Showing posts with label екологија. Show all posts
Showing posts with label екологија. Show all posts

Saturday, April 27, 2019

Хенри Форд во 1941 создал автомобил од коноп што работел на масло од конопово семе

Неговиот прототип конопно-пластичен автомобил бил изграден од целулозна пластика од конопови влакна. Очигледно Форд сакал да го тргне својот „Модел Т“ од употребата на етанолот. Всушност Хенри Форд и Рудолф Дизел никогаш немале намера да користат бензин во своите автомобили!


Кога Хенри Форд (Henry Ford) неодамна го обелодени својот пластичен автомобил, како резултат на 12-годишни истражувања, тој му даде на светот увид во автомобилот од иднината, неговите јаки панели обликувани под хидрауличен притисок од 700 килограми на квадратен инч (psi) од рецепт кој повикува на 70 отсто целулозни влакна од пченична слама, коноп и Agave sisalana плус 30 проценти смолесто врзивно средство (лепило). Единствениот челик во автомобилот е неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил тежи еден тон, со што е за 450 кг полесен во споредба со челичен автомобил“ - велат Popular Mechanics.



Рудолф Дизел (Rudolf Diesel), пронаоѓачот на дизел моторот, го дизајнирал истиот да работи на зеленчуково масло и масло од семе како коноповото. Форд првично сакал неговите возила да се оттргнат од употребата на растителни масла од конопово семе и семе од други зеленчуци, наведувајќи дека „има доволно алкохол во годишен принос од еден хектар компири за да се управува со машините потребни за да се одгледуваат полињата за сто години“. Сепак, бензин индустријата тешко лобираше за да се задржат даноците на алкохолот високи и да се случи пад на цената на бензинот. Ова дури „се совпаднало“ со забраната на алкохолот и конопот во 1920-тите. Еве пооригинална снимка од Фордовиот конопно-пластичен автомобил:


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извори: Waking times, Minds

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




* * *




Wednesday, April 24, 2019

Нова технологија наречена Cannavore за справување со отпадот од канабис

Компанија во градот Делта во Канада која има развиено пренослива технологија за обработка на отпадот од канабис, ја одбележа официјалната премиера на производот пред неколку дена. Новиот иновативен систем е наречен Cannavore и создаден е од страна на компанијата Micronwaste Technologies


Џорџ Харви и Карла Калтроу гости во Micronwaste Technologies
Откако веќе разви нов иновативен систем за конвертирање на отпадот од храна во чиста вода и компактни биосолиди, користејќи аеробен процес, Micronwaste Technologies сега го стори истото за отпадот од канабис, систем наречен Cannavore. „Овој објект ни овозможува да развиеме нови биолошки процеси за третман на органски отпад и отпадни води. Тоа ни овозможува брзо развивање на прототипови пред да изградиме комерцијално подготвен систем“ - рече претседателот и извршен директор на Micronwaste Technologies, Алфред Вонг (Alfred Wong). „Често го поставувам прашањето: ‚Кој е твојот таен сос?‘, Сфатив дека нашиот таен сос не е во нашиот патентиран био-процес, туку повеќе во луѓето со имагинација од оваа компанија“ - додаде тој.

Свечено отварање на новата технологија за канабис отпад
Претставник на Парламентот од Делта, Карла Калтроу (Carla Qualtrough) минатата недела беше гостин и говорник на настанот, велејќи дека компаниите како Мајкрон покажуваат дека Канада има можност да стане глобален лидер во технологиите за чистота. Исто така, присуствуваше градоначалникот на Делта, Џорџ Харви (George Harvie) кој разговараше за иницијативите на градот за поттикнување на повеќе индустриски развој и намалување на еколошките влијанија. „Технологијата што се развива и рафинира во овој објект е составен дел на решавањето на ова прашање на локален и одржлив начин. Управувањето со органскиот отпад онаму каде што е создаден на прво место, има многу смисла“ - истакна Харви.


Истакнувајќи дека правилата за отпад од канабис се исклучително строги, новиот процес на компанијата се одликува со серија специјално дизајнирана опрема што може да се транспортира во камионска приколка за употреба на било која локација каде што расте марихуаната. Тоа е технологија која доаѓа откако рекреативниот канабис е легализиран во Канада и повеќе одгледувачки операции, вклучувајќи неколку големи оранжерии во Делта, добиваат лиценци за растење на производот.

Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Vancouverisawesome





ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:



Sunday, March 31, 2019

Зошто на светот му е потребна еколошки биоразградлива пластика од коноп?

Пластиката од коноп станува сѐ поприфатлива опција како еколошка алтернатива на пластиката базирана на јаглерод. Не само што овој био-пластичен производ се добива на безбеден начин од одржлив извор - конопни растенија, тој исто така е биоразградлив и може да се рециклира!



- Сакате ќеса? Не, благодарам!
Во 2017 година, глобалната потрошувачка на стандардна пластика (со животен век од 500 години или повеќе) достигна нови врвови, со околу осум милиони метрички тони пластика што завршуваат во океаните на годишно ниво. Покрај обидите за намалување на оваа бројка со едукација за селектирање отпад и рециклирање, потребата да се развијат биоразградливи, компостибилни алтернативи на пластиката базирана на петролеј е од суштинско значење за нашата иднина. Многу компании од целиот свет напредуваат во производството на пластични производи базирани на коноп. Во САД од донесувањето на Farm Bill во 2014 година, со што се овозможија вистински иновативни скокови за производство на коноп, сега компаниите можат законски да одгледуваат и преработуваат коноп за истражувачки цели. Веќе има околу 19 држави кои учествуваат во оваа програма, а сите ги следат новите потенцијални апликации на конопот. Кога станува збор за пластиката, компаниите како American Hemp, c2renew и други, веќе се стремат кон подобри, поодржливи производи базирани на коноп.


