Showing posts with label THC. Show all posts
Showing posts with label THC. Show all posts

Sunday, August 9, 2020

Новооткриено соединение во канабисот појако од THC и CBD!

Истражувачите веруваат дека оваа компонента има потенцијал да ги замени стероидите и опиоидите. Познатиот израелски хемичар д-р Рафаел Мешулам (Raphael Mechoulam) го направи тоа повторно! Тој се надева дека откривањето на EPM301 може да доведе до евентуална замена на некои фармацевтски лекови, кои можат да создадат голема зависност и да предизвикаат огромен број на негативни несакани последици



Проф. Д-р Рафаел Мешулам
Професорот Мешулам, еден од татковците на канабисот, честопати нарекуван - „Кумот во истражувањето на канабисот“ (иако тој ја дели таа титула и со други негови колеги, како што е покојниот д-р Лестер Гринспун), неодамна објави уште едно откритие: МЕТИЛ ЕСТЕР КАНАБИДИОЛНА КИСЕЛИНА (cannabidiolic acid methyl ester - EPM301). Д-р Мешулам го претстави сега патентираниот комплекс во партнерство со биотехнолошката компанија EPM со седиште во САД.

ЕПМ разви метод за да работи со оригиналните супстанци од канабисот“ - изјави за Форбс 88-годишниот д-р Мешулам. „Значи, додека сите дискутираат за THC и CBD, овие канабиноиди се всушност секундарни супстанци; тие исклучиво се појавуваат подоцна во растението. Првично, постои киселина што се појавува во растението, а тие киселини се овие мистериозни светови на соединенија кои се многу посилни од канабиноидите“ - додава тој.

Откривањето на EPM301 им доаѓа во пресрет на научниците со користење на метод за модификација и стабилизирање на тие киселини, овозможувајќи им да бидат ефективно користени во фармацевтското истражување, додека претходно, нивната нестабилност ја правеа точноста невозможна. Методот, познат како естерификација, се јавува при хемиска реакција во која два одделни реактанти, генерално оксоацид и алкохол или фенол, формираат хемиско соединение наречено естер, како резултат на таа реакција.

Откако истражувачите започнаа понатамошно испитување на EPM301, тие откриле дека соединението помогнало да се потиснат симптомите како што се гадење и вознемиреност - давајќи му висок потенцијал за медицински апликации кај пациенти како што се оние кои се третирани со хемотерапија или страдаат од некои дигестивни и/или дерматолошки состојби. Досега, не е пријавено дека ова „ново“ соединение предизвикува било какви негативни несакани ефекти по човековото здравје. Уште еднаш формално се потврдува безбедноста на ова растение - 100% безбедно и 100% ефикасно во лекувањето на секакви дијагнози.


Ова не е првото забележително откритие на д-р Мешулам!


Професорот е познат по тоа што е првиот кој го открил ендоканабиноидниот систем со рецептори во нашите тела и тој прв го синтетизираше канабиноидот Тетрахидроканабинол (или ТХЦ, психоактивно соединение во растението канабис) и создаде негови посилни верзии, како и канабиноидот Канабидиол (или ЦБД, непсихоактивно соединение во растението канабис). Истражувањето на д-р Мешулам од 1992 година што подоцна резултираше во откритие на ендоканабиноидниот систем (ЕКС) направи пресврт во науката за канабисот. ЕКС е комплексен сигнален систем на клеточно сигнализирање, чија главна функција е одржување на телесна хомеостаза или биолошка хармонија во реакција на промените во животната средина.

Д-р Мешулам се надева дека откривањето на EPM301 може да доведе до евентуална замена на конвенционалните лекови, како што се опиоиди и стероиди, кои можат да создадат огромна зависност кај нивните корисници и да предизвикаат огромен број на негативни несакани ефекти. Додека постепеното искоренување на овие „лекови“ со помош на канабисот и препаратите од канабис, како и други растителни соединенија, можеби звучи по малку како научна фантастика и изгледа како нешто што ќе се случи во далечна иднина, сепак д-р Мешулам е цврсто уверен дека тоа брзо ќе се случи и сугерира дека неговото предвидување може да се појави многу порано отколку што скептиците мислат!


Автор: MoniQue Konopova
Извор: TheGrowthOp

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:








Sunday, July 5, 2020

THC ги спречува смртоносните симптоми кај белодробни заболувања поврзани со вируси - СТУДИЈА!

THC дефинитивно има повеќе круцијални здравствени улоги, отколку само да Ве надува и да бидете „ХАЈ“... THC не само што е канабиноид кој е веќе докажан убиец на ракот, тој може да нè заштити од воспаленија, благодарение на неговото антиинфламаторно дејство! Новото истражување објавено во Frontiers In Pharmacology покажа дека тетрахидроканабинолот (THC) - главната психоактивна компонента во канабисот - може да ги спречи леталните симптоми од нарушувања кај белите дробови поврзани со: Covid-19, грип и многу повеќе...


Синдром на акутно респираторно нарушување (Acute Respiratory Distress Syndrome - ARDS) погодува повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот секоја година. Обично, по инфекцијата на белите дробови, пациентите брзо добиваат воспаление, потешкотии во дишењето (скратен здив) и промени на кожата. Тоа е фатално кај 35-50 проценти од засегнатите, особено со беснеењето на вирусот Ковид-19. АРДС е сериозна компликација и лекувањето и заштитата со помош на билка како што е канабисот може да биде корисно во тековната битка против пандемијата, за што сугерираат повеќе студии до сега. ARDS е сериозен проблем за оние изнемоштени од заболувања на белите дробови и сите потенцијални заболувања може да имаат големо влијание врз квалитетот на животот на пациентот, како и врз стапката на преживување. 

Кај пациенти со респираторни заболувања, смртоносните симптоми поврзани со ARDS обично следат по наплив на сигнали во белите дробови наречени цитокинска бура (cytokine storm). Цитокините се мали гласници ослободени во организмот и се важни во имунолошкиот систем кога телото е под напад од инфекција. Тие можат да бидат или про-воспалителни, каде му кажуваат на телото да реагира на местото на инфекцијата со имуните клетки или анти-воспалителни, каде што тие ја забавуваат реакцијата и ги запираат имуните клетки премногу да ја оштетуваат областа. Кај респираторните заболувања, понекогаш имунолошкиот систем прекумерно реагира и ослободува премногу про-воспалителни цитокини, предизвикувајќи хиперинфламација и можна смрт, што се нарекува цитокинска бура.

