Showing posts with label економија. Show all posts
Showing posts with label економија. Show all posts

Saturday, April 25, 2020

Најголемите канабис компании инвестираат во Европа!

Кои се најголемите светски канабис компании кои инвестирале во европскиот пазар во 2019 година? Заклучоци и предвидувања во врска со инвестициите за канабис во Европа...


2019 година беше најдобрата година досега за инвеститорите во канабис индустријата во Европа. Во почетокот на 2019 година, експертите рекоа дека европскиот канабис пазар може да биде во вредност од 123 милијарди евра до 2028 година, а инвестициите направени во овој сектор укажуваат дека тие предвидувања може да се потврдат како вистинити. Инвестициите што беа направени во Европа во 2019 година покажуваат дека канадските корпорации се дефинитивно најголемите играчи на европскиот канабис пазар. Тоа се очекува, бидејќи овие компании имаат ресурси да ги откупуваат своите европски конкуренти. Канаѓаните едноставно профитираат од оваа нивна предност.


Зајакот лежи во тоа што на канадските корпорации им требаат европските пазари за да опстанат во живот и за да напредуваат. Канадскиот пазар за канабис е веќе презаситен, така што корпорациите треба да направат големи инвестиции во Европа, доколку сакаат да ги задржат цените на нивните акции на високо ниво. Како резултат на ова, инвестициите и оваа година најверојатно ќе се одвиваат по слична шема. Но, канабисот сè уште не е легален во цела Европа...? Канадските компании ќе купат парцели земјиште или фирми за дистрибуција низ цела ЕУ, обезбедувајќи ги своите места во регионот сè додека локалните политички играчи не го легализираат канабисот.

Сепак, охрабрувачки е фактот што локалните власти, како Италијанската влада, веќе бараат да го стимулираат локалното производство на канабис. Овие активности можат да им овозможат на европските почетнички канабис претпријатија да напредуваат во следните години. Според најновите истражувања на пазарот, четворицата најголеми инвеститори во европскиот канабис простор се компаниите: Aurora Cannabis, Canopy Growth, Tilray, Aphria, тврди Straininsider. Други значајни големи инвеститори на пазарот за канабис во Европа се: Flowr Corp и Atlas Growers.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Straininsider

Thursday, April 16, 2020

Република Северна Македонија може да стане следната европска суперсила за канабис!

Нашата мала земја лоцирана на Балканскиот Полуостров се стреми да стане главен играч на растечкиот европски пазар за марихуана. Претприемачите во Македонија имаат амбиции да станат главен играч на светскиот канабис пазар. Единствената пречка за планот да им се оствари се чини дека е нашата Влада...


Зеленото злато кое може економски да ја издигне нашава држава
Република Северна Македонија и покрај тоа што е сместена на Балканскиот Полуостров, заробена помеѓу соседите, со население од 2,1 милиони луѓе, сепак претприемачите за канабис во земјата сметаат дека е во добра позиција да ги престигне конкурентите и да стане центар на растечкиот европски пазар на коноп. Мајкл „Биг Мајк“ Страумитис (Michael „Big Mike“ Straumietis), извршниот директор на американската компанија за прихрана за канабис „Advanced Nutrients“, напиша по средбата со поранешниот премиер на СРМ Зоран Заев: „Дозволете да Ви кажам, оваа земја има огромен потенцијал и јас сум возбуден што сум дел од свртувањето на Македонија во една од првите суперсили за канабис во Европа“.

Од средбата на Зоран Заев со Биг Мајк
Но, за ова да се реализира потребна е акција од страна на Владата, што моментално не е така лесно во Северна Македонија. Претприемачите чекаат две години за нешто што требаше да потрае само неколку месеци. Во 2018 година владините претставници рекоа дека ќе донесат амандман на законите за медицинска марихуана донесени во 2016 година во Северна Македонија, со што ќе се овозможи извоз на цвет од марихуана. Две години подоцна, сè уште не се случила никаква промена објави Њујорк Тајмс.

