Showing posts with label болести. Show all posts
Showing posts with label болести. Show all posts

Saturday, February 10, 2018

5 придобивки од чајот од канабис за хронични болести

Медицинската марихуана се здобива со популарност како комплементарен лек за помош при многу симптоми поврзани со хронични болести. Иако многу луѓе се заинтересирани за тоа како марихуаната (или канабисот) може да помогне во подобрувањето на нивните симптоми, тие, исто така, не сакаат да ја пушат билката


Сепак, постојат начини на кои може да се администрира медицинската марихуана, вклучително и во форма на чај. Според thealternativedaily.com, еве пет начини како чајот од канабис може да помогне во ослободувањето на некои од симптомите со кои живеат луѓе со хронични заболувања

1. Ја олеснува болката

Марихуаната е поврзана со олеснување на болката со векови. Истражувачите откриле дека канабиноидите во марихуаната ги намалуваат сигналите за болка со врзување за рецепторите за болка во централниот нервен систем (ЦНС). За разлика од опијатите, како што се морфиум отили кодеинот, канабисот не е зависен и нема симптоми на повлекување кај пациентите. Канабис-инфузираниот чај, се апсорбира преку целото тело низ дигестивниот систем, така што ефектите се подолготрајни и поефикасни од пушењето. 


2. Го намалува воспалението

Откриено е дека медицинската марихуана го намалува воспалението поврзано со многу автоимуни болести како што се мултиплекс склероза, инфламаторно заболување на цревата и лупус. Исто така, помага да се смири имунолошкиот систем на телото, со што е помалку веројатно дека ќе се нападне самиот себе.


3. Го штити мозокот

Студиите за ефектот на канабисот врз мозокот откриле дека лекот има невропротективен ефект и се чини дека го успорува или ги блокира бета-амилоидните протеини кои се поврзани со деменција и Алцхајмерова болест.


4. Го промовира здравјето на дигестивниот систем

Многу хронични болести претставуваат симптоми кои влијаат на гастроинтестиналниот систем. Се покажа дека канабисот го подобрува варењето и ги ублажува симптомите како што се: грчеви, стомачни болки, дијареа, гадење, запек и рефлукс на киселина. 


5. Подобрување на расположението

Додека пушењето канабис може да предизвика позитивни ефекти на менување на перцепцијата, пиењето чаеви од канабис може да помогне при стабилизирањето на расположението и помага да се ублажат емоционалните симптоми поврзани со хронични болести како депресија и анксиозност.

Автор: Кате К.

Thursday, December 7, 2017

Ако немаш лек, јади медицински колачи и потоа задолжително гледај го новиот македонски филм „Исцелител“

Еве уште еден филм базиран на секојдневието кој ја покажува вистината од која сите бегаме... Овој македонски филм ќе ја промени закоравената македонска реалност во која живееме! Хемотерапијата нема да те излечи од рак, но колачот на Исцелителот може да те воскресне од смртна постела и тоа не само од канцери!


http://iscelitel.mk/
Канабисот е лек за болни и здрави без разлика како се консумира - секогаш лекува! Сите имаме ендоканабиноиден систем и рецептори. Канабисот лекува секакви неизлечиви болести за кои модерната медицина сè уште нема решение! Топло и од дното на срцето ви го препорачуваме овој филм „Исцелител“ додека уште се емитува во кината! Прекрасен македонски филм на режисерот Ѓорче Ставрески со многу очигледни и скриени пораки. Задолжително препорачуваме да го гледате надувани - за подобро да го разберете :) Лајкнете ја фејсбук страницата на филмот „Исцелител“ и поканете пријатели да го сторат истото! Дознајте повеќе од интервју на Cineuropa со режисерот.


Македонскиот автохтон канабис ќе се прослави со филмов!
Почувствувајте ја моќта на исконската движечка сила на сè постоечко, моќта на љубовта! Погледнете за што сè е спремен еден „подпросечен“ син за да го спаси својот „просечен“ татко. Вербата во чуда - чуда прави, а чудесниот колач лекува чудесни болести. Уживајте во заплетите и откривајте ги скриените пораки и причинско-последични манифестации и авантури на главниот лик. Тој може да биде секој од нас. До кога ќе се криеме? 

