Tuesday, August 29, 2017

Кина е светски центар за производство на конопните култури

Берба на коноп во Кина
Секоја година во април Џианг Зингхуан (Jiang Xingquan) издвојува дел од својата нива во Северна Кина за да одгледува коноп. Големината на посадената парцела варира во зависност од побарувачката на пазарот, но таа константно се зголемува и во последните неколку години изнесува 600 хектари. Како секој друг земјоделец што одгледува канабис во Хексин, во провинцијата Хејлунџанг во близина на границата со Русија, Џианг ја одгледува оваа култура легално. Одгледувачите ги продаваат стеблата од коноп на фабриките за текстил за производство на висококвалитетни ткаенини, листовите од растенијата ги продаваат на фармацевтските компании, а семето го продаваат на фирмите кои се занимаваат со производтво на прехранбени продукти, претежно закуски, масло за јадење (зејтин) и пијалаци.

За земјоделците во Кина, конопната култура претставува зелено злато - конопот им носи повеќе од 10.000 јуани (над 1.200 евра) по хектар, во споредба со само неколку илјади јуани за повеќето најпознати култури како што е пченката. Исто така, канабисот е лесен за одгледување затоа што има малку природни непријатели, па затоа нема потреба од скапи пестициди. „Тоа е чиста добивка“ - истакнува Џијанг. Фармата на Џијанг е блиску до Арктикот и е еден од главните центри во земјата за легално производство на оваа култура. Властите во покраината прогледаа низ прсти на неговото производство, пред официјалното легализирање и регулирање на канабисот во Кина минатата година.


Според Националното биро за статистика областите во Кина кадешто се одгледува коноп ја сочинуваат половината од светското легално комерцијално земјиште за култивирање канабис. Благодарение на владината поддршка и долгата традиција, Кина, покрај Израел тивко стана суперсила за производство и истражување на канабисот. Нема официјални бројки за количината на коноп што Кина го произведува секоја година, а плантажите цветаат. Ова е делумно овозможено од страна на научниците финансирани од страна на Владата за да ги изучуваат воените употреби на растението, вклучувајќи лекови и ткаенини за униформа.


Селото Yi над Weixi во централната провинција Yunnan
Низ децениите истражувачите развиле разновидни хибридни врсти, кои не самошто преживеале во Кина, туку и напредувале во кинеските разновидни животни средини, започнувајќи од студените предели кај Арктикот во Хејлунџијанг, па сè до пустинските услови до пустината Гоби, па завршувајќи во суптропските климатски услови во Јунан. Во 2014 година Министерството за јавна безбедност соопшти дека пронајден е голем број на нерегистрирани плантажи од коноп и канабис низ целата земја, особено во Џилин и Внатрешна Монголија. 

Конопот од канабисот се разликува по количеството на THC, но од двете билки може да се прават лекови поради тоа што и конопните врсти содржат CBD. Канабидиол е канабиноидот што не е психоактивен, неопходен е за третирање епилепсија, а во последно време е многу популарен поради тоа што е легален. Сепак, без синергијата од другите канабиноиди, флавоноиди и терпини, особено без моќта на канабиноидот THC, лековитиот потенцијал на произведените препарати е значително ограничен. 


Канабисот во Кина се одгледува со векови, главно поради силните влакна од растението од кои се прават јажиња, ткаенини и хартија. Ткаенини од коноп стари над 3.400 години се пронајдени во гробниците на династијата Шанг (Shang) во Хебеј и се смета дека растителните влакна од конопот се основата на најраните форми на хартија направени во земјата. Другите делови од растението исто така од дамнешни времиња се користеле во алтернативната кинеска медицина.

No comments:

Post a Comment