Канабисот е ЛЕК!
Според сегашниот закон за легализација на медицинска марихуана, Македонија дозволува извоз на масла, екстракти и тинктури. Сепак, цветовите погодни за пушење, за кои производителите на канабис рекоа дека може да сочинува 70 проценти од целокупниот европски канабис пазар, останува нелегално. Додека амандманот сè уште не помине, оваа можност сè уште постои. Според „Тајмс“, само Португалија и Холандија дозволуваат одгледување и извоз на медицинска марихуана. Тоа е така најмногу затоа што европските земји имаат многу поконзервативен пристап од Канада и делови од САД за легализација на марихуаната.

Па, какво е сегашното канабис стопанство во Северна Македонија? Претприемачите во републиката имаат изградено објекти за управување со поголем извозен бизнис. Тие имаат дозвола да работат како правна компанија за медицинска марихуана. Тие едноставно чекаат да се усвои амандманот. За жал, поради недоразбирањава доаѓа до корупција во владата, која го опколи самиот поранешен Премиер Заев. Тој ги негира тврдењата на членови од опозициската политичка партија во Северна Македонија, кои го обвинија премиерот бидејќи сака да го монополизира бизнисот, фаворизирајќи роднини и останати сојузници кога станува збор за доделување медицински лиценци за марихуана. Тие тврдат дека тој сака да ги постави нив за да го искористат максимумот што доаѓа од профитот од легалното одгледување канабис.

Една година затвор за поседување на 14 грама канабис!
Контраверзно е исто така тоа што додека легалните бизниси со канабис во земјава ветуваат светла перспектива, нашите власти сè уште ги апсат и затвораат оние најзаслужните за напредокот на свеста кај населението за придобивките од канабисот - активистите и пациентите кои одлучиле на нелегален начин да си го спасат својот живот и здравје и кои се доказ дека домашните недозволени екстракти се поефикасни од дозволените разредени варијанти од аптека - луѓето без кои до пред неколку години во Македонија зборот „канабис“ претставуваше табу тема. Борците за легализација на употребата на канабисот кои страдаат во првите борбени фронтови, добиваат од Властите и по неколку години затворска казна поради лична употреба на многу мала количина цвет од канабис.

Бизнисот на Заев цвета, активисти лежат затвор поради неколку цвета


Поради ова, одгледувачите досега, одбиваа да ја заземат идејата за вклучување сув цвет во списокот за легален извоз на марихуана. Владините претставници рекоа дека се надеваат дека повторно ќе го покренат прашањето, кога законодавното тело на земјата ќе се состане оваа година, откако ќе заврши пандемијата со вирусот COVID-19. Интересно е тоа што новите истражувања за борбата со овој вирус сакаат да проверат дали користењето канабис може да помогне во спречувањето на ширењето на вирусот и олеснувањето на тегобите кај заразените.

Во меѓувреме, според Ројтерс, Северна Македонија издала 28 лиценци, но малку од дозволените производи се извезени „во рамките на усовршувањето на вештините од страна на производителите“ за да можат да ги исполнат меѓународните стандарди. Покрај потенцијалните загуби од страна на инвеститорите доколку амандманот не помине, прашањето за производство на легален канабис им даде големо значење на луѓето од Северна Македонија. Проширувањето на локалната индустрија за марихуана значи повеќе работни места. Тоа е особено важно за една од најсиромашните европски земји, кои се во постојана транзиција, особено во лошата економска ситуацијата од кризната состојба во земјата поради вирусот Корона со којашто допрва треба да се соочиме.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Green Entrepreneur

Thursday, May 17, 2018

Како да инвестирате во канабисот – во било која негова форма?

Oткако се легализира канабисот во многу држави, започнаа да се појавуваат и нови работни места. Калифорнија ја легализираше рекреативната марихуана на самиот почеток од 2018 година. По две недели, околу дваесетина бизниси во Лос Анџелес добиле дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба. Одеднаш, канабис-индустријата започнува да се развива со брзина на светлината!!!


