Showing posts with label хив. Show all posts
Showing posts with label хив. Show all posts

Wednesday, February 21, 2018

Канабисот им помага на пациентите со ХИВ да одржат спознајна функција

При едно истражување на Универзитетот во Мишиген направено е револуционерно откритие дека марихуаната го забавува менталното опаѓање кое ги погодува 50% од пациентите со HIV


Лекот е џабе, ако си го пораснете сами!
Се верува дека спознајната функција се намалува кај инфицираните со ХИВ (human immunodeficiency virus) поради хроничното воспаление кое што се случува во мозокот“ - објаснил Норберт Камински (Norbert Kaminski), водечки автор на истражувањето кое може да се најде во онлајн весникот AIDS. „Ова се случува бидејќи имуниот систем постојано е стимулиран да се бори против болеста“ - додава тој. Вирусот хив ги напаѓа имуните клетки кои му се потребни на нашето тело за да се одбрани, сè додека пациентите примаат коктел од лекови за да ja „контролираат“ состојбата, белите крвни зрнца како резултат на тоа стануваат примарно стимулирани поради што настанува воспаление.


Камински и неговиот коавтор во истражувањето Мајк Рицо (Mike Rizzo), откриле дека ТХЦ ги намалува моноцитите - микроскопски воспалителни бели крвни зрнца и ги спречуваат да ги исфрлат штетните протеини во крвотокот. „Намалувањето на клетките може да го забави и дури и стопира воспалителниот процес, евентуално, помагајќи им на пациентите да ја задржат спознајната функција подолго“ -  вели Рицо. Примероци на крв од 40 пациенти со ХИВ биле тестирани за истражувањето и секој од нив се изјаснил дали конзумира канабис. Издвојувајќи ги белите крвни зрнца од примероците и споредувајќи го нивото на воспаление кај оние ХИВ позитивни кои користеле и кај оние кои не користеле трева, Камински и Рицо забележале значајно позитивно варирање меѓу оние кои конзумирале марихуана.

Пациентите кои не пушеле марихуана имале многу високи нивоа на воспалителни клетки во споредба со оние кои пушеле“ - потврдил Камински кој ги истражува ефектите на марихуаната врз имуниот систем скоро 30 години. „Всушност оние кои пушеле имале нивоа многу блиски со нивоата на здрава личност неинфицирана со хив“ - дополнува тој. „Ќе продолжиме да ги истражуваме овие клетки и како тие взаемно дејствуваат и предизвикуваат воспаление во мозокот“ - вели Рицо. „Она што го научивме од ова исто така може да има влијание на други мозочни болести како Алцхајмер и Паркинсонова, бидејќи се работи за истите воспалителни клетки“ - додава тој.

Универзитетот во Мишиген не е единствениот кој ја проучува врската меѓу канабисот и вирусот ХИВ бидејќи Универзитетот во Флорида во октомври 2017 година добил грант од 3,2 милиони долари од државниот институт за злоупотреба на лекови со кој ќе го финансираат истражувањето за здравствените ефекти на канабисот врз пациентите со ХИВ. Флорида има највисока стапка на нови инфекции од овој кобен вирус во САД и ја легализира марихуаната за медицинска употреба во ноември 2017 година. 5 годишното истражување ќе следи 400 пациенти со ХИВ од Флорида кои изјавиле дека моментално користат канабис, додека истражувачите собираат податоци за нивниот внес на канабиноиди и вршат увид на ефектите од растението врз спознајната функција, меморијата, вештините за планирање, како и терапевтските ефекти кај оние ХИВ позитивни кои се соочуваат со болка, стрес и отежнато спиење. „Повеќе луѓе кои користат марихуана за специфични здравствени индикации имаат идентифицирано стратегии за користење марихуана кои тие ги наоѓаат најефективни и ние можеме да научиме од овие искуства“ - вели д-р Роберт Кук (Robert Cook), водечкиот истражувач во групата и професор по епидемиологија и медицина на Универзитетот во Флорида.

Извор: Marijuana

Sunday, February 18, 2018

Канабисот го спречува проширувањето на вирусот ХИВ!!!

