Showing posts with label мозочни. Show all posts
Showing posts with label мозочни. Show all posts

Saturday, November 12, 2016

Научна студија потврди дека пушењето канабис ги подобрува мозочните перформанси




Една неодамнешна канадска студија исто така потврди дека THC (тетрахидроканабинолот) ги прави лабораториските стаорци попаметни

Се запрашувате зошто корисниците на канабис се толку паметни и креативни? Научните наоди неодамна објавени во зборникот Frontiers in Pharmacology ја расчистија мистеријата еднаш засекогаш. Прелиминарните истражувања од страна на медицинските истражувачи од McLean Hospital, Harvard Medical School и Tufts University укажуваат дека користењето трева ги подобрува когнитивните перформанси! Когнитивниот перформанс е нашата способност да ги користиме знаењата стекнати од менталните процеси во мозокот. Со други зборови, извршување на задачи кои бараат процесирање на информации (размислување). 

Научниците кои се занимаваат со однесувањето во своето истражување „Сјај во тревата? Пилот студија што го проценува влијанието на марихуаната врз извршната функција“ (Splendor in the Grass? A Pilot Study Assessing the Impact of Medical Marijuana on Executive Function) проследуваа 24 сертифицирани пациенти кои користат медицинска марихуана, во период од три месеци на користењето на овој природен лек. Испитаниците биле постојано надгледувани и им биле мерени когнитивните вештини преку разни тестови на интелигенција и предизвици кои ги вклучувале тестовите Trail Making Test, како и Stroop Color Word Test

Д-р Стејси Грубер (Staci Gruber) директор на програмата „Истражувања врз марихуаната за невронаучното откритие“ (Marijuana Investigations for Neuroscientific Discovery - MIND) при болницата McLean Hospital - Harvard Medical School’s со нејзиниот извештај даде двојно позитивно мислење за канабисот. Третманот со трева доведе пациентите да се справат со мозочните тестови и загатки со невидена леснотија, брзина и точност. „По три месечен третман со марихуана, пациентите всушност даваа подобри резултати, од аспект на нивната способност за извршување на одредени когнитивни задачи, посебно оние со посредство на фронталниот кортекс“ - објаснува Грубер. 


Учесниците во студијата, исто така, изјавиле подобрувања во нивните специфични клинички состојби, спиење и општото здравје, како и намалена потреба од употреба на конвенционалните лекови, особено опијати. „Видовме намалување за 42 отсто кај употребата на опијати. Ова е значајно, особено за оние од нас во Масачусетс и другите области на земјата каде што епидемијата со опијати убива толку многу. Ова прелиминарно откритие со сигурност бара подлабока и поширока истрага“ - додава таа.

За помалку од една недела, електоратот во пет американски држави (една од нив е Масачусестс) имаат можност да гласаат за легалниот марихуана клуб. Доколку само една од овие држави, Калифорнија на пример, изгласа легална употреба за возрасни, буквално милиони Амњериканци ќе добијат можност легално да користат марихуана, без страв дека ќе бидат прогонувани од полицијата и без да го имаат чувството дека според закон се криминалци.

Кој пробал - знае! Нам не ни се потребни додатни истражувања за да се докажува она што отсекогаш се знае дека е така. Да. Канабисот може да те направви попаметен и посреќен човек и да, луѓето ќе ја користат марихуаната. „Луѓето ќе ја користат. Наша задача е да ги дознаеме најдобрите и најбезбедните начини на кои тие можат да го прават тоа“ - заклучува Д-р Грубер.


П.С. Авторот беше напушен и пушеше канабис додека го пишуваше овој текст... :)

M. Konopova

Friday, June 3, 2016

Редовното консумирање канабис го спречува стареењето на мозокот!

Канабисот не` подмладува!
Научниците открија дека волуменот на сивата маса не се намалил по четири години континуирана и обилна консумација на канабис и дури еден дел од мозокот се намалил помалку со текот на времето кај пушачите на трева, во споредба со непушачите


Авторите на најновото истражување за канабисот и активноста на мозокот иницијално предвидоа дека долготрајната употреба на канабис може да намали одредени региони во мозокот. Вака се сметаше до неаодмна, иако реалноста е сосем поинаква и токму тоа беше потврдено со оваа студија. 

Истражувачите од Холандија ги разгледаа конфликтните наоди помеѓу научниците кои велат дека пушачите на трева имаат помали мозоци, оние кои сметаат дека пушачите на трева имаат поголеми мозоци и оние наоди на научниците кои застапуваат било какви други теории. Некои од овие меѓу-секторски студии само претставуваат момент од времето и тие не можат да ја докажат каузалноста во повеќето случаи. Затоа холандските научници одлучија да спроведат лонгитудинален експеримент за да истражат како консумирањето на канабис влијае врз мозокот долгорочно гледано.

Стив Џобс редовно консумирал канабис
За да го спроведат експериментот истражувачите спровеле магнетна резонанца на мозокот кај 33 пушачи на трева и 43 „здрави“ контролни испитаници (кои не пушеле трева). Започнувајќи на просечна возраст од 20 години, волонтерите биле вклучени во студијата се` додека не наполниле 24 години. И покрај тоа што некои од нив биле исклучени од студијата, примерокот сепак бил доволно голем за да се постават значајни заклучоци

Резултатите покажаа дека пушењето канабис за време на доцната адолесценција, не ја менува морфологијата на сивата маса. Она што ги изненади противниците на конопот е дека пушачите на трева во студијата имале поголем церебрален дел (регионот во задниот дел од мозокот кој е одговорен за моториката, координацијата, јазикот и тн.). Овој дел од мозокот природно се собира како што старееме. Се покажа дека редовното консумирање на канабис може на некој начин да ја спречи оваа природна појава. 

Јас сум напушен/а, но не сум глупав/а!
Една друга научна студија објавена во октомври 2015 година ги употреби податоците од Human Connectome Project (масивно мултинационално истражување за да се откријат врските помеѓу сите неврони во мозокот), покажа дека канабисот не е причина за абнормалностите во мозокот, туку за тоа се одговорни гените. Оваа студија ги спореди мозочните снимки од близнаци од кои едниот пушел трева, а другиот не. Се покажа дека сите промени во мозокот кај едниот близнак, биле присутни и кај другиот. Другите научни студии до сега потврдија дека канабисот не претставува опасност за тинејџерскиот мозок во развој. Опасни супстанци кои го загрозуваат развојот на адолесцентскиот мозок се легални и  тоа: никотин, алкохол, кофеин, фармацевтски лекови, синтетички дроги...