Showing posts with label Северна. Show all posts
Showing posts with label Северна. Show all posts

Saturday, April 25, 2020

Најголемите канабис компании инвестираат во Европа!

Кои се најголемите светски канабис компании кои инвестирале во европскиот пазар во 2019 година? Заклучоци и предвидувања во врска со инвестициите за канабис во Европа...


2019 година беше најдобрата година досега за инвеститорите во канабис индустријата во Европа. Во почетокот на 2019 година, експертите рекоа дека европскиот канабис пазар може да биде во вредност од 123 милијарди евра до 2028 година, а инвестициите направени во овој сектор укажуваат дека тие предвидувања може да се потврдат како вистинити. Инвестициите што беа направени во Европа во 2019 година покажуваат дека канадските корпорации се дефинитивно најголемите играчи на европскиот канабис пазар. Тоа се очекува, бидејќи овие компании имаат ресурси да ги откупуваат своите европски конкуренти. Канаѓаните едноставно профитираат од оваа нивна предност.


Зајакот лежи во тоа што на канадските корпорации им требаат европските пазари за да опстанат во живот и за да напредуваат. Канадскиот пазар за канабис е веќе презаситен, така што корпорациите треба да направат големи инвестиции во Европа, доколку сакаат да ги задржат цените на нивните акции на високо ниво. Како резултат на ова, инвестициите и оваа година најверојатно ќе се одвиваат по слична шема. Но, канабисот сè уште не е легален во цела Европа...? Канадските компании ќе купат парцели земјиште или фирми за дистрибуција низ цела ЕУ, обезбедувајќи ги своите места во регионот сè додека локалните политички играчи не го легализираат канабисот.

Сепак, охрабрувачки е фактот што локалните власти, како Италијанската влада, веќе бараат да го стимулираат локалното производство на канабис. Овие активности можат да им овозможат на европските почетнички канабис претпријатија да напредуваат во следните години. Според најновите истражувања на пазарот, четворицата најголеми инвеститори во европскиот канабис простор се компаниите: Aurora Cannabis, Canopy Growth, Tilray, Aphria, тврди Straininsider. Други значајни големи инвеститори на пазарот за канабис во Европа се: Flowr Corp и Atlas Growers.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Straininsider

Thursday, April 16, 2020

Република Северна Македонија може да стане следната европска суперсила за канабис!

Нашата мала земја лоцирана на Балканскиот Полуостров се стреми да стане главен играч на растечкиот европски пазар за марихуана. Претприемачите во Македонија имаат амбиции да станат главен играч на светскиот канабис пазар. Единствената пречка за планот да им се оствари се чини дека е нашата Влада...


Зеленото злато кое може економски да ја издигне нашава држава
Република Северна Македонија и покрај тоа што е сместена на Балканскиот Полуостров, заробена помеѓу соседите, со население од 2,1 милиони луѓе, сепак претприемачите за канабис во земјата сметаат дека е во добра позиција да ги престигне конкурентите и да стане центар на растечкиот европски пазар на коноп. Мајкл „Биг Мајк“ Страумитис (Michael „Big Mike“ Straumietis), извршниот директор на американската компанија за прихрана за канабис „Advanced Nutrients“, напиша по средбата со поранешниот премиер на СРМ Зоран Заев: „Дозволете да Ви кажам, оваа земја има огромен потенцијал и јас сум возбуден што сум дел од свртувањето на Македонија во една од првите суперсили за канабис во Европа“.

Од средбата на Зоран Заев со Биг Мајк
Но, за ова да се реализира потребна е акција од страна на Владата, што моментално не е така лесно во Северна Македонија. Претприемачите чекаат две години за нешто што требаше да потрае само неколку месеци. Во 2018 година владините претставници рекоа дека ќе донесат амандман на законите за медицинска марихуана донесени во 2016 година во Северна Македонија, со што ќе се овозможи извоз на цвет од марихуана. Две години подоцна, сè уште не се случила никаква промена објави Њујорк Тајмс.

Канабисот е ЛЕК!
Според сегашниот закон за легализација на медицинска марихуана, Македонија дозволува извоз на масла, екстракти и тинктури. Сепак, цветовите погодни за пушење, за кои производителите на канабис рекоа дека може да сочинува 70 проценти од целокупниот европски канабис пазар, останува нелегално. Додека амандманот сè уште не помине, оваа можност сè уште постои. Според „Тајмс“, само Португалија и Холандија дозволуваат одгледување и извоз на медицинска марихуана. Тоа е така најмногу затоа што европските земји имаат многу поконзервативен пристап од Канада и делови од САД за легализација на марихуаната.

Па, какво е сегашното канабис стопанство во Северна Македонија? Претприемачите во републиката имаат изградено објекти за управување со поголем извозен бизнис. Тие имаат дозвола да работат како правна компанија за медицинска марихуана. Тие едноставно чекаат да се усвои амандманот. За жал, поради недоразбирањава доаѓа до корупција во владата, која го опколи самиот поранешен Премиер Заев. Тој ги негира тврдењата на членови од опозициската политичка партија во Северна Македонија, кои го обвинија премиерот бидејќи сака да го монополизира бизнисот, фаворизирајќи роднини и останати сојузници кога станува збор за доделување медицински лиценци за марихуана. Тие тврдат дека тој сака да ги постави нив за да го искористат максимумот што доаѓа од профитот од легалното одгледување канабис.

Една година затвор за поседување на 14 грама канабис!
Контраверзно е исто така тоа што додека легалните бизниси со канабис во земјава ветуваат светла перспектива, нашите власти сè уште ги апсат и затвораат оние најзаслужните за напредокот на свеста кај населението за придобивките од канабисот - активистите и пациентите кои одлучиле на нелегален начин да си го спасат својот живот и здравје и кои се доказ дека домашните недозволени екстракти се поефикасни од дозволените разредени варијанти од аптека - луѓето без кои до пред неколку години во Македонија зборот „канабис“ претставуваше табу тема. Борците за легализација на употребата на канабисот кои страдаат во првите борбени фронтови, добиваат од Властите и по неколку години затворска казна поради лична употреба на многу мала количина цвет од канабис.

Бизнисот на Заев цвета, активисти лежат затвор поради неколку цвета


Поради ова, одгледувачите досега, одбиваа да ја заземат идејата за вклучување сув цвет во списокот за легален извоз на марихуана. Владините претставници рекоа дека се надеваат дека повторно ќе го покренат прашањето, кога законодавното тело на земјата ќе се состане оваа година, откако ќе заврши пандемијата со вирусот COVID-19. Интересно е тоа што новите истражувања за борбата со овој вирус сакаат да проверат дали користењето канабис може да помогне во спречувањето на ширењето на вирусот и олеснувањето на тегобите кај заразените.

Во меѓувреме, според Ројтерс, Северна Македонија издала 28 лиценци, но малку од дозволените производи се извезени „во рамките на усовршувањето на вештините од страна на производителите“ за да можат да ги исполнат меѓународните стандарди. Покрај потенцијалните загуби од страна на инвеститорите доколку амандманот не помине, прашањето за производство на легален канабис им даде големо значење на луѓето од Северна Македонија. Проширувањето на локалната индустрија за марихуана значи повеќе работни места. Тоа е особено важно за една од најсиромашните европски земји, кои се во постојана транзиција, особено во лошата економска ситуацијата од кризната состојба во земјата поради вирусот Корона со којашто допрва треба да се соочиме.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Green Entrepreneur