Showing posts with label метаболизам. Show all posts
Showing posts with label метаболизам. Show all posts

Monday, November 20, 2017

ТХЦ и другите канабиноиди го забрзуваат метаболизмот!

Тетрахидроканабинолот - ТХЦ, е активна состојка пронајдена во канабисот. Консументите на канабис, особено пушачите, долго време се прашуваа дали ТХЦ го зголемува метаболизмот? Но, зошто уживателите на оваа билка имаат најчесто непроменлива телесна тежина? Подобро е да си нелегално слаб, отколку легално дебел!
Конечно! Јадете колку сакате и што сакате и слабејте! ;)
Медицинските лица од здравствените служби на Универзитетот Колумбија, известуваат дека телото нормално ја обработува храната без разлика дали марихуана се користи повеќе или поретко. Но, како е возможно канабисот да предизвикува апетит, а тоа да не ни се одрази со вишок килограми? Предизвикува глад, но сите долгогодишни корисници на канабис коишто јас лично ги познавам, имаат непроменлива килажа, тие што имаат прекумерна имаат ослабено со текот на времето и иако јадат повеќе и најчесто не внимаваат што јадат, а пак се поздрави и зрачат со позитивна енергија, а да не спомнувам и дека целокупното здравје им е во одлична состојба. Тоа ме доведува до заклучокот дека марихуаната помага да ја одржуваме најоптималната телесна тежина за нас, токму поради тоа што канабиноидите го стимулираат метаболизмот преку ендоканабиноидниот систем.


Истражувачите открија два канабиноида кои можат да ја зголемат количината на енергија што ја согорува телото. Иако канабисот е познат по тоа што поттикнува глад кај оние кои го консумираат, познато како munchies (манчис), научниците откриле дека исто така може да има ефект на потиснување на апетитот по испитувањето на две соединенија, наречени тетрахидроконанавиварин (THCV) и канабидиол (CBD). „Резултатите на животинските модели беа многу охрабрувачки. Ние сме заинтересирани за тоа како овие лекови влијаат врз масното ткиво во организмот и како третман за метаболички болести“ - вели д-р Стеф Врајт (Steph Wright), директор за истражување и развој при GW Pharmaceuticals.

Подобро е да си нелегално слаб, отколку легално дебел!
Испитувањата на глувците покажаа дека соединенијата го зголемуваат метаболизмот кај животните, што доведува до пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и го намалуваат холестеролот во крвотокот. Исто така, се покажа дека THCV ја зголемува чувствителноста на животните кон инсулин, истовремено заштитувајќи ги клетките кои произведуваат инсулин, овозможувајќи им да работат подобро и подолго. Ова истражување е почетокот на развојот на третмани за болести поврзани со дебелина и тип 2 дијабетес. GW Pharmaceuticals веќе одамна работи на различни лекови базирани на марихуана за третман на мултиплекс склероза, епилепсија, болки од канцери и други состојби. Професорот Мајк Коуторн (Mike Cawthorne), директор за метаболичко истражување на Универзитетот во Бакингем, кој ги спроведува студиите за животни, рече: „Се чини дека овие молекули ја зголемуваат потрошувачката на енергија во клетките на телото преку забрзување на метаболизмот“.

Со преваленцијата на конгломерати за брза храна, дебелината станува сè потешко прашање и во Европските земји. „Овие наоди се исклучително важни, особено кога станува збор за споредување на марихуаната и алкохолот“ - истакнува уште пред пет години Роб Кампија (Rob Kampia), извршен директор на Проектот за политика на марихуана во Вашингтон, како реакција на наодите. „Марихуаната е очигледно побезбедна од алкохолот, но сега сфаќам зошто добив над 10 килограми кога престанав да користам марихуана, но продолжив да го употребувам алкохолот и покрај фактот дека алкохолот содржи калории, додека марихуаната не содржи ништо. Сега да дознаеме дека молекуларната структура на марихуаната всушност може да помогне кај дебелината и сличните болести, е прекрасно, но исто така е бесрамно кога мислите за континуираните напади на администрацијата на Обама врз медицинската марихуана. Ако Првата дама навистина е загрижена за дебелината во Америка, таа треба да му каже на сопругот да престане да се меша со законите и истражувањата на државната медицинска марихуана. Впрочем, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес убиваат стотици илјади луѓе во оваа земја секоја година. Марихуаната убива точно нула“ - заклучува тој.