Локалите за продажба добиваат дозвола да ги продаваат производите за рекреативна употреба.  Индустријата се развива, а со тоа и луѓето воочуваат дека тоа е нов начин за легално правење пари. Постојат повеќе начини на кои можете да инвестирате во овој бизнис. Во секој случај, секој што бара брза заработка нема да ја пронајде во тој бизнис. Но, доколку верувате во потенцијалот за вложување во канабисот и се стремите кон долгорочно вложување, ова се најдобрите опции што можете да ги разгледате и примените.



Медицински производи со канабис и компании

Акциите за канабисот се нов и невообичаен начин на вложување, во споредба со вообичаените вложувања, во овој случај нема никаква сигурност. Медицинската марихуана нуди повеќе опции отколку рекреативната, со оглед на тоа што во многу повеќе држави е легализирана медицинската употреба на канабисот отколку рекреативната. Во Канада, медицинската марихуана се користи речиси две декади.


Канадски компании за канабис

Некои од овие канадски компании успешно се докажале во оваа индустрија. Organi Gram (OGRMF), лиценциран производител и одгледувач на медицинска марихуана, е една од нив. Со растењето на бројката на пациенти кои користат медицинска марихуана, се зголемува и нивната продажба. Canopy Growth Corporation (TWMJF) е исто така популарна канадска компанија, која освен тоа што го произведува канабисот, воедно и го проучува. Неодамна компанијата беше вредна 4.35 милијарди долари. Голема конкуренција на оваа компанија е Aurora Cannabis (ACBFF), компанија која брзо се проширува. За жал, медицинскиот канабис не е насекаде проширен како што е во Канада. Поради тоа, луѓето покажуваат повеќе интерес за канадските компании, кои се многубројни.


Трговци на мало со канабис и CBD

Иако е помалку застапена од медицинската, рекреативната марихуана во моментов е одобрувана повеќе од било кога. Канабисот е 100% легализиран, вклучувајќи го и рекреативниот канабис, во девет земји во САД.  Канада цели кон тоа да се легализира и рекреативната употреба, додека министерот Justin Trudeau продолжува да изјавува дека планира тоа да се случи ова лето 2018. Компаниите за медицинската марихуана ќе имаат придобивка од новите муштерии, но тие исто така ќе имаат и поголеми трошоци. Тоа е важно – од канабисот може да се направат пари, но исто така прво треба и да се потрошат пари, добро да се инвестира. Не секој локал за канабис ќе има ист профит само поради тоа што ќе се легализира.


Фондови за тргување со марихуана

Како што акциите на марихуаната стануваат се почеста појава, така и фондовите со кои се тргува со марихуана. Тие дозволуваат тргување со голем број различни хартии од вредност во еден фонд, со што се добива разновидно портфолио. Тие се примамливи и се дури понови и од акциите на канабис. Ако банките сè уште се претпазливи на одредени акции на канабисот, дефинитивно ќе бидат уште попретпазливи со повеќе од нив.


Тргување со масло

Hemp Inc. (HEMP) постои од 2008 година и учествува во производството на масло (екстракт) од канабис. Тие го одгледуваат, обработуваат, го вадат екстрактот, па дури и продаваат производи со масло. Како што неодамна најавил сенаторот Mitch McConnell, маслото наскоро ќе се легалицира на ниво на целата федерација. Ако тоа се случи, компании како Hemp Inc. кои и досега го работеле тоа, најверојатно ќе достигнат поголем успех отколку новите компании.


