Showing posts with label даноци. Show all posts
Showing posts with label даноци. Show all posts

Tuesday, April 21, 2020

Канабис индустријата се развива и покрај Корона пандемијата

Индустријата за марихуана и нејзините даночни приходи во Алјаска останаа цврсти за време на кризата поради Ковид-19 пандемијата


Додека гувернерот на Алјаска, Мајк Данлеви, повторно сака да ги активира економските сили во државата, една индустрија продолжи да биде сигурен извор на даночни приходи и за време на кризата од Корона вирусот. Бизнисите за канабис во Алјаска биле назначени како основна дејност, што им овозможувало на деловните активности да останат отворени, додека некои други бизниси биле принудени да се затворат, а продажбата останала стабилна, тврди Лејси Вилкокс, претседател на Alaska Marijuana Industry Association. Според законот, сите канабис производи од Алјаска мора да потекнуваат и да останат во државата, значи одгледувачите, производителите и трговците сè уште работат и плаќаат даноци. 

Одгледувачите и производителите ѝ плаќаат даноци на државата, додека трговците на мало плаќаат даноци на нивната локална општина, рече Кели Мазези, даночен управител на одделот за приходи на Алјаска. Даноците од индустријата за канабис не само што се стабилни, рече Мазези, туку тие растат. „Ние преземаме нови даночни обврзници цело време“ - истакна Мазези. „Се одобруваат многу нови лиценци на установи за одгледување, исто како и за производство и малопродажба. Сè уште се одобруваат лиценците, дефинитивно гледаме дека се зголемуваат приходите од данок“ - додава таа. 

Месечните даночни статистики сè уште не се достапни за март, но во февруари државата презеде 1,7 милиони американски долари од даноци. Тие пари се само 25% од вкупните приходи од данок од канабис, според Мазези, а остатокот оди на образовни програми за марихуана, рече таа. Бидејќи марихуаната сè уште е нелегална  на федерално ниво, компаниите за канабис не се квалификувани за федерални или програми за државна помош за време на оваа вонредна состојба. Но, само затоа што на индустријата ѝ беше дозволено да остане отворена, тоа не значи дека на индивидуалните бизниси им оди лесно, тие мораат да се борат, додаде Вилкокс. Бизнисите со канабис сè уште се соочуваат со истите проблеми со кои се соочуваат многу други бизниси во моментов.

Преведе: MoniQue Konopova
Извор: Juneauempire

Saturday, January 20, 2018

Што можеме да научиме од Колорадо за конечно да го спречиме одливот на млади сили во странство?

Во ноември 2012 година, жителите на Колорадо гласаа за легализација на рекреативниот канабис, што стапи на сила во јануари 2014 година. Точно четири години подоцна, идеално сме поставени за критично да погледнеме во она што овие луѓе го направиле дали правилно или погрешно во врска со ослободувањето на оваа билка, за да го извлечеме најдоброто за Република Македонија. Еве пет работи на кои треба да се обрне внимание:

Декриминализацијата овозможи нови  работни места!

Само во 2015 година, беа создадени 18.000 нови работни места со полно работно време и 2.4 милијарди долари во економската активност беа генерирани од легалната марихуана. Овие броеви не може да се игнорираат. Една студија на консултантската фирма Marijuana Policy Group, објавена од  порталот Chicago Tribune, ги мери продажните броеви за две години и забележала 1 милијарда долари во продажбата на мало во 2015 година.


Ако ова се направи правилно, регулирано правно, оданочено правно, оваа индустрија може да донесе вистинска економска корист за државата“ - рече ко-авторот на студијата и основач на MPG Адам Оренс (Adam Orens). „Ако државата или локалните власти управуваат, дозволуваат и спроведуваат [регулатива за марихуаната] на внимателен начин, тогаш ова може да има вистински бенефиции“ - додава тој.


Мудро користење на даноците

Според приказната на Вокс (Vox), даноците за канабис зголемиле десетици милиони долари што помогнале во реконструкцијата на училиштата во распаѓање, при што Колорадо доделило 40 милиони долари во даночни пари за програмата BEST Excellent Schools Today (BEST):

Не ми е гајле од каде доаѓаат парите. Ако добиеме ново училиште, јас сум за тоа“ - рече Хејли Вајтхед (Hayley Whitehead) ... кој работи за училишната област [Deer Trail], изјавува за Denver Post. „Ги гледам фактурите и гледам што ни треба за поправки, па затоа имам прилично добра идеја за ситуацијата овде“ - додава. Постојат неколку државни службеници во округот Лос Анџелес кои имаат слични идеи.