Конопната пластика не е ништо ново...

Користи биоразградлива пластика!
Пластиката од коноп е само навраќање кон иновациите од старите денови, поради тоа што конопот илјадници години се користел како градежен материјал и суровина за многу производи. Дури и Америка трошела околу 3000 тони коноп годишно пред забраната, која започнала на почетокот од 20 век. Издржливи јажиња, ткаенини, индустриска суровина за градежни материјали и друго, беа правени од коноп. Зборот платно (canvas) произлегува од зборот канабис (cannabis), бидејќи конопот бил најчестиот материјал што се користел за изработка на платнени едра во минатото. 



Ќе научиме ли да се однесуваме еколошки?

До 1930-тите, конопот веќе бил во употреба за производи како што се: целофанска фолија и еден вид компостибилен стиропор. Хенри Форд успеа не само да дизајнира, туку и да создаде автомобил речиси целосно направен од конопна пластика во 1940-тите. Тој сакал овој автомобил да е целосно еколошки со тоа што наместо со стандардно гориво, требало да работи со помош на прехранбено масло од коноп и семе од други зеленчуци. Конопното возило на Форд се потпираше само на метална рамка, затоа беше за 500 килограми полесно во споредба со стандардните возила. Исто така, пластиката од коноп е далеку поотпорна на оштетување, па не е чудно зошто овој конопен автомобил не започнал масовно да се произведува...


Зошто пластика од коноп?

Оваа пластика не се распаѓа така брзо и лесно...
Причината зошто конопот е идеален за производство на пластика се сведува на нешто што се вика целулоза. Секоја пластика, без разлика од што е добиена, има потреба од целулоза во својот состав. Петролејот долго време беше извор на оваа целулоза, но сега компаниите се во потрага по поодржливи и еколошки материјали. Конопот е совршена замена за петролејот, со оглед на тоа што ова растение по природа е околу 80 проценти целулоза. За разлика од петролејот, конопот може да се одгледува органски (без пестициди) и не е токсичен.


Иднината на конопната пластика

Пластика од коноп
Според Canopy Corporation, иднината на пластиката од коноп е светла! Автомобилските компании ширум Европа се оддалечуваат од пластиката базирана на петролеј во целост, за изработка на контролните плочи и другите дизајнерски делови во новите модели на автомобили. Големиот број на делови формирани од конопна пластика ја демонстрира употребливоста како материјал. Придобивките од пластиката од коноп далеку ги надминуваат конвенционалните пластики базирани на нафтени деривати. На пример, проценето е дека фибергласот од коноп чини само 50 до 70 центи за половина килограм, во споредба со од 5 долари па нагоре за половина килограм фиберглас базиран на јаглерод. Освен тоа, производите од коноп постојано се докажуваат како потрајни и поиздржливи и секогаш се многу полесни. Се очекува во многу блиска иднина целиот свет да користи биоразградливи пластични алтернативи како што е конопот. Во моментов, пластиката од коноп се користи за да се направат: звучници, гитари, филаменти за 3D печатачи и илјадници други предмети.


Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Cannabistech

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

Дознајте како и зошто конопот станал нелегален? Малку историски факти за канабисот

Придобивки и начини на употреба на конопот

Sunday, February 10, 2019

Ѕидање со коноп! Куќа од коноп изградена во руралните предели на Калифорнија!

На еден тивок селски пат во Себастопол, градежната екипа направи едноставна куќа со цврсти ѕидови и големи прозорци. Единствената необична работа во врска со проектот е скриена во внатрешноста на ѕидовите, тие се направени од коноп, односно хемпкрит најеколошкиот и најздрав градежен материјал!


Куќата се гради со материјалот наречен хемпкрит (hempcrete), градежен материјал изработен од индустриски коноп. „Се зближив со хемпкритот затоа што секогаш настојувам да градам на најеколошкиот најодржлив можен начин“ - рече Стив Шелдон (Steve Sheldon), архитект, инвеститор во имоти и градител. „Ние секогаш бараме материјали кои можат брзо да се обновуваат и да се што е можно повеќе јаглерод-неутрални“ - додава тој. Повеќе од четири децении, Шелдон дизајнираше домови и згради со одржливи градежни материјали и енергетски ефикасни карактеристики. Кога клиентот изрази интерес за изградба на „уникатна“ помошна единица за живеење, Шелдон рече дека неговиот ум скокнал кон понова верзија на еден од најстарите градежни материјали во светот. Хемпкритот е цврст, а воедно и порозен материјал направен со мешање на дрвенестото јадро од конопното растение со хидрауличен вар и вода. Резултатот е здрав, градежен и воедно изолационен материјал што дише со помал јаглероден отпечаток од бетонот, а поседува и мноштво други придобивки, за кои може да дознаете повеќе од видеото ставено на крајот од оваа статија. 


