Здружение на граѓани за демистификација на канабисот „420 МАКЕДОНИЈА - Скопје“.
Одгледувајте канабис легално! Приклучете се на следниов линк: https://cannergrow.com/r/MV1ZSK
Само обединети сме посилни и даваме поддршка на медицинска, рекреативна и спиритуална употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот и противници сме на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение...
При едно истражување на Универзитетот во Мишиген направено е револуционерно откритие дека марихуаната го забавува менталното опаѓање кое ги погодува 50% од пациентите со HIV
Лекот е џабе, ако си го пораснете сами!
„Се верува дека спознајната функција се намалува кај инфицираните со ХИВ (human immunodeficiency virus) поради хроничното воспаление кое што се случува во мозокот“ - објаснил Норберт Камински (Norbert Kaminski), водечки автор на истражувањето кое може да се најде во онлајн весникот AIDS. „Ова се случува бидејќи имуниот систем постојано е стимулиран да се бори против болеста“ - додава тој. Вирусот хив ги напаѓа имуните клетки кои му се потребни на нашето тело за да се одбрани, сè додека пациентите примаат коктел од лекови за да ja „контролираат“ состојбата, белите крвни зрнца како резултат на тоа стануваат примарно стимулирани поради што настанува воспаление.
Камински и неговиот коавтор во истражувањето Мајк Рицо (Mike Rizzo), откриле дека ТХЦ ги намалува моноцитите - микроскопски воспалителни бели крвни зрнца и ги спречуваат да ги исфрлат штетните протеини во крвотокот. „Намалувањето на клетките може да го забави и дури и стопира воспалителниот процес, евентуално, помагајќи им на пациентите да ја задржат спознајната функција подолго“ - вели Рицо. Примероци на крв од 40 пациенти со ХИВ биле тестирани за истражувањето и секој од нив се изјаснил дали конзумира канабис. Издвојувајќи ги белите крвни зрнца од примероците и споредувајќи го нивото на воспаление кај оние ХИВ позитивни кои користеле и кај оние кои не користеле трева, Камински и Рицо забележале значајно позитивно варирање меѓу оние кои конзумирале марихуана.
„Пациентите кои не пушеле марихуана имале многу високи нивоа на воспалителни клетки во споредба со оние кои пушеле“ - потврдил Камински кој ги истражува ефектите на марихуаната врз имуниот систем скоро 30 години. „Всушност оние кои пушеле имале нивоа многу блиски со нивоата на здрава личност неинфицирана со хив“ - дополнува тој. „Ќе продолжиме да ги истражуваме овие клетки и како тие взаемно дејствуваат и предизвикуваат воспаление во мозокот“ - вели Рицо. „Она што го научивме од ова исто така може да има влијание на други мозочни болести како Алцхајмер и Паркинсонова, бидејќи се работи за истите воспалителни клетки“ - додава тој.
Универзитетот во Мишиген не е единствениот кој ја проучува врската меѓу канабисот и вирусот ХИВ бидејќи Универзитетот во Флорида во октомври 2017 година добил грант од 3,2 милиони долари од државниот институт за злоупотреба на лекови со кој ќе го финансираат истражувањето за здравствените ефекти на канабисот врз пациентите со ХИВ. Флорида има највисока стапка на нови инфекции од овој кобен вирус во САД и ја легализира марихуаната за медицинска употреба во ноември 2017 година. 5 годишното истражување ќе следи 400 пациенти со ХИВ од Флорида кои изјавиле дека моментално користат канабис, додека истражувачите собираат податоци за нивниот внес на канабиноиди и вршат увид на ефектите од растението врз спознајната функција, меморијата, вештините за планирање, како и терапевтските ефекти кај оние ХИВ позитивни кои се соочуваат со болка, стрес и отежнато спиење. „Повеќе луѓе кои користат марихуана за специфични здравствени индикации имаат идентифицирано стратегии за користење марихуана кои тие ги наоѓаат најефективни и ние можеме да научиме од овие искуства“ - вели д-р Роберт Кук (Robert Cook), водечкиот истражувач во групата и професор по епидемиологија и медицина на Универзитетот во Флорида.
Според откритијата објавени во весникот PLOS ONE, истражувачите имаат потврдено дека супстанциите слични на марихуаната ги активираат рецепторите на имуните клетки кај човекот кои директно го инхибираат ХИВ во доцната фаза на СИДА
Канабисот може да помогне!
