Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
Кои се најголемите светски канабис компании кои инвестирале во европскиот пазар во 2019 година? Заклучоци и предвидувања во врска со инвестициите за канабис во Европа...
2019 година беше најдобрата година досега за инвеститорите во канабис индустријата во Европа. Во почетокот на 2019 година, експертите рекоа дека европскиот канабис пазар може да биде во вредност од 123 милијарди евра до 2028 година, а инвестициите направени во овој сектор укажуваат дека тие предвидувања може да се потврдат како вистинити. Инвестициите што беа направени во Европа во 2019 година покажуваат дека канадските корпорации се дефинитивно најголемите играчи на европскиот канабис пазар. Тоа се очекува, бидејќи овие компании имаат ресурси да ги откупуваат своите европски конкуренти. Канаѓаните едноставно профитираат од оваа нивна предност.
Зајакот лежи во тоа што на канадските корпорации им требаат европските пазари за да опстанат во живот и за да напредуваат. Канадскиот пазар за канабис е веќе презаситен, така што корпорациите треба да направат големи инвестиции во Европа, доколку сакаат да ги задржат цените на нивните акции на високо ниво. Како резултат на ова, инвестициите и оваа година најверојатно ќе се одвиваат по слична шема. Но, канабисот сè уште не е легален во цела Европа...? Канадските компании ќе купат парцели земјиште или фирми за дистрибуција низ цела ЕУ, обезбедувајќи ги своите места во регионот сè додека локалните политички играчи не го легализираат канабисот.
Сепак, охрабрувачки е фактот што локалните власти, како Италијанската влада, веќе бараат да го стимулираат локалното производство на канабис. Овие активности можат да им овозможат на европските почетнички канабис претпријатија да напредуваат во следните години. Според најновите истражувања на пазарот, четворицата најголеми инвеститори во европскиот канабис простор се компаниите: Aurora Cannabis, Canopy Growth, Tilray, Aphria, тврди Straininsider. Други значајни големи инвеститори на пазарот за канабис во Европа се: Flowr Corp и Atlas Growers.
Секој треба да слушне за овој лек! Секој од нас биолошки поседува ендоканабиноиден систем. Уморни од чекањето на целосната легализација каде што живеете? Еве како да се забрза зелениот бран. Зеленото цунами се шири низ сè повеќе држави во целиот Свет, а ти можеш да го забрзаш овој процес!
Калифорнија, најголемиот рекреативен канабис пазар во светот, беше отворен на почетокот од овој месец. Вермонт неодамна стана првата држава што го усвои законот за легализација преку законодавната власт, наместо на изборите. И поддршката за легализација на марихуаната е рекордно висока меѓу двете страни. Но, има уште многу работа со милиони Американци кои не се во можност да пристапат кон легална марихуана - или дури и легално ЦБД - за здравствените состојби во нивната држава. Ако сте редовен корисник на канабис во држава каде што тоа е казниво, може да биде крајно фрустрирачки да го гледате целиот напредок што го зема легализацијата ширум светот, додека вашата татковина не прави ништо во врска со тоа... Ти не си само една капка во океанот, затоа што без тебе океанот нема да е целосен и затоа ја имаш моќта многу да допринесеш ако ја сфаќаш сопстрвената вредност во општеството. Се прашуваш: Како можам да помогнам во легализацијата на марихуаната во мојата држава? Многу едноставно, најпрво споделете го овој текст по социјалните мрежи, а потоа проследете ги чекорите кои ги издвоивме за побрзо придвижување на работите:
1. Прв чекор
Основната почетна точка е да се научи повеќе за историјата на канабисот, многу може да научите од оваа страница. Научете зошто марихуаната станала нелегална во 1937 година; за Никсоновата војна против дрогата. Оваа историја - која покажува дека забраната за марихуана во голема мера била заснована на лаги, измислици, СТРАВ и пристрасност, а не на факти - служи како важно оружје кога се сакате да преговарате легализација. Потоа, разгледајте како законите се менуваат во вашата држава. Некои држави дозволуваат гласачки иницијативи и референдуми.