Објектите изградени од коноп најчесто немаат потреба од климатизер, природно ја регулираат температурата и не пропуштаат влага, затоа што овој материјал дише. Хемпкритот е отпорен на мувла и претставува заштита од микроорганизми, што го прави безбеден и здрав  градежен материјал удобев за луѓето кои ќе живеат или работат во објектите, но исто така пријатен е и за градежниците, затоа што со него се работи полесно и поинтересно. На градилиштето во Себастопол, работната екипа формираше три блока од хемпкрит, секој конфигуриран за поинаква намена. Најлесниот блок претставува материјал што се истура за покривот на оваа куќа од 1.000 квадратни метри. Поцврсто направениот блок од хемпкрит е за формирање на ѕидовите и подот на структурата. Подоцна, овие ѕидови ќе бидат обложени со повеќе вар за да се формира мазна површина. Мајк Бранд (Mike Brandt), градежен надзорник, изјави дека првично бил скептичен во врска со материјалот. „Ми требаше малку време, но сега сум на палубата со хемпкритот“ - изјави тој.


Кои се недостатоците? Шелдон рече дека хемпкритот чини повеќе од традиционалниот цемент и треба повеќе време за да се зацврсти. Тој одби да ја открие неговата цена. Но, различните извори на Интернет сугерираат дека градењето со коноп може да чини од 10 до 20 проценти повеќе од конвенционалната конструкција. Додека постојат насоки за мешање на состојките, Шелдон рече дека неговиот тим направи солиден број на тестирања пред тој да ја открие соодветната густина на материјалот за секој дел од куќата. Шелдон исто така потврдува дека циглите од коноп имаат долга листа на придобивки, почнувајќи од заштеда на енергија до заштита од мувла и штетници, отпорност на пожар, регулирање на температурата и одржливост. Конопот е брзо обновлив градежен материјал, расте од семе за околу три до четири месеци. Најинтересно кај овој материјал е тоа што може да се моделира со калапи и да се градат од него префинети и уникатни дизајнерски објекти со закривени и неправилни (негеометриски) делови, а исто така може да се употребат веќе однапред подготвени блокови (цигли) од хемпкрит.


Кога ќе изградите куќа од слама, го заклучувате тој јаглерод во зградата. Истата идеја е со конопот“ - истакнува Шелдон. Шелдон покажа голем куп срушен коноп, кој изгледа како нормален куп од дрвени струготини и покажа дека кога се формираат блокови тие изгледаат како кафеаво-сиви, фиброзни (влакнести) блокови, слични на оние направени од материјал што произлегува од нецелосно согорување на јаглен или дрво. Но, тие тежат осум пати помалку од бетонот! Конопот употребен за овој објект бил одгледуван во Кентаки. Шелдон вели дека еколошки ориентираните архитекти и градители експериментирале со hempcrete во последните 25 до 30 години. Во САД има изградено околу 100 куќи од коноп. Факт е дека побрзо и поевтино е да се изградат куќи со цемент и фиберглас и покрај трошоците за животната средина за користење на тие материјали. Најголемата предност е тоа што со хемпкрит ја заштитуваме животната средина, а овој материјал е поотпоред на земјотреси од конвенционалните градежни материјали.


Конопот е член на Cannabis sativa семејството, сличен е на канабисот во форма, но му недостасува поголем дел од канабиноидот тетрахидроканабинол (THC) што може да предизвика психоактивен ефект. Познат за производство на издржливи растителни влакна, конопот веќе долго време се користи за производство на јажиња, хартија, масла, облека, лиена пластика (автомобилот на Хенри Форд) и од неодамна, градежно-изолационен материјал. Широкиот интерес за градби од коноп се зголемува со легализацијата. Сега, кога законодавците го легализираат индустриското производство, аналитичарите од конопната индустрија предвидуваат дека американскиот пазар ќе достигне 20 милијарди долари до 2023 година. „Откако цементот беше развиен, луѓето почнаа да го користат исклучиво, бидејќи тоа е многу побрзо“ - рече тој. „Вие го малтерисувате со расфрлан цемент, за два дена можете да го наполните следниот слој. Но, луѓето не размислувале за јаглеродот“ - додава тој. Цементот е најчесто користениот материјал. Кога се загрева, варовникот што се користи за да се направи цементот се распаѓа во калциум оксид и јаглерод диоксид. Овој процес изнесува околу 50 проценти од сите емисии од производството на цемент, според податоците на Универзитетот Колумбија. Изработката на цемент изнесува 7 проценти од светските емисии на јаглерод.


Шелдон рече дека процесот на добивање дозвола за изградба на куќа од хемпкрит во округот Сонома не е лесна задача, особено во пресрет на деструктивните пожари во октомври 2017 година. Шелдон успеа да добие информации од инвеститорот кој изградил куќа од хемпкрит во Невада Сити и поднел барање за градежна дозвола. Процесот беше бавен, но Шелдон ја имал дозволата во рака на почетокот од летото 2018 година. Шелдон рече дека hempcrete покажа знаци дека е отпорен на оган, но предупреди дека неколку студии се спроведени во САД. Англија, Франција, Австралија и Канада спроведоа пообемни тестирања врз хемпкритот и открија најмногу позитивни резултати. „Кога луѓето читаат дека тоа е изолационен материјал, дека е отпорен на оган, нема влага или гнилост, тоа е добар терен“ - рече Шелдон. „Плус трошоците за енергија ќе бидат пониски. Ние сакаме да го сведеме ова колку што е можно поблиску до нула нето енергија“ - заклучува тој. 