Автор: К. К.
Извор: Sensi Seeds

Од канабис се слабее затоа што го регулира инсулинот!

Како што медицинскиот канабис го зазема своето место во мејнстрим културата, има милиони нови луѓе кои стануваат посвесни и едуцирани за повеќекратните придобивки и предностите на канабиноидите, особено од високото ниво на ТХЦ. Употребата на канабис овозможува пониска резистенција кон инсулин. Конзумирањето на медицински канабис, исто така, ги олеснува функциите поврзани со метаболизмот и исто така, помага да се подобри функцијата на инсулинот кај дијабетичарите. Канабисот, метаболизмот, дијабетесот и губењето на тежината се важна тема за некорисниците на канабис


Физички активности

Луѓето кои се ангажирани во многу физички активности имаат голема корист од конзумирањето на медицински канабис на дневна основа. Спортистите, на пример кои се  спортски повреди, откриваат дека нивната болка е отстранета по ингестија на медицински канабис. Вежбите, воопшто, го подобруваат физичкото здравје и кога се комбинираат со канабис, обезбедуваат уште еден начин за зголемување на метаболизмот и губењето на тежината. ТХЦ се таложи во мастите, па кога ги согоруваме вежбајќи - добиваме само дополнителен енергетски поттик.



Инсулински хормон

Панкреасот создава хормон наречен инсулин. Благодарение на инсулинот, телото користи гликоза или шеќер од јаглените хидрати кои се наоѓаат во енергетската храна. Од друга страна, гликозата може да се чува во телото за во иднина. Инсулинот е корисен во одржувањето на нивото на шеќер во крвта или зголемувањето на истото. Да речеме дека јадете оброк и нивото на шеќер во крвта брзо се зголемува, секрецијата на инсулин обично се зголемува за да се компензира, а потоа вишокот на инсулин се складира како маснотија. Ако премногу од гликозата во крвта не се искористи, дефинитивно ќе се добие вишок тежина. Ако не се третира инсулинот во телото правилно, ќе се забележи зголемување на телесната тежина.



THCV го потиснува апетитот!
Што вели науката која секогаш е неколку чекори зад вистината?

Американскиот журнал за медицина (The American Journal of Medicine) објави студија и откри дека ентузијастите за канабис имаат инсулин во нивните тела пред да јадат. Ова се нарекува fasting insulin и во споредба со луѓето кои не користат канабис, нивото им е околу 16 %  пониско. Истата студија, исто така, покажала дека луѓето кои консумирале канабис имале 17 %  ниво на инсулинска резистенција. Покрај тоа, тие имаат помал обем околу половината.


Мал обем околу половината

Истражувачите на оваа студија откриле дека постои силна корелација помеѓу малиот обем на половината и употребата на медицинска марихуана. ЦБД беше откриено дека се справува со одредени проблеми кои би биле погодни за губење на тежината:
Ги стимулира протеините што се користат за распаѓање на маснотиите;
Ја зголемува способноста на телото да согорува повеќе калории;
Намалува експресија на протеини во генерирањето масни клетки. 


Резултати

Кооперативно, резултатите од истражувачката студија произлегуваат од способноста на канабидиолот да предизвика конверзија на масното ткиво од бело масно ткиво, кое ја чува енергијата во кафеаво и беж масно ткиво, со цел да согорува калории. Кога мастите со кафеава и крем боја се зголемуваат, телото може да толерира гликоза, овозможувајќи отпорност на дијабетес и дебелина.


Медицинска заедница

Во медицинската заедница фактот дека луѓето го чуваат ТХЦ-то во телото, што е примарен психоактивен канабиноид во мастите. Процесот на чување на THC во телото може да биде зголемен поттик за луѓето кои работат секој ден. Всушност, енергетското засилување може да достигне и до 28 дена по консумирањето канабис.


