Showing posts with label легално. Show all posts
Showing posts with label легално. Show all posts

Monday, September 21, 2020

Сите наши тековни простории за одгледување успешно работат од пред неколку дена!


Конечно дојде и тоа време! Сите простории успешно работат веќе 7 дена и сите Ваши билки витално растат и се развиваат до својот целосен потенцијал!



Ние сме многу горди што успеавме во ова и покрај сите мерки и ограничувања од Корона вирусот и сега сме посилни од кога било порано. Со оглед на ова, сакаме да ја завршиме GMP лиценцата за приземјето што е можно поскоро во Ваш и наш интерес, следните простории сè уште треба да се пренаменат:

  • Алфа (Alpha)
  • Браво (Bravo)
  • Собата со мајките (Mother room)


Ќе започнеме со реконструкција и изградба на просториите по сегашниот раст во Алфа и Браво просториите, за да можеме да ја добиеме GMP лиценцата за целото приземје со максимална брзина - што во моментов е во план од подолго време.


Често поставувано прашање од страна на CannerGrow корисниците: „Како влијаат врз мене како сопственик на растенија во овие простории, конверзиите од Алфа и Браво?“ Откако ќе порасат моменталните стебла во Алфа и Браво, одгледувањето во овие две простории ќе биде паузирано приближно 4-6 недели, бидејќи работата со реновирањето ќе се одвива во собите, како и надвор. Потоа ќе се сади повторно директно и сè ќе продолжи како и обично.


Во исто време, се разбира, сите подготовки за GMP сè уште траат, вклучително и тековно пишување на капитални документи за да се поднесе апликацијата што е можно побрзо.


Ајде да ја правиме историјата заедно!

- Вашиот тим на Cannerald & CannerGrow.


Автор: MoniQue Konopova
Извор: Cannerald

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Sunday, September 6, 2020

САМО ТРИ ЧЕКОРИ ДО ВАШАТА ПРВА ЛЕГАЛНА БИЛКА!

Канералд (Cannerald) е Швајцарска канабис компанија за истражување и производство на висококвалитетен канабис и производи од тоа растение. Канералд го прави невозможното да стане возможно! 



Сега секое физичко лице од секој дел од светот благодарение на оваа фирма, преку нивниот проект за активно легално учество во канабис индустријата наречен Канергроу (CannerGrow), има шанса да одгледува медицински канабис и при тоа солидно да заработува без потреба од лиценци за одгледување, без разлика дали станува збор за лична употреба или за продажба. 


Не мора да се грижите за ништо, бидејќи Канералд одгледува наместо Вас и се грижи буквално за сè! Мисијата на оваа компанија е да произведува висококвалитетен канабис и производи, како ЦБД екстракти, бонбони и др. кои се социјално прифатени во цела Европа, а нивната главна мотивација е да допринесат во политичкото, социјалното и научното движење на целиот Европски канабис пазар.


Затоа сега можеш да одгледуваш медицински канабис 100% легално! ЕВЕ КАКО ВО ТРИ ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ ДО ВАШЕТО ПРВО КАНАБИС РАСТЕНИЕ! САМО 3 ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ ДО ВАШАТА ПРВА БИЛКА!


1.) РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ БЕСПЛАТНО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK и без никаква обврска према CannerGrow. (Ќе добиете детален преглед, многу информации за залихите, одгледувањето и локациите, може да ги видите просториите за производство преку камери во живо и да ги дознаете цените).


2.) По регистрацијата, се најавувате, кликате на "PLANT SALES", ја избирате саканата количина и кликате на "BUY NOW". (Имате можност да платите со Bitcoin или со нормален банкарски трансфер).


3.) Седнете, опуштете се и оставете ја компанијата Cannerald да го стори останатото и да одгледува канабис за Вас професионално и сериозно.


Може да ни поставите отворени прашања. Ако имате какви било прашања, администраторите и лицето што ве поканило во CannerGrow се секогаш тука за да Ви помогнат!


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: 


Tuesday, August 29, 2017

Кина е светски центар за производство на конопните култури

Берба на коноп во Кина
Секоја година во април Џианг Зингхуан (Jiang Xingquan) издвојува дел од својата нива во Северна Кина за да одгледува коноп. Големината на посадената парцела варира во зависност од побарувачката на пазарот, но таа константно се зголемува и во последните неколку години изнесува 600 хектари. Како секој друг земјоделец што одгледува канабис во Хексин, во провинцијата Хејлунџанг во близина на границата со Русија, Џианг ја одгледува оваа култура легално. Одгледувачите ги продаваат стеблата од коноп на фабриките за текстил за производство на висококвалитетни ткаенини, листовите од растенијата ги продаваат на фармацевтските компании, а семето го продаваат на фирмите кои се занимаваат со производтво на прехранбени продукти, претежно закуски, масло за јадење (зејтин) и пијалаци.

За земјоделците во Кина, конопната култура претставува зелено злато - конопот им носи повеќе од 10.000 јуани (над 1.200 евра) по хектар, во споредба со само неколку илјади јуани за повеќето најпознати култури како што е пченката. Исто така, канабисот е лесен за одгледување затоа што има малку природни непријатели, па затоа нема потреба од скапи пестициди. „Тоа е чиста добивка“ - истакнува Џијанг. Фармата на Џијанг е блиску до Арктикот и е еден од главните центри во земјата за легално производство на оваа култура. Властите во покраината прогледаа низ прсти на неговото производство, пред официјалното легализирање и регулирање на канабисот во Кина минатата година.


Според Националното биро за статистика областите во Кина кадешто се одгледува коноп ја сочинуваат половината од светското легално комерцијално земјиште за култивирање канабис. Благодарение на владината поддршка и долгата традиција, Кина, покрај Израел тивко стана суперсила за производство и истражување на канабисот. Нема официјални бројки за количината на коноп што Кина го произведува секоја година, а плантажите цветаат. Ова е делумно овозможено од страна на научниците финансирани од страна на Владата за да ги изучуваат воените употреби на растението, вклучувајќи лекови и ткаенини за униформа.


Селото Yi над Weixi во централната провинција Yunnan
Низ децениите истражувачите развиле разновидни хибридни врсти, кои не самошто преживеале во Кина, туку и напредувале во кинеските разновидни животни средини, започнувајќи од студените предели кај Арктикот во Хејлунџијанг, па сè до пустинските услови до пустината Гоби, па завршувајќи во суптропските климатски услови во Јунан. Во 2014 година Министерството за јавна безбедност соопшти дека пронајден е голем број на нерегистрирани плантажи од коноп и канабис низ целата земја, особено во Џилин и Внатрешна Монголија. 

Конопот од канабисот се разликува по количеството на THC, но од двете билки може да се прават лекови поради тоа што и конопните врсти содржат CBD. Канабидиол е канабиноидот што не е психоактивен, неопходен е за третирање епилепсија, а во последно време е многу популарен поради тоа што е легален. Сепак, без синергијата од другите канабиноиди, флавоноиди и терпини, особено без моќта на канабиноидот THC, лековитиот потенцијал на произведените препарати е значително ограничен. 


Канабисот во Кина се одгледува со векови, главно поради силните влакна од растението од кои се прават јажиња, ткаенини и хартија. Ткаенини од коноп стари над 3.400 години се пронајдени во гробниците на династијата Шанг (Shang) во Хебеј и се смета дека растителните влакна од конопот се основата на најраните форми на хартија направени во земјата. Другите делови од растението исто така од дамнешни времиња се користеле во алтернативната кинеска медицина.