Оваа приказна покажува како трудот и ризикот со добра намера - секогаш се исплаќаат, а наградите за добрите дела не може да се избројат. Задолжително препорачувајте го овој прекрасен игран филм (особено на оние најжестоките противници на канабисот, за набрзо да си легнат на брашното од колачов) и задолжително гледајте го со членовите на вашето семејство! Пресреќни и благодарни сме што се создаде едно вакво воодушевувачко ремек дело и знаеме дека со овој филм не само што конопот побрзо ќе се ослободи во Македонија, туку и на целиот Балкан и ширум светот. Веруваме дека конопот може да го спаси светот и да ја спаси македонската економија од економската криза, како што канабисот го лекува ракот, а не само неговите симптоми.

Овој весел и позитивен филм, прифатлив за сите возрасти, ја освои главната награда на публиката на Солунскиот филмски фестивал. Ѓорче е моментално во Брисел и е многу расположен од приемот на #Исцелител од тамошната публика. „...дефинитивно сум за користење на марихуаната во медицински цели и треба да биде сѐ подостапна затоа што искуствата се позитивни: ја смирува болката, го намалува гадењето, го зголемува апетитот“ - истакнува Ѓорче во интервју за Nomads.mk.


Режисерот - Ѓорче Ставрески
Уште колку ќе му дозволуваме на стравот да нè храни пред ра разбереме дека е подобро да се проба да се биде нелегално жив, отколку легално мртов. Од марихуана никој до сега не умрел. Боженствената билка канабис спасува од смрт и го продолжува животот, а ви гарантираме дека овој 104 минутен филм исто така ќе ви го продолжи животот затоа што те става во магична и прекрасна позитивна атмосфера. Филмот „Исцелител“ моментално ќе го исцели твоето негативно расположение, што може да доведе до перманентно подигање на твојата вибрација, до експанзија во твоето размислување и ќе те научи како да си подготвиш магичен лековит колач што лекува рак, епилепсија, глауком, артритис, реума и многу други болести...

Вкусете го колачот на слободата и изобилието! Сами направете си го лекот... Ако немаш за лек, јади колачи! ;) со пет лажици добро исушен и издробен свет од М... Марихуана!!! По можност индика :) Ако ти се допадна оваа рецензија, филмот ќе те воодушеви.



Срдечен поздрав и честитки 
од нашиот тим,

Monday, November 13, 2017

Мајка користи домашен екстракт од марихуана за лекување на 19 хронични болести кај ќерката

Катрина Спраггон (Katrina Spraggon) е 35 годишна мајка која го подготвува маслото од канабис во својата кујна за лекување на 19-те хронични болести на нејзината ќерка Кајтлин (Kaitlyn), кои вклучуваат церебрална парализа, рефрактерна епилепсија и тешка сколиоза

Kaitlyn Spraggon
Катрина е австралиска мајка на четири деца која ги замени сите конвенционални лекови кај нејзината ќерка со оштетување на мозокот, со нелегално масло од марихуана кое сама го прави во својот дом. Катрина е поранешен негувател на деца и таа изјавува дека хранењето на нејзината ќерка со канабис ја трансформирало и помогна да реагира, па дури и ѝ помогна да се смее за прв пат досега. 

Катрина, од Нинги, Квинсленд, вели: „Прв пат кога го пробав маслото од канабис на мојата ќерка, бев сведок на извонредна разлика за само два дена. Кајтлин едноставно стана жива. Тоа беше апсолутно неверојатно. Таа реагираше и напредуваше. Нејзините напади драстично се намалија. Со текот на времето таа постојано напредуваше и повеќе не беше само билка постојано заглавена во инвалидска количка. Таа почна да комуницира со мене на начин како што никогаш порано не комуницираше и таа може да си игра со своите браќа и сестри“ - изјавува оваа храбра мајка.

