При едно истражување на Универзитетот во Мишиген направено е револуционерно откритие дека марихуаната го забавува менталното опаѓање кое ги погодува 50% од пациентите со HIV
Лекот е џабе, ако си го пораснете сами! |
Камински и неговиот коавтор во истражувањето Мајк Рицо (Mike Rizzo), откриле дека ТХЦ ги намалува моноцитите - микроскопски воспалителни бели крвни зрнца и ги спречуваат да ги исфрлат штетните протеини во крвотокот. „Намалувањето на клетките може да го забави и дури и стопира воспалителниот процес, евентуално, помагајќи им на пациентите да ја задржат спознајната функција подолго“ - вели Рицо. Примероци на крв од 40 пациенти со ХИВ биле тестирани за истражувањето и секој од нив се изјаснил дали конзумира канабис. Издвојувајќи ги белите крвни зрнца од примероците и споредувајќи го нивото на воспаление кај оние ХИВ позитивни кои користеле и кај оние кои не користеле трева, Камински и Рицо забележале значајно позитивно варирање меѓу оние кои конзумирале марихуана.
„Пациентите кои не пушеле марихуана имале многу високи нивоа на воспалителни клетки во споредба со оние кои пушеле“ - потврдил Камински кој ги истражува ефектите на марихуаната врз имуниот систем скоро 30 години. „Всушност оние кои пушеле имале нивоа многу блиски со нивоата на здрава личност неинфицирана со хив“ - дополнува тој. „Ќе продолжиме да ги истражуваме овие клетки и како тие взаемно дејствуваат и предизвикуваат воспаление во мозокот“ - вели Рицо. „Она што го научивме од ова исто така може да има влијание на други мозочни болести како Алцхајмер и Паркинсонова, бидејќи се работи за истите воспалителни клетки“ - додава тој.
Универзитетот во Мишиген не е единствениот кој ја проучува врската меѓу канабисот и вирусот ХИВ бидејќи Универзитетот во Флорида во октомври 2017 година добил грант од 3,2 милиони долари од државниот институт за злоупотреба на лекови со кој ќе го финансираат истражувањето за здравствените ефекти на канабисот врз пациентите со ХИВ. Флорида има највисока стапка на нови инфекции од овој кобен вирус во САД и ја легализира марихуаната за медицинска употреба во ноември 2017 година. 5 годишното истражување ќе следи 400 пациенти со ХИВ од Флорида кои изјавиле дека моментално користат канабис, додека истражувачите собираат податоци за нивниот внес на канабиноиди и вршат увид на ефектите од растението врз спознајната функција, меморијата, вештините за планирање, како и терапевтските ефекти кај оние ХИВ позитивни кои се соочуваат со болка, стрес и отежнато спиење. „Повеќе луѓе кои користат марихуана за специфични здравствени индикации имаат идентифицирано стратегии за користење марихуана кои тие ги наоѓаат најефективни и ние можеме да научиме од овие искуства“ - вели д-р Роберт Кук (Robert Cook), водечкиот истражувач во групата и професор по епидемиологија и медицина на Универзитетот во Флорида.
Автор: Никола Станчески
No comments:
Post a Comment