Showing posts with label игри. Show all posts
Showing posts with label игри. Show all posts

Sunday, December 10, 2017

Рекреативната марихуана се спојува со казино индустријата во Невада

Лидерите во коцкање во Невада се справуваат со иднината на канабисот во нивните казина. Поради потенцијалното економско влијание од десетици милиони долари, Владиниот Комитет за политика за игри на Брајан Сандовал (Brian Sandoval) се обидува да разбере како казината можат да одржуваат конвенции и саеми за марихуана

Комисијата која ги истражува ефектите на рекреативната марихуана врз индустријата за коцкање во Невада, се бори со тоа како државните казина би можеле да се справат со жешкиот бизнис, додека не стапи на сила федералниот закон. Комитетот од 12 члена го заврши својот состанок пред не цели две недели без формална одлука по ова прашање, но Сандовал рече дека се надева дека ќе има препораки од комисијата за можни регулативи до февруари. Комисијата за игри во Невада ги обесхрабри лиценците во минатото да не се вклучат во бизнисот со марихуана, стравувајќи од правна реакција. Членовите на комисијата, исто така, изразија противење на идејата да дозволат употреба на марихуана во одморалиштата.

Сепак, настани како MJBizCon, конференција од различни аспекти за растечката индустрија со марихуана, го привлекоа вниманието на индустријата за коцкање поради големиот одзив. Касандра Фарингтон (Cassandra Farrington), која ја започна конференцијата, му кажа на Комитетот дека минатиот месец настанот донел околу 18.000 луѓе во Конгресниот центар во Лас Вегас и дека бројот на посетители се очекува да расте. Таа истакна дека производите од марихуана не се дозволени на шоуто, а луѓето кои ја прекршуваат таа одлука ќе бидат отстранети.

Саемите како конференција на Фарингтон можат да генерираат милиони долари во даночните приходи, рече Деон Контин (Deonne Contine), директор на одделот за даноци во Невада. Контин ѝ кажа на Комисијата дека шоуто со околу 15.000 луѓе може да предизвика економско влијание на градот од 28,2 милиони долари. Адвокатот Брајан Барнс (Brian Barnes) рече дека секој биснис со марихуана во коцкарници може да се смета како рекет или перење пари според федералните прописи. „Бизнисот со марихуана е нелегален во буквално секој аспект на федералниот закон“ - заклучува Барнс.

Автор: К. К.
Извор: The Cannabist

Tuesday, August 22, 2017

Златниот медалист во сноубординг Рос Рибаглиати со гордост потврдува дека користи канабис!

Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден што на тестот испаднав позитивен за трева“ - истакнува Рос Рибаглиати (Ross Rebagliati). Тој го освои првиот Олимписки златен медал за машки Сноубординг во 1998 година, што се одржа во Нагано, Јапонија. Рос исто така, е еден од првите Олимпијци кои сакаат јавно да зборуваат за нивната употреба на марихуана, откако тој беше тестиран на овие Олимписки игри во 1998 година

Ross Rebagliati
По таа случка, му беше одземен златниот медал пред Меѓународниот олимписки комитет да пресуди дека марихуаната не е дрога за подобрување на перформансите. Рибаглиати исто така доби забрана за патување во САД поради позитивниот тест и оттогаш стана еден од главните застапници за легализација на канабисот во светот. Сепак, во сопствената биографија и во историјата тој се запиша како првиот Олимпиец кој прв гордо го носеше „Канабис Факелот“. Тој вели дека не може да биде посреќен поради неговата моментална репутација.


Горд сум што сум ликот кој се обиде во тоа. Чувствувам дека јас претставувам десетици илјади Канаѓани и граѓани ширум светот коишто неправедно платиле различни казни поради нивната употреба на канабис или поради нивното поврзување со него. И јас сум почестен. Искрено, го љубам канабисот и ја љубам канабис индустријата толку многу што не можев да бидам повеќе почестен од тоа да не смејам да отидам во Сад. Да се биде тој човек е огромна привилегија. Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден дека јас испаднав позитивен на тестот за трева на Олимписките игри. Не можам да замислам подобро наследство за мене како Олимпиец од она да го носам ‚Канабис факелот‘ - да го носам канабис знамето“ - истакнува бордерот Рос за порталот Civilized.


Лајкнете го на ФБ! ;)
Но, таа благодарност дојде само со време. Првично Рибаглиати бил преплашен, поминал извесно време во јапонски затвор и ја добил забраната за патување во САД. Рибаглиати вели дека забраната само помогнала да се промовира неговата компанија „Рос Голд“ - супер бренд за канабис. Рос продава производи и додатоци (акцесоари). Рос цврсто верува дека федералната забрана за марихуана нема да трае многу подолго, особено откако политичарите и граѓаните забележуваат дека даночните приходи доаѓаат од државите кои ја легализираа марихуаната и за рекреативни цели.


Бидејќи, како што тој забележува, во ерата на паметните телефони, нема да биде долго пред луѓето да почнат да ги откриваат информациите за себе. „Тие навистина треба да бидат прагматични сега, бидејќи не можете само да ги лажете луѓето повеќе“ - додава Рибаглиати. „Сега имаме Интернет. Тоа е зората на божествените информации. Значи, ако Владата каже нешто, луѓето веднаш одат и фактот го проверуваат. Ја имаме моќта во нашите мобилни телефони што FBI ја користеше. Луѓето повеќе не се во мрак“ - заклучува Рос.