Katrina Spraggon прави масло
Пред маслото од каннабис, Кајтлин ќе зјапаше во празно и немаше да одговора на никого. Никогаш порано не ја имав слушнато да се смее, тоа за мене е најубавиот звук на светот - таа ми даде само малку насмевка. Нема буквално никакви несакани ефекти - таа е само малку повеќе гладна од вообичаено, има зголемена жед и може да почне да се смее. Неверојатно е. Не сум загрижена за правните последици. Јас би сакала да го прекршам законот за ќерка ми да има квалитетен живот наместо да му се потчинувам на законот и да ја закопам мојата ќерка. Ете зошто јас сум отворена за јавноста цели три години“ - вели мајката. 

Катрина користи три различни видови масло од канабис за третманот на нејзината ќерка - две илегално и ги испраќаат пријателите што живеат во други држави. Третиот е екстракт масло од целото растение канабис што таа самостојно го подготвува во нејзиниот дом од марихуаната што ја добива од дилерите на црниот пазар - плаќа 230 австралиски долари (151 EUR) за унца (28,34 гр) која трае два до три месеци. Мајкава исто така, почна да одгледува сопствени марихуана растенија дома, така што таа има неограничено снабдување за третманот на нејзината ќерка. Катрина тврди дека само една капка од нејзиното домашно масло нанесено на непцата на Кајтлин, на почетокот на нападот, ја оживува брзо и ѝ го скратува периодот на опоравување.

Во Австралија, маслото од канабис може да се препише за секој случај поединечно освен во Северната територија за пациенти кои страдаат од хронични болести. Сепак, мора да се увезува надвор од земјата и не е легално за поединци да одгледуваат сопствена марихуана за медицински цели. Значи, медицинскиот канабис е технички правно легален во Квинсленд, Катрина рече дека увозот од Канада или Данска ја чини до 5.000 AUD (3,282 EUR). 

Мајката тврди дека има легални писмени изјави од осум различни лекари што ја охрабруваат да продолжи со користење на маслото од марихуана за лекување на нејзината ќерка. Таа дури се сретна и со истакнати австралиски политичари, вклучувајќи го и премиерот Малком Турнбул (Malcolm Turnbull) за да се изјасни за нејзиниот случај. Катрина рече: „Пред да го започнеме третманот со масло од каннабис, кога Кајтлин ќе имаше напад, таа имаше срцев и респираторен дистрес. Тоа од мене бараше јас ѝ давам прва помош и да ѝ давам толку многу различни опијати и да ја дрогирам. Таа беше како зомби и целосно отсутна до пет дена.

Сега, откако ќе ѝ го дадам маслото од канабис за нејзините напади, таа ќе се врати за 20 минути играјќи, танцувајќи и сакајќи храна. Пред сè ми се гадеше од постојано давање на мојата ќерка прва помош и да ја гледам на работ на смртта. Не сакав моите други деца да бидат трауматизирани и изложени на таков вид на ужас. Ништо не делуваше, а Кајтлин стануваше поболна и поболна. Мислев дека ќе умре. Сега Kејтлин е во можност да комуницира со нејзините браќа и сестри и сите играат заедно. Можам да одам да се туширам или да ги извадам корпите и да не морам да се грижам дека таа ќе умре додека јас не сум тука. Тоа е прашање на живот и смрт и никогаш нема да престанам да му го давам овој лек на моето дете“ - заклучува таа.

84-годишната баба на Катрина, Мини Нилсон (Minnie Neilson), сега е една од нејзините најголеми поддржувачи за третманот со канабис, но признава дека порано била скептична околу терапијата со канабис. Мини рече: „Кога Катрина за првпат ја стави Кајтлин на канабис, јас бев целосно против тоа и не разговарав со неа скоро еден месец. Но, по неколку недели, почнав да гледам огромна разлика кај мојата пра-внука. Маслото од канабис делува чудотворно за епилепсијата на Кајтлин. Таа сега има квалитет живот и се дружи со нејзините браќа и сестри. Пред третманот, таа беше како зомби и не ве погледнуваше кога ќе ѝ го кажете нејзиното име. Сега таа доаѓа ме гушка и бакнува. Јас сум целосно за тоа“ - вели прабабата на малата Кајтлин.


