„Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден што на тестот испаднав позитивен за трева“ - истакнува Рос Рибаглиати (Ross Rebagliati). Тој го освои првиот Олимписки златен медал за машки Сноубординг во 1998 година, што се одржа во Нагано, Јапонија. Рос исто така, е еден од првите Олимпијци кои сакаат јавно да зборуваат за нивната употреба на марихуана, откако тој беше тестиран на овие Олимписки игри во 1998 година
Ross Rebagliati |
По таа случка, му беше одземен златниот медал пред Меѓународниот олимписки комитет да пресуди дека марихуаната не е дрога за подобрување на перформансите. Рибаглиати исто така доби забрана за патување во САД поради позитивниот тест и оттогаш стана еден од главните застапници за легализација на канабисот во светот. Сепак, во сопствената биографија и во историјата тој се запиша како првиот Олимпиец кој прв гордо го носеше „Канабис Факелот“. Тој вели дека не може да биде посреќен поради неговата моментална репутација.
„Горд сум што сум ликот кој се обиде во тоа. Чувствувам дека јас претставувам десетици илјади Канаѓани и граѓани ширум светот коишто неправедно платиле различни казни поради нивната употреба на канабис или поради нивното поврзување со него. И јас сум почестен. Искрено, го љубам канабисот и ја љубам канабис индустријата толку многу што не можев да бидам повеќе почестен од тоа да не смејам да отидам во Сад. Да се биде тој човек е огромна привилегија. Им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди секој ден дека јас испаднав позитивен на тестот за трева на Олимписките игри. Не можам да замислам подобро наследство за мене како Олимпиец од она да го носам ‚Канабис факелот‘ - да го носам канабис знамето“ - истакнува бордерот Рос за порталот Civilized.
Лајкнете го на ФБ! ;) |
Но, таа благодарност дојде само со време. Првично Рибаглиати бил преплашен, поминал извесно време во јапонски затвор и ја добил забраната за патување во САД. Рибаглиати вели дека забраната само помогнала да се промовира неговата компанија „Рос Голд“ - супер бренд за канабис. Рос продава производи и додатоци (акцесоари). Рос цврсто верува дека федералната забрана за марихуана нема да трае многу подолго, особено откако политичарите и граѓаните забележуваат дека даночните приходи доаѓаат од државите кои ја легализираа марихуаната и за рекреативни цели.
Бидејќи, како што тој забележува, во ерата на паметните телефони, нема да биде долго пред луѓето да почнат да ги откриваат информациите за себе. „Тие навистина треба да бидат прагматични сега, бидејќи не можете само да ги лажете луѓето повеќе“ - додава Рибаглиати. „Сега имаме Интернет. Тоа е зората на божествените информации. Значи, ако Владата каже нешто, луѓето веднаш одат и фактот го проверуваат. Ја имаме моќта во нашите мобилни телефони што FBI ја користеше. Луѓето повеќе не се во мрак“ - заклучува Рос.
No comments:
Post a Comment