Акции индиректно поврзани со канабисот

Уште еден паметен начин да се инвестира во бизнисот поврзан со марихуаната е да се пронајде компанија која делумно се занимава со канабисот или пак, е индиректно поврзана со него. Abbie Inc. (ABBV) е генерално фармацевтска продавница. Компанијата го има во продажба Мarinol, синтетички канабиноид, кој служи за олеснување на гадењето кај пациентите кои страдаат од рак или пак, СИДА. INSYS Therapeutics, Inc. (INSY) e фармацевтска компанија која доби одобрение за синтетичкиот канабис -  и покрај тоа што во минатото компанијата донирала за друштвата кои биле против марихуаната. Constellation Brands Inc. (STZ) пак, е компанија која произведува пива и ликери, а неодамна купи мал удел од 9.9% од компанијата Canopy Growth. Тоа е привлечна опција за оние кои се заинтересирани во бизнисот со канабис, а сепак сакаат сигурни вложувања. 


Избор на уредникот:




Автор: Ангела Т.
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Thestreet

Thursday, May 3, 2018

Дознајте дали треба да отворите сопствен канабис бизнис?

Економски аспект на канабисот. Во овој натпис разработуваме три главни прашања коишто треба да си ги поставите пред да се одлучите да отворите свој канабис бизнис. Овие три прашања ќе ви помогнат да го обликувате вашиот бизнис со канабис

Следните прашања не само што ќе ви овозможат да дознаете дали можете и треба активно да учествувате во канабис индустријата, туку ќе ви помогнат и да го обликувате вашиот иден бизнис за успешно да напредува. Одговорањето на овие прашања ќе биде од суштинско значење за креирање на вашиот бизнис план и финансиски модел. Размислете за почетниот капитал и разгледајте ја правната рамка.


1. Дали овој бизнис е правиот за вас?

Поддршката за легализација на канабис во светот е на рекордно високо ниво. 64 проценти од Американците изјавиле во октомври 2017 година дека марихуаната треба да биде легална, според истражувањето на Галуп. Како што заклучува Галуп, овие бројки покажуваат дека, како што позитивните резултати од легализацијата стануваат поочигледни во повеќе држави, јавната перцепција за марихуаната се менува, а стигмата околу тревата постојано се надминува - во голема мера поттикнато од граѓанските движења за декриминализација. Единствената вистинска стигма која останува денес е поврзана со незаконитоста на канабисот, а не со перцепцијата на јавноста, тврди Том Адамс (Tom Adams) од BDS Analytics.


Прописите околу канабисот брзо се менуваат низ целиот свет, заедно со социјалното прифаќање“ - вели Дерек Ридел (Derek Riedle), основач и извршен директор на медиумска компанија за канабис и животен стил Civilized. „Размислете за ова во целост на времето: За неколку години, опозицијата на канабисот ќе стане маргинализирана, бидејќи канабисот станува сè повеќе мејнстрим и луѓето продолжуваат да сфаќаат дека тоа не е страшило како што ни беше кажувано дека е со генерации“ - додава. Секој кој сака да се вклучи во оваа индустрија мора да го преземе репутацискиот ризик и правниот ризик, бидејќи иако голем број држави го легализираат, канабисот e контролирана супстанца.


2. Дали сте подготвени за уникатен бизнис модел?

Освен правните ризици, можните проблеми со даночните и царинските служби, заинтересираните за оваа индустрија мора да се справат со опасностите за водење бизнис кој главно се занимава со готовина. Тајлер Стратфорд (Tyler Stratford) од Canna Advisors додава дека ова е индустрија за луѓе со дебела кожа. „Треба да издржите и да се борите против неволјите во овој простор и да сте подготвени да помогнете да го промените текот напред“ - вели тој. „Бидете подготвени да бидете оператор во индустријата и да се залагате за промена“.


Ако сакате да напредувате во канабис бизнисот, треба да се борите за поголеми права за вас и стравот да го оставите дома. Стравот заменете го со факти, канабисот всушност беше дел од нашата култура илјадници години, а само многу краток временски период е забранет, додава соосновачот на Canna Advisors, Дајан Чарковски (Diane Czarkowski). „Ако не можете да зборувате за ова со луѓето, не гледам како ќе успеете, бидејќи ќе продолжите да го одржувате истиот систем на верување“. Затоа, подгответе се да ја оспорите стигмата, да се едуцирате, да се залагате и да се борите и за правото на луѓето да користат канабис и вашето право да го водите бизнисот со најлековитата билка. Клопчето на почетокот полека се одмотува, но потоа го забрзува своето темпо!