Нема потреба да се започнува од нула. Организациите или поединците како нас веројатно веќе одамна упорно работат за да ја легализираат марихуаната во вашата држава. Може да бидете пријатно изненадени да пронајдете активни групи за реформи во политиката за канабис во вашата непосредна област. Како што се поврзувате со други активисти во вашата држава и како доаѓате до заеднички конструктивни идеи, можеби ќе најдете различни вредности или визии за тоа како треба да изгледа декриминализацијата. Сојузот меѓу постарите активистички групи и свежата енергија на новодојдените, често може да доведе до големи резултати. Долгогодишните упорни активисти имаат перспектива и мудрост што може да дојде само со децении во борбата, додека помладите канабис ентузијасти можат да понудат сосема нови агли. Секој глас е важен!
3. Лоцирајте политичари и јавни личности кои работат на ова прашање
Дали некој локален политичар во вашата област беше пријателски настроен за проблемите со канабисот? Државните законодавци, членовите на градскиот совет и градоначалниците можат да бидат големи сојузници во зголемувањето на јавната свест и носењето позитивни промени на ова поле. Можете да дознаете кои се локалните клучни играчи и да се поврзете со нивниот персонал. Колку повеќе функционери и службеници, т.е. лица кои работат во јавниот сектор се поврзуваат со вистинските луѓе кои се грижат за ова прашање, толку повеќе тие имаат тенденција да допринесат. Вие не треба да бидете експерт, туку само да им кажете дека се грижите и дека не сакате законот да ве третира како криминалци. Дознајте кои јавни личности користат канабис и би биле спремни отворено да проговорат за тоа и да се вклучат во движењето за ослободување на канабисот во Македонија. Стапете во контакт со пејачите, актерите, бизнисмените и сите „фаци“ кои веќе одамна потајно сурфаат на зелениот бран!
4. Порака до локалното население
Важно е да зборувате за загриженоста на вашата заедница, за маката и СТРАВОТ низ која секојдневно поминуваат пациентите за да дојдат до лекот, а не само за позитивните страни на канабисот. Можете да ја прилагодите вашата порака за да ги вклучите локалните причини за ставање крај на забраната за марихуана. Знаете за што се грижат луѓето во вашето непосредно соседство - дали тоа е криминал, зависност од опиоиди или невработеност - низ таа призма може да ги користите оние придобивки од декриминализацијата на тревата кои најмногу одговараат во вашата средина. Марихуаната се покажа како ефикасна алтернатива на опиоидите, кои предизвикуваат зависност и фатално (смртно) предозирање. Канабисот никого до сега не убил, а канабис индустријата може да стави крај на невработеноста во Македонија и крај на одливот на младите во странство...
5. Постојано разговарајте со луѓето околу вас, канете пријатели и СПОДЕЛУВАЈТЕ!
Дури и без активно да се вклучите во политичката сцена, можете да направите разлика кадешто живеете. Секој треба да слушне за овој лек! Секој од нас биолошки поседува ендоканабиноиден систем. Разговорите со блиските за канабисот, одговарањето на нивните прашања и нивната критичност, можат само одлично да ве подготват кога ќе сакате канабисот да го браните јавно.
Го креваме од пепел производството на коноп, па свесни сме дека на земјоделците им требаат повеќе информации за производство на канабис! Затоа сакаме да се потсетиме за некои достигнувања во земјоделството на ова поле од соседството. Приносот од индустриски коноп во Хрватска во 2014 година изнесуваше 35 илјади куни од 1 ха, па да видиме што уште се случуваше таа година, што ќе ни помогне полесно конопот да го вратиме и на нашите полиња
ЃAКОВО - „Овозможуваме одгледување на канабис за индустриски цели“ - Владата најави на својот профил на ФБ, поднесувајќи Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за сузбивање на злоупотреба на дроги. Владата го менува истиот поради големиот интерес на фармерите, претприемачите и странските инвеститори кои велат: „Овозможете максимална употреба на индустриски канабис“ - бидејќи во нашата актуелна практика тој се користи само за исхрана на луѓето и животните, а остатокот од растението се фрла. Меѓу првите кои реагираа на промената на законот во корист на конопот е данскиот инвеститор кој планира да ја изгради првата фабрика за обработка на коноп во овој дел од Европа, а потоа и фабрика за машини и опрема за нејзино отстранување и преработка, во долината на Пожега.
