Showing posts with label текстил. Show all posts
Showing posts with label текстил. Show all posts

Tuesday, February 26, 2019

Придобивки и начини на употреба на конопот

Коноп - Употреба и бенефиции; Конопот е едно од најкорисните растенија на Земјата. Низ илјадници години луѓето користеле делови од оваа прекрасна билка за храна, текстил, хартија, ткаенина, гориво, градежен материјал и мазут, а и денес се прави градежен и материјал за изолација, лиена пластика и сл.


Индустрискиот коноп е тврдо, брзо растечко тревно растение. Широкиот лист ја блокира сончевата светлина што ги инхибира конкурентните гранчиња, намалувајќи ја потребата за употреба на тешки хербициди. Во денешно време многу коноп се одгледува органски, без потреба од синтетички земјоделски адитиви. Може да достигне височина до 4,5 метри и може да биде подготвен за жетва за околу 100-120 дена по сеидбата. Но, наместо да се сади во текот на целата година, најдобро се користи ротациона култура, со соја, сорго, итн, бидејќи нивниот долг корен и лиснат зеленчук го враќа многу потребниот азот на некогаш истрошените почви. Еве некои од најважните апликации на конопот:

Храна

Семето од коноп и маслото се многу хранливи. Семето е одличен извор на протеини, минерали и диетални влакна. Тоа е единствената билка која ги содржи сите есенцијални масни киселини и амино киселини потребни за функциите на телото, вклучувајќи го и метаболизмот, кожата, мозокот и срцето. Многу луѓе јадат риби и земаат додатоци од рибино масло за да ги добијат овие суштински масти, но загриженоста околу риболовот и хемиската контаминација на современите риби предизвикаа многумина да се префрлат на вегетаријанска и одржлива опција од коноп (кој содржи омега 3,6 и 9). Конопот е исто така, добар за животните, а некои ветеринари препорачуваат да се вклучи во исхраната на домашни миленици и добиток.


Нега на тело

Поради високата содржина на корисни масла и природни емолирни својства, конопот станува заедничка состојка во лосиони и многу други производи за нега на кожа, коса и козметички производи. Тоа е добра алтернатива на токсичните хемикалии присутни во многу нафтени базирани лосиони и козметички производи.


Хартија

Конопот е идеален материјал за правење хартија. Историски гледано, се користел за правење хартија илјадници години наназад. Од конопот се прави фина хартија, која е природна без киселина и не станува жолта и кршлива или со текот на времето се дезинтегрира како конвенционалната хартија од дрвена целулоза. Тоа е побрз и поефикасен начин на растење на растителни влакна, отколку употребата на дрвјата.


Ткаенини, текстил и јаже

Конопот може да се користи за да се направат различни ткаенини, слични на, но потрајни од памукот. Зборот платно доаѓа од латинското име за коноп. Исто така е одличен за правење килими и други текстили. Најстарата позната ткаена ткаенина е направена од коноп, како и оригиналните дресивни фармерки на Леви Штраус и првото американско знаме. Тоа беше чест материјал за облека додека индустријата за памук не се здоби со сила во Америка. Оваа неверојатна билка е традиционалниот извор на влакно за производство на јаже, поради нејзината флексибилност, сила и отпорност на оштетување од водата. Во изминатите векови, тоа беше исклучително важно за Морнарицата, превозот на стоки и риболов, бидејќи беше искористена за правење јажиња, мрежи и едра.


Гориво

Со векови, маслото од коноп се користело како масло за лампи. Тоа започна да се прекинува во Америка во 1870-тите, кога беше воведена нафтата. Денес маслото од коноп може да се користи за создавање биогорива како замена на бензинот за дизел мотори. За разлика од фосилните горива, биогоривата се обновливи и произведуваат помалку јаглерод моноксид стакленички гасови.



Пластична алтернатива

Стандардна пластика се прави од фосилни горива со токсични хемикалии. Различни алтернативи на пластика може да се направат од коноп. Во 1941 година, Хенри Форд одржа медиумски настан каде што беше претставен прототип автомобил тело (каросерија) од коноп и друг растителен материјал, за да го докаже ова. Технологијата никогаш не била ставена во масовно производство, автомобилите продолжиле да се прават од челик, а пластиката направена од петрохемиски производи станала норма.



Градежни Материјали

Материјалите базирани на коноп можат да го заменат дрвото и другите материјали што се користат за изградба на домови и други објекти, вклучувајќи темели, ѕидови, ќерамиди, облоги, цевки и бои. Современите градежни материјали Хемпкрит (Hempcrete) и Ајзоканвер (Isochanvre) се лесни, водоотпорни, огноотпорни, звучна изолација, самоизолаторни и отпорни на штетници.




Автор: MoniQue Konopova
Извор: Econation

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Monday, February 26, 2018

Малку забранета историја: Канабисот и војната во 1812 година

Продолжуваме со фељтонот „Малку забранета историја“. Овој пат за употребата на канабисот во текстилната индустрија во не така далечното минато. Со оваа историја за Наполеон сфаќам зошто историјата на училиште секогаш ми била супер досадна и зошто само малку е кажано за овој француски војсководец и освојувач

Наполеон Бонапарте имал потреба од коноп
Секој пат сè повеќе и повеќе се восхитувам на преширокиот ранг на употреба на ова растение. За сè она за што може да го користиме, а тоа да е одржливо и во целосна согласност со природата. Преку оваа приказна, канабисот уште еднаш се докажува како УНИВЕРЗАЛНО растение. Приказната за Наполеоновите војни и војната од 1812 година е длабоко испреплетена со приказната за конопот.


Долги векови, Русија била најголемиот светски производител на текстил од канабис. И покрај растечкиот број на фарми и млинови за канабис во Канада, во раните 1800тини моќната морнарица на Велика Британија сè уште била зависна од јажиња и едра направени од канабис во Русија. Како што Наполеон завземал се поголема моќ во Франција, Британија ја блокирала Европа со нејзината помоќна морнарица, прекинувајќи ја целата Атлантска трговија на континентот со контролата која ја вршела преку Британскиот Канал и Гибралтарскиот Проток.


Франција сега се обидува да ги ублажи законите! КЛИКНИ!
Немоќен да победи по морски пат, Наполеон пробал да ја победи Британската морнарица забранувајќи ја цела Европска трговска соработка со Британија, со цел да го прекине нивното снабдување со канабис и економски да ја изолира земјата. За да се спаси од трговската забрана, Британија понекогаш ги заробувала Американските бродови и ги присилувала да се снабдат со Руски канабис и да го доведат во Англија. Русија не можела да се придржува кон ембаргото долго време бидејќи индустријата за канабис била многу важна за нивната економија.


Наполеон тогаш за да ја запри Британската морнарица од снабдување на канабисови јажиња и едра ја започнал катастрофалната инвазија на Русија во 1812 година. Америчката морнарица била изградена од домашно израснат канабис сработен со робовски труд. Изнервирани од Британското насилно превземање на навните бродови, нивната блокада за Европа и гледајќи можност да ја прошират нивната територија, САД им објавиле војна на Британија и пробале да упаднат во Канада во 1812 година, која сè уште го појачувала производството на канабис за да ја задоволи побарувачката на Британија.

Канабисот е дефинитивно универзално растение... -

Извор: Cannabisculture

Tuesday, August 29, 2017

Кина е светски центар за производство на конопните култури

Берба на коноп во Кина
Секоја година во април Џианг Зингхуан (Jiang Xingquan) издвојува дел од својата нива во Северна Кина за да одгледува коноп. Големината на посадената парцела варира во зависност од побарувачката на пазарот, но таа константно се зголемува и во последните неколку години изнесува 600 хектари. Како секој друг земјоделец што одгледува канабис во Хексин, во провинцијата Хејлунџанг во близина на границата со Русија, Џианг ја одгледува оваа култура легално. Одгледувачите ги продаваат стеблата од коноп на фабриките за текстил за производство на висококвалитетни ткаенини, листовите од растенијата ги продаваат на фармацевтските компании, а семето го продаваат на фирмите кои се занимаваат со производтво на прехранбени продукти, претежно закуски, масло за јадење (зејтин) и пијалаци.

За земјоделците во Кина, конопната култура претставува зелено злато - конопот им носи повеќе од 10.000 јуани (над 1.200 евра) по хектар, во споредба со само неколку илјади јуани за повеќето најпознати култури како што е пченката. Исто така, канабисот е лесен за одгледување затоа што има малку природни непријатели, па затоа нема потреба од скапи пестициди. „Тоа е чиста добивка“ - истакнува Џијанг. Фармата на Џијанг е блиску до Арктикот и е еден од главните центри во земјата за легално производство на оваа култура. Властите во покраината прогледаа низ прсти на неговото производство, пред официјалното легализирање и регулирање на канабисот во Кина минатата година.


Според Националното биро за статистика областите во Кина кадешто се одгледува коноп ја сочинуваат половината од светското легално комерцијално земјиште за култивирање канабис. Благодарение на владината поддршка и долгата традиција, Кина, покрај Израел тивко стана суперсила за производство и истражување на канабисот. Нема официјални бројки за количината на коноп што Кина го произведува секоја година, а плантажите цветаат. Ова е делумно овозможено од страна на научниците финансирани од страна на Владата за да ги изучуваат воените употреби на растението, вклучувајќи лекови и ткаенини за униформа.


Селото Yi над Weixi во централната провинција Yunnan
Низ децениите истражувачите развиле разновидни хибридни врсти, кои не самошто преживеале во Кина, туку и напредувале во кинеските разновидни животни средини, започнувајќи од студените предели кај Арктикот во Хејлунџијанг, па сè до пустинските услови до пустината Гоби, па завршувајќи во суптропските климатски услови во Јунан. Во 2014 година Министерството за јавна безбедност соопшти дека пронајден е голем број на нерегистрирани плантажи од коноп и канабис низ целата земја, особено во Џилин и Внатрешна Монголија. 

Конопот од канабисот се разликува по количеството на THC, но од двете билки може да се прават лекови поради тоа што и конопните врсти содржат CBD. Канабидиол е канабиноидот што не е психоактивен, неопходен е за третирање епилепсија, а во последно време е многу популарен поради тоа што е легален. Сепак, без синергијата од другите канабиноиди, флавоноиди и терпини, особено без моќта на канабиноидот THC, лековитиот потенцијал на произведените препарати е значително ограничен. 


Канабисот во Кина се одгледува со векови, главно поради силните влакна од растението од кои се прават јажиња, ткаенини и хартија. Ткаенини од коноп стари над 3.400 години се пронајдени во гробниците на династијата Шанг (Shang) во Хебеј и се смета дека растителните влакна од конопот се основата на најраните форми на хартија направени во земјата. Другите делови од растението исто така од дамнешни времиња се користеле во алтернативната кинеска медицина.