Showing posts with label разградлива. Show all posts
Showing posts with label разградлива. Show all posts

Friday, April 6, 2018

Дали пластиката од коноп е спасот за нашата планета?

Треба да го прифатиме конопот или да ги трпиме последиците од неговото неприфаќање? Пластиката од коноп е биоразградлива (се распаѓа по бактериски пат), одржлива е (не ѝ штети на на околината) и нетоксична алтернатива за пластиката на база на нафта која масовно ја загадува нашата околина. Но, зошто не зборуваме за тоа јавно и транспарентно?


Конопот е едно од најсестраните растенија на планетава. Не само што се користи за правење на лек, како масло од ЦБД, туку може и да се доведе до конец за облека и  хартија, неговото семе е премногу хранливо и може да се користи како извор на гориво. А, дали знаете дека од неговото стебло може да се направи пластика? Бидејќи пластиката продолжува да ја загадува нашата околина, многумина гледаат на коноповота пластика како најдобра алтернатива.


Пластиката и околината

Производството на пластика започнало пред помалку од 80 години, но веќе имаме произведено повеќе од 8 билиони тони од 1950тите. Нажалост, само 9% од таа пластика е рециклирана. Околу 12% се гори, а останатите 79% опстануваат на нашата планета во депонии или во водите. И покрај тоа, сè уште годишно се произведуваат повеќе од 300 милиони тони.


Повеќе од 8 милиони тони пластика се исфрлени во океаните секоја година и тоа го уништува нашиот екосистем. До 2050 година се претпоставува во океаните да има повеќе пластика од риби. За злото да не биде малку, студија од 2006-та заклучила дека дотогаш може да исчезнат сите морски риби. Како последица на комбинацијата од загадувањето, климатските промени и други фактори, сите океански риби би исчезнале до 2048 година. Веќе сведочиме намалување за 90% од 29% морски риби и други видови кои човекот ги користи за исхрана.

Но, пластиката во океаните значи многу повеќе од самото снемување на морска храна! Секое делче од синџирот е незаменливо! Рибите и другите морски видови ги филтрираат токсините од морињата, ги заштитуваат бреговите и го намалуваат ризикот од опасни процветувања на алги. И кога ќе ги снема, морето, бреговите и целата планета бескрајно ќе страдаат.

Според Програмата за Околината на ОН (UN Environmental Program), повеќе од 600 видови животни, вклучувајќи риби, желки, морски цицачи и птици имаат конзумирано пластични отпадоци. Тука е и познатиот Голем Пацифички Слој на ѓубре кој плови меѓу западниот бред на САД и Јапонија; претставува огромна маса на небиоразградлива пластика, поголема дури и од некои острови.

Оваа пластика не се распаѓа, туку само се поделува на помали и помали парчиња - микропластика. Рибите ја помешуваат микропластиката со алги и планктони и ја јадат и бидејќи човекот јаде риба, исто така ја јаде и микропластиката!!! Пластиката најчесто се прави од нафта и содржи токсини и хемикалии како Бисфенол А (Bisphenol A - BPA). Проценето е од страна на Центрите за контрола на болести и превенција (Centers for Disease Control and Prevention - CDC) дека 93% од луѓето имаат бисфенол во урината што го зголемува ризикот од срцеви болести и дијабетес. Само редовното консумирање канабис може да нè заштити од ваквите токсични влијанија.


Како коноповата пластика може да помогне?

На неколку начини, а најдобриот аргумент е тој дека коноповата пластика е нетоксична и биоразградлива. Затоа, пластиката од коноп нема да ги загадува нашите океани, подземни води и депонии бидејќи ќе се разгради. Сепак, не е така лесно. Биоразградливата пластика како коноповата треба да се испрати до посебни комерцијални фертилизирачки фабрики за да се рециклира, а тие се скапи. Бидејќи ништо не се биоразградува доволно добро во депонии, а пластиката од коноп се биоразградува на висока температура. Но, сепак е побезбедна од нафтената пластика која ја кориситиме денес. 

Конопот како растение има релативно мала стапка на јаглерод. Пластиката од ова растение може да ја намали емисијата на СО2 за 30-80% во споредба со пластиката од нафта, бидејќи на конопот му треба многу СО2 за да израсне што помага во отстранувањето на ефектот на стаклената градина од атмосферата на Земјата. Конопот се смета за поодржлив бидејќи не му требаат пестициди за да израсне како на другите растенија, но затоа потребно е многу вода, љубов и труд. 


Иако конопот бара многу повеќе ѓубрива, тие можат да ја остават почвата почиста отколку што била пред да се посади. Сето ова поради моќта на конопот за фиторемедијација - способноста за деконтаминација на почвата. Конопот е користен за чистење на почвата околу Чернобил и околината на Белорусија. Не самошто ја деконтаминира почвата, туку е и исклучива алатка за фиторемедијација бидејќи откако ќе ги абсорбира токсините, околу 75% од растението сè уште може да се искористи.