КОИ СЕ ПРАВИЛАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС ВО КВИНСЛЕНД? 

- Медицинскиот канабис може да се одобри ако пациентите веќе се обиделе да добијат конвенционални третмани во разумен временски период и тие не успеале или ако ефектите од конвенционалните третмани се нетолерантни;
- Бидејќи во моментов нема лиценцирани фирми за производство на медицински канабис во Австралија, овие производи треба да се увезат. Луѓето не можат законски да произведуваат сопствен канабис за медицинска употреба;
- Некои семејства во Квинсленд им даваат на своите деца медицински канабис од недозволениот пазар, бидејќи нема правен извор;
- Многу од овие родители се во ситуација кога стандардниот третман за состојбата на детето не е успешен или може да предизвика значајни несакани ефекти;
- Здравствените шефови велат дека семејствата пристапуваат до информации од интернет, што укажува дека употребата на медицински канабис може да биде од корист за состојбата на нивното дете, но многу од овие информации можат да бидат „анегдотични и не потврдени научно“.



Автор: Кристина Т.
Извор: Honey Nine

Friday, July 14, 2017

Марихуаната е лек за секого! Секое суштество со ECS има потреба од канабиноиди

Марихуаната е лек за секого. Не само за хипиците, како што пропагандата за забрана на конопот базирана на лаги сакаше да верувате. Колку побрзо ќе ги надминете вашите ментални блокови и ќе почнете да го користите канабисот како лек (а секоја употреба е медицинска), толку побрзо ќе разберете дека поголемиот дел од она што медицинскиот систем ви го кажува е чиста бесмислица. И колку порано ќе почнете да внесувате канабиноиди, толку повеќе ги спречувате болестите да го нападнат вашиот систем. Не верувајте на сопствените очи. Не верувајте на сопствените уши. Не ја збогатувајте фарМАФИЈАТА, којашто до вчера ве лажеше дека конопот е опасна дрога! Самостојно подгответе си мала експериментална количина екстракт од канабис и уверете се на сопствена КОЖА! Нула смртни случаи до сега, а безброј оздравени, па зашто да не испробате сами? ;)

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system - ECS) се состои од ЦБ рецептори, ендоканабиноиди и ензими кои се вклучени во нивната биосинтеза и деградација и тој е присутен и во мозокот и периферните ткива, вклучувајќи го и црниот дроб. Хепаталниот ЕЦС (hepatic ECS) се активира кај различни заболувања на црниот дроб и придонесува до основните патологии.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21254182

„Ендоканабиноидниот систем е во голема мера надрегулиран за време на хроничните заболувања на црниот дроб и конзистентните експериментални и клинички наоди покажуваат дека тој игра улога во патогенезата на фиброзата на црниот дроб и заболувањето на масното ткиво на црниот дроб поврзано со дебелина, злоупотреба на алкохол и хепатитис Ц.“ https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23890208

„И покрај значителниот напредок во разбирањето на механизмите преку кои канабиноидите ги регулираат имунолошките функции, не се знае многу за улогата на ендоканабиноидите во патогенезата или спречувањето на автоимуните болести.“ 

„Прекумерната употреба на канабиноиди покажа дека ја влошува фиброгенезата на црниот дроб кај пациенти со хронична хепатитис Ц инфекција вклучувајќи го CB1 рецепторот. Сепак, активацијата на CB2 рецепторот може да игра заштитна улога за време на хронични заболувања на црниот дроб.“ Ова потврдува дека за идеална избалансирана благосостојба потребно ни е целото растение со сите состојки коишто природно се наоѓаат во него. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19647124

Wednesday, June 21, 2017

МЕДИЦИНСКА или РЕКРЕАТИВНА марихуана? Која е разликата?

