Showing posts with label ECS. Show all posts
Showing posts with label ECS. Show all posts

Friday, July 14, 2017

Марихуаната е лек за секого! Секое суштество со ECS има потреба од канабиноиди

Марихуаната е лек за секого. Не само за хипиците, како што пропагандата за забрана на конопот базирана на лаги сакаше да верувате. Колку побрзо ќе ги надминете вашите ментални блокови и ќе почнете да го користите канабисот како лек (а секоја употреба е медицинска), толку побрзо ќе разберете дека поголемиот дел од она што медицинскиот систем ви го кажува е чиста бесмислица. И колку порано ќе почнете да внесувате канабиноиди, толку повеќе ги спречувате болестите да го нападнат вашиот систем. Не верувајте на сопствените очи. Не верувајте на сопствените уши. Не ја збогатувајте фарМАФИЈАТА, којашто до вчера ве лажеше дека конопот е опасна дрога! Самостојно подгответе си мала експериментална количина екстракт од канабис и уверете се на сопствена КОЖА! Нула смртни случаи до сега, а безброј оздравени, па зашто да не испробате сами? ;)

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system - ECS) се состои од ЦБ рецептори, ендоканабиноиди и ензими кои се вклучени во нивната биосинтеза и деградација и тој е присутен и во мозокот и периферните ткива, вклучувајќи го и црниот дроб. Хепаталниот ЕЦС (hepatic ECS) се активира кај различни заболувања на црниот дроб и придонесува до основните патологии.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21254182

„Ендоканабиноидниот систем е во голема мера надрегулиран за време на хроничните заболувања на црниот дроб и конзистентните експериментални и клинички наоди покажуваат дека тој игра улога во патогенезата на фиброзата на црниот дроб и заболувањето на масното ткиво на црниот дроб поврзано со дебелина, злоупотреба на алкохол и хепатитис Ц.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23890208

„И покрај значителниот напредок во разбирањето на механизмите преку кои канабиноидите ги регулираат имунолошките функции, не се знае многу за улогата на ендоканабиноидите во патогенезата или спречувањето на автоимуните болести.“ 

„Прекумерната употреба на канабиноиди покажа дека ја влошува фиброгенезата на црниот дроб кај пациенти со хронична хепатитис Ц инфекција вклучувајќи го CB1 рецепторот. Сепак, активацијата на CB2 рецепторот може да игра заштитна улога за време на хронични заболувања на црниот дроб.“ Ова потврдува дека за идеална избалансирана благосостојба потребно ни е целото растение со сите состојки коишто природно се наоѓаат во него. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19647124

Thursday, October 22, 2015

Канабисот го балансира имуниот систем

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system) - ECS, претставува комплексна сигнална мрежа, која што има многубројни ефекти врз целиот организам


Ендоканабиноидниот систем ги регулира сите процеси во целото тело: апетитот, метаболичкото здравје, шеќерот во крвта, дебелината, чувството за болка, оксидативниот стрес, терморегулацијата, видот и очниот притисок, расположението, меморијата и многу повеќе. Едно од својствата (најважното) на ECS е неговиот ефект врз имуниот систем. Всушност ендоканабиноидниот систем и имуниот систем се во тесна корелација. 

На кој начин ендоканабиноидниот систем поттикнат од канабиноидите, дејствува врз имуниот систем?

Накратко: оптималните концентрации од одредени канабиноиди можат да ги редуцираат воспалителните одговори кај пациентите со автоимуни болести (Мултиплекс склероза, Артритис, Лупус, Енцефаломиелитис, Паркинсонова болест и др.). Канабиноидите исто така играат значајна улога во модулирањето на неврогенезата и невродегенерацијата. 


Имуномодулативните ефекти се резултат на координираните одговори од така наречениот „вроден имунолошки систем“, како и на „адаптивниот имунолошки систем“. Доколку се појави дисбаланс помеѓу целуларниот и хуморалниот имунитет, резултатот е дисфункција и појава на некое заболување. На пример, кај мултиплекс склерозата целуларниот имун систем е хипер активиран против мозокот и нервниот систем на пациентот, како тие да се страни тела. Истражувачите коишто ги истражувале ефектите на ECS врз имуниот систем, уште одамна докажаа дека кај воспаленијата во зглобовите и другите воспаленија постојат евидентирани значајни придобивки од природните ендогено произведени канабиноиди (ендоканабиноидите природно произведени од нашето тело).

Никој до сега не починал дури и од прекумерна употреба на канабис - НУЛА смртни случаи во историјата. 