„Светскиот пазар е гладен за индустриски коноп“ - вели високиот дански инвеститор во Република Хрватска, Јан Лунд Ларсен. И споменатиот Предлог на Закон, Член 3, став 1 се менува и гласи: „Забрането е одгледување на растенија од кои може да се добијат лекови и производство, поседување и промет на лекови, растенија и делови од растенија од кои може да се добијат лекови и супстанции кои можат да се користат за производство на дрога, освен под одредени услови на законот во медицински, прехрамбени, индустриски, ветеринарски, здравствено-истраживачки и наставни цели“ Поборник на овој амандман појаснува: „Овој член ќе дозволи одгледување на коноп за индустриски цели (текстил, градежништво), за што стеблата на конопот ќе се користат за да се овозможи размножување на коноп и за индустриски цели“ Конечно! – извикуваат многумина за враќањето на конопот на полињата, бидејќи од него може да се произведе над 50.000 различнини производи и може да се примени во речиси секоја индустрија.
Селаните заинтересирани
А, како теренот реагира на менувањето на законите поради индустрискиот канабис? Својата иднина во производството на конопот, заедно со другите традиционални култури, исто така ја гледа и Шандор Сабо од Каранка. „Размислувам повеќе за префрлување барем дел од производството кон такви култури... Со конопот би стартувал на мали површини“ – размислува Сабо. „Реакциите на законските измени се многу позитивни, сите очекувавме конечно да добиеме нешто профитабилно, а конопот е тоа. Според пресметките, приходите од коноп ќе бидат околу 35.000 куни од ха! Претставниците на данската компанија ја претставија својата инвестиција со коноп и сè повеќе охрабруваат. Интересот за коноп е апсолутен, бидејќи сите досегашни култури се потценети...“ - оптимист е Звонко Пипиќ од Југо Поље.
Да го вратиме конопот на нашите полиња!
Нова шанса за поплавените
Земјоделците во поплавената област ја следат либерализацијата и легализацијата на канабисот и признаваат дека се заинтересирани за размножување. „Знаеме дека ова е исклучително корисно растение кое има огромен економски потенцијал, а по катастрофата што ја претрпевме и штетата што ја претрпевме, ние сме подготвени да создадеме нешто што е неспоредливо. Сега, кога земјоделците во Цвелферија се во голема неволја, мислам дека голем број од нив ќе се преориентираат на одгледување на канабис, само треба да ја знаеме пресметката, кој е уделот и заработката, бидејќи, се разбира, ние сме заинтересирани за сè што е атрактивно и каде може да се заработи“ - вели Антун Голубовиќ, од Ѓуриќ. Гунијците веруваат дека тоа би било многу корисно ако некој е информиран и едуциран во детали за тоа. „Имаме информации дека конопот, освен како главна култура, може да се употреби и како претходна култура која ги штити полињата и ја чисти почвата од различни метали и пестициди, така што ние сме многу отворени и подготвени за нова култура на нашите полиња“ - вели Марко од Рајево Сеље.
Во Черновци постоешенајголемата фабрика за волна. „Во последните денови е смешно и малку гротескно да ги слушаме приказните што сите добро ги познаваме – како ни е конопот потребен и корисен, бидејќи во времето кога бевме предупредени да го сториме тоа, никој не сакаше да нѐ слуша и самиот Кудељар исчезна заедно со технологијата за размножување и обработка на коноп. Да се подигне од пепел сега нешто што свесно е уништено за нас и денешните неразбирливи одлуки е исклучително тешко, бидејќи со текот на времето овој регион беше преориентиран на друг вид производство и одгледување на сточна храна. Сите знаеме дека за ова се потребни огромни инвестиции што можат да си дозволат само неколку, што го отежнува верувањето дека оваа активност ќе може да се ревитализира во оваа област, која исто така беше еден вид хрватски бренд за одгледување на лен и коноп“ – огорчено зборува Дорќич.