Заклучок

Како што медицинскиот канабис му помага на телото да согорува маснотии, ТХЦ во телото се ослободува и оди во крвотокот. Потоа, нивото на ТХЦ во крвта ќе се зголеми, дури и по завршувањето на умерената програма за вежбање. Поради тоа, со продолжено вежбање и употреба на канабис со високи нивоа на ТХЦ, плус ТХЦ-то складирано во телото, целта на губењето на тежината е веќе реализирана. Зборувајте со експертите од Cannabis Training University за да дознаете повеќе.


Автор: К. К.

Thursday, April 6, 2017

Ајде, малце за CB1 рецепторот...

CB1 рецепторите, исто така ги посредуваат повеќето од психотропните ефекти од Delta 9 - тетрахидроканабинол (THC), главната психоактивна компонента од канабисот


Кликни на сликата!
Можеби до некое време не се зборуваше воопшто за диета на база на КАНАБИС, прибидејќи „сите“ знаеме после добар Канабис, по кратко време веќе се чувствуваме „малце“ по гладни. Но, треба да се консумира она што на организмнот му недостига. Ако не му го дадеш она што му е потребно и го лупаш со тоа-па-тоа, настапува дебелина и БОЛЕСТИ... Епа... CB1 канабиноидниот рецептор го привлече многу вниманието и интересот поради забелешката дека CB1 рецепторите како антагонисти имаат ефикасност во лекувањето на „метаболизизмот“ како синдром и дебелината исто така. 

Канабиноидите го балансираат метаболизмот!
CB1 рецепторите се компоненти на една интересна и широко распространета систем-сигнализација наречена ендоканабиноиден систем. Тој е составен од канабиноидни рецептори, ендогени канабиноиди и метаболички патишта одговорни за нивната синтеза и деградација. Деталите на ендоканабиноидниот систем најтемелно биле изучувани во мозокот. Овде се покажало дека биле вклучени т.е активирани во неколку форми на невронската синапсичка врска. 

Марихуана = решение за многу проблеми!
Значи со активирање (поврзување) на CB1 рецепторите со ендоканабиноидите, доаѓа до краткорочни или долгорочни промени во ефикасноста на синаптичкиот пренос. Однесувањето на последиците од овие промени се многу, но некои од највпечатливите и релевантни за некои научни трудови или како што тие сакаат да кажат, медицина основана на докази се оние поврзани со ендогена „награда“ и поголема потрошња на масното ткиво.

It's not big deal :) #ЗапалиЏокацИСееОкеј

Превземено од: Зелена Алтернатива;
Извор: PubMed


Поракава е чисто за приказ дека канабисот треба да ни биде достапен на СИТЕ, а не само на оние со најтешки болести. Одредени состојби знаат да го уништуваат квалитетот на животот на човекот и не може да се живее нормален живот. Екстремно јака главоболка која во моментот траеше повеќе од десетина дена и хемиски лекови не помагаа, се реши со неколку денови користење на канабис. Уште еднаш ќе повторам, канабисот треба да е достапен на СИТЕ за било каква употреба, во било која форма!“ - изјавува Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

Едуцирајте се!

Wednesday, December 30, 2015

Колку време остануваат трагови од канабис во метаболизмот по консумирањето?

Тетрахидроканабинолот - THC e главната природна хемиска состојка откриена во марихуаната која е одговорна за еуфоричното чувтсво што го сакаат рекреативните корисници, но и состојка која е одговорна за убивањето на канцерогените клетки, ефект посакуван од страна на пациентите. Оваа органска состојка е екстремно хидрофобна и се распаѓа во телото за време на метаболитичните процеси во околу 80 различни метаболити

Поради хидрофобната природа на овие метаболити, поларните молекули како што е водата, не можат да ги растворат, за разлика од лесното растворување на алкохолните молекули од страна на водата. Метаболитите од канабисот се групираат со други неполарни молекули, како што се алканите и масните молекули (телесните масти), во косата и ноктите. THC всушност се складира во мастите и кога спортуваме се ослободува давајќи ни додатна енергија - ефект посакуван и нашироко употребуван од страна на спортистите.

Канабисот не е дрога, но поради законските одредни што така го класифицираат, ограничуваат и забрануваат ова растение, одредени работни места на пример не дозволуваат употреба ниту на марихуана и покрај тоа што лицето е болно и со помош на канабис само се лекува. За да го надитрите законот или пак само за да го „положите“ тестот за присуство на канабис што некој ви наложил или ве замолил да го направите, треба да знаете колку време во системот се задржуваат трагите од користењето марихуана и на кој начин таа се разложува. И покрај тоа што рекреативниот ефект трае сосем кратко без никакви последици врз свеста на корисникот, трагите од користењето се задржуваат подолг период. Остатоците од канабис се возможни за детектирање извесно подолг период, во споредба со некои синтетички дроги/лекови. Па честопати на тестовите за присуство на супстанци многу полесно си поминуваат наркоманите, во споредба со пушачите на трева.

Концентрации на нивото на THC по консумирањето

Пушењето и вапоризацијата на цветови и екстракти е најчестиот начин на внесување канабиноиди. По инхалацијата, тетрахидроканабинолот веднаш се внесува во крвниот систем низ белите дробови. Со забрзаната циркулација на срцето, овој канабиноид во комбинација со голем број на други, меѓу кои и канабидиолот - CBD, делуваат веднаш на човечкиот ендоканабиноиден систем со интеракција на CB1 и CB2 рецепторите лоцирани насекаде низ телото. THC многу лесно и веднаш се детектира непосредно по консумирањето. Кај нередовните корисници, нивото на THC паѓа побрзо, во споредба со редовните корисници. 

Ова растечка и профитабилна индустрија!
Генерално, концентрацијата на THC во крвта исто така многу брзо опаѓа по консумирањето канабис, поради тоа што се распространува со крвотокот до сите ткива и органи. Како и да е, не е невообичаена појавата нивото на THC да остане високо во крвта и неколку денови кај секојдневните корисници на марихуана. Кај секого е индивидуално. Научниците заклучиле дека телото елиминира 60-80% од состојките на канбисот низ изметот. 

Исто така треба да се знае дека THC e неполарна липосолубилна молекула, што значи дека е апсорбирана од страна на липидите, т.е. масните клетки од телото. Студиите покажуваат дека THC е складирано во телесните масти и со редовната употреба, може да се задржи таму и неколку недели. Со текот на времето, масните ткива ги враќаат молекулите на THC во крвта, каде што црниот дроб ги преработува во непсихоактивни THC-COOH деривати за одржување на телото. И покрај тоа што не треба да се плашите и срамите од правење нешто што е здраво, сепак доколку морате да се криете и доколку ви претстои опастност од тестирање, подобро е и да направите некој месец пауза.

Видови на тестови за присуство на канабис

Остатоците во косата остануваат подолго
отколку во крвта и урината
Тестовите за присуство на THC во крвта можат да бидат поделени во две групи - поранешна употреба и моментална интоксикација. За проверка дали лицето некогаш користело марихуана, најчесто се крости тест на урина или коса (кој е многу скап). Овие тестови најчесто секогаш го проверуваат присуството на THC-COOH молекулите. За детекција на моменталното присуство најчесто се прават тестови на крвта или плунката. Овие тестови проверуваат дали има присуство на THC молекули во моментот, што за службените лица е индикатор дека лицето е под дејство, но тие не знаат дека секој човек има различен праг на толеранција на THC. Количеството канабис што е доволно или премалку за еден, може да биде премногу за друг. Марихуаната не е алкохол и оттука толеранцијата на количество марихуана не може да се споредува со толеранцијата на исто количество на алкохол. 

Прочитајте повеќе за триковите како успешно да ги прелажете тестовите за детектирање на марихуана во следниот текст.

Извор: THC Over Dose