Според откритијата објавени во весникот PLOS ONE, истражувачите имаат потврдено дека супстанциите слични на марихуаната ги активираат рецепторите на имуните клетки кај човекот кои директно го инхибираат ХИВ во доцната фаза на СИДА


Канабисот може да помогне!
Марихуаната е многу корисна за третирање болки, губење на тежината и намален апетит кај пациенти со напредна сида. Научниците под закрила на факултет за медицина Mount Sinai го спровеле првото истражување за да откријат како рецепторите за марихуана на имуните клетки - канабиноидните рецептори ЦБ1 и ЦБ2 влијаат на проширувањето на вирусот. Истражувачот и активист Jason Mihaldas вели дека истражувањето конечно го оправдува она што про-марихуана заедницата отсекогаш го знаела.
Декади на анегдотични и емпирични докази сега се валидирани од научната заедница, но не е добро што го користат ова истражување за нивни себични мотиви - да ја однесат марихуаната од нејзина сурова медицински ефективна форма до друга која ќе биде медицински неефективна со процесирачки агенси променувајќи го она за што природно е створена... да лекува“ - вели тој. Научниците ќе го искористат истражувањето за ефектите на овие рецептори за да направат нови лекови кои ќе ѝ донесат приход на фармацевтската индустрија.


Знаевме дека канабиноидните лекови како марихуаната можат да имаат терапевтски ефект кај пациенти со сида, но не разбравме како влијаат врз проширувањето на самиот вирус“ - вели д-р Кристина Константино (Cristina Constantino) од факултетот за медицина Моунт Синаи. „Сакавме да ги истражиме канабиноидните рецептори како мета на фармацевтските интервенции кои ги третираат симптомите во доцна фааза на сида и кои спречуваат подалечен развој на болеста без непосакуваните ефекти на марихуаната“ - додава таа.

Хив ги заразува активните имуни клетки кои го носат вирусниот рецептор CD4, што ги онеспособува овие клетки да се изборат против инфекцијата. За да се прошири вирусот неактивните имуни клетки треба да се активираат. Во напредна фаза на сида, хив мутира за да ги зарази неактивните клетки влегувајќи во клетката користејќи го сигналниот рецептор CXCR4. Третирајќи ги клетките со канабиноиден агонист кој го поттикнува ЦБ2, д-р Константино и тимот од Моунт Синаи откриле дека ЦБ2 го блокира сигнализирачкиот процес и ја угушува инфекцијата во неактивните имуни клетки.


Непсихоактивните канабиноиди како канабидиолот се баш поволни за употреба бидејќи ја одбегнуваат токсичноста која се среќава кај психоактивните канабиноиди во големи дози корисни во методот за новото откритие. ЦБД (канабидиолот) е медицински докажано дека го инхибира растот на канцер клетките. Покажано е дека е и ефективен нетипичен антипсихотик при третирање шизофренија, ЦБД има врска и со количеството на ТХЦ кое мозокот го процесира, балансирајќи го психотропниот ефект на марихуаната. Баш ова е причината поради која моќта на суровиот канабис го привлекува вниманието од луѓето. Тимот од Моунт Синаи инфицирал здрави имуни клетки со хив, потоа ги третирал со хемикалија која го поттикнува ЦБ2 рецепторот наречена агонист. Откриле дека хемикалијата ја намалила инфекцијата кај останатите клетки. „Да се развие хемикалија која го поттикнува само ЦБ2 како дополнителен третман наместо стандардна антивирусна терапија, може да помогне со ублажување на симптомите на сида во доцна фаза и да го спречат проширувањето на вирусот“ - вели д-р Константино.

Бидејќи хив не користи CXCR4 за да ја засили инфекцијата на имуните клетки во раните фази на инфекцијата, ЦБ2 агонистите се ефективен антивирусен лек само во болеста во доцна фаза. Како резултат на ова откритие, истражувачкиот тим воден од докторите Бењамин Чен (Benjamin Chen) и Лакчим Деви (Lakchim Devi) на факултетот за медицина Моунт Синаи, планираат да развијат модел на стаорец со доцна фаза на сида, со цел да ја тестираат ефикасноста на лекот кој го активира ЦБ2 ин виво. Сега кога научните докази се јавни, мора да се направи согласен напор од сите нации за да се заврши со нелегалноста на марихуаната. Да се поседува и употребува растение никогаш не треба да биде криминална навреда и корпоративната алчност како извор на овие закони доаѓа на виделина.

Извор: Real Farmacy, WakeUpWorld