Шелдон рече дека се надева дека изградбата на куќата ќе заврши до почетокот на летото, само околу една година по започнувањето на изградбата. Тој сè уште не е сигурен колку долго време треба за да се исуши куќата после времето на поројните дождови, но рече дека екипажот има рок за завршување на малтерисувањето до моментот кога специјалистот за подови ќе пристигне во април. Времето на сушење варира од производот и од климата, но во просек би било потребно еден до два месеца пред влажноста на материјалот да се спушти на прифатливо ниво. „Има неколку работи кои не ги знаеме, но ќе ги научиме, како времето потребно за хемпкритот да се исуши“ - рече Шелдон. „Можете да размислувате колку што сакате, но кога имате миксер и ќе почнете да го ставате заедно, тоа е поинаква работа“ - додава тој. Шелдон посочи на кодот на Калифорнија кој бара сите нови домови да бидат со нула нето енергија до 2020 година. Тоа значи дека енергијата потрошена во куќата ќе мора да биде помала или еднаква на онаа од обновливите извори на енергија. Како архитект кој ја започна својата кариера во 1970-тите години, Шелдон рече дека е сведок на фундаментална промена во перспективата на енергијата и климатските промени.




Уредник и новинар: MoniQue Konopova
Извор: Pressdemocrat

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Tuesday, August 14, 2018

Хенри Форд создал еколошки автомобил изграден од коноп кој работел на гориво од коноп!

Кога Хенри Форд го обелодени својот пластичен автомобил направен од лиена пластика од коноп, резултат на 12-годишни истражувања, тој му даде на светот увид во автомобилот од иднината! Единствениот челик во автомобилот беше неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил со каросерија целосно изградена од конопови влакна функционирал на растително гориво од коноп


Конопниот автомобил на Х. Форд
Хенри Форд создал еколошки автомобил изграден од каросерија од коноп со мотор кој работел на гориво од коноп. Според порталот Popular Mechanics, првиот Model-T на Хенри Форд бил изграден за да работи на бензин од коноп и самиот автомобил бил целосно изграден од ова растение! Неговите цврсти панели оформени под хидрауличен притисок од 1.500 фунти на квадратен инч (psi) по рецепт кој бара 70 проценти целулозни влакна од пченична слама, коноп и 30 проценти смолесто врзивно средство. Единствениот челик во автомобилот била неговата цевчеста заварена рамка. Пластичниот автомобил тежи еден тон, што го прави за 500 кг полесен во споредба со просечен челичен автомобил. Очигледно Форд сакал да го тргне својот „Модел Т“ од вообичаените тогаш автомобили на етанол. Всушност Форд и Дизел никогаш немале намера да користат бензин.


Рудолф Дизел, пронаоѓачот на дизел-моторот, го дизајнирал да работи на растителни горива и масла од семиња како коноп. Форд првично планирал неговите возила да избегаат од растителните масла, наведувајќи дека: „има доволно алкохол во годишен принос од еден хектар компири за да се управува со машините потребни за да се одгледуваат полињата за сто години“. Сепак, нафтената индустрија лобираше тешко за да ги задржи високите даноци за алкохол и да ја намали цената на бензинот. Ова дури „се совпадна“ со забраната на алкохолот и конопот во 1920-тите.


Не само што треба да го разгледаме факторот на загадување од одреден материјал додека истиот е во употреба, туку и самото производство на предметот, т.е. колку се токсични суровините од кои се произведува додека се произведува. Разгледувајќи го конопот, тој е во согласност со секој еко-стандард кој постои денес! Сузбивањето на оваа технологија во голема мера се должи на фактот дека конопот бил забранет во САД во 1937 година поради потенцијалниот штетен ефект што би го имал врз многу моќни индустрии во тоа време. Силно препорачувам да ја разгледате целосната хронологија за тоа како конопот станал нелегален.

Еве како изгледал еколошкиот автомобил!


Самиот Форд често бил фотографиран меѓу неговите конопни полиња, а автомобилот „израснат од почвата“, имаше пластична каросерија од конопни плочи, чија ударна сила била 10 пати поиздржлива од челикот. Еве две видеа кои го покажуваат изумот од коноп на Форд, како и можноста за возила и горива базирани на коноп. Овие автомобили денес имаат светла и зелена иднина со самото тоа што свеста за еколошкиот потенцијалот на конопот секојдневно расте, заедно со растот на свеста дека сегашните автомобили значително ја загадуваат животната средина.


Како отидовме од толку очигледно и интелигентно откритие, да користиме бензин и други токсични и необновливи горива, челик и други нехармонични материјали? Хенри Форд како еден од основачите на најпопуларни марки на автомобили во светот уште во негово време се обидуваше да му даде на светот возило што е безбедно, издржливо и цврсто и чисто за животната средина, но неговиот пронајдок беше силно потиснат. Помогни ова откритие да стане секојдневие со тоа што ќе го споделиш овој текст на социјалните мрежи! Ти благодариме во името на Хенри Форд <3

Еве поавтентична снимка од коноповиот автомобил на Х. Форд


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:





Новинар и Уредник: MoniQue Konopova

Monday, August 13, 2018

БИОГОРИВА - Eнергетскиот потенцијал на индустрискиот коноп!

Дали индустрискиот коноп го содржи одговорот на предизвиците и ризиците што со себе ги носат необновливите извори на енергија, како цврстите и течни горива во светот? Додека оваа неверојатно разноврсна, но сепак многу погрешно разбрана растителна култура не може да биде целосно решение, конопот со сигурност можеме да кажеме дека може да биде дел од решението! Еве зошто...