Никогаш претходно не бил казнуван. Судијката во Риека го третирала како дилер, а тој сакал само да биде нелегално здрав! Неодамна во Општинскиот суд во Риека е изречена уште една срамна пресуда и тоа врз граѓанин заболен од мултиплекс склероза. Хуанито Луксетич, симболот на хрватската борба за легализација на употребата на масло од канабис за медицински цели, беше осуден на две години затвор, додека неговиот колега Горан Закрајек доби девет месеци. И двајцата се обвинети за нелегално производство и чување марихуана за продажба
Хуанито Луксетич боледува од МС, осуден...
Во образложението на пресудата, судијката од Ријека Татјана Чаргоња истакна дека предметот на обвинителството е голема количина на коноп од кој може да се добие голема количина на масло, со што се проценува наводното обвинение за Луксетич дека во дворот од неговата куќа одгледал 11 стебла индиски коноп заради производство на цвет од марихуана со намера да продава. Според пресудата на судот, одбраната на обвинетиот Луксетич е доведена во прашање, бидејќи се работи за количина на марихуана наменета за производство на масло, а се употребени исклучиво за лична употреба. Во таа смисла, тоа е индикативно, а од друга страна нелогично, да со претрес на домот на Хуанито не е пронајдено ништо што би укажало дека тој произведувал масло од канабис или дека имал некакви резерви од маслото во кругот на фамилијарната куќа – вака гласеше образложението на пресудата.
Случајот на Луксетич стана познат откако во 2014 година, во акцијата наречена „Исцелител“, полицијата влегла во неговата куќа и во дворот пронашла 11 стебленца и 22 килограми марихуана. Луксетич одгледувал индиски коноп за медицински цели, бидејќи страдал од мултиплекс склероза. Пред маслото од канабис ги има пробано сите легални методи за лечење, меѓутоа без резултати. Кауцијата од 70.000 куни му била исплатена на Луксетич од непознати донатори од цела Хрватска кои се лекуваат на ист начин - нелегално со канабис. Пациентите, по повод овој случај испратија протестно писмо до Министерот за здравство Синиша Варги што конечно предизвика бран од промени. Беше формирана комисија за канабис, во предизборната кампања во 2015 година, кадешто сите партии ја декриминализирале марихуаната за медицински цели во нивните програми.
Ратко Мартиновиќ, претседател на здружението „Медицинска коноп“, отворено коментираше за срамната пресуда на Хуанито Луксетич: „Со оглед на образложението на пресудата, сметам дека судијата не земал предвид низа можности - од потенцијално експериментирање околу сорти на растенија, потенцијали во однос на изложеност на сонце, веројатно доставување на масло на други пациенти и сите други опции од широка палета. Ако е во намера само продажба, тогаш барем треба тоа да се докаже – кога веќе се колне во својата изјава? Нели е основната карактеристика на нашиот правен систем т. н. „презумпција на невиност“, а не „презумпција на вина“? Зарем не звучи неозбилно да се даде ваков сериозен лек и потоа да не се успее да се докаже сопственото тврдење со некои телефонски повици, мобилни пораки или информации на друштвените мрежи? Вака Хуанито, човекот за кого лично се уверив дека има исклучиво благородни и општествено корисни намери, оди во затвор заради нешто што кажала судијката чија претенциозност реално може да го загрози здравјето на човек кој во затворски услови ќе остане без третман. Уште еден голем пораз на хрватските конзервативци кои се залагаат за одгледување традиционална култура, конопот кој го одгледувале нашите стари... Уште еден голем пораз на хрватските либерали кои се залагаат за набљудување на светските трендови за легализацијата на растението ... И најголем пораз за оние на кои судството им удри немилосрден шамар и по кој знае кој пат е докажано дека е подобро да се „заболи од синкопа“ отколку да се лекува со канабис“ – завршува Мартинович.
