезнува низ САД, сè повеќе и повеќе луѓе имаат пристап до зголемена свесност понудена од страна на марихуаната. Точно она за што Мистер X се надевал, пишувајќи: „Се надевам дека времето на легализација не е многу далеку; незаконитоста на канабисот е срамота, пречка за целосна употреба на супстанца која носи ведрина и внатрешна рефлексија, чувствителност и другарство кои се очајно потребни во овој сè повеќе луд и опасен свет“
Неговите писанија во Библиотеката на Конгресот се сместени во кутии стриктно фокусирани на политиките за лекови. Генерално, неговото залагање за ослободување на канабисот било сведено на кратки коментари за тревата, а не како потполен активизам на неговиот животен сопатник и колега Ен Друјан (Ann Druyan). Таа го водела про-марихуана активизмот и активизмот против војната против дрогите: „За нас двајцата. Тој работеше во НАСА и нема сомнеж дека не би можел да ја работи својата работа истражувајќи го соларниот систем и барајќи живот на други места ако јавно проговореше за ова. Марихуаната ни овозможи да бидеме далеку покреативни“ Како што забраната на канабисот масовно исчезнува низ САД, сè повеќе и повеќе луѓе имаат пристап до зголемена свесност понудена од страна на марихуаната. Точно она за што Мистер X се надевал, пишувајќи: „Се надевам дека времето на легализација не е многу далеку; незаконитоста на канабисот е срамота, пречка за целосна употреба на супстанца која носи ведрина и внатрешна рефлексија, чувствителност и другарство кои се очајно потребни во овој сè повеќе луд и опасен свет“
***
За разлика од Карл, јас не сум толку жесток во борба за легализација... Изгледа ми е незамисливо дека треба да барам дозвола за да ја користам природата која ми е на дланка за лични придобивки во кој и да е дел. Едноставно, ми изгледа неизмерно лудо да немам право да користам нешто што за мене и за сите околу мене е нешто најкорисно (да немам право на природата која што ме створила? Хммм, ќе размислам два пати), а во случајов - растението кое храни, облекува, удомува и најважно - кое ни ја подига свеста - алатката со која се карактеризираме како вид на Земјава, што е причина зошто сите сегменти на животот ни се барем делумно затруени, дури и водата без којашто нема живот...
Бидејќи свесноста е најмоќната алатка на човековиот вид, благодарение на која сме семоќни креативни креации т.е. креатори, поради и што постои оваа општествена хиерархија и потчинетост и невидени измислици како религија, сè со цел да се одвлече и потчини вниманието на неосвестениот човечки вид. А, последиците од борбата против човековата свесност која се води неколку милениуми се: војните, болестите, омразата, недостатоците, изобличениот и разделениот по секаква основа свет во кој живееме и ден денес. Животот и делото на Карл Саган ми се пресвртница во животов за да не се запрашувам повеќе што е законско и што е дозволено, туку што да се запрашувам што е Божјо, што е природно и правилно и најдобро за сите и да почнам интензивно да читам филозофија, астрономија, ботаника и народна медицина за вистински да се образувам и да се доближам до мојата суштина.
Автор: Никола Станчески
Извор: HERB
No comments:
Post a Comment