Биодизел гориво од коноп!
Јагленот и нафтата играа клучна улога во напредокот на човештвото, но континуираното користење на фосилните горива, исто така, може да доведе до изумирање на нашата „напредна“ цивилизација поради многу поврзани проблеми: загадување, негативни климатски промени и војни околу ресурсите - се само неколку од нив. Главниот проблем денес не се толку фосилните горива што истекуваат, туку штетата што нивното користење ја прави врз нашата планета. Електричните возила ќе помогнат во решавањето на дел од дилемата, но сè уште ќе има потреба од цврсти и течни горива и во иднина за транспорт и други апликации. Меѓу алтернативите за фосилните горива се биогоривата, добиени од култури како што се: соја, палми и индустриски коноп (Cannabis sativa). Индустрискиот коноп е добра суровина за производство на неколку различни типови на: течни горива, гас и цврсти горива.




Моето име е КОНОП! Кликни на сликата!
Биодизел од коноп

Семето од коноп содржи околу 30% масло - и ова масло се користи со векови како гориво за светилки! Маслото од конопово семе може, исто така да се трансформира во биодизел погоден за употреба во возилата, преку процес наречен трансестерификација (transesterification). Се пресметува дека конопот може да произведе повеќе од 800 литри биодизел по хектар годишно - поголем принос од култури како што се: соја, сончоглед, кикирики или семе од репка. Дополнително на тоа се истакнува потенцијалот за произведување и на метанол, етанол, биогас и цврсти горива од остатокот од билката.



Не само што ги исполнува стандардите: ATSM D6751 и EN 14214 за квалитет на биодизел, биодизелот од коноп е очигледно супериорно гориво за други растителни горива. Исто така, го надминува конвенционалниот дизел во сите области, освен кај оксидациската стабилност, која може да се реши преку додавање на антиоксиданти. Значи, зошто не се користи нашироко биодизелот од коноп? Одговорот на ова прашање доста се сведува на достапноста и неговата врска со трошоците и слабата популарност. Маслото од конопово семе се бара за различни апликации и тоа значи дека цената останува висока. Сепак, како што повеќе земји конечно се будат и освестуваат за неверојатниот потенцијал на индустрискиот коноп и се зголемуваат површините на кои се одгледува оваа билка, трошоците за биогоривото треба да се намалуваат како минува времето. Еве интересно упатство за правење биодизел од коноп.




Едноставен биодигестер
Етанол и метанол од коноп

За разлика од производството на биодизел од коноп, целото растение може да се искористи во производството на етанол или метанол. Како и со биодизелот, етанолот и метанолот може да се користат како гориво за возила. Кога се добиени од индустриски коноп, овие алкохоли понекогаш се нарекуваат и хемпанол (hempanol). Етанолот е направен од шеќери и скроб од растенија. За да се создаде етанол од коноп, потребен е процес наречен целулолиза (cellulolysis) која се состои од неколку фази:


  • Пред-третман за да се подготви содржината на целулоза од коноп погна за хидролиза;
  • Раскинувањето на молекулите во шеќери со помош на ензим кој ја претвора целулозата во гликоза (целулаза - cellulase);
  • Одделување на шеќерите од лигнин;
  • Ферментација на шеќерот;
  • Дестилација за да се извлече етанолот;
  • Употреба на молекуларни сита за зголемување на концентрацијата на етанол.

Како се прави етанол?

Идејата за користење на етанол од коноп како гориво во возилата не е нова. Хенри Форд, наводно, првично го одгледувал конопот за производство на етанол за употреба во неговите автомобили, а успејал да направи автомобил со каросерија од пластика направена од коноп. Другиот алкохол, метанолот, се произведува од дрвна пулпарна материја од растенијата - исто така е позната како дрвен алкохол. Создавањето на метанол од коноп може да се постигне преку сува дестилација. Ова може да вклучува пиролиза, т.е. термохемиското распаѓање на органскиот материјал во отсуство на кислород, така што материјалот не се запалува. Греењето на материјалот создава гасови што можат да се кондензираат во метанол. Нус производ на сувата дестилација - јагленот, може да се користи како цврсто гориво.



Индустриски коноп како цврсто гориво

Студијата од 2011 година покажа дека прилагодениот принос на биомаса од коноп е 120% повисока од онаа на сламата од пченица, во смисла на цврсти горива. Едно од цврстите биогорива што може да се произведе се пелетите од коноп, кои се направени од дрвеното јадро на растението. Користењето коноп за пелети е добра алтернатива за дрво, бидејќи произведува речиси иста топлина, со слични нивоа на содржина на пепел и не е корозивно гориво. Конопот може исто така да се користи за производство на јаглен и за време на пиролитичкиот процес (pyrolytic process) што се користи за да се создаде овој јаглен, исто така може да се произведуваат течни биогорива како метанол (како што е споменато погоре). Конопот созрева за 100 дена, додека дрвата созреваат за 50-100 години! Сè што дрвата може да направат - конопот може да направи побрзо и подобро!



Биогас од коноп

Метанот е примарна компонента на природниот гас што можете да го користите дома и е структурно хемиски тесно поврзан со метанолот. Метанот се произведува преку дејство на анаеробни бактерии на органски материи. Опремата што се користи за создавање на вистински анаеробни услови (кои се случуваат во отсуство на кислород) и зафаќање на гасот се нарекува биодигестер, кој делува како механички стомак. Студијата од 2010 година откри дека биогасот од коноп може да биде алтернатива за етанолот од пченица и биодизелот од семе од репка. Отпадот од производството на биогас од коноп може да се користи како ѓубриво во земјоделството.