Интересно, за судијката од Риека ова не е првпат нејзината пресуда да предизвика медиумско внимание. Во пролетта 2016 година, таа го осуди активистот од Риека и член на здружението „Движење на отпорот - Антикорупциско движење“, Славица Шота, со парична казна од 8.000 куни за клевета. Подготовките, базирани на растенија од canabis sativa и canabis indica биле користени од речиси сите древни народи на огромната евроазиска земја. Растенијата канабис биле прославувани со векови како свети растенија, а препаратите биле користени за многу различни цели, почнувајќи од лечење, па сè до изградба на куќа. Сè до почетокот на дваесеттиот век, кога поради притисокот на фармацевтската индустрија во САД, канабисот беше лажно прогласен за опасна дрога - нула смртни случаи до сега,а безброј оздравени. До кога ќе нè казнувате и затворате затоа што сакаме да бидеме здрави на природен начин?
Во медиумите првично беше објавена информацијата дека во Бугарија се легализираше одгледувањето канабис и дека таму канабисот засејан на нива до илјада хектари е легален, а земјоделците може да го произведуваат со дозвола на надлежното министерство. Одгледувањето марихуана во Бугарија навистина не е легализирано. Ова беше изјавено за OFF News од Министрерството за земјоделство, храна и шумарство (МЗХГ) по повод објавите коишто го тврдеа спротивното
„Министерството за земјоделие ќе издава посебни дозволи за посев и одгледување на канабис, кои ќе важат една година и ќе им овозможат на земјоделците да одгледуваат само една култура на претходно определена површина“ - изјави Стефка Дамјанова, претставник на Министерството за земјоделие. Таа вели дека производството е регулирано со нацрт уредби објавени на веб страницата на министерството. „Канабисот во Бугарија е легално засаден на повеќе од илјада хектари“, вели Дамјанова за Буграското национално радио. Таа додава дека земјоделецот по сеењето е должен да ја извести надлежната полициска управа. Многу земји на светот веќе ја легализираа употребата на марихуаната во медицински цели, а меѓу нив и Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Холандија и други.
Ајде да видиме што навистина се случува во Бугарија?
Министерството за земјоделство навистина пушти нов предлог-закон што ќе го регулира одгледувањето коноп. Тој сепак, само се синхронизира со евродирективите и во пракса ги повторува само барањата коишто беа на сила во оваа земја од 2001 година. Предлог-законот на Министерството за земјоделство и шумарство го регулира одгледувањето коноп за земјоделски цели - сточна храна, влакна итн., но само за врстите со количество на психоактивната состојка тетрахидроканабинол THC под 0.2%, слично како кај нас. Овие врсти на канабис не се наменети за пушење, сепак од нив може да се направи лек (екстракт) за одредени заболувања. Моментално во Бугарија, областите со дозволени врсти канабис се над 1000 декари секоја година.
Фармерите коишто ја произведуваат оваа култура се предмет на строга контрола од страна на властите и имаат низа задолжителни папирологии што треба да ги завршат со администрацијата. Тие аплицираат во Министерството, добиваат дозволи за садење и го известуваат Министерството за внатрешни работи. Содржината на психотропната состојка е предмет на контрола. Ако тетрахидроканабинолот е над 0,2% од тежината, произведените количини се уништуваат. Одгледувањето марихуана за која било друга цел - козметичка, медицинска или лична употреба - е забрането. Истото важи и за увозот и извозот на семе и лисна маса од билката. Исклучоци се дозволени за мали количини наменети за истражувачки цели, се вели во Законот за контрола на наркотици.
Условите за аплицирање и одгледување индустриски коноп ќе им бидат достапни на граѓаните на веб-страницата на Министерството за земјоделие. Секој кој сака да посади канабис ќе мора покрај Министерството за земјоделие, да го извести и Министерството за внатрешни работи. Локалните портали тврдат дека продавниците со здрава храна во Бугарија продаваат семки од коноп коишто не содржат THC, познати како вреден извор на омега-6 и омега-3 и 9 масни киселини, витамини и минерали. Тие може да се додадат во разни јадења и салати.