Терминот „МЕДИЦИНСКА“ и терминот „РЕКРЕАТИВНА“ марихуана се измислени од фарМАФИЈАТА, за да може уште некое време да нè работи, додека сите самите не го сфатиме фактот дека:

1.) Секоја марихуана е лековита (помалку или повеќе во зависност од тоа како е одгледана и како е подготвен финалниот продукт);

2.) Секоја употреба на марихуана е лековита (не создава зависнот, не може да се злоупотреби и фатално да се предозира; сите имаме ендоканабиноиден систем и на сите ни се потребни канабиноиди);

3.) Подобро е да спречиш, отколку да лечиш! ;)

Алелуја! Зошто? Затоа што... сега малку за она што се случува кога пушиме трева. Тој психоделичен аспект на конопот ни служи за спознавање на самите нас, овозможува поврзување со нашата внатрешна духовност, поврзување и ускладување со нашата душа. Тревата е ентеоген, природна учителка, ја зголемува свесноста, нежно ги растопува енергетските граници, па затоа има ефект на подобра поврзаност со духовниот свет и поголема рамнотежа во физичкиот свет и чувство на најоптимално здравје и благосостојба во сите аспекти од животот. Го балансира комплексот: ум, душа и тело!

Луѓето кои редовно консумираат канабис полесно се справуваат со своите емоции, побрзо се смируваат кога ќе се изнервираат и самата билка не ти дозволува да те обзема тагата, дури и кога се наоѓаш на некој тежок животен крстопат. Просто кажано - марихуаната ни помага да уживаме во животот постојано и на секоја ситуација да гледаме од светлата страна и секогаш да имаме позитивна перспектива. Само направете анализа на сите корисници на канабис кои ги познавате - тоа се среќни и насмеани луѓе, кои постојано одат напред и не застануваат, летаат кон своите цели.

Одредени аспекти на канабисот трансформираат дел од нашата физичка енергија во етер. Она „BZZZZ“ - пријатно чувство што го чувствуваме низ целото тело и ум, во нашите нерви е етерна енергија - прана, која на тој начин зрачи. Тревата го зајакнува во нас сето она што нашето битие навистина е, па затоа полесно е да се спознаеш себе си откако ќе почнеш да користиш грас. Не постои ниту еден дел од дејството на марихуаната кој е непосакуван и случаен. Бидејќи ни го издигнува постоењето на многу повисоко ниво, сè станува потечно. Поради тоа ни овозможува подобро да ги чувствуваме енергиите околу себе, ги отвара нашите сенсови, особено интуицијата. 

Некои луѓе кога ќе започнат да консумираат канабис може да се соочат со параноја и негативности, поради две причини: 
1.) поради тоа што канабисот е нелегален, па кај многумина се јавува паника дека ќе бидат фатени, казнети и дека ќе ја изгубат слободата;
2.) поради тоа што проблемите започнуваат да излегуваат на површина, сите мрачни мисли кои ги потиснувале со години и децении во своите умови, конечно почнуваат да се ослободуваат за да бидат забележани и решени.

Постојат многу видови на медитација. Канабисот може да ти помогне да се фокусираш на позитивните мисли или на немислење многу поедноставно. Всушност, самото ролање џоинт и пушење претставува вид на медитација! Медитацијата е смирено дишење, а токму тоа е пушењето трева - ем медитираш, ем се лекуваш! Тој ритуал сам по себе овозможува поврзување со Повисокото Јас. Одгледувањето на канабисот е исто така вид на медитација и само по себе е смирувачко и терапевтско. Не случајно симболизмот на тревата е смеењето и позитивата - тоа може да се објасни на хемиски начин, преку ендоканабиноидниот систем и CB1 и CB2 рецепторите, канабиноидите и ендоканабиноидите, меѓутоа тоа е само теоретски плиток пристап на објаснување за оние кои повеќе веруваат во науката, отколку во Бог/Изворот, кој ги создал луѓето, за тие потоа да ја создадат науката за да го проучуваат тој Извор.