Дали пластиката од коноп е легална?

Сè уште е проблем да се култивира коноп во најголем дел од светот. Во САД некои земјоделци те култивираат преку посебни програми спонзорирани од Владата, благодарение на законот за земјоделци од 2014. Овој закон го редефинирал конопот со помалку од 0.3% ТХЦ кој се разликува од забранетото растение Cannabis Sativa L.


Како се прави пластика од коноп?

Коноповата пластика се прави од целулоза од коноп. Целулозата е најчестиот органски полимер на планетава и се користи за правење различна пластика вклучувајќи целулоид, целофан и вештачка свила. Стеблото на конопот е од 77% целулоза правејќи го одличен извор за оваа суровина. 

За споредба, дрвото содржи околу 40%, ленот 70% и памукот до 90% целулоза. Но, конопот е посебно корисен бидејќи расте многу побрзо од дрвјата и не му треба пестициди како кај ленот и памукот. Плус тоа, конопот е и цврст и флексибилен, а таква е и пластиката од коноп. Коноповата целулоза изведена од женски растенија е посебно трајна со тони на издржливост на импакт.


Дали некои производи користат пластика од коноп?

Не значи дека фирмите не пробуваат. Постојат Кикстартер кампањи за нови бизниси кои ќе користат пластика од коноп. Има и фирми кои продаваат 3Д филаменти за печатење од конопова пластика така што секој кој има 3Д печатар може да си направи свои предмети од конопова пластика. Еден од најпознатите брендови кои ја земаат во предвид коноповата пластика е ЛЕГО. Во 2015та фирмата ЛЕГО изјавила дека инвестирала околу 150 милиони долари во истражување и развивање на одржливи материјали за правење на ЛЕГО коцкички. Планот им е целосно да имплементираат биоодржливи конопови ЛЕГО коцки до 2030 година. 

Може ли пластиката од коноп да биде нашата иднина? Сигурно да! Иако нема да ги реши сите проблеми со пластика во светот. Односно, спасувањето на околината започнува од нас и нашето користење на пластика и коноп. Реалниот одговор е максимално намалување на секојдневната употреба на најобични пластични предмети како кеси, шишиња и цевки. Кога одиме на пазар или во супермаркет треба да си земаме кеси од дома, да рециклираме пласични шишиња и во кафичи кога порачуваме пијалак да нагласуваме „БЕЗ ЦЕВКА“ и задолжително треба да го споделите овој текст на вашиот ѕид! 


„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - од Aвторот со љубов <3

Извор: HERB

Tuesday, January 16, 2018

Пластиката од коноп може да го направи светот многу поубаво место за живеење!

Пластиката од коноп може да го промени светот. Затворени сурови пластични гранули. Ако ги погледнете, можете да распознаете индивидуални влакна. Ако ви кажам дека постои начин со помош на кој може да се произведе најмногу од она што веќе го користиме на обновлив, биоразградлив начин, кое има многу мала јаглеродна димензија, збогатена со механички својства и понатаму е конкурентна со токсичните материјали кои се веќе во употреба, зарем не би се запрашале зошто тоа сè уште не е во масовна употреба? 


Проучете за пластиката од канабис

Мораме повеќе да се грижиме за нашата планета и да ги користиме био-разградливите и обновливи ресурси, како штое конопот - расте за 3 - 4 месеци... Од коноп може да се прави пластика, Хенри Форд направил автомобил од коноп, кој работел на биодизел гориво од коноп. Конопот може да ја замени секоја индустриска суровина, освен стаклото и металот. 

Пластиката од коноп е композитен материјал од база на полимери збогатена со влакна како додаток. За да го разбереме самиот материјал, прво треба да ги погледнеме неговите компоненти. Индустрискиот канабис е широко прифатен термин за контролирано одгледување на сорти Канабис сатива (Cannabis sativa). За што многумина не се свесни е дека ова растение не е исто како и неговата психоактивна сестра, марихуана (Cannabis indica). Индустрискиот коноп содржи помалку од 0,5% THC (тетрахидроканабинол), психоактивна супстанца која содржи марихуана. Затоа, не е можно да се надувате од индустрискиот коноп. Тој дури содржи и супстанца наречена CBD (канабиол) која ја блокира и исклучува оваа можност, затоа што претставува антидотум на психоактивниот ефект на ТХЦ-то. Овој вид култура некогаш беше столб на американската економија, но во 1930-тите нејзиното одгледување беше прогласено за незаконско и казниво дело.