Kонопот може да направи сè побрзо и подобро!
Дали биогоривата од индустриски коноп се јаглерод неутрални?

Многу експерти тврдат дека биогоривата се јаглерод неутрални, бидејќи количината на јаглерод диоксид што се ослободува кога се користат е еквивалентна на онаа што ја апсорбираат растенијата за време на процесот на раст. Сепак, она што исто така треба да се земе предвид се сите инпути (влез на енергија) во создавањето на горивото - сè од одгледувањето, до бербата и самото производство на горивото. Овие процеси, исто така, мора да бидат јаглерод неутрални. Онаму каде што конопот може да има предност над некои биогорива во поглед на јаглеродниот интензитет, лежи токму во самата природа на билката - потребни се помалку инпути за растење, во споредба со културите како пченка и/или соја.



Храна како гориво?

Конопот е храна. Употребата на храна како гориво е секогаш контроверзна тема, но како што научивме за конопот, прехранбеното семе не мора да се користи како биогориво. Една од многуте придобивки од користењето на индустрискиот коноп за биогоривата е тоа што практично целата билка може да се користи. Друга корист од употребата на конопот во споредба со другите култури е тоа што може да се одгледува на маргиналните површини, не бара пестициди или ѓубрива и не бара многу вода, успева и на оскудни места. Индустрискиот коноп, исто така, може да помогне во санацијата на контаминираните почви. Очекуваме евтино еколошко гориво од индустриски коноп во блиска иднина и кај нас во Македонија! Споделете го овој текст за тоа побрзо да се случи. Благодариме!

Автомобилот од коноп на Х. Форд


ПРОДЛАБОЧИ ГИ СВОИТЕ ЗНАЕЊА:


Индустриски коноп за подобра иднина на Македонија

Кина е светски центар за производство на конопните култури

Индустрискиот коноп е четири пати попрофитабилен од конвенционалните култури

Го креваме од пепел производството на коноп! Кратка ретроспектива од Хрватска

Легализацијата на Канабисот претставува закана за фармацевстската мафија


Новинар и Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Hempgazette

Saturday, May 26, 2018

ФИТОРЕМЕДИЈАЦИЈА - Канабисот го чисти нуклеарното зрачење и токсичниот хемиски отпад

ТАРАНТО, Италија - Земјоделците во регионот на Италија што некогаш бил познат по сирењата, се претворил во област за култивирање на еден вид канабис - не за пушење или да продавање - туку за деконтаминирање на загаденото тло. Конопот што тие го растат содржи многу малку ТХЦ (убиец на ракот) - соединение што ги прави луѓето надувани и здрави. Земјоделецот Винченцо Форнаро (Vincenzo Fornaro) расте коноп за да ја спаси својата почва од токсичен хемиски отпад поради фабриката


Винченцо Форнаро и неговиот деконтаминирачки коноп :)
Најголемата европска фабрика за челик во градот Таранто во Италија, се користи за производство на повеќе од 10 милиони тони челик секоја година - 40% од вкупниот број на челик направен во Италија. Локалната економија на Таранто, која брои 200.000 жители, речиси целосно се потпира на челичарницата, која е еден од најголемите и најсмртоносните загадувачи на било кое место во Медитеранот. Фабриката е озлогласен извор на диоксин и се верува дека правот од фабриката е причина зошто Таранто има стапка на рак на белите дробови 30% повисока од националниот просек. Фабриката е толку токсична, така што на земјоделците им е забрането да чуваат добиток во радиус од 20 километри од фабриката, а во 2008 година владата наредила колење на илјадници овци и други животни за кои се покажало дека имаат премногу високи нивоа на диоксин во телата. Областа, исто така, би можела да направи многу пари од туристи поради своите убави плажи и пастирско обработливо земјиште, но челичната фабрика ги задржува потенцијалните посетители од развој на туризмот...


Коноп како природен филтер :)
Во моментов, фабриката е под владина контрола. Здравствените власти наредија фабриката да биде делумно затворена, но овој потег беше блокиран од страна на владините авторитети, а полицијата делумно ја окупираше фабриката како дел од кривичната истрага, а нејзините сопственици беа конечно уапсени и затворени за извршување на „еколошка катастрофа“, сериозен криминал во Италија, а загрозен ни е целиот европски континент. Сепак, фабриката продолжува да работи, произведувајќи многу помалку челик отколку што некогаш го имало. Фармата на Винченцо Форнаро е помалку од една милја оддалечена од фабриката за челик. Пред една деценија мораше да биде убиено целото негово стадо од 600 овци. Оттогаш му било забрането да одгледува добиток или прехранбени култури. Така, наместо тоа, Винченцо Форнаро одлучи да расте коноп!


Со генерации, нашето семејство произведуваше рикота и месо“ - се присети Форнаро. Но во 2008 година владата на Италија го откри токсичниот хемиски диоксин кај своите овци и му го закла целото стадо. Виновникот беше дури една милја подалеку. Загадувачите што излегуваат од масивната фабрика за челик - најголемата во Европа - значеше дека Форнаро никогаш повеќе нема да може да ги пасе своите овци. За да ја исчисти својата земја, решил да се обиде со прилично необичен експеримент. Форнаро засадил индустриски коноп за да се обиде да ги извлече загадувачите од почвата. Науката се нарекува фиторемедијација - процес во кој загадувачите се апсорбираат од брзорастечките корени на билката канабис и ги трансформира токсините во безопасна супстанција. „Мислите дека оваа марихуана е иднината на вашата фарма?“ - Доан (Doane) го прашува Форнаро. „Да, апсолутно“ - рече Форнаро. Фиторемедијацијата е докажана дека извлекува тешки метали од почвата. Беше искористена по нуклеарната катастрофа во Чернобил за отстранување на радиоактивен стронциум и цезиум.


Процесот фиторемедијација
Винченцо не расте трева за да пуши или продава, туку ја расте за да ги извлече токсините од челичарницата надвор од неговата почва. Форнаро засадил огромни области со индустриски коноп на својата фарма. Тој користи тактика наречена „фиторемедијација“. Оваа тактика користи растенија за отстранување на тешки метали, радиоактивен материјал и други лоши работи од земјата. Индустрискиот коноп се користел за чистење на смртоносни загадувачи и во минатото. Најпознатото користење на индустриски коноп за фиторемедијација беше во близина на местото на смртоносната нуклеарка во Чернобил, Украина. Во средината на 1990-тите, компанија наречена Phytotech работела со истражувачи и банка со семенска база во Украина за да засадат илјадници конопни растенија во и околу Чернобил. Фиторемедијацијата е релативно нов процес, но тоа е многу корисно од еколошки аспект и научно докажано.

Зграда изградена со композитни материјали од коноп
Имајќи предвид дека има многу илјади загадени места низ САД и останатите континенти кои се во очајна потреба за безбедно чистење, овој процес може да биде одговор на многу наши прашања. Ништо не може да се изгради на загадените места сè додека не се исчистат, што значи дека овие локации седат и продолжуваат да ја загадуваат земјата сè додека не се направи нешто. Милијарди се трошат секоја година во напорите да се исчисти токсичната почва и сега е време за фиторемедијација! Според истражувачите од Државниот универзитет во Колорадо, конопот е исклучително ефикасен во отстранувањето на токсичниот елемент кадмиум од почвите. Ова е погодно бидејќи контаминацијата со кадмиум е насекаде. Тоа се гледа во фосилните горива, пестицидите и многу други нуспроизводи на човечката цивилизација. Бидејќи конопот расте брзо, има длабоки корени и не изгледа дека е зашеметен со загадување, конопот е еден од најдобрите растенија што треба да се користи за фиторемедијација, затоа што најуспешно ги собира токсините.


Друга неверојатна работа за користењето коноп за овој процес е тоа што, откако ќе ги отстрани отровните хемикалии од почвата, сè уште може да се употребува, но не и како лек, туку како индустриска суровина. Иако можеби не е најдобра идеја да се јаде или да се прават медицински производи од коноп од области каде нуклеарниот отпад некогаш зрачел, овој коноп е сè уште безбеден за натамошна употреба во други апликации. Тој коноп може да се претвори во масло за подмачкување или во други индустриски цели, може да се користи како изолација и може да се користи и како хартија, лиена пластика или градежен материјал (хемпкрит). Најмногу тешки метали се акумулираат во листовите на конопот. Во Италија, каде што конопот се одгледува за детоксикација на земјиштето или токсичните хемикалии кои ги ослободуваат фабриките, активистите всушност почнуваат да го користат конопот за да го заменат челикот! Активистите изградиле сосема нова станбена зграда целосно направена од влакна од коноп. Оваа станбена зграда (прикажана на сликата од лево погоре) - со канабис посаден пред неа - е изградена со композитни материјали од коноп.


Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извори: Econewsmedia, CBS News

Friday, April 6, 2018

Дали пластиката од коноп е спасот за нашата планета?

Треба да го прифатиме конопот или да ги трпиме последиците од неговото неприфаќање? Пластиката од коноп е биоразградлива (се распаѓа по бактериски пат), одржлива е (не ѝ штети на на околината) и нетоксична алтернатива за пластиката на база на нафта која масовно ја загадува нашата околина. Но, зошто не зборуваме за тоа јавно и транспарентно?


Конопот е едно од најсестраните растенија на планетава. Не само што се користи за правење на лек, како масло од ЦБД, туку може и да се доведе до конец за облека и  хартија, неговото семе е премногу хранливо и може да се користи како извор на гориво. А, дали знаете дека од неговото стебло може да се направи пластика? Бидејќи пластиката продолжува да ја загадува нашата околина, многумина гледаат на коноповота пластика како најдобра алтернатива.


Пластиката и околината

Производството на пластика започнало пред помалку од 80 години, но веќе имаме произведено повеќе од 8 билиони тони од 1950тите. Нажалост, само 9% од таа пластика е рециклирана. Околу 12% се гори, а останатите 79% опстануваат на нашата планета во депонии или во водите. И покрај тоа, сè уште годишно се произведуваат повеќе од 300 милиони тони.


Повеќе од 8 милиони тони пластика се исфрлени во океаните секоја година и тоа го уништува нашиот екосистем. До 2050 година се претпоставува во океаните да има повеќе пластика од риби. За злото да не биде малку, студија од 2006-та заклучила дека дотогаш може да исчезнат сите морски риби. Како последица на комбинацијата од загадувањето, климатските промени и други фактори, сите океански риби би исчезнале до 2048 година. Веќе сведочиме намалување за 90% од 29% морски риби и други видови кои човекот ги користи за исхрана.