Канабисот во нас ја зголемува вредноста на срцевата енергија. Енергиите на нашето срце се манифестација на темелните Божествени принципи и канабисот тоа го појачува. Затоа сите сакаат да бидат HIGH, бидејќи агресијата, омразата и останатите негативности одат во заборав, во втор план! Тревата се обидува да нè откине од континуитетот во размислувањето и од автоматизмот на секојдневието, за едноставно да престанеме да размислуваме и да тупиме глава со непотребни проблеми и да го вртиме умот во круг. Тревата ни помага да сватиме дека се чувствуваме интуитивно без интелект и да преземеме поголеми духовни придобивки од зголемената состојба на свесност. 

„STONED“ ефектот, исто така е многу битен момент во „медицинскиот“ аспект на дејствување. Кога телото се лекува и регенерира, потребно е мирување - така исцелувањето е полесно, побрзо и поделотворно! Кога некој ќе заспие во длабок сон под дејство на трева - тоа му/ѝ било потребно - тоа е регенеративен сон! Лекарите треба да размислат пред операција каква анестезија им даваат на своите пациенти! Имено подобро е некој да биде опериран за време на кома индуцирана од канабис, отколку за време на кома индуцирана од некое токсично синтетичко соединение, кое е опасно и од малку поголема доза - постои можност пациентот никогаш повеќе да не се разбуди - што не е случај со конопот, но за ова тек допрва ќе се зборува во медицината. Науката секогаш е многу чекори зад вистината и многу пати науката прави опструкции на вистината само заради остварување поголем профит на некои луѓе кои свесно одлучиле да им служат на мрачните сили...

Канабисот ја сузбива напнатоста на умот (умот е отпорот на љубовта). Секојдневието нè прави напнати, а умот е преполн со отпори према сè и сешто... Тревата го намалува тој отпор и енергијата може полесно да тече низ нас, без непотребен застој во енергетските центри.


НУЛА СМРТНИ СЛУЧАИ ОД КАНАБИС, БЕЗБРОЈ ОЗДРАВЕНИ!!!
СПОДЕЛИ за да го ослободиме канабисот побрзо :)

Thursday, June 8, 2017

Глауком, враќање на видот; Ретки и не толку чести болести и заболувања (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 109 - 110)

Глауком, враќање на видот

http://donate.hempcures.work/
„Глаукомот и неговите ефекти можат да бидат доведени под контрола доста лесно во повеќето случаи поради тоа што многу врсти коноп се ефективни во драматичното намалување на очниот притисок. Тоа не е нечесто за личност која страда од глауком и која користи конопово масло да види значително подобрување на нејзиниот вид. Многу пациенти дури и мораат да ги променат нивните очила бидејќи нивните стари препишани леќи сега се прејаки.

Дали мислиш дека има слисла дека очните лекари дури нема ни да го споменат канабисот иако се знае дека тој е ефикасен од најмалку 1800-тите?

Повторно, коноповото масло направено од правилните врсти е многу ефикасен третман за глауком и јас не знам за ништо подобро и побезбедно за намалување на очниот притисок. Ефектот што конопот го има врз очниот притисок е познат доста долго време, сепак медицинскиот систем се обидува да го избегне дури и разговарањето за коноповата употреба за глауком. Нажалост, се чини дека многу доктори денес се многу повеќе за пари отколку што се за лекувањето. Јас не можам да објаснам како очен лекар може да седи таму и да гледа како пациентот полека ослепува и да не му каже на пациентот што конопот може да направи за неговата состојба. Премногу често, на крајот, пациентите го губат својот вид целосно бидејќи тие слепо им верувале на советите од нивните лекари. Имајќи пациент кој ја гуди способноста да гледа правилно не се чини дека значи многу за очните лекари. Сепак, мислам дека она што тие го прават е срамно и мене ми е многу жал за оние на кои им е украден видот за никаква друга причина, различна од алчност.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското растение

„Јас само што направив серија „конопово масло“ пред неколку вечери и серија путер. Му го давам маслото на пациент со тумор на мозокот, пред да го зема маслото таа беше скоро слепа, по месец од земањето масло, нејзиниот вид е скоро целосно вратен. Вие нема да ги добиете истите резултати од путер. Добивате медицински резултати од путер, како и да е маслото е многу поконцентрирана форма на лек, и тоа функционира скоро за сè, работава е едноставно неверојатна.“ - Дион (Dion)