Марихуаната е многу корисна за третирање болки, губење на тежината и намален апетит кај пациенти со напредна сида. Научниците под закрила на факултет за медицина Mount Sinai го спровеле првото истражување за да откријат како рецепторите за марихуана на имуните клетки - канабиноидните рецептори ЦБ1 и ЦБ2 влијаат на проширувањето на вирусот. Истражувачот и активист Jason Mihaldas вели дека истражувањето конечно го оправдува она што про-марихуана заедницата отсекогаш го знаела.
„Декади на анегдотични и емпирични докази сега се валидирани од научната заедница, но не е добро што го користат ова истражување за нивни себични мотиви - да ја однесат марихуаната од нејзина сурова медицински ефективна форма до друга која ќе биде медицински неефективна со процесирачки агенси променувајќи го она за што природно е створена... да лекува“ - вели тој. Научниците ќе го искористат истражувањето за ефектите на овие рецептори за да направат нови лекови кои ќе ѝ донесат приход на фармацевтската индустрија.
„Знаевме дека канабиноидните лекови како марихуаната можат да имаат терапевтски ефект кај пациенти со сида, но не разбравме како влијаат врз проширувањето на самиот вирус“ - вели д-р Кристина Константино (Cristina Constantino) од факултетот за медицина Моунт Синаи. „Сакавме да ги истражиме канабиноидните рецептори како мета на фармацевтските интервенции кои ги третираат симптомите во доцна фааза на сида и кои спречуваат подалечен развој на болеста без непосакуваните ефекти на марихуаната“ - додава таа.
Хив ги заразува активните имуни клетки кои го носат вирусниот рецептор CD4, што ги онеспособува овие клетки да се изборат против инфекцијата. За да се прошири вирусот неактивните имуни клетки треба да се активираат. Во напредна фаза на сида, хив мутира за да ги зарази неактивните клетки влегувајќи во клетката користејќи го сигналниот рецептор CXCR4. Третирајќи ги клетките со канабиноиден агонист кој го поттикнува ЦБ2, д-р Константино и тимот од Моунт Синаи откриле дека ЦБ2 го блокира сигнализирачкиот процес и ја угушува инфекцијата во неактивните имуни клетки.
Непсихоактивните канабиноиди како канабидиолот се баш поволни за употреба бидејќи ја одбегнуваат токсичноста која се среќава кај психоактивните канабиноиди во големи дози корисни во методот за новото откритие. ЦБД (канабидиолот) е медицински докажано дека го инхибира растот на канцер клетките. Покажано е дека е и ефективен нетипичен антипсихотик при третирање шизофренија, ЦБД има врска и со количеството на ТХЦ кое мозокот го процесира, балансирајќи го психотропниот ефект на марихуаната. Баш ова е причината поради која моќта на суровиот канабис го привлекува вниманието од луѓето. Тимот од Моунт Синаи инфицирал здрави имуни клетки со хив, потоа ги третирал со хемикалија која го поттикнува ЦБ2 рецепторот наречена агонист. Откриле дека хемикалијата ја намалила инфекцијата кај останатите клетки. „Да се развие хемикалија која го поттикнува само ЦБ2 како дополнителен третман наместо стандардна антивирусна терапија, може да помогне со ублажување на симптомите на сида во доцна фаза и да го спречат проширувањето на вирусот“ - вели д-р Константино.
Бидејќи хив не користи CXCR4 за да ја засили инфекцијата на имуните клетки во раните фази на инфекцијата, ЦБ2 агонистите се ефективен антивирусен лек само во болеста во доцна фаза. Како резултат на ова откритие, истражувачкиот тим воден од докторите Бењамин Чен (Benjamin Chen) и Лакчим Деви (Lakchim Devi) на факултетот за медицина Моунт Синаи, планираат да развијат модел на стаорец со доцна фаза на сида, со цел да ја тестираат ефикасноста на лекот кој го активира ЦБ2 ин виво. Сега кога научните докази се јавни, мора да се направи согласен напор од сите нации за да се заврши со нелегалноста на марихуаната. Да се поседува и употребува растение никогаш не треба да биде криминална навреда и корпоративната алчност како извор на овие закони доаѓа на виделина.