За да проверат дали THC може да помогне во оваа ситуација, авторот на оваа научна студија Амира Мохамед (Amira Mohammed) заедно со истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Каролина, третирале глувци заболени од ARDS со помош на THC. Овој канабиноид е докажано дека делува како антиинфламаторно средство, па му се чинеше веројатно на тимот дека може исто така да има улога во запирање на воспалението кај белите дробови. Откриле дека во 100 % од случаите, ТХЦ ги заштити глувците од смртоносни симптоми што се случуваат по цитокинската бура со блокирање на про-воспалителните цитокини кои ги доведуваат имуните клетки во областа и предизвикуваат оштетување. Не само ова, THC всушност ја зголеми антиинфламаторната активност, забавувајќи го воспалението и запирајќи ја предизвиканата сериозна штета.


Во апстрактот на студијава истражувачите пишуваат:
„Синдромот на акутно респираторно нарушување (ARDS) е компликација опасна по живот што може да настане по инфекцијата Staphylococcus aureus. Ентеротоксинот произведен од овие бактерии (SEB) делува како суперантиген со тоа активирајќи голем дел од Т-клетките што доведуваат до цитокинска бура и сериозна повреда на белите дробови. Δ9Tetrahydrocannabinol (THC), психоактивната состојка пронајдена во растението канабис сатива, се покажа дека делува како моќно антиинфламаторно средство. Во тековната студија, го испитавме ефектот на третманот со THC врз ARDS предизвикан од SEB кај глувци. Додека изложеноста на СЕБ резултираше во акутна смртност, третманот со ТХЦ доведе до 100% преживување кај глувци. Третманот со THC значително ги потисна воспалителните цитокини: IFN-γ и TNF-α. Покрај тоа, THC ја зголеми индукцијата на регулаторните Т-клетки (Tregs) и нивните придружни цитокини: IL-10 и TGF-β. Покрај тоа, THC предизвика индукција на миелоидно-изведени потиснувачки клетки (Myeloid-Derived Suppressor Cells - MDSCs). THC дејствуваше преку CB2 рецепторот и како фармаколошки инхибитор на CB2 рецепторите ги блокираше антиинфламаторните ефекти. Глувците третирани со THC покажаа значителни промени во изразот на miRNA (miRs) во мононуклеарните клетки инфилтрирани во белите дробови (MNCs). Поточно, THC предизвика дерегулација на let7a-5p што се насочи на SOCS1 и дерегулација на miR-34-5p што предизвика зголемено изразување на: FoxP3, NOS1 и CSF1R. Заедно, овие податоци сугерираат дека промените поврзани со THC при miR експресијата во белите дробови може да играат клучна улога во индукцијата на имуносупресивните Tregs и MDSC, како и сузбивање на цитокинската бура, што доведува до слабеење на повредата на белите дробови со посредство на SEB“.

Овие наоди сугерираат можна рута за запирање на цитокинската бура и сериозните компликации кај пациенти со респираторни заболувања. Се разбира, оваа студија беше спроведена само на глувци и ќе треба многу повеќе тестирања и клинички испитувања пред да стане можна терапија - но, тоа покажува само уште една интересна медицинска апликација на марихуаната за во иднина. Како што се зголемува бројот на истражувања за дејството на канабисот, постојано се докажува дека канабисот може да има многу повеќе корисни апликации, отколку само смирувачко/еуфорично дејство. Веќе се применуваат третмани со канабис за канцери, невролошки и ментални проблеми, како и за хронични болки и ред други здравствени проблеми. Канабисот може да има и огромни други придобивки што допрва треба да се откријат. Сепак, студиите треба да започнат да се спроведуваат и на луѓе, не само на глувци. Ова не е прво истражување за дејството на канабисот врз Корона вирусот и белодробните заболувања. Разгледајте ги и претходните за кои веќе пишувавме на нашиот блог, линковите се во продолжение...

Автор: MoniQue Konopova
Извор: Iflscience

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Канабисот покажува ветувачки потенцијал за блокирање на инфекција од коронавирус!

Израелска болница ќе започне со лекување на пациенти болни од коронавирус со канабис!

Како влијае вирусот Ковид-19 кај пациенти кои користат канабис и обратно?

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата





Станете дел од реномираната швајцарска канабис компанија CANNERALD! - Регистрирајте се веднаш на следниов линк - https://cannergrow.com/r/MV1ZSK

Tuesday, March 26, 2019

Нашето тело е создадено да консумира канабис - мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Покрај тоа што сите поседуваме ендоканабиноиден систем, мозочните клетки имаат рецептори за THC, кое природно ја имитира молекулата невротрансмитер наречена Анандамид! Што е тоа анандамид? Каква е врската на анандамидот со плодноста, меморијата и учењето? Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер? Кои се други извори на анандамид? Која храна го стимулира мозокот и дава добро блажено чувство?


ТХЦ и Анандамидот не случајно се толку слични!
Анандамид

Што имаат заедничко: желбата за чоколадо и глувците кои забораваат? Одговорот е: анандамид. Неговото име доаѓа од ANANDA, санскритски збор за „блаженство“. Состојбите, како што се: munchies (зголемен апетит за специфична храна, на пр. благо особено чоколадо), плодност и меморија и сл., се поврзани со молекулата гласник наречена anandamide. Оваа молекула придонесува за пренесувањето пораки до мозокот во врска со: болка, расположение, депресија, апетит, меморија и плодност. Невротрансмитерот анандамид е изолиран во чоколадото. Интересно е тоа што анандамидот се создава природно во мозокот. Анандамидот, како и другите невротрансмитери, се распаѓа брзо откако е произведен. Откритието на Anandamide може да доведе до развој на сосема ново семејство на терапевтски лекови. Хемиската структура на анандамидот обезбедува увид во процесите кои влијаат врз човечкото однесување на молекуларно ниво.



Мозочните клетки имаат рецептори за THC!

Во 1988 година, беа откриени специфични рецептори за THC (тетрахидроканабинол - фитоканабиноид, активната состојка во марихуаната). ТХЦ не се наоѓа природно во телото. Активната состојка во марихуаната ТХЦ се врзува со рецепторите, кои претставуваат структури на површината на клетките во кои одредени молекули може да се заклучат, со што е можно да се пренесе сигнал преку клеточниот ѕид. „Активната состојка ќе се заклучи со протеинот на мембраната на клетката, а тоа ќе предизвика реакција во клетката“ - објаснува д-р Дитомасо. Во случајот на ТХЦ, таа хемиска реакција е она што причинува корисниците да се чувствуваат воздигнато и блажено.



Како THC ја имитира молекулата невротрансмитер?

Бог не згрешил кога ја создавал марихуаната!
Молекуларната структура на ТХЦ е многу слична со онаа на анандамидот. Сличноста му овозможува на канабиноидот ТХЦ да ги имитира функциите што оваа молекула трансмитер ги прави. Анандамидот многу брзо се распаѓа, не дозволувајќи им на луѓето да достигнат хај и да го одржат „природниот хај“. На ТХЦ му треба повеќе време за да се распадне, давајќи му на корисникот психо-активно возвишено чувство. Долгата јаглеводородна опашка на анандамидот го прави растворлив во маснотии и овозможува лесно да се лизне низ завесата богата со јаглеводород, што го изолира мозокот од крвотокот. Забележете дека тродимензионалната форма на молекулата анандамид силно наликува на онаа на THC. Но, за разлика од ТХЦ, анандамидот е многу понежен и побрзо се распаѓа во телото. Тоа објаснува зошто анандамидот не произведува постојан природен „хај“.


Блаженствен рецептор

Канабисот постои со причина!
Нервните клетки комуницираат со ослободување на специјални молекули налик на „клучеви“ кои се пресретнати од други нервни клетки. Постојат многу различни видови на молекуларни клучеви, секој со свој карактеристичен облик. Површините на целните нервни клетки се обложени со рецептори, кои се како „брави“ за да се совпаднат со „клучевите“. Кога клучот се вклопува во рецепторот, површината на нервната клетка се менува на некој начин. На пример, кога молекулата-клуч се заклучува во рецепторот на површината на нервната клетка, таа отвора врата во мембраната која им овозможува на хлоридните јони да допловат во клетката. Досега непознатиот природен молекуларен клуч, т.е. специфичен „блаженствен рецептор“ за THC, беше изолиран од израелскиот научник д-р Рафаел Мешулам во 1992 година: арахидонил етаноламид (arachidonyl ethanolamide), подоцна наречен „анандамид“. Тој успеа да го изолира анандамидот како „блажена“ трансмитер клетка, што THC ja емитира. Д-р Мешулам успеа да го изолира ТХЦ многу порано, во 1964 година.



Клуч и брава

Значи клетките невротрансмитери како анандамидот се како „клуч“ што може да се прикачи како за „брава“ на рецепторите од нервните клетки. Откако клетката гласник ќе најде добра врска со рецепторот, таа може да се закачи и да ја отвори нервната мембрана за да овозможи хлоридните јони да влезат во клетката. Ова го изедначува товарот внатре и надвор од клетката. „Клучот“ мора да се отстрани, за да ѝ овозможи на нервната клетка да работи повторно. Ензимите ги разбиваат „заклучувачките“ трансмитерни молекули по одредено време. Нервните клетки ќе престанат да работат, доколку молекулата гласник остане.


Значи клучевите мора да се отстранат повторно од бравата или нервната клетка трајно ќе остане блокирана. Одредени ензими се создаваат во телото за да ги отстрануваат (со деградирање и уништување) клучевите по одреден временски период, така што нервната клетка може да се врати во функција. Лековите (фармацевтските) кои имаат силен ефект врз централниот нервен систем, честопати имитираат природни молекуларни клучеви. На пример, морфинот е супстанца создадена за спречување на болката, којашто е во можност да се заклучи во „опиатскиот рецептор“ присутен на нервните клетки. Научниците сметаат дека бидејќи морфинот не е природно присутен во телото, мора исто така, да постои природна клуч-молекула со многу слична форма која го активира овој рецептор. Природните клучеви се покажаа како молекули наречени енкефалини (enkephalins). Иако синтетичкиот морфин е само лоша копија на природниот енкефалин, тој е многу помоќен (и создава поголема зависност) од енкефалините, бидејќи ензимите создадени за нивно уништување не можат да го отстранат од рецепторите.


Молекуларна структура на некои синтетички лекови
Разликата на морфинот и канабисот е во тоа што канабисот не е синтетички и природно се совпаѓа со нашиот систем. Подоцна беа воведени „подобрени“ фалсификати на енкефалините кои создаваат помалку зависност од морфинот: кодиен (codiene) и демерол (demerol). Истражувачите почнаа да бараат места на рецепторите за да го објаснат делувањето на други лекови, супстанци и токсини на сличен начин.



Анандамид, учење и меморија

Се покажало дека анандамидот создава или уништува краткотрајни мемориски нервни конекции. Во студии на животни, зголемувањето на анандамидот резултира со заборавање, но ова е здраво заборавање. Анандамидот помага да ги задржите информациите како: Каде сте го паркирале вашиот автомобил или каде сте ги оставиле клучевите? Тоа ви овозможува да ги заборавите непотребните информации како: Облеката или фризурата на случајните минувачи. Познат експеримент прочуен како Morris Water Maze, покажува што се случува со краткорочната меморија кога анандамидот е инхибиран. Глувците се ставаат во базен со вода за тестирање со платформа, за да можат да се искачат надвор од водата. Платформата се отстранува, откако глувците ќе запомнат каде е ставена. Глувците природно ќе ја бараат платформата и потоа ќе сфатат дека ја нема. Тие потоа ќе се фокусираат на преживување со пливање. Глувците со администриран лек за блокирање на анандамидот, вечно продолжуваат да ја бараат платформата, затоа што тие (постојано) забораваат дека платформата не е таму.