За албанското зелено злато... Оваа илегална билка е опишана како „зелено злато“, а еден килограм на храбрите одгледувачи им носи од 100 – 200 евра приход. Во Италија, истата количина е околу 1,500 евра. Би-Би-Си направи прилог во кој се зборува дека дилерите на поголема количина марихуана мигрираат на север низ Црна Гора, на југ преку Грција или на запад преку Јадранското море, па сè до Италија
Побарувачката на домашниот пазар е наводно лоша, затоа што во културата на локалното население марихуаната претежно не се консумира. Како што проценува еден извор на Би-Би-Си, оваа нелегална индустрија генерира околу пет милијарди евра годишно, околу половина од БДП на Албанија. Производителите до кои дојде екипата на Би-Би-Си велат дека имаат произведено од 250-350 килограми и речиси секоја куќа во нивното село продава канабис. Човекот кој произвел 350 килограми марихуана вработува по 15 работници, а ги плаќа и чуварите да ги чуваат културите.
„Плаќам на полицијата 20 проценти. Секој мора да плати. Ако не платите, тие ќе ве одведат во затвор“ - вели тој, но потоа почнува да се брани: „Ова е нашето проклетство, бидејќи нема бизнис, нема пари тука за нешто друго. Знам дека она што го правам е погрешно, но не постои друг начин“ - вели производителот од Албанија. Стапката на невработеност во Албанија е висока, а корупцијата е широко распространета, што се идеални услови за понатамошен развој на производството на канабис и процветување на трговијата со оваа билка. Владата тука се обиде да се бори против оваа нелегална индустрија, но залудно, затоа што сè повеќе села започнуваат да се занимаваат со нелегално одгледување канабис. Во оваа мисија, Владата на Албанија има поддршка од Италија. Имено, Италија плаќа воздушен надзор и на тој начин се обидува да пронајде скриени нелегални насади на оваа лековита билка.
Албанија: Во европскиот „Див Запад“ лежи бизнис вреден милијарди долари
Во 2014 година, Албанија беше во фокусот на меѓународните медиумски извештаи во кои се наведува дека малата земја е најголем производител на нелегален канабис во Европа. Во тоа време специјалните полициски сили влегоа во планинското село Лазарат за да започнат тридневна битка со локалните фармери на канабис. Кога албанските полициски единици почнаа да го заземаат градот рано наутро на 16 јуни 2014 година, тие беа вооружени со митралези, оклопни тупаници и рачни гранати. Министерот за внатрешни работи, Саимир Тахари (Saimir Tahari) вети дека ќе стори сè што е можно за искоренување на одгледувањето на канабис во Лазарат. Сепак, забранетото растение и натаму останува најважниот економски фактор на инаку осиромашениот регион, областа до околу 7.000 жители во планинско село оттогаш е контролирана од полициски и воени единици, но производството сепак не згаснува, туку напротив завзена сè поголем замав.
Иако постојат само неколку откриени плантажи, одгледувањето во недостапниот планински регион блиску до границата со Грција очигледно се зголеми од 2014 година. Минатата година албанските единици за борба против дрогата побараа искоренување на 2,3 милиони канабис растенија во 1250 операции и сними 250 осомничени. Наводната пазарна вредност од 3,5 милијарди евра е околу половина од целиот албански национален буџет. Со години, албанските политичари меѓусебно се обвинуваат дека профитираат од трговијата со канабис и затоа ја толерираат во тајност или ја поддржуваат јавно.
Албанската Влада го објави разрешувањето на министерот Тахири со непосреден ефект. Министерот за внатрешни работи, кој беше одговорен за операцијата во воениот стил, уште во 2014 година беше погоден од насловите. Тахири беше осомничен дека профитирал од проширувањето и одгледувањето во Лазар на целиот регион и соработката со нелегалната индустрија со бришење на криминални досиеја. Поранешниот шеф на полицијата за дрога, Дритан Загани (Dritan Zagani), беше уапсен во 2015 година под закана од корупција и тврдеше дека Тахири е дел од тајна мрежа. Загани во меѓувреме побегнал од Албанија во Швајцарија и побарал политички азил. Тахири ги оспорува сите обвинувања досега.