3. Дали сте подготвени на неизвесноста и честите промени?

Ако не, тогаш оваа индустрија во зародиш не е за вас. „Ништо од ова досега не е направено“ - тврди Чарковски. „Понекогаш промената се случува толку често што немате време да ја имплементирате последната промена, пред да мора повторно да направите промена“ - додава. Се разбира, постои една шанса што ќе треба да ја преземете како претприемач, започнувајќи бизнис во која било индустрија: Дали сте подготвени да ја вложите целата ваша верба во вашите способности за решавање на проблемите, ризикувајќи ја вашата финансиска сигурност во потрагата по поголема награда? „Треба да бидете во можност да стигнете до работ на карпата и да одлучите дека ќе скокнете“ - заклучува Ридел од Civilized.


Поврзани статии:






Напишано од: MoniQue Konopova
Извор: Newstimes

Thursday, December 7, 2017

Грција смета дека марихуаната ќе ја спаси економијата

По неколку години колебања, Грција конечно може да биде на пат да се пронајде себеси на ветувачки финансиски пат. Пред должничката криза, Грција беше една од најбрзо растечките економии во Европската унија. Меѓутоа, големата рецесија доведе до несигурни околности кои веќе со години се натрупуваат 

За да се подмлади после распадот претходниот режим во средината на 20-тиот век, Грција спроведе децении на политики кои ги развиваат социјалните услуги и војската. Тоа исто така значеше и дека се трошат повеќе пари отколку што се внесуваат покрај ниските даноци во земјата. Овој буџетски дефицит стоеше заедно со државниот долг на земјата, вклучувајќи ја и големата германска помош која следеше по големата рецесија. Финансискиот колапс ги попречи и двата најважни сектори во Грција, испораката и туризмот, бруто домашниот производ започна да слабее. Сè беше поставено совршено за да се загрози грчката економија, а во 2008 година токму тоа се случи...


Може ли марихуаната да ја заживее грчката економија?

Стапката на долг кон БДП продолжи да расте, иако проекциите во 2011 година очекуваа мерки на штедење и нови регулативи за да предизвикаат пад. Таа сега се наоѓа на неверојатни 180%, повеќе за 77% од каде што беше во 2007 година и втора највисока земја во светот по Јапонија. После падот, БДП на Грција сè уште се намалува за околу 0,2% помеѓу 2015 и 2016 година. Од 2008 година над 244.000 бизниси се затворени, а невработеноста изнесува 23% (44% за млади луѓе под 24 години). Но, барем едно нешто во грчката економија се чини дека се враќа во пораст. Грчкиот туризам сега ги прекршува рекордите, во 2017 година ќе донесе 30 милиони туристи - речиси три пати повеќе луѓе отколку што живеат во земјата. Министерот за туризам, Елена Кунтура (Elena Kountoura), забележа 70% скок во летните резервации во некои области, што значи дека втората најважна индустрија во земјата конечно се враќа на нозе и многу повеќе од тоа. Повеќе од само генерирање на БДП, оживувањето на туризмот, исто така, создава работни места - 181.500 во април и мај годинава.


Туризмот не е единствената индустрија која треба да расте низ целата земја. Грција, исто така, легализираше медицинска марихуана, отворајќи ја вратата за многу од растечките пазари за канабис во светот. Условите на грчката програма за медицинска марихуана вклучуваат хронични и невропатични болки, несакани ефекти од рак и хемотерапија и некои нарушувања во исхраната. Поважно е тоа што овој природен лек е прекласифициран и не е повеќе во ист ред со хероинот и ЛСД до нивото на кое Владата во целост ја признава медицинската вредност на канабисот. Се претпоставува дека дозволите за одгледување ќе бидат издавани само од Владата и ако структурата на грчката програма за медицинска марихуана развива нешто како приватен докторско-диспанзерски комплекс како во Калифорнија, земјата би можела да застане на работ од отворањето на огромен пазар. Се шпекулира дека може да се случи и како во Уругвај и Грција да го легализира рекреативниот канабис за жителите и посетителите.