Пластични гранули од конопни влакна
Ослободувањето на канабисот продолжува да се развива изобилно во сите делови на светот и произведува едно од најтрајните природни влакна од растително потекло познати на човекот. Тие влакна имаат примена во многу индустриски гранки, вклучувајќи текстил, хартија, храна и биолошки индустрии. Пластиката од канабис е биопластика добиена со употреба на индустриски коноп. Постојат разлики во материјалите кои се рефлектираат на нивото на влакна од канабис, кои ја формираат полимерната база. Тие можат да варираат од стандардна пластика со армирано влакно, до оние со 100% на целулоза од канабис. Ова овозможува широк спектар на механички својства на добиената пластика, кои можат да се прилагодат за друга цел. Постојат многу предности за користење на пластика од канабис во споредба со употребата на стандардни полимерни соединенија добиени од нафта. Ние детално ќе опишеме некои од тие предности:


Поголема издржливост со минимална тежина

Со додавање на органски влакна од конопна пластика, матрицата на полимерната база е зајакната. Овие влакна се протегаат преку случаен аранжман, правејќи го материјалот посилен во сите правци, за разлика од јаглеродните влакна или бамбусните влакна, кои се паралелни со паралелата и се значително послаби. Во споредба со вашата стандардна пластика изработена од полипропилен (ПП), пластиката од канабис може да се пофали со 150% повисока истегливост (цврстина на истегнување), максимална сила до точка на кршење и до 250% повисока толеранција на вкочанетост, под силата на свиткување или деформирање на материјалот.


Со додавање на влакна од коноп, материјалот станува исклучително лесен. Додека силата и издржливоста значително се зголемуваат, вкупната густина се зголемува само маргинално. Ова заедно резултира со производство на композитен материјал кој има карактеристики на исклучително силна издржливост со совршен сооднос на густината и силата. Ова создава можност за примена во области каде што во исто време е потребна комбинација од висока издржливост и леснотија на материјали, како што се автомобилската, воздушната и вселенската индустрија.


Биоразградлив и погоден за рециклирање

Кога е направена од биоразградлива база на полимери добиени од канабис, пластиката е целосно биоразградлива и погодна за рециклирање. Ова е местото каде што лежи најголемиот потенцијал на овој материјал. Вообичаено, процесот на рециклирање се смета за повторна употреба или со обезбедување на нови форми на механички делови, додека користењето на повеќе биоразградливи материјали може да воспостави сосема нов животен циклус на еден производ кој е многу повеќе еколошки.


Циклусот започнува кога билката коноп се собира и се распаѓа на компоненти (суровини) неопходни за процесот на производство. Како резултат на процесот, производот се произведува постапно. По отпадот, производот се носи во депонија каде што природата сè си прави сама. Производот е разложен на хранливи материи како ѓубриво потребно за раст на растенијата, а со тоа циклусот е завршен. Пластиката од коноп е вистински одржлива алтернатива за употребата на стандардни пластики добиени од нафта. 


Погодна за животната средина

Конопот е познат по својата способност да апсорбира јаглероден диоксид (CO2), кој го вдишува до четири пати како што расте за 12-14 недели, наместо просечното дрво за истиот период. Производството на пластика од канабис бара помеѓу 22 и 45% помалку енергија, отколку производство на пластични фосилни горива. Земајќи ја предвид количината на емитиран јаглерод диоксид за време на периодот на раст, намалувањето на јаглерод е повеќе од 70%, од кои повеќето доаѓаат од самиот процес и употребата на механизација за време на процесот. 


Конкурентна цена и едноставност на производството

Цената на суровините за производство на пластика од коноп е неспоредливо пониска од цената на суровините за производство на пластика од маслени соединенија, затоа што конопот созрева за практично 90 дена, тој е биообновлива суровина. Канабисните култури се екстремно лесни за растење и можат, како што е прикажано досега, да бидат сјајни речиси насекаде. Од овој факт произлегува изреката: „Расте како коноп (плевел)“. Исто така неверојатно ја обновува почвата. Одгледувачите ќе го искористат како одлична култура за регенерација и дополнување на почвата со минерали кои ги апсорбираат другите култури за време на сезонскиот циклус. Единствениот проблем со кој се среќаваме е фактот дека ова сè уште е нелегално ... и дека многу компании мора да го увезуваат. 


Лесна за произведување

Пример за составен дел изработен од пластифициран коноп: систем за вшмукување за воздухот во автомобилот. Пластиката од канабис е сосема погодна за инјектирање, овозможувајќи им на многу производи да се произведуваат од неа секој ден. Овој процес почнува со тоа што суровината се топи во внатрешноста на бункерот и потоа се влева во калапи. Откако материјалот ќе се стврдне, делот е завршен, значи пластиката се лие. Овој процес е многу ефикасен и со многу малку трошоци може да се произведат многу комплексни делови од сложената геометриска структура. Со сите придобивки што општеството може да ги има од употребата на пластика од канабис и легализирање на одгледувањето индиски коноп, срамно е што уште е нелегално. Нашата мисија е да ја подигнеме свеста кај луѓето преку едукација. Ве охрабруваме да се вклучите во револуцијата на ослободување на канабисот и да го следите нашиот развој.


Автор: Кате К.
Извор: Zeleno Zlato, IRKA