Италија и Грција се најголемите пазари
Најголем дел од културите се шверцуваат во соседните земји. Секој што купува канабис на црниот пазар во Грција или Италија, обично ги купува албанските цвеќиња. Во претходните децении, грчката младина влечеше вреќи полни со канабис преку планините во Грција. Денес, најголем дел од албанската жетва се превезува со чамци преку јадранскиот брег до соседните земји на Италија и Грција. Од таму, може да се транспортира во било која земја во Шенген зоната. Долги години италијанските даночни инспектори се сомневаа дека мафијата е одговорна за транспорт, логистика и препродажба.
Годишното производство на канабис во Лазарат за 2013 година беше проценето на 900 тони со вкупна вредност од 4,5 милијарди евра од страна на италијанската авиокомпанија. „Лазарат годишно произведува 900 тони марихуана, главно од холандски сорти, што носи профит од 4,5 милијарди евра“ - изјави Деновив Стефано Бостони (Denovive Stefano Bostoni), началник на италијанските единици на воздухопловните сили во Тирана за албанските медиуми. Освен Лазарат, тој споменува уште четири важни региони за култивирање на канабис (Валона, Скадар, Тирана и Драч) кои ретко се спомнуваат на друго место.
Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал - UNODC (United Nations Office on Drugs and Crime) се наоѓа во главниот град на Албанија, Тирана, но никогаш не објави конкретни бројки за проценетата количина канабис што се произведува во земјата. Сепак, набљудувачите потврдуваат дека одгледувањето е зголемено како резултат на неговото префрлување во недостапни планински региони. Во принцип, со неколку исклучоци, целата земја е недостапен планински регион со совршена медитеранска клима за одгледување на канабис. Ова е потврдено со хелихоптерски операции на полицијата за потрагата по полиња со канабис на Југот во текот на 2015 година.
Канабисот во Албанија
Канабисот е нелегален во Албанија, но „поседувањето на дневна доза“ на нелегални супстанции, вклучувајќи и канабис, не е казнувано. За одгледување и трговија, законот обезбедува 5 до 15 години затвор. Пет грама канабис чини помеѓу четири и осум долари на црниот пазар, но квалитетот на содржината на активни состојки не е особено висока. Постојаната социоекономска нестабилност по завршувањето на комунистичката ера доведе до фактот дека растението канабис стана најважен извор на приход за албанското земјоделство. По Втората светска војна, комунистите депортирале несакани семејства во Лазарат, а селото развило критички став кон Владата во Тирана и продолжило самото да се снаоѓа за сопствена егзистенција. Тој став продолжува и денес. Во Лазарат, повеќе од 90% од населението е барем привремено вклучено во бизнисот со канабис.
По тешките критики од ОН и од ЕУ, првите обиди на албанската Влада да престанат со одгледувањето канабис во регионот започнаа во раните 2000-ти. По неколку судири со полицијата, единствениот полициски одред на Лазарат беше уништен од непослушните селани во 2004 година, а полицијата ги толерира нивните активности уште десет години. Денес, присуството на полицијата и војската се смета повеќе за чин на окупација, отколку на заштита на жителите. Владата обично го толерира одгледувањето и придружниот економски бум во селото и околината од средината на 1990-тите. Областа околу Лазарат е единствениот рурален регион во Албанија кој не страда од промена на населението во градовите.
Мексико и Мароко со децении демонстрираат дека одгледувањето канабис не може да се искорени со специјални единици и хеликоптери или други репресивни мерки кога недозволената лековита билка е економска основа на цели региони и земји. Единствениот начин да се справи со нелегалното одгледување канабис и неговата криминална инфраструктура, вклучувајќи ги актерите во Албанија, Либан, Сирија, Мароко, Панама или Мексико, е меѓународна регулатива. До тоа време, канабисот ќе продолжи да се одгледува во Мароканскиот риф, либанската раса Бекаа, јужно од Албанија, Оахака и пошироко, каде што профитот исчезнува во темни канали, наместо да генерира даноци од кои може да се подобри инфраструктурата, да се инвестира во образобниот систем итн... итн... итн...