Но, пластиката во океаните значи многу повеќе од самото снемување на морска храна! Секое делче од синџирот е незаменливо! Рибите и другите морски видови ги филтрираат токсините од морињата, ги заштитуваат бреговите и го намалуваат ризикот од опасни процветувања на алги. И кога ќе ги снема, морето, бреговите и целата планета бескрајно ќе страдаат.

Според Програмата за Околината на ОН (UN Environmental Program), повеќе од 600 видови животни, вклучувајќи риби, желки, морски цицачи и птици имаат конзумирано пластични отпадоци. Тука е и познатиот Голем Пацифички Слој на ѓубре кој плови меѓу западниот бред на САД и Јапонија; претставува огромна маса на небиоразградлива пластика, поголема дури и од некои острови.

Оваа пластика не се распаѓа, туку само се поделува на помали и помали парчиња - микропластика. Рибите ја помешуваат микропластиката со алги и планктони и ја јадат и бидејќи човекот јаде риба, исто така ја јаде и микропластиката!!! Пластиката најчесто се прави од нафта и содржи токсини и хемикалии како Бисфенол А (Bisphenol A - BPA). Проценето е од страна на Центрите за контрола на болести и превенција (Centers for Disease Control and Prevention - CDC) дека 93% од луѓето имаат бисфенол во урината што го зголемува ризикот од срцеви болести и дијабетес. Само редовното консумирање канабис може да нè заштити од ваквите токсични влијанија.


Како коноповата пластика може да помогне?

На неколку начини, а најдобриот аргумент е тој дека коноповата пластика е нетоксична и биоразградлива. Затоа, пластиката од коноп нема да ги загадува нашите океани, подземни води и депонии бидејќи ќе се разгради. Сепак, не е така лесно. Биоразградливата пластика како коноповата треба да се испрати до посебни комерцијални фертилизирачки фабрики за да се рециклира, а тие се скапи. Бидејќи ништо не се биоразградува доволно добро во депонии, а пластиката од коноп се биоразградува на висока температура. Но, сепак е побезбедна од нафтената пластика која ја кориситиме денес. 

Конопот како растение има релативно мала стапка на јаглерод. Пластиката од ова растение може да ја намали емисијата на СО2 за 30-80% во споредба со пластиката од нафта, бидејќи на конопот му треба многу СО2 за да израсне што помага во отстранувањето на ефектот на стаклената градина од атмосферата на Земјата. Конопот се смета за поодржлив бидејќи не му требаат пестициди за да израсне како на другите растенија, но затоа потребно е многу вода, љубов и труд. 


Иако конопот бара многу повеќе ѓубрива, тие можат да ја остават почвата почиста отколку што била пред да се посади. Сето ова поради моќта на конопот за фиторемедијација - способноста за деконтаминација на почвата. Конопот е користен за чистење на почвата околу Чернобил и околината на Белорусија. Не самошто ја деконтаминира почвата, туку е и исклучива алатка за фиторемедијација бидејќи откако ќе ги абсорбира токсините, околу 75% од растението сè уште може да се искористи.


Дали пластиката од коноп е легална?

Сè уште е проблем да се култивира коноп во најголем дел од светот. Во САД некои земјоделци те култивираат преку посебни програми спонзорирани од Владата, благодарение на законот за земјоделци од 2014. Овој закон го редефинирал конопот со помалку од 0.3% ТХЦ кој се разликува од забранетото растение Cannabis Sativa L.


Како се прави пластика од коноп?

Коноповата пластика се прави од целулоза од коноп. Целулозата е најчестиот органски полимер на планетава и се користи за правење различна пластика вклучувајќи целулоид, целофан и вештачка свила. Стеблото на конопот е од 77% целулоза правејќи го одличен извор за оваа суровина. 

За споредба, дрвото содржи околу 40%, ленот 70% и памукот до 90% целулоза. Но, конопот е посебно корисен бидејќи расте многу побрзо од дрвјата и не му треба пестициди како кај ленот и памукот. Плус тоа, конопот е и цврст и флексибилен, а таква е и пластиката од коноп. Коноповата целулоза изведена од женски растенија е посебно трајна со тони на издржливост на импакт.


Дали некои производи користат пластика од коноп?

Не значи дека фирмите не пробуваат. Постојат Кикстартер кампањи за нови бизниси кои ќе користат пластика од коноп. Има и фирми кои продаваат 3Д филаменти за печатење од конопова пластика така што секој кој има 3Д печатар може да си направи свои предмети од конопова пластика. Еден од најпознатите брендови кои ја земаат во предвид коноповата пластика е ЛЕГО. Во 2015та фирмата ЛЕГО изјавила дека инвестирала околу 150 милиони долари во истражување и развивање на одржливи материјали за правење на ЛЕГО коцкички. Планот им е целосно да имплементираат биоодржливи конопови ЛЕГО коцки до 2030 година. 

Може ли пластиката од коноп да биде нашата иднина? Сигурно да! Иако нема да ги реши сите проблеми со пластика во светот. Односно, спасувањето на околината започнува од нас и нашето користење на пластика и коноп. Реалниот одговор е максимално намалување на секојдневната употреба на најобични пластични предмети како кеси, шишиња и цевки. Кога одиме на пазар или во супермаркет треба да си земаме кеси од дома, да рециклираме пласични шишиња и во кафичи кога порачуваме пијалак да нагласуваме „БЕЗ ЦЕВКА“ и задолжително треба да го споделите овој текст на вашиот ѕид! 


„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - од Aвторот со љубов <3

Извор: HERB