Грција, со веќе воспоставениот туристички сектор и погодности е совршено место за приливот на туристи кои ќе ја донесат целосната декриминализација на марихуаната на целиот Балкан. И покрај стимулирањето на угостителството и рестораните, самата индустрија за марихуана, од одгледување па до продажба, ќе обезбеди дел од работните места и даночните пари што на земјата ѝ се потребни многу, како што продолжува да се лекува од рецесијата. Bloomberg објави дека инвеститорите за марихуана веќе се спремни да инвестираат во медитеранската земја, при што одгледувачите изразуваат зголемен интерес да потрошат повеќе од 1,5 милијарди евра во проекти за изградба на стакленички паркови за одгледување и производство на канабис. Легислативата за формализирање на грчката програма за медицинска марихуана е во тек, а растењето канабис треба да започне следната година. Само времето може да покаже дали грчкиот економски пазар ќе расте заедно со културата...

Автор: К. К.
Извор: HERB

Friday, September 18, 2015

Колорадо го преполни својот буџет од легално продаваната Марихуана!

Колорадо стана првата држава која собира повеќе даноци од продажба на Марихуана, отколку од Алкохол!

Статистичките податоци од 2014-2015 година откриваат дека државата Колорадо собрала 70 милиони долари од даноци од продажба на Марихуана, а само 42 милиони долари од продажбата на алкохол.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КОЛОРАДО - Туфки и појадок!“ Туризмот во Колорадо е во полн ек! Оние кои живеат од туризам, на своите гости не им нудат само ноќевање и појадок, туку и квалитетен Канабис! Гостите се презадоволни и секогаш сакаат да се вратат повторно.

Годишните даночни приходи Mарихуана во САД!
Според најновите статистики објавени од страна на Одделението за државни приходи на Колорадо, оваа држава во историјата се запиша како првата американска држава која остварува годишен приход од даноци од легалната продажба на Марихуана, поголем отколку севкупната сума на прилив од даноците од продажба на алкохолни пијалаци. Извештајот ги разгледуваше собраните даноци од први јули 2014 година се` до 30-ти јуни 2015 година.

Мејсон Тиверт (Mason Tvert), директор на комуникациите за Marijuana Policy Project и ко-директор на иницијативата од 2012 година за регулирање и оданочување на Марихуаната како алкохолот во Колорадо, изјави дека даноците од Марихуана се „неверојатно продуктивни во текот на изминатата година“.

Легализацијата значи отворање на нови работни места!
„Тоа е лудо колку од приходите на нашата држава биле фрлани во канта со форсирањето на продажбата на Марихуана во подземниот пазар“ - рече Тиверт. „Уште полудо е тоа што толку многу држави продолжуваат да го прават тоа. Приходите од даноци се само една од многуте добри причини за замена на забраната на Марихуана со регулациски систем“ - додаде тој. Даночните обврзници во Колорадо според нивната законска регулатива, мораат да ги одобрат новите даноци врз основа на проценетите суми и државната потрошувачка.

The Denver Post истакна дека иако даночните приходи од продажбата на Марихуана не ги надминале проектираните бројки, „вкупната државна потрошувачка ги надмина првичните проценки, поради подобрувањето на економијата“.

Канабисот е ЛЕК не само за болните. Канабисот е ЛЕК ЗА БОЛНАТА ЕКОНОМИЈА!

Во септември 2014 година, истражувачкиот новинар Ben Swann ги разгледа документите на Федералната Влада во врска со Марихуаната користена за медицински цели и тој откри дека иако Владата глуми дека Канабисот не е лек, таа всушност го поседува патентот дека Канабиноидите лекуваат.