„Брауни“ (Brownie - колаче со марихуана) Мери Џејн Ратбун (Mary Jane Rathbun), позната како Брауни Мери е пронаоѓач на марихуана колачите
За време на 1980-тите Мери Џејн нелегално печеше над 4.000 браунис неделно за пациентите со канцер и СИДА во Калифорнија, како волонтер во општата болница во Сан Франциско. Покрај бројните апсења, таа остана активен застапник на марихуаната до нејзиниот последен ден на овој свет.
Заедно со активистот Денис Перон (Dennis Peron), Ратбун лобираше за легализација на канабисот за медицинска употреба и таа помогна да се надмине Забраната во Сан Франциско (1991) и Забраната во Калифорнија 215 (1996) за да ги постигнат тие цели. Таа исто така, придонесе за основање на Сан Франциско канабис купувачиот клуб, првата медицинска продавница (dispensary) за канабис во САД.
Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system) - ECS, претставува комплексна сигнална мрежа, која што има многубројни ефекти врз целиот организам
Ендоканабиноидниот систем ги регулира сите процеси во целото тело: апетитот, метаболичкото здравје, шеќерот во крвта, дебелината, чувството за болка, оксидативниот стрес, терморегулацијата, видот и очниот притисок, расположението, меморијата и многу повеќе. Едно од својствата (најважното) на ECS е неговиот ефект врз имуниот систем. Всушност ендоканабиноидниот систем и имуниот систем се во тесна корелација.
На кој начин ендоканабиноидниот систем поттикнат од канабиноидите, дејствува врз имуниот систем?
Накратко: оптималните концентрации од одредени канабиноиди можат да ги редуцираат воспалителните одговори кај пациентите со автоимуни болести (Мултиплекс склероза, Артритис, Лупус, Енцефаломиелитис, Паркинсонова болест и др.). Канабиноидите исто така играат значајна улога во модулирањето на неврогенезата и невродегенерацијата.
Имуномодулативните ефекти се резултат на координираните одговори од така наречениот „вроден имунолошки систем“, како и на „адаптивниот имунолошки систем“. Доколку се појави дисбаланс помеѓу целуларниот и хуморалниот имунитет, резултатот е дисфункција и појава на некое заболување. На пример, кај мултиплекс склерозата целуларниот имун систем е хипер активиран против мозокот и нервниот систем на пациентот, како тие да се страни тела. Истражувачите коишто ги истражувале ефектите на ECS врз имуниот систем, уште одамна докажаа дека кај воспаленијата во зглобовите и другите воспаленија постојат евидентирани значајни придобивки од природните ендогено произведени канабиноиди (ендоканабиноидите природно произведени од нашето тело).
Никој до сега не починал дури и од прекумерна употреба на канабис - НУЛА смртни случаи во историјата.
Дури и долгогодишната употреба на канабисот може да има само позитивни последици - го продолжува животот. Дури и започнувањето во детството и раната младост не влијае негативно врз развојот на мозокот. Никој во историјата не оглупел и не полудел од ова растение. Научно е докажано дека канабисот во мозокот прави конекции кои претходно ги немало, што значи дека позитивно влијае на развојот на мозокот - ја поттикнува неврогенезата. Доказ дека канабисот не е штетен за мозокот се бебињата и дечињата на кои ова растение им го врати здравјето и животот! Децата со Аутизам, АДД и АДХД кои користат марихуана, стануваат покомуникативни, а многу од нив прозборуваат за прв пат благодарение на оваа билка. Прекумерната употреба може за некого да биде непријатна, но не е штетна или смртоносна, напротив - предизвикува сонливост и отвора апетит - некои луѓе можеби не го сакаат тоа чувство.
Организмот се регенерира и лекува од болестите самостојно исклучиво преку квалитетен сон, а марихуаната му помага на телото во тоа и го балансира имуниот систем, помагајќи му самостојно да се справи со болеста, вирусите и бактериите, а ја зголемува и надежта кај пациентите кои имаат генетска предиспозиција за појава на автоимуни болести. Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот. Никој немал проблеми со кризи и останати негативни симптоми, како што е случајот при одвикнувањето од некои (природни и синтетички) супстанци, па дури и кафето и шеќерот, затоа што од канабис не се станува зависен! Канабисот се користи за ублажување на негативните ефекти од многу фармацевтски лекови. На природен начин го продолжува животот кај пациентите со СИДА и се препорачува користење на оваа билка кај пациентите после трансплантација на органи.