„Земано орално го враќа видот на мајка ми. Таа е законски слепа на нејзиното лево око. Повреда ја остави без леќи и неколку операции ја оставија со глауком. Таа беше на РСО за година и половина до сега - користејќи го дневно. Таа никогаш не забележа колку многу вид ѝ се враќаше додека таа не стави малку шминка за очи. Таа беше слепа на тоа око за 40 години, па таа се извежбала себе како да нанесува шминка за очи со нејзините очи затворени. Тоа беше единствениот начин на кој таа можеше да ја нанесува на нејзиното добро око, таа започна всушност да гледа и да се фокусира на нејзиното слепо око. Таа носи шминка само за време на посебни прилики па таа не е точно сигурна колку долго тоа беше пред нејзиниот вид да започне да се подобрува, но откако таа беше на маслото за повеќе од година таа сега може да препознава слики, бои и дури и да чита одредени работи со нејзиното слепо око! Јас држев ќесичка чипсови Lays, и од преку масата таа можеше да прочита Lays. Таа мисли дека ако таа имаше нови леќи дека нејзиниот вид би бил комплетно вратен. Со цел да добие нови леќи таа мора да биде ставена за листа за донатори на органи - јас не сум сигурна дека осигурувањето ќе покрие нешто како што е до сега - Ова масло ѝ даде чудо - чудото на видот каде што некогаш таму имаше само темнина! Па јас би рекла НЕ БЕА ПОТРЕБНИ НИКАКВИ КАПКИ - Само стабилно снабдување! Сега, започнете да го садите својот лек! Ох да - таа НЕМА НИКАКВИ ДОКАЗИ за ГЛАУКОМ ИСТО ТАКА!“ - Линдзи (Lindsay)


Ретки и не толку чести болести и заболувања

П. Здраво Рик/ЈБ, дали некогаш сте слушнале за ретката болест Porphyria? Ако да дали сте третирале некој со РСО и каков беше резултатот?
О. Не, немам. Но судејќи од она што јас имам прочитано за тоа, јас не гледам причина зошто маслото не би требало да помогне таа да се излечи или да се доведе под контрола. Тоа дефинитивно ќе помогне со симптомите од оваа ретка и навистина многу непријатна состојба.

Јас би го следел протоколот од нашата страница, би го јадел маслото и би го користел во супозитории (на тој начин тоа ќе оди директно во крвотокот). Јас би го користел маслото надворешно во тинктура или мелем за состојби на кожата/манифестации (тоа ќе го отстрани сето чешање и други непријатности).

Би изел најмалку 60 г за повеќе од два или три месеци, јас не би користел никакви хемикалии, јас едноставно би ги следел инструкциите на Рик Симпсон. Ако 60 г нема да излечат или да доведат под контрола, јас би изел наредни 120 г. И ако тоа нема да донесе задоволителни резултати, тогаш јас едноставно би започнал да го пумпам маслото во мене, еден два три грама дневно или дури и повеќе ако јас би можел да го издржам тоа, и јас едноставно би изел колку што би имал колку што е можно побрзо. Зошто? Бидејќи кога маслото нема да ви помогне, доста е неверојатно дека вие ќе најдете нешто друго коешто ќе може. Исто така, агресивните болести треба да бидат третирани агресивно. Најдобри желби, ЈБ

„Па добри вести ЈБ & РИК!!! Јас бев на лекар денес за моите тест резултати! Мојата тироида која беше со намалена активност и лекувана за 22 години сега е хиперактивна! Јас само внесував РСО самиот цело време за месец, јас исто така мачкам тинктура директно на моето грло и јас вапоризирам РСО исто така! Јас сум толку екстатично среќен за ова!

Тој е навистина опуштен доктор којшто беше таму и ме поддржуваше низ сето ова и знае целосно добро, ЈАС ВСУШНОСТ КОРИСТАМ РСО МАСЛО! Каков што е лекаров, тој сè уште сака да направи ултразвук на мојата тироида за да провери да не има некакви јазли! Што вие мислите за ултразвукот?

Јас секогаш ќе го земам ова масло со гордост до крајот на моите денови ова дава чувство на исправно тоа е целата поента нели! Лековите на рецепта се ЛОШИ! Јас исто така имам многу здравствени проблеми коишто јас моментално ги третирам со овој чудотворен лек! Chiari Малформација тип 1 на мозочното стебло исто така имам сериозен карпален тунел и многу повеќе!

Јас сум 45 години млад денес не се чувствувам целиот претепан и повреден како што се чувствував! Дали јас споменав дека јас исто така имав операција на мозок пред 7 месеци и јас не користев никакви наркотици од мојата операција поради откажување на црниот дроб од дрогите! Јас навистина сум доказ дека ова масло е од БОГ! Ова е тоа што сите ние треба да го консумираме како лек!

Ти благодарам ЈБ и Рик за сè што правите од дното на моето срце! Нема повеќе лекови за тироида, ЈЕЈ!!!!!!!!“ - Марџин (Margene)
-- Честитки, Марџин. Што се однесува на ултразвукот, па, јас мислам дека ти го знаеш одговорот. Колку помалку скенови толку подобро, тоа е сè што јас можам да кажам.

Јас лично не би одел блиску било кој кој не би ми кажал за маслото за 22 години но ако мислиш дека тие луѓе сè уште имаат нешто да ти кажат, чувствувај се слободно да разговараш со нив, имено ако ти си навистина заинтересирана во тоа што тие имаат да кажат за медицината. Но тоа е сè што јас би им дозволил да прават, разговарање само, на тој начин тие не можат да те повредат колку што тие би можеле со нивното зборување да беше преведено во „потреба“ за да се внесува некакви апчиња по нивен избор.

Најдобри желби и држи се подалеку од оние кои потрошиле 22 години давајќи ти погрешни совети. Биди среќна дека си ги преживеала нивните „третмани“, други не биле толку среќни. ЈБ

„Може ли канабисовото масло да биде користено за беснило?“ - Aami
-- Aami, да, но тоа најверојатно ќе бара ставање на пациентот во кома за некое време, со многу високи дози од маслото, особено во напредни случаи. ЈБ

„Мојот негувател има пациентка која е дијагностицирана со Лупус и труење со жива низ целото нејзино тело. По скоро година до сега од употребата на нејзиното домашно направено масло, труењето со жива целосно исчезна и Лупусот е проклето скоро исчезнат. Фоликулите на косата се земани на секои 2 недели за да се види точно каков и колку многу отрови има во нејзиното тело за ажурирањето на нејзиниот успех. Навистина е неверојатно што може да биде излечено природно. Тоа чини малку, но сепак поздраво и вреди живот!“ - Џеси (Jesse)

„Бев дијагностициран со примарна миелоидна фиброза, ме ставија на лекови кои помагаа но не бев задоволен поради нараснувачките болки и немањето апетит и влошувањето на крвната слика, зголемена слезина, несоница. По земањето на овој лек за една година и не чувствувајќи никаква вистинска фундаментална промена јас одлучив да пробам РСО, само 1 месец на маслото, мојата болка е непостоечка, апетитот се врати, крвната слика е во пораст, спијам како карпа.“ - Агвеј (Aguae)

„Јас го користам за да ја третирам мојата медицинска аномалија... неколку болници во мојата област велат дека тоа не би требало да е возможно... но РСО-то е неверојатно... Јас одбивам церебрален шант (Ventriculoperitoneal Shunt - VP Shunt) во моето тело, јас имам болест на сврзното ткиво и неколку други ретки проблеми... 4 операции на мозок во 36 дена и јас одбив да се наполнам со наркотици... само медицинска марихуана, РСО и дишење... Јас никогаш не сум се излечила толку брзо во мојот живот... дури ако моите лабораториски тестирања покажуваат дека моето тело е толку заебано мојата болка е всушност не толку лоша...“ - Кејти (Katie)

„Следново е од џентлмен кој беше вклучен во сериозна сообраќајна несреќа во 1977. Тој страдаