ТЕЛ АВИВ - Во пресрет на светската пандемија од коронавирус - во канабисот е спасот! Израелска болница ќе започне со тестирање на пациенти засегнати од вирусот КОВИД-19 со медицински канабис, за кој е познато дека има антивирусни и антибиотски својства, како дел од новиот експериментален третман
Иако за целосно излекување од некоја сериозна болест или за стабилизирање на состојбата кај одредени медицински дијагнози потребни се сите активни состојки од канабисот, поради придружниот ефект и нивното меѓусебно содејство, сепак истражувачите решија да го испитаат ефектот само на комерцијално популарниот канабиноид канабидиол кај пациенти позитивни на Коронавирус. Тоа е не-психоактивна компонента во канабисот, исто така позната како CBD, која може да го забави ширењето на вирусот ковид-19 и да спречи пациентите кои се во умерена состојба, да не преминат во критична состојба. Десетици пациенти со КОВИД-19 во умерена состојба во Медицинскиот центар Ичилов во Тел Авив се очекува да бидат (из)лекувани.
Барак Коен (Barak Cohen), искусен анестезиолог, кој е одговорен за управување со одговорот на коронавирусот во болницата, истакна дека третманот ќе ги ублажи симптомите со употреба на „компонента од растението канабис што се смета за безбедна и не создава зависност“. Одделно, истражувачите од универзитетот во Тел Авив започнаа со развој на лек базиран на CBD, за кој се покажа дека е ефикасен против воспаление на клетките на белите дробови инфицирани со коронавирус. Институтот за технологија Technion во Хаифа, исто така работи на развивање на два комплементарни лекови засновани на разни врсти канабис за борба против вирусот. Првиот ќе се обиде да го намали имунолошкиот одговор на пациентот, додека вториот има за цел да го забави текот на болеста со намалување на експресијата на рецепторот, протеин што му овозможува на вирусот да прима и испушта супстанции надвор од клетката.
Професорот Дуди Меири |
„Нашата лабораторија е одобрена да работи како лабораторија за коронавирус и во моментов промовираме две студии засновани на постоечки студии за канабис“ - изјави за порталот Calcalist професорот Дуди Меири (Dudi Meiri), кој го води тимот на Технион. „Прво, ќе се обидеме да ги идентификуваме имуните клетки на растението кои се способни да го потиснат имунолошкиот одговор на коронавирусот, што предизвикува воспаление и заболувања. Молекулите на канабис растенијата имаат способност да ја намалат реакцијата на имунолошкиот систем без целосно да го потиснат, а со тоа да обезбедат подобар комплементарен третман од стероидите, кои целосно го потиснуваат имунолошкиот систем“ - додаде тој.
Во втората студија д-р Меири ќе се фокусира на рецепторот што му овозможува на вирусот да го инјектира својот генетски израз во човечките клетки и да се размножува. „Постои процес што го испитува ефектот на молекулите на канабис врз протеините“ - објасни тој. „Сега истражуваме кои од нив се релевантни за истиот рецептор, со цел да се намали неговиот израз, отежнувајќи го вирусот да влезе во клетката и да се размножува“ - заклучува д-р Меири.
Автор: MoniQue Konopova
Извор: Breitbart
ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:
ReplyDeletemarijuana-flower/indica/abusive-og
afghan-marijuana-seeds-fem
sativa/amnesia-haze-strain/
/black-jack-shatter/
<a href="https://buddersweed.com/shop/marijuana-flower/hybrid/black-widow-strain/