Одржување контрола

Само поради тоа што канабисот е законски, тоа не значи дека целата држава мора да се префрли во Cheech & Chong хуманитарна форма, бесплатно за сите. И, искрено, тоа никогаш нема да се случи. Постојат ограничувања за тоа колку растенија може да растете дома, и се разбира, конзумирањето канабис за оние под 21 година не е дозволено законски.


Фокусирање на прехранбените канабис продукти

Кога гувернерот Џери Браун (Jerry Brown) побарал совет од Колорадо. Човек скромен познат како Хик, му рекол на Браун да се фокусира на контролирање на она што се јаде, особено да се обрне внимание на оние дизајнерски канабис продукти за јадење, кои изгледаат како бонбони и колачи, за да се внимава на децата. Како што објавија L.A. Times: „Ние не го регулиравме комзумирањето на храната доволно добро“ - изјави Хиникелопер (Hickenlooper) во интервјуто оваа недела на собирот во Коронадо на западните гувернери.


Смирете се. Сè ќе биде во ред!

Навистина немаше значителни здравствени проблеми во Колорадо од јануари 2014 година, а општото мислење „досега, е толку добро“. Се разбира, овие работи треба внимателно да се регулираат и да се следат и имаме верба дека Калифорнија и Лос Анџелес, ќе го сторат тоа, заклучуваат надлежните.

Автор: Кристина Т.
Извор: Laweekly

Friday, September 18, 2015

Колорадо го преполни својот буџет од легално продаваната Марихуана!

Колорадо стана првата држава која собира повеќе даноци од продажба на Марихуана, отколку од Алкохол!

Статистичките податоци од 2014-2015 година откриваат дека државата Колорадо собрала 70 милиони долари од даноци од продажба на Марихуана, а само 42 милиони долари од продажбата на алкохол.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО КОЛОРАДО - Туфки и појадок!“ Туризмот во Колорадо е во полн ек! Оние кои живеат од туризам, на своите гости не им нудат само ноќевање и појадок, туку и квалитетен Канабис! Гостите се презадоволни и секогаш сакаат да се вратат повторно.

Годишните даночни приходи Mарихуана во САД!
Според најновите статистики објавени од страна на Одделението за државни приходи на Колорадо, оваа држава во историјата се запиша како првата американска држава која остварува годишен приход од даноци од легалната продажба на Марихуана, поголем отколку севкупната сума на прилив од даноците од продажба на алкохолни пијалаци. Извештајот ги разгледуваше собраните даноци од први јули 2014 година се` до 30-ти јуни 2015 година.

Мејсон Тиверт (Mason Tvert), директор на комуникациите за Marijuana Policy Project и ко-директор на иницијативата од 2012 година за регулирање и оданочување на Марихуаната како алкохолот во Колорадо, изјави дека даноците од Марихуана се „неверојатно продуктивни во текот на изминатата година“.

Легализацијата значи отворање на нови работни места!
„Тоа е лудо колку од приходите на нашата држава биле фрлани во канта со форсирањето на продажбата на Марихуана во подземниот пазар“ - рече Тиверт. „Уште полудо е тоа што толку многу држави продолжуваат да го прават тоа. Приходите од даноци се само една од многуте добри причини за замена на забраната на Марихуана со регулациски систем“ - додаде тој. Даночните обврзници во Колорадо според нивната законска регулатива, мораат да ги одобрат новите даноци врз основа на проценетите суми и државната потрошувачка.

The Denver Post истакна дека иако даночните приходи од продажбата на Марихуана не ги надминале проектираните бројки, „вкупната државна потрошувачка ги надмина првичните проценки, поради подобрувањето на економијата“.

Канабисот е ЛЕК не само за болните. Канабисот е ЛЕК ЗА БОЛНАТА ЕКОНОМИЈА!

Во септември 2014 година, истражувачкиот новинар Ben Swann ги разгледа документите на Федералната Влада во врска со Марихуаната користена за медицински цели и тој откри дека иако Владата глуми дека Канабисот не е лек, таа всушност го поседува патентот дека Канабиноидите лекуваат.