Ова растение претставува лек како за болните, така и за здравите - се користи за лекување и за превенција и секоја форма на консумирање на канабисот е здрава (започнувајќи од јадење или анално внесување на маслото-екстрактот од цветовите, па се` до пиењето чај од било кој дел од растението, јадењето на јадења збогатени со екстрактот или млеко/путер со канабис, јадењето на живото растение и семките во салати, смудиа, сосови, сокови, надворешното мачкање на кожа (рак на кожа, бемки) на маслото или кремите, па завршувајќи на евапорацијата (испарувањето) на цветовите и екстрактите и пушењето џоинт и тн. и тн.).
Доколку кај тебе се појави секојдневна потреба за консумирање на ова растение - немој да се плашиш, затоа што очиглено имаш дефицит од канабиноиди коишто твоето тело и мозок ги бараат. Како што имаш секојдневна потреба од зеленчук, така може да се појавии секојдневна потреба од канабис. Некои болести бараат постојана употреба на марихуана. Што е подобро: да се труе организмот со опасни фармацевтски лекови кои го скратуваат животот на пациентот или подобро е да се користи една обична лековита билка, која во никој случај не може да ти наштети? Ниту еден хемиски создаден фармацевтски лек на база на канабис, не може да го даде ефектот што го има целото растение, бидејќи само растението ја има неопходната комбинација од состојки кои само заедно го даваат посакуваниот ефект!
Марихуаната ти помага да се чувствуваш нормално и слично како што пиеш чај од нане против киселини и грчеви во желудникот секој пат кога ќе ти се појават, на сличен начин треба да користиш и канабис, по потреба на пример секој пат кога нема да можеш да заспиеш, кога немаш апетит, кога си тажен и нерасположен, кога имаш болки, за повеќе концентрација, за зголемување на либидото, против канцер, за стопирање на епилептични напади или при некоја друга здравствена состојба - не постои заболување кое не може да се лекува со канабис.
Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот.
Референци:
Fernandez-Ruiz J, et al. (2013). Cannabidiol for neurodegenerative disorders: Important new clinical applications for this phytocannabinoid? Br J Clin Pharmacol. 75(2): 323-333;
Tanasescu R and CS Constantinescu. (2010). Cannabinoids and the immune system: An overview. Immunobiology. 215: 588-597;
Klein TW, et al. (2003). The cannabinoid system and immune modulation. 74: 486-496;
Downer EJ. (2011). Cannabinoids and innate immunity: Taking a toll on neuroinflammation. The Scientific World Journal. 11: 855-865;
Croxford JL, Yamamura T. (2005). Cannabinoids and the immune system: potential for the treatment of inflammatory diseases? J Neuroimmunol. Sep;166(1-2):3-18;
Massi P, Vaccani A, Parolaro D. (2006). Cannabinoids, immune system and cytokine network. Curr Pharm Des. 12(24):3135-46.
Канабисот лекува: Астма, Псоријаза, Егзема и други кожни заболувања, секакви видови на Рак, Депресија, други видови на болести и состојби на расположението и однесувањето, Дијареа, Гадење, Епилепсија, Глауком, Мултиплекс склероза, Кронова болест, Грчеви во мускулите, Главоболки, Проблеми со спиењето, Анорексија, Булимија, Дебелина, Дијабет, Алцхајмер, Артритис, Болки, и... ЛИСТАТА ПРОДОЛЖУВА!
Речиси не постои заболување кое што не може да биде лекувано со Канабис! Секое заболување најдобро се третира со соодветна врста на Канабис, т.е. со соодветен сооднос на канабиноидите. Секој канабиноид дејствува различно на секоја болест и за третирање на секоја болест потребна е поголема концентрација на некој од канабиноидите.
Меѓутоа, Екстрахираниот Канабидиол или некој друг канабиноид не се доволни. Имено, за да се постигне целокупната лековита моќ за успешно да се победи одредено заболување, потребно е целото растение, а пред се` цветовите во кои се содржи волшебна природна комбинација од лековити состојки, кои само заедно можат да го дадат посакуваниот ефект - ЗДРАВЈЕ!
Hannah има тешка епилепсија - Драветов синдром. Се` што сака ова дете е да биде здраво. Тоа е невозможно, бидејќи „ЦЕЛИОТ ЛЕК“ се` уште е НЕЛЕГАЛЕН, а фармацевтските деривати со CBD од билката ги задоволуваат само потребите за профит на фармацевтските индустрии, а не и потребите на пациентите. Затоа потребно е да се легализира целото растение!