Дури и долгогодишната употреба на канабисот може да има само позитивни последици - го продолжува животот. Дури и започнувањето во детството и раната младост не влијае негативно врз развојот на мозокот. Никој во историјата не оглупел и не полудел од ова растение. Научно е докажано дека канабисот во мозокот прави конекции кои претходно ги немало, што значи дека позитивно влијае на развојот на мозокот - ја поттикнува неврогенезата. Доказ дека канабисот не е штетен за мозокот се бебињата и дечињата на кои ова растение им го врати здравјето и животот! Децата со Аутизам, АДД и АДХД кои користат марихуана, стануваат покомуникативни, а многу од нив прозборуваат за прв пат благодарение на оваа билка. Прекумерната употреба може за некого да биде непријатна, но не е штетна или смртоносна, напротив - предизвикува сонливост и отвора апетит - некои луѓе можеби не го сакаат тоа чувство. 


Организмот се регенерира и лекува од болестите самостојно исклучиво преку квалитетен сон, а марихуаната му помага на телото во тоа и го балансира имуниот систем, помагајќи му самостојно да се справи со болеста, вирусите и бактериите, а ја зголемува и надежта кај пациентите кои имаат генетска предиспозиција за појава на автоимуни болести. Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот. Никој немал проблеми со кризи и останати негативни симптоми, како што е случајот при одвикнувањето од некои (природни и синтетички) супстанци, па дури и кафето и шеќерот, затоа што од канабис не се станува зависен! Канабисот се користи за ублажување на негативните ефекти од многу фармацевтски лекови. На природен начин го продолжува животот кај пациентите со СИДА и се препорачува користење на оваа билка кај пациентите после трансплантација на органи.

Ова растение претставува лек како за болните, така и за здравите - се користи за лекување и за превенција и секоја форма на консумирање на канабисот е здрава (започнувајќи од јадење или анално внесување на маслото-екстрактот од цветовите, па се` до пиењето чај од било кој дел од растението, јадењето на јадења збогатени со екстрактот или млеко/путер со канабис, јадењето на живото растение и семките во салати, смудиа, сосови, сокови, надворешното мачкање на кожа (рак на кожа, бемки) на маслото или кремите, па завршувајќи на евапорацијата (испарувањето) на цветовите и екстрактите и пушењето џоинт и тн. и тн.). 

Доколку кај тебе се појави секојдневна потреба за консумирање на ова растение - немој да се плашиш, затоа што очиглено имаш дефицит од канабиноиди коишто твоето тело и мозок ги бараат. Како што имаш секојдневна потреба од зеленчук, така може да се појавии секојдневна потреба од канабис. Некои болести бараат постојана употреба на марихуана. Што е подобро: да се труе организмот со опасни фармацевтски лекови кои го скратуваат животот на пациентот или подобро е да се користи една обична лековита билка, која во никој случај не може да ти наштети? Ниту еден хемиски создаден фармацевтски лек на база на канабис, не може да го даде ефектот што го има целото растение, бидејќи само растението ја има неопходната комбинација од состојки кои само заедно го даваат посакуваниот ефект!

Марихуаната ти помага да се чувствуваш нормално и слично како што пиеш чај од нане против киселини и грчеви во желудникот секој пат кога ќе ти се појават, на сличен начин треба да користиш и канабис, по потреба на пример секој пат кога нема да можеш да заспиеш, кога немаш апетит, кога си тажен и нерасположен, кога имаш болки, за повеќе концентрација, за зголемување на либидото, против канцер, за стопирање на епилептични напади или при некоја друга здравствена состојба - не постои заболување кое не може да се лекува со канабис

Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот.


Референци:
  • Fernandez-Ruiz J, et al. (2013). Cannabidiol for neurodegenerative disorders: Important new clinical applications for this phytocannabinoid? Br J Clin Pharmacol. 75(2): 323-333;
  • Tanasescu R and CS Constantinescu. (2010). Cannabinoids and the immune system: An overview. Immunobiology. 215: 588-597;
  • Klein TW, et al. (2003). The cannabinoid system and immune modulation. 74: 486-496;
  • Downer EJ. (2011). Cannabinoids and innate immunity: Taking a toll on neuroinflammation. The Scientific World Journal. 11: 855-865;
  • Croxford JL, Yamamura T. (2005). Cannabinoids and the immune system: potential for the treatment of inflammatory diseases? J Neuroimmunol. Sep;166(1-2):3-18;
  • Massi P, Vaccani A, Parolaro D. (2006). Cannabinoids, immune system and cytokine network. Curr Pharm Des. 12(24):3135-46.