Friday, April 6, 2018

Дали пластиката од коноп е спасот за нашата планета?

Треба да го прифатиме конопот или да ги трпиме последиците од неговото неприфаќање? Пластиката од коноп е биоразградлива (се распаѓа по бактериски пат), одржлива е (не ѝ штети на на околината) и нетоксична алтернатива за пластиката на база на нафта која масовно ја загадува нашата околина. Но, зошто не зборуваме за тоа јавно и транспарентно?


Конопот е едно од најсестраните растенија на планетава. Не само што се користи за правење на лек, како масло од ЦБД, туку може и да се доведе до конец за облека и  хартија, неговото семе е премногу хранливо и може да се користи како извор на гориво. А, дали знаете дека од неговото стебло може да се направи пластика? Бидејќи пластиката продолжува да ја загадува нашата околина, многумина гледаат на коноповота пластика како најдобра алтернатива.


Пластиката и околината

Производството на пластика започнало пред помалку од 80 години, но веќе имаме произведено повеќе од 8 билиони тони од 1950тите. Нажалост, само 9% од таа пластика е рециклирана. Околу 12% се гори, а останатите 79% опстануваат на нашата планета во депонии или во водите. И покрај тоа, сè уште годишно се произведуваат повеќе од 300 милиони тони.


Повеќе од 8 милиони тони пластика се исфрлени во океаните секоја година и тоа го уништува нашиот екосистем. До 2050 година се претпоставува во океаните да има повеќе пластика од риби. За злото да не биде малку, студија од 2006-та заклучила дека дотогаш може да исчезнат сите морски риби. Како последица на комбинацијата од загадувањето, климатските промени и други фактори, сите океански риби би исчезнале до 2048 година. Веќе сведочиме намалување за 90% од 29% морски риби и други видови кои човекот ги користи за исхрана.

Но, пластиката во океаните значи многу повеќе од самото снемување на морска храна! Секое делче од синџирот е незаменливо! Рибите и другите морски видови ги филтрираат токсините од морињата, ги заштитуваат бреговите и го намалуваат ризикот од опасни процветувања на алги. И кога ќе ги снема, морето, бреговите и целата планета бескрајно ќе страдаат.

Според Програмата за Околината на ОН (UN Environmental Program), повеќе од 600 видови животни, вклучувајќи риби, желки, морски цицачи и птици имаат конзумирано пластични отпадоци. Тука е и познатиот Голем Пацифички Слој на ѓубре кој плови меѓу западниот бред на САД и Јапонија; претставува огромна маса на небиоразградлива пластика, поголема дури и од некои острови.

Оваа пластика не се распаѓа, туку само се поделува на помали и помали парчиња - микропластика. Рибите ја помешуваат микропластиката со алги и планктони и ја јадат и бидејќи човекот јаде риба, исто така ја јаде и микропластиката!!! Пластиката најчесто се прави од нафта и содржи токсини и хемикалии како Бисфенол А (Bisphenol A - BPA). Проценето е од страна на Центрите за контрола на болести и превенција (Centers for Disease Control and Prevention - CDC) дека 93% од луѓето имаат бисфенол во урината што го зголемува ризикот од срцеви болести и дијабетес. Само редовното консумирање канабис може да нè заштити од ваквите токсични влијанија.


Како коноповата пластика може да помогне?

На неколку начини, а најдобриот аргумент е тој дека коноповата пластика е нетоксична и биоразградлива. Затоа, пластиката од коноп нема да ги загадува нашите океани, подземни води и депонии бидејќи ќе се разгради. Сепак, не е така лесно. Биоразградливата пластика како коноповата треба да се испрати до посебни комерцијални фертилизирачки фабрики за да се рециклира, а тие се скапи. Бидејќи ништо не се биоразградува доволно добро во депонии, а пластиката од коноп се биоразградува на висока температура. Но, сепак е побезбедна од нафтената пластика која ја кориситиме денес. 

Конопот како растение има релативно мала стапка на јаглерод. Пластиката од ова растение може да ја намали емисијата на СО2 за 30-80% во споредба со пластиката од нафта, бидејќи на конопот му треба многу СО2 за да израсне што помага во отстранувањето на ефектот на стаклената градина од атмосферата на Земјата. Конопот се смета за поодржлив бидејќи не му требаат пестициди за да израсне како на другите растенија, но затоа потребно е многу вода, љубов и труд. 


Иако конопот бара многу повеќе ѓубрива, тие можат да ја остават почвата почиста отколку што била пред да се посади. Сето ова поради моќта на конопот за фиторемедијација - способноста за деконтаминација на почвата. Конопот е користен за чистење на почвата околу Чернобил и околината на Белорусија. Не самошто ја деконтаминира почвата, туку е и исклучива алатка за фиторемедијација бидејќи откако ќе ги абсорбира токсините, околу 75% од растението сè уште може да се искористи.


Дали пластиката од коноп е легална?

Сè уште е проблем да се култивира коноп во најголем дел од светот. Во САД некои земјоделци те култивираат преку посебни програми спонзорирани од Владата, благодарение на законот за земјоделци од 2014. Овој закон го редефинирал конопот со помалку од 0.3% ТХЦ кој се разликува од забранетото растение Cannabis Sativa L.


Како се прави пластика од коноп?

Коноповата пластика се прави од целулоза од коноп. Целулозата е најчестиот органски полимер на планетава и се користи за правење различна пластика вклучувајќи целулоид, целофан и вештачка свила. Стеблото на конопот е од 77% целулоза правејќи го одличен извор за оваа суровина. 

За споредба, дрвото содржи околу 40%, ленот 70% и памукот до 90% целулоза. Но, конопот е посебно корисен бидејќи расте многу побрзо од дрвјата и не му треба пестициди како кај ленот и памукот. Плус тоа, конопот е и цврст и флексибилен, а таква е и пластиката од коноп. Коноповата целулоза изведена од женски растенија е посебно трајна со тони на издржливост на импакт.


Дали некои производи користат пластика од коноп?

Не значи дека фирмите не пробуваат. Постојат Кикстартер кампањи за нови бизниси кои ќе користат пластика од коноп. Има и фирми кои продаваат 3Д филаменти за печатење од конопова пластика така што секој кој има 3Д печатар може да си направи свои предмети од конопова пластика. Еден од најпознатите брендови кои ја земаат во предвид коноповата пластика е ЛЕГО. Во 2015та фирмата ЛЕГО изјавила дека инвестирала околу 150 милиони долари во истражување и развивање на одржливи материјали за правење на ЛЕГО коцкички. Планот им е целосно да имплементираат биоодржливи конопови ЛЕГО коцки до 2030 година. 

Може ли пластиката од коноп да биде нашата иднина? Сигурно да! Иако нема да ги реши сите проблеми со пластика во светот. Односно, спасувањето на околината започнува од нас и нашето користење на пластика и коноп. Реалниот одговор е максимално намалување на секојдневната употреба на најобични пластични предмети како кеси, шишиња и цевки. Кога одиме на пазар или во супермаркет треба да си земаме кеси од дома, да рециклираме пласични шишиња и во кафичи кога порачуваме пијалак да нагласуваме „БЕЗ ЦЕВКА“ и задолжително треба да го споделите овој текст на вашиот ѕид! 


„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - од Aвторот со љубов <3

Извор: HERB

No comments:

Post a Comment