Morris Water Maze

Глувци кои забораваат и „блажени свињи“

Анандамидот ензимично се синтетизира во областите на мозокот кои се важни за меморијата и за повисоките мисловни процеси и во областите кои го контролираат движењето. Тоа значи дека функцијата на анандамидот не е само да произведе блаженство, тој постои заради нешто многу поважно. Врските помеѓу нервните клетки се поврзани со учењето и меморијата. Нервните клетки можат да направат нови врски и да ги уништат старите. Повторната употреба на врската ја прави посилна; Некористењето на таа конекција може да предизвика загуба на врската. Некои биохемиски докази сугерираат дека анандамидот игра клучна улога во создавањето и уништувањето на краткотрајните невронски врски. Студиите на животни укажуваат на тоа дека анандамидот предизвикува заборавање. Се претпоставува дека супстанциите кои го задржуваат анандамидот од врзување кон неговиот рецептор, може да се користат за третирање на губењето на меморијата. Земјоделскиот истражувач Гери Веснер (Gary Weesner), ја проучувал ефективноста на анандамидот како животински седатив. „Свињите [третирани со анандамид] одат помалку и лежат повеќе“ - истакнува Веснер. „Гледаме намалена телесна температура и побавно дишење - сите индикатори се во согласност со смиреноста“ - додава тој.



Анандамид и Плодност

Анандамидот дејствува како сигнализатор кога ембрионот се врзува за женската матка. Всушност, анандамидот е во повисока концентрација во матката, отколку во мозокот. Сперматозоидите содржат рецептори кои ја прифаќаат молекулата анандамид. Теоретски, нарушувањето на функцијата на анандамидот може да има врска со плодноста. Повеќе истражувања се потребни за да се испита односот помеѓу плодноста и лековите (фармацевтските) кои делуваат како анадамидот. Ако ТХЦ може да се заклучи во анандамидните рецептори, постои можност овој канабиноид да се меша со сигнализацијата помеѓу матката и ембрионот, што сугерира дека може да биде лек за неплодност.



Првиот повик на мама?

Нашето тело е создадено да консумира канабис! Сите имаме ЕКС!
Надвор од мозокот, анандамидот дејствува како хемиски трансмитер помеѓу ембрионот и матката, за време на имплантацијата на ембрионот во ѕидот на матката. Тоа е една од првите комуникации што се јавуваат помеѓу мајката и детето. Највисоките концентрации на анандамид во телото не се наоѓаат во мозокот, туку во матката непосредно пред имплантацијата на ембрионите и ова го потврдуваат направените досега студии на животни. Концентрацијата на анандамид се менува како што матката станува поприфатлива за имплантација на ембриони. Истражувачите успеале да пронајдат дефинитивна цел за анандамидниот сигнал на матката: двоклеточните ембриони на глувците содржат повеќе анданамидни рецептори од било кое познато ткиво, вклучувајќи го и мозокот.



Храна која дава добро блажено чувство! Која е сличноста на чокладото со канабисот?

Чоколадата има слична структура како анандамидот, односно како THC. Д-р Даниел Пиомели (Daniele Piomelli) го проучувал ова како научник во Институтот за неврологија во Сан Диего (Neuroscience Institute in San Diego), Калифорнија, кој го водел овој проект и продолжува да истражува во Институтот за неврологија, заедно со д-р Емануел Дитомасо (Emmanuelle diTomaso) кој веќе го споменавме и кој работеше на оригиналната студија во Сан Диего (сега е истражувач на Харвард). Чоколадото содржи повеќе од 300 познати хемиски состојки. Научниците работат на изолирање на специфичните соединенија кои можат да објаснат некои од пријатните ефекти од консумирањето чоколадо. Д-р Пиомели заедно со своите соработници открил дека темната чоколада има три соединенија кои го имитираат анандамидот и силно личат и делуваат како него. Тие веруваат дека „чоколадото содржи фармаколошки активни супстанции кои имаат ист ефект врз мозокот како марихуаната и дека овие хемикалии може да бидат одговорни за желбата за чоколадо“. Еден од најпознатите пријатни ефекти на јадењето чоколадо е „доброто чувство“ што го дава, затоа многумина се зависни од чоколадо, кое создава многу поголема зависност од канабисот.



Други извори за Анандамид

Кофеинот е најпозната состојка (ја има во чоколадата во мали количества) што делува на сличен начин стимулирајќи го нашиот мозок, додека пак, теоброминот е слаб стимуланс, исто така присутен во чоколадата во малку повисоки количества. Комбинацијата на овие две хемиски состојки (и можеби и други непознати) може да го обезбеди тоа „чувство на воздигнување“ кое е искуство од јадењето чоколадо. Фенилетиламинот, исто така, се наоѓа во чоколадата. Тој е поврзан со амфетамините, кои се силни стимуланси. Сите овие стимуланси ја зголемуваат активноста на невротрансмитерите (мозочните хемиски сигнализатори) во делови на мозокот кои ја контролираат нашата способност да обрнеме внимание и да останеме свесни и дубни. Додека стимулансите придонесуваат за привремено чувство на благосостојба, постојат и други хемиски состојки и соединенија и други теории за тоа: зошто чоколадата прави да се чувствуваме добро? ТХЦ, сепак, не се наоѓа во чоколадото...



Што е тоа 2-АГ?

Тие се комплементарни!
Чоколадата и ТХЦ се однесуваат поинаку како трансмитери. Пиомели вели: „Одговорот на ТХЦ и на анандамидите од чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите би можеле да се направат споредливи“. Чоколадото може да создаде блажено чувство, додека не дава континуиран психоактивен хај. Неодамна тој пронајде молекула којашто природно се јавува во телото, којашто го имитира анандамидот. Анандамидот не е единствената молекула слична на THC чија функција е сигнализирање во мозокот. Природно произведениот sn-2 арахидонилглицерол (2-AG), исто така, може да се заклучи во блаженствениот рецептор. Sn-2 арахидонилглицерол (Sn-2 arachidonylglycerol - [2-АГ]) може да се „заклучи“ во истите блаженствени рецептори. Оваа молекула е уникатна поради тоа што функционира за 170 пати поконцентрирано од анандамидот. Молекулите на 2-АГ се наоѓаат во различни делови од мозокот. Д-р Пиомели објаснува дека функциите на анандамидот и 2-АГ се комплементарни, едно со друго прават целина, се надополнуваат.



Нов клуч за блаженствениот рецептор?

Научниците, исто така, откриле соединенија кои го блокираат распаѓањето на анандамидот. Д-р Пиомели и неговиот тим пронајдоа други хемикалии во чоколадо, кои може да го инхибираат природното распаѓање на анадомидот. Ова значи дека природниот анандамид може да се задржи подолго од нормално, со што се чувствуваме прекрасно подолго кога јадеме чоколадо и ете зошто консумирањето канабис и чоколадо одат рака под рака. Пиомели шпекулира дека дел од задоволството од чоколадата, доаѓа токму од анандамидот и N-ацилетаноламините (N-acylethanolamines) кои го задржуваат анандамидот. „Зборуваме за нешто многу, многу, многу, многу поублажено од хајот“ - вели тој.


Сепак, ефектот на чоколадата и канабисот не може да се изедначи, иако има сличности на молекуларно ниво. Значи како што кажавме, одговорот на THC и на анандамидите на чоколадата воопшто не е ист, дури и ако концентрациите може да се направат споредливи. „Можеби ќе можеш да го подобриш расположението со блокирање на распаѓањето на анандамидот. Тоа не е само нешто фино што го направивме, така што сега знаеме повеќе за чоколадата. Се надеваме дека тоа може да придонесе за помагање во лекувањето на ментални болести“ - истакнува д-р Пиомели. Разбирањето на тоа како функционираат овие механизми, може да дозволи позитивните лековити ефекти на природниот невротрансмитер анандамид и на безбедниот фитоканабиноид ТХЦ терапевтски да се експлоатираат без негативни последици.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: NCBI, Nature, Nature,

* Студија: „Диференцијална улога на анандамидот и 2-арахидоноилглицеролот во мемориските и анксиозни реакции

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:


Monday, March 18, 2019

Хемотерапијата го распространува ракот низ телото - предупредуваат научниците

Иако конвенционалната медицина тврди дека ја освојува војната против ракот, заедно со холистичката здравствена заедница, ние и порталот Natural News постојано се обидуваме да изложиме една од најголемите измами и отрови познати во човечката историја: ХЕМОТЕРАПИЈА...


Ова може да се избегне со правиот лек!
Со испрани мозоци од страна на модерната медицина, лекарите, онколозите и мејнстрим медиумите, повеќето пациенти со канцери, сметаат дека нивната единствена надеж за преживување е хемотерапијата. Во целиот свет „лекувањето“ на ракот е ГОЛЕМ бизнис, бидејќи индустријата за рак прави билиони долари секоја година. Конвенционалните третмани на ракот не само што се неефикасни, туку се дизајнирани да ги направат пациентите со рак уште поболни. Иако хемотерапијата може да го намали почетниот тумор(и), она што се случува во позадина е далеку поважно. Тоа е една темна и криминална вистина за која се чини дека никој не знае. Хемотерапијата ги убива сите клетки во телото на пациентот - како оние со канцерот, така и здравите ткива, за разлика од канабиноидите (ТХЦ) кои ги таргетираат исклучиво клетките на ракот.


Една нова студија објавена во списанието Science Translational Medicine во 2017 година го докажа она што со години го зборуваме - конвенционалните третмани за рак предизвикуваат повеќе рак. Тим научници од Алберт Ајнштајн колеџот по медицина во Њујорк открија огромни докази дека хемотерапијата е само краткорочно решение. На крајот, овие „лекови“ ќе ве направат повторно болни, ќе се појават метастази, туркајќи ги пациентите кон втор круг на скапи и неефикасни третмани. Ова е трик за генерирање пари: наместо да им помагаат на пациентите да се ослободат од болеста, привремено го „ставаат на чекање“ за да можат двојно или тројно да им земат пари. Хемотерапијата всушност предизвикува здравите клетки да го хранат туморот.


Канцерот е опасен, но хемото уште повеќе...
Хемотерапијата убива повеќе пациенти отколку самиот рак

Научниците од Њујорк објаснија дека иако првично можно е да се намалуваат туморите, хемотерапијата истовремено отвора нови влезови за туморите да се шират во крвниот систем, предизвикувајќи подоцна поагресивни тумори и на другите органи, кои честопати резултираат со смрт. Истражувачите веруваат дека токсичните хемотераписки лекови ги вклучуваат механизмите за регенерација на телото, што им овозможува на туморите да растат побрзо. Понатаму, д-р Џорџ Карајанис (George Karagiannis), водечки автор на студијата и неговиот тим, откриле дека два популарни хемотераписки лекови го зголемиле бројот на „порталите“ во крвните садови, кои дозволиле клетките на ракот да се шират и на други делови од телото. Тимот, исто така, откри дека хемотерапијата го зголемува бројот на клетките на ракот во циркулацијата на телото и белите дробови кај глувците.


Ако маркерите се зголемени, хемотерапијата веднаш да се прекине!
Иако оваа студија ги испитуваше само ефектите на хемотерапијата врз ракот на дојката, истражувачите во моментов експериментираат и со други видови на рак, за да видат дали се случуваат слични ефекти, објави The Telegraph. Д-р Карајанис забележа дека жените кои примаат предоперативна хемотерапија за лекување на рак на дојка, треба да се набљудуваат за да се провери дали ракот не циркулира или создава повеќе можности за ширење. Тој препорачува да се земе мала количина туморско ткиво за испитување, по неколку дози на предоперативната хемотерапија. Ако маркерите се зголемени, хемотерапијата треба веднаш да се прекине! Лицата кои примаат хемо, според протоколот на активистот Рик Симпсон треба да внесат двојно или тројно повеќе екстракт од канабис од препорачаната три месечна доза во краток временски период, не само за лекување на ракот, туку и за да се поправат штетите од хемотерапијата и зрачењето. Отстранувањето на канцерот со операција, исто така, не е трајно решение, скалпелот може да се избегне. Отстранете го канцерот безопертивно со домашно масло од канабис, кое може да си го подготвите сами во вашиот дом!


Оваа студија не е прва што ги демонстрира начините на кои хемотерапијата може да предизвика секундарен или метастатски рак. Во 2010 година, истражувачите од Универзитетот Алабама во Бирмингем (University of Alabama at Birmingham - UAB) од Comprehensive Cancer Center и од UAB Department of Chemistry, добија грант од 805.000 американски долари од програмата за истражување на рак на дојка од американското Министерство за одбрана, за да го истражат тоа дали хемотерапијата го поттикнува ракот да се шири низ телото? После многу студии подоцна, повеќе не можеме да го игнорираме одговорот на тоа прашање. ДА, пациентите умираат од хемотерапија, а не од самиот рак! Се покажа дека таа не предизвикува само секундарни канцери, туку и го забрзува растот на туморот и предизвикува отпор на клетките на ракот на третманот.


75% од лекарите и научниците ќе одбијат хемотерапија за себе или за своето семејство

Зошто да ги труеме болните непотребно?
Што вели овој број за ефикасноста и ризиците од хемотерапијата? Дали овие луѓе знаат повеќе? Што сè кријат од нас мејнстрим медиумите? Поради катастрофалните ефекти врз целото тело и имунолошкиот систем и со исклучително ниската стапка на успех, тројца од секои четири лекари и научници ќе одбијат хемотерапија, според анкетите преземени од Центарот за рак Мекгил (McGill Cancer Center). Дополнително, околу 97% од канцерите не реагираат на хемотерапијата (зошто да ги труеме болните непотребно), но сепак таа останува како конвенционален третман на лекување за скоро секој тип на рак.


Размислете за ова! Кога вашето тело се бори против ракот, последното нешто што му е потребно е повеќе индуцирање на рак, хемикалии за имунитет, нели? Иако, сите научници и лекари знаат дека хемотерапијата е чист отров и може да ги влоши работите, американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration - FDA) ги оневозможува лекарите да изберат нехемиски (органски) правци, како што се витамини, додатоци во исхраната, билки, канабис, темјан, одредени овошки и зеленчуци, соодветен режим на исхрана и други природни антиканцерогени безбедни решенија, за нивните пациенти. Во изминатите неколку години, една студија по друга ја поврзува хемотерапијата со ракот. Сепак, властите не сакаат да реагираат. Колку повеќе докази им се потребни пред да почнат да признаваат дека има далеку подобар, помалку скап и ефикасен лек - канабис?

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Natural News


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Д-р Боб Меламед е лут што по сите истражувања сè уште не зборуваме дека „Канабисот го третира ракот“

Анкета: Ако марихуаната е легализирана, пациентите со рак ќе ја изберат како примарен лек

Интравенскиот Витамин Ц е убиец на ракот и ФДА сака да го забрани

РАКОТ во голема мера е предизвикан од процесирана храна и токсични состојки, потврдува новото истражување!

Како и зошто настанува ракот според Ото Варбург и како може да се спречи и излечи?

Како кетогената исхрана ги ослабнува клетките на ракот?

Студија: Канабиноидите пронајдени во канабисот може да ја намалат одржливоста на клетките на меланомот

Saturday, March 16, 2019

THC кристали - најчистиот и најпотентен екстракт од канабис што постои!

Запознајте се со канабисот во чиста, потентна и кристализирана форма. Чистите ТХЦ кристали се најновиот и највозбудливиот тренд во екстракционата технологија. Некои компании имаат постигнато јачина на кристалите до 99,9 % THCA!


Во последно време производителите на канабис ги усовршија концентратите со зголемување на нивната потентост. Постојат разни видови на концентрати. THC кристалите, попрецизно познати како THCA crystalline, не се производ за почетници. Треба да бидете подготвени за да се справите со моќно искуство. Растенијата во свежа форма содржат малку поинаков сет на канабиноиди, отколку што може да очекувате. Свежата трева содржи канабиноиди во кисела, неактивирана фома, наместо ТХЦ - содржи тетрахидроканабинолна киселина (THCA), а наместо CBD - има канабидиолична киселина (CBDA). Овие два кисели канабиноиди, исто така, имаат многу корисни здравствени придобивки, но својствата им се малку поразлични од ТХЦ и ЦБД и тие се помалку проучувани од нив.



Преку напреден процес на екстракција, производителите денес можат да го извлечат THCA, кое потоа кристализира во форма на прав или дијамант, камен. Оттука и името „кристалин“ или ТХЦ кристал. Технички ова е најчистиот канабиноиден производ што може да се најде. Збунувачко е тоа што станува збор за ТХЦА, а екстрактот се нарекува ТХЦ кристал? Ајде да видиме зошто? THCA кристалин останува во својата нестабилна ТХЦА форма, додека корисникот не го подложи на висока температура. Загревањето на THCA ја трансформира молекулата и го отстранува „А“ - процес што се нарекува декарбоксилација, THCA се претвора во THC. Оваа трансформација е причина зошто некои компании ги брендираат своите производи како THC Crystal. Значи, пред да ги загреете чистите THCA кристали, тие се непсихоактивни.


Кои се медицинските придобивки од овие кристали?


Како што веќе знаеме, секој начин на консумирање на канабисот е лековит и како и секоја друга форма на екстракт од канабис, кристалите имаат широка употреба за многу болести и состојби. Некои компании имаат постигнато до 99,9 проценти THCA. Процесот на екстракција за добивање ТХЦ кристали ги отстранува повеќето, ако не и сите други канабиноиди и терпени. Производот е обично проѕирен, без вкус и нема арома. За разлика од јадењата со канабис, нема да мора да чекате неколку часови за да ги почувствувате ефектите. Кога пушите или вапоризирате THCA кристали, хајот доаѓа речиси веднаш. Оваа непосредност е совршена за лекување на акутни проблеми, како што се: ненадејни болки, повреди, воспаленија, мигрена, стрес, нарушувања на расположението, хроничен замор, анксиозност.


Покрај пушење, дебинг и вапоризирање, големи се придобивките од оралното консумирање на овие (неактивирани) кристали, бидејќи тие лесно се раствораат во храна. Консумирањето ТХЦА (т.е. неактивирано ТХЦ), исто така има свои здравствени придобивки. Можете да го земете во форма на тинктура или капсули. Овие екстракти исто како и маслото од канабис - се 100% безопасни - од нив не може фатално да се предозирате. „Најстрашното“ што може да ви се случи е само многу (слатко) да спиете, затоа не е пожелно да возите автомобил непосредно после употребата, особено доколку сте почетник. Благодарение на непостоењето краткорочни и долгорочни ризици и опасности по здравјето од нивната еднократна и/или континуирана употреба (овие екстракти не создаваат зависност), може да помогнат речиси кај секоја дијагноза, во најмала рака ќе го подобрат расположението на пациентот, ќе му го подобрат сонот, апетитот и метаболизмот, затоа што ендоканабиноидниот систем што сите го имаме во нашите тела ги регулира сите останати системи. Досега има многу малку студии конкретно за придобивките од THCA, сепак, прелиминарните истражувања сугерираат употреба кај:


  • Канцери;
  • Воспаленија;
  • Болка;
  • Анксиозност;
  • Спастичност;
  • Невропротекција.

Како се екстрахира ТХЦ кристалин?

Деталниот процес на производство на чист ТХЦ кристалин концентрат е добро чувана тајна. Првиот чекор е првичната екстракција. Ова се прави со користење на стандардни процедури за екстракција, кои ја штитат осетливата молекула на THCA. Повеќето производители користат технологија со ниска топлина, како што е СО2 екстракција, за да го направат тоа. Откако ќе се добие првичниот екстракт, тој сè уште содржи голем број на други соединенија, масти, канабиноиди, терпени и слично. Тие се отстрануваат преку серија различни миења, користејќи специфични раствори во зависност од соединението. На пример, процесот може да вклучува ацетатно перење и хексан перење, сè со цел да се добие изолирано ТХЦА.


Потоа се изведува втората фаза наречена „препаративна хроматографија“ (preparative chromatography), каде што прочистениот екстракт поминува низ различни медиуми и филтри, за да се отстранат понатамошните соединенија. Екстрактот со ралични брзини поминува низ променливи медиуми, додека не се постигне саканата концентрација. По толку многу преработки, екстрактот сè уште содржи неколку непосакувани состојки. Оваа завршна фаза на обработка е потребна за целосно да се „исчисти“ конечниот екстракт. Ова ги отстранува сите хемикалии од процесот на екстракција кои не се погодни за човечка употреба, за на крајот да се добие 100% безбеден лековит продукт.


Какво чувство даваат ТХЦ кристалите?

Чистите ТХЦ кристали, кога се консумираат со загревање, може да дадат навистина незаборавно и интензивно искуство, затоа не се препорачуваат за почетници кои воопшто не се запознаени со дејството на ТХЦ. Ова искуство, иако не е опасно, за неискусните може да не биде најзабавно, може да биде малку непријатно, но за среќа трае само неколку часа, а исто така, постојат и начини за намалување на хајот. Искусните корисници пак, треба да знаат дека постојат и начини за зголемување на хајот, како што е на пример јадењето манго. Нема влијанија од ефектите на терпените и другите канабиноиди, како кога се консумира екстракт со целосен спектар на активните состојки, онака како што природно се јавуваат во самата билка (како во домашното масло од канабис). Кристалите немаат вкус, ни мирис. Корисниците чувството го опишуваат како свежо и енергично и навистина спектакуларно искуство -  чисто блаженство!



Уредник и новинар: MoniQue Konopova

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дејството на канабисот зависи и од начинот на консумирање

Колку долго трае маслото од канабис? Рок на траење на концентратите од канабис

Рок на траење и чување на домашно изработеното масло од канабис

Што е тоа dabs/dabbing, како изгледа овој процес и која му е намената?

Како правилно да ги чуваме продуктите со канабис за да се продолжи рокот на траење?

Кои се едни од најпотентните врсти канабис со повеќе THC?

Friday, March 8, 2019

Хемотерапијата ги убива и здравите клетки, но THC ги убива само клетките на ракот!

Медицинската заедница сега е подготвена да го промени својот став кон пациентите со канцери и да им соопшти не само колку добро канабисот ги третира нивните симптоми, туку дека екстрактот може да даде дополнителна (примарна) корист од употребата за време на лекувањето на ракот, бидејќи ТХЦ докажано ги убива исклучиво клетките на ракот!


СРЕЌЕН 8-МИ МАРТ! Заборави на ракот на дојка, матка и јајници!
Студиите со лабораториски и животински модели покажуваат дека ТХЦ е ефикасен убиец, но само на ракот - не и на околните здрави ткива. Канабиноидот Тетрахидроканабинол ги убива клетките на ракот со тоа што митохондриите престануваат да произведуваат енергија. Постојат многу нови и стари истражувања поврзани со канабисот и лекувањето на ракот. Сè повеќе и повеќе студии ги поддржуваат овие факти, додека пациентите од своите искуства потврдуваат дека ТХЦ и ЦБД (меѓу останатите канабиноиди, терпени и флавоноиди кои делуваат синергиски, а кои сè уште не се целосно откриени) се критични во борбата против ракот. ТХЦ му помага на имунолошкиот систем да најде клетки на ракот и ја стимулира апоптозата, додека ЦБД помага да се забават или дури и да се спречат метастазите, а исто така го намалува хајот (делува како антидотум на психоактивното дејство на ТХЦ).


По објавувањето на прелиминарните податоци, како што се оние од студијата во Вирџинија, објавена во 1975 година, Владата на САД ги стопираше средствата за истражување на канабисот за повеќе од две децении. Националната програма за токсикологија на САД не го откри позитивното влијание на канабисот врз ракот до 1990-тите. За жал, можностите за финансирање на истражувањето на канабисот остануваат ограничени... Постојат многу причини за ова, но повеќето застапниците на канабисот веруваат дека финансиските (де)стимулации на фармацијата и клучните фигури во власта, влијаат врз поттикот на истражувањата во медицината. Дозволата сè уште е потребна за сите видови на истражувања на канабисот, а политичкиот коментатор Џон Оливер (John Oliver) изјави дека тоа може да потрае уште со години. По добивањето на лиценцата, потребни сè уште неколку години за завршување на студијата.


На денот на рамноправноста - подари букет од канабис цвет!  <3
Веќе знаеме дека канабисот е безмилосен убиец на клетките на ракот, но секогаш ги остава здравите клетки само регенерирани. Како? ТХЦ ги убива клетките на ракот преку церамидните патеки (Ceramide Pathways), но и преку ендоканабиноидниот систем со CB1 и CB2 рецепторите. Овие канабиноидни рецептори се активираат со фитоканабиноидите пронајдени во канабисот. Постои теорија помеѓу истражувачките кругови, дека болеста канцер доаѓа како мутација од неправилно функционирање на организмот на клеточно ниво, поради недостаток на ендоканабиноиди, кои преку ендоканабиноидниот систем ги регулираат сите останати системи во телото. Ако е така, има доста смисла за тоа дека канабисот може на безбеден начин да третира со широк спектар на состојби, а тоа секојдневно го потврдува искуството на пациентите кои ѝ го свртеле грбот на конвенционалната медицина, а ја прегрнале „алтернативната“.


CB1 рецепторите се концентрирани во нервниот систем, вклучувајќи го и мозокот; CB2 рецепторите се наоѓаат во органите на телото и како дел од имунолошкиот систем. Со зголемувањето на керамидот, митохондриите се повеќе пропустливи за цитохромот (Cytochrome), како важен протеин во производството на енергија. Цитохромот ги напушта митохондриите и клетката повеќе не може да генерира енергија, што значи - смрт! На самиот почеток сме на разбирањето како овие механизми функционираат. Следете нè, истражувајте и проучувајте го канабисот, како ова растение функционира и како го убива ракот, заедно со нас ;) 

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Health and Life

Ова е лекот за ракот! Направете си го сами!
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 








Wednesday, March 6, 2019

РАКОТ во голема мера е предизвикан од процесирана храна и токсични состојки, потврдува новото истражување!

До кој степен, ракот е болест на начинот на живот? Истражувачите од Универзитетот во Калгари, во Канада, го утврдиле токму тоа во едно неодамнешно истражување, кое било спроведено со податоци од Регистарот за карциноми на АлбертаПостојано читајте здрави совети за спречување на големото „К“ на PreventCancer.news и учете од искуствата на преживеаните пациенти


Она што истражувачите го нашле беше дека не само што нивото на ризик од појава на рак е тесно поврзано со нечиј животен стил, туку тоа може да се промени (во ваша корист) доста брзо - ако ги имате податоците. Ракот не е казна од Бога, колку и да е траги-комично, можно е значително да се намалат шансите за добивање на рак, едноставно со неколку промени во животниот стил! И ако сакате да знаете колку животниот стил на пациентот влијае на нивоата на ризикот од рак, тоа е само малку повеќе од 40 проценти. Истражувачите проценуваат дека 40,8 проценти од случаите на канцери „се припишуваат“ на 24 фактори на животниот стил што ги навеле во нивното истражување.

Севкупно, проценувавме дека 40,8 проценти од инцинедтните случаи на рак се припишуваат на изложеноста на 24-те фактори вклучени во анализата. Пушењето тутун е одговорно за најголемиот ризик од рак, што претставува проценка од 15,7 проценти од сите случаи на рак на дојка (2.485 случаи), проследено со физичка неактивност и вишок на телесна тежина, кои биле одговорни за околу 7,2 проценти и 4,3 проценти од случаите на рак, соодветно“ - тврдат истражувачите.


Подобро да спречиш, отколку да лечиш!

Истражувачите беа прилично јасни со нивната премиса и доста едноставно ја образложија и поткрепија со факти. Според белешките на студијата, 24-те ризични фактори се:
  1. Пушењето никотин (и пасивно и активно);
  2. Прекумерната тежина;
  3. Дебелина;
  4. Неадекватна физичка активност;
  5. Несоодветен внес на овошје;
  6. Несоодветен внес на зеленчук;
  7. Несоодветен внес на растителни влакна;
  8. Вишок на црвено;
  9. Вишок на преработено месо;
  10. Несоодветен внес на Калциум;
  11. Несоодветен внес на Витамин Д;
  12. Консумирање на алкохол;
  13. Орални контрацептиви;
  14. Хормонска терапија;
  15. Епштејн-Бар (Epstein-Barr) вирусот;
  16. Хепатитис Б;
  17. Хепатитис Ц вирусите;
  18. Хуман папиломавирус;
  19. Хеликобактер пилон;
  20. Загадување на воздухот;
  21. Природна UV радијација;
  22. Вештачка UV радијација;
  23. Радон;
  24. Нус-производи од дезинфекција на вода.

Не си го вплеткувај канцерот во генот!
Врз основа на податоците, истражувачите успеале да заклучат дека широк спектар на лични избори кај поединците, навистина ги отвора до поголеми ризици за развој на некоја форма на рак и обратно. Особено, јасно е дека храната има многу голема врска со индивидуалните ризици за појава и развој на канцери. Во исто време, вежбањето, т.е. активната физичка работа може во голема мера да помогне во спречувањето на другите вообичаени форми на рак (настанат од фактори од животната средина) што може да се спречи.

Истражувачите се осврнаа на припишаните елементи како „модифициран животен стил и фактори на ризик од животната средина“ - што значи дека ова се работи кои можат да се променат, а нивните ефекти во ризичните нивоа на типовите на рак, исто така може да се променат. Како несакана забелешка, истражувањето исто така, покажа дека жените имаат малку повисока сумарна проценка на ризикот на популацијата, на 42,4 проценти, во споредба со мажите на само 38,7 проценти.


Алкална исхрана
Истражувачки заклучоци

Додека податоците собрани од страна на истражувачите, може да се покажат како исклучително корисни, тоа сè уште не е целосна анализа... Всушност, самите научници признаваат дека имало „недоволни податоци“ за изложеноста на ниво на население, на барем еден аспект од нив што сакале да го истражат: медицинското зрачење. Ова е местото каде што влегуваат експертските проценки. Секогаш е корисно да запомните дека сѐ уште имате одредена моќ во вашите раце, дури и кога станува збор за понекогаш фатален и бескрајно застрашувачки исход: рак во поодминат стадиум - и во тие случаи не треба да губите надеж, туку веднаш треба да се снабдите со минимум 60 мл екстракт од канабис со над 80% ТХЦ што ќе го внесете во себе во минимум 3 месеци и веднаш да го промените начинот на живот и да се запрашате убаво, што сте правеле погрешно, та сте стигнале до тука? Нешто морало да го предизвика тој проклет рак!!! Понекогаш луѓето живеат „здраво“, но размислуваат „токсично“...


Врз основа на сите собрани податоци и резултатите кои беа проценети, студијата заклучува дека 40,8 проценти од канцерите коишто се припишуваат на модифициран животен стил и фактори на ризик од животната средина, лесно може да се разберат. Три најголеми придонесувачи за ракот биле: пушењето тутун, физичката неактивност и вишокот телесна тежина. Ова значи дека ако овие три лоши навики (може да) се отстранат од животниот стил на лицето, тогаш тоа лице може ефикасно да ги намали своите лични ризици за појава и развој на ракот! Прва работа што треба да ја промените во животниот стил кога ќе ви биде дијагностициран канцер, е веднаш да ја промените исхраната (кетогена или алакална) и веднаш да започнете да внесувате антиканцерогени состојки, како што се канабиноиди, темјан, лук, ѓумбир, спирулина итн...

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Natural News

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: