Лидерите во коцкање во Невада се справуваат со иднината на канабисот во нивните казина. Поради потенцијалното економско влијание од десетици милиони долари, Владиниот Комитет за политика за игри на Брајан Сандовал (Brian Sandoval) се обидува да разбере како казината можат да одржуваат конвенции и саеми за марихуана
Комисијата која ги истражува ефектите на рекреативната марихуана врз индустријата за коцкање во Невада, се бори со тоа како државните казина би можеле да се справат со жешкиот бизнис, додека не стапи на сила федералниот закон. Комитетот од 12 члена го заврши својот состанок пред не цели две недели без формална одлука по ова прашање, но Сандовал рече дека се надева дека ќе има препораки од комисијата за можни регулативи до февруари. Комисијата за игри во Невада ги обесхрабри лиценците во минатото да не се вклучат во бизнисот со марихуана, стравувајќи од правна реакција. Членовите на комисијата, исто така, изразија противење на идејата да дозволат употреба на марихуана во одморалиштата.
Сепак, настани како MJBizCon, конференција од различни аспекти за растечката индустрија со марихуана, го привлекоа вниманието на индустријата за коцкање поради големиот одзив. Касандра Фарингтон (Cassandra Farrington), која ја започна конференцијата, му кажа на Комитетот дека минатиот месец настанот донел околу 18.000 луѓе во Конгресниот центар во Лас Вегас и дека бројот на посетители се очекува да расте. Таа истакна дека производите од марихуана не се дозволени на шоуто, а луѓето кои ја прекршуваат таа одлука ќе бидат отстранети.
Саемите како конференција на Фарингтон можат да генерираат милиони долари во даночните приходи, рече Деон Контин (Deonne Contine), директор на одделот за даноци во Невада. Контин ѝ кажа на Комисијата дека шоуто со околу 15.000 луѓе може да предизвика економско влијание на градот од 28,2 милиони долари. Адвокатот Брајан Барнс (Brian Barnes) рече дека секој биснис со марихуана во коцкарници може да се смета како рекет или перење пари според федералните прописи. „Бизнисот со марихуана е нелегален во буквално секој аспект на федералниот закон“ - заклучува Барнс.
Автор: К. К.
Извор: The Cannabist
No comments:
Post a Comment