По неколку години колебања, Грција конечно може да биде на пат да се пронајде себеси на ветувачки финансиски пат. Пред должничката криза, Грција беше една од најбрзо растечките економии во Европската унија. Меѓутоа, големата рецесија доведе до несигурни околности кои веќе со години се натрупуваат
За да се подмлади после распадот претходниот режим во средината на 20-тиот век, Грција спроведе децении на политики кои ги развиваат социјалните услуги и војската. Тоа исто така значеше и дека се трошат повеќе пари отколку што се внесуваат покрај ниските даноци во земјата. Овој буџетски дефицит стоеше заедно со државниот долг на земјата, вклучувајќи ја и големата германска помош која следеше по големата рецесија. Финансискиот колапс ги попречи и двата најважни сектори во Грција, испораката и туризмот, бруто домашниот производ започна да слабее. Сè беше поставено совршено за да се загрози грчката економија, а во 2008 година токму тоа се случи...
Може ли марихуаната да ја заживее грчката економија?
Стапката на долг кон БДП продолжи да расте, иако проекциите во 2011 година очекуваа мерки на штедење и нови регулативи за да предизвикаат пад. Таа сега се наоѓа на неверојатни 180%, повеќе за 77% од каде што беше во 2007 година и втора највисока земја во светот по Јапонија. После падот, БДП на Грција сè уште се намалува за околу 0,2% помеѓу 2015 и 2016 година. Од 2008 година над 244.000 бизниси се затворени, а невработеноста изнесува 23% (44% за млади луѓе под 24 години). Но, барем едно нешто во грчката економија се чини дека се враќа во пораст. Грчкиот туризам сега ги прекршува рекордите, во 2017 година ќе донесе 30 милиони туристи - речиси три пати повеќе луѓе отколку што живеат во земјата. Министерот за туризам, Елена Кунтура (Elena Kountoura), забележа 70% скок во летните резервации во некои области, што значи дека втората најважна индустрија во земјата конечно се враќа на нозе и многу повеќе од тоа. Повеќе од само генерирање на БДП, оживувањето на туризмот, исто така, создава работни места - 181.500 во април и мај годинава.
Туризмот не е единствената индустрија која треба да расте низ целата земја. Грција, исто така, легализираше медицинска марихуана, отворајќи ја вратата за многу од растечките пазари за канабис во светот. Условите на грчката програма за медицинска марихуана вклучуваат хронични и невропатични болки, несакани ефекти од рак и хемотерапија и некои нарушувања во исхраната. Поважно е тоа што овој природен лек е прекласифициран и не е повеќе во ист ред со хероинот и ЛСД до нивото на кое Владата во целост ја признава медицинската вредност на канабисот. Се претпоставува дека дозволите за одгледување ќе бидат издавани само од Владата и ако структурата на грчката програма за медицинска марихуана развива нешто како приватен докторско-диспанзерски комплекс како во Калифорнија, земјата би можела да застане на работ од отворањето на огромен пазар. Се шпекулира дека може да се случи и како во Уругвај и Грција да го легализира рекреативниот канабис за жителите и посетителите.
Грција, со веќе воспоставениот туристички сектор и погодности е совршено место за приливот на туристи кои ќе ја донесат целосната декриминализација на марихуаната на целиот Балкан. И покрај стимулирањето на угостителството и рестораните, самата индустрија за марихуана, од одгледување па до продажба, ќе обезбеди дел од работните места и даночните пари што на земјата ѝ се потребни многу, како што продолжува да се лекува од рецесијата. Bloomberg објави дека инвеститорите за марихуана веќе се спремни да инвестираат во медитеранската земја, при што одгледувачите изразуваат зголемен интерес да потрошат повеќе од 1,5 милијарди евра во проекти за изградба на стакленички паркови за одгледување и производство на канабис. Легислативата за формализирање на грчката програма за медицинска марихуана е во тек, а растењето канабис треба да започне следната година. Само времето може да покаже дали грчкиот економски пазар ќе расте заедно со културата...