Showing posts with label фирма. Show all posts
Showing posts with label фирма. Show all posts

Sunday, September 6, 2020

САМО ТРИ ЧЕКОРИ ДО ВАШАТА ПРВА ЛЕГАЛНА БИЛКА!

Канералд (Cannerald) е Швајцарска канабис компанија за истражување и производство на висококвалитетен канабис и производи од тоа растение. Канералд го прави невозможното да стане возможно! 



Сега секое физичко лице од секој дел од светот благодарение на оваа фирма, преку нивниот проект за активно легално учество во канабис индустријата наречен Канергроу (CannerGrow), има шанса да одгледува медицински канабис и при тоа солидно да заработува без потреба од лиценци за одгледување, без разлика дали станува збор за лична употреба или за продажба. 


Не мора да се грижите за ништо, бидејќи Канералд одгледува наместо Вас и се грижи буквално за сè! Мисијата на оваа компанија е да произведува висококвалитетен канабис и производи, како ЦБД екстракти, бонбони и др. кои се социјално прифатени во цела Европа, а нивната главна мотивација е да допринесат во политичкото, социјалното и научното движење на целиот Европски канабис пазар.


Затоа сега можеш да одгледуваш медицински канабис 100% легално! ЕВЕ КАКО ВО ТРИ ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ ДО ВАШЕТО ПРВО КАНАБИС РАСТЕНИЕ! САМО 3 ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ ДО ВАШАТА ПРВА БИЛКА!


1.) РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ БЕСПЛАТНО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK и без никаква обврска према CannerGrow. (Ќе добиете детален преглед, многу информации за залихите, одгледувањето и локациите, може да ги видите просториите за производство преку камери во живо и да ги дознаете цените).


2.) По регистрацијата, се најавувате, кликате на "PLANT SALES", ја избирате саканата количина и кликате на "BUY NOW". (Имате можност да платите со Bitcoin или со нормален банкарски трансфер).


3.) Седнете, опуштете се и оставете ја компанијата Cannerald да го стори останатото и да одгледува канабис за Вас професионално и сериозно.


Може да ни поставите отворени прашања. Ако имате какви било прашања, администраторите и лицето што ве поканило во CannerGrow се секогаш тука за да Ви помогнат!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 


Saturday, April 25, 2020

Најголемите канабис компании инвестираат во Европа!

Кои се најголемите светски канабис компании кои инвестирале во европскиот пазар во 2019 година? Заклучоци и предвидувања во врска со инвестициите за канабис во Европа...


2019 година беше најдобрата година досега за инвеститорите во канабис индустријата во Европа. Во почетокот на 2019 година, експертите рекоа дека европскиот канабис пазар може да биде во вредност од 123 милијарди евра до 2028 година, а инвестициите направени во овој сектор укажуваат дека тие предвидувања може да се потврдат како вистинити. Инвестициите што беа направени во Европа во 2019 година покажуваат дека канадските корпорации се дефинитивно најголемите играчи на европскиот канабис пазар. Тоа се очекува, бидејќи овие компании имаат ресурси да ги откупуваат своите европски конкуренти. Канаѓаните едноставно профитираат од оваа нивна предност.


Зајакот лежи во тоа што на канадските корпорации им требаат европските пазари за да опстанат во живот и за да напредуваат. Канадскиот пазар за канабис е веќе презаситен, така што корпорациите треба да направат големи инвестиции во Европа, доколку сакаат да ги задржат цените на нивните акции на високо ниво. Како резултат на ова, инвестициите и оваа година најверојатно ќе се одвиваат по слична шема. Но, канабисот сè уште не е легален во цела Европа...? Канадските компании ќе купат парцели земјиште или фирми за дистрибуција низ цела ЕУ, обезбедувајќи ги своите места во регионот сè додека локалните политички играчи не го легализираат канабисот.

Сепак, охрабрувачки е фактот што локалните власти, како Италијанската влада, веќе бараат да го стимулираат локалното производство на канабис. Овие активности можат да им овозможат на европските почетнички канабис претпријатија да напредуваат во следните години. Според најновите истражувања на пазарот, четворицата најголеми инвеститори во европскиот канабис простор се компаниите: Aurora Cannabis, Canopy Growth, Tilray, Aphria, тврди Straininsider. Други значајни големи инвеститори на пазарот за канабис во Европа се: Flowr Corp и Atlas Growers.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Straininsider

Sunday, February 3, 2019

Мајк Тајсон развива канабис одморалиште од 40 акри во Калифорнија

Мајк Тајсон е најновата позната личност што влегува на марихуана пазарот што постојано се шири, со амбициозни планови да отвори луксузен центар во Калифорнија, каде што одгледувачите и гостите ќе можат да консумираат канабис во мир. Овој поранешен боксер вели дека почнал да пуши канабис на возраст од 10 години


51-годишниот Тајсон, неодамна објавил дека „канабис одморалиштето“ со површина од 40 акри ќе биде лоцирано во градот Калифорнија, град во пустината Мохаве само два часа надвор од Лос Анџелес. Одморалиштето на Тајсон ќе произведува квалитетни THC и CBD производи, истовремено поддржувајќи ги истражувањата за здравствените придобивки од канабисот. Наводно, одморалиштето ќе посветува 20 хектари земјиште на одгледување на марихуана, овозможувајќи „најпрофесионалните одгледувачи да имаат максимална контрола врз животната средина“. Исто така, ќе има „Култивациска школа на Тајсон“ (Tyson Cultivation School) за да ги обучи одгледувачите да ги усовршат сопствените видови. Како и за посетителите, одморалиштето на Тајсон ќе вклучува фабрика за канабис прехранбени производи (edibles), амфитеатар за забава и премиум кампови и кабини за глампинг. Тајсон се надева дека ќе ја изгради својата сопствена марихуана империја. Во ноември минатата година изјави за Натали Моралес дека планира да развие пијалаци со коноп, масти за мускулните болки и спакувана трева.


Неодамна Тајсон имаше интервју (што можете да го видите подолу) со Џо Роган (друга позната личност која е борец за ослободување на марихуаната). Тајсон му подари на Џо кутија со канабис изненадувања. Тој во интервјуто вели дека користел канабис повеќе од една деценија за да ја олесни својата хронична болка од боксот, да ја третира неговата социјална анксиозност и проблемите со неговата контрола на гнев и билката му помогнала да ги надмине зависностите од тешки дроги.  Тој вели дека тревата е чудотворен лек на иднината: „Ако не пушев, ќе имав лош ден. Јас сум вистински глупав човек без тоа. Тоа ме измазнува, како да сум сосема друга личност. Тоа ме става на врвот од мојата игра. Ми се допаѓа кој сум кога пушам“ - додаде тој. „Без трева не ми се допаѓа кој сум јас понекогаш. Тоа е реално. Не ми се допаѓа тој човек, сакам да се извлечам од тој човек“ - објаснува тој. Тајсон наскоро ќе снима филмска комична серија лесно поврзана со неговите авантури како претприемач за канабис наречена „Rolling With the Punches“. Шоуто ќе има сличен формат како „Curb Your Enthusiasm“ на Лари Дејвид, при што Тајсон ќе игра во улога на самиот себе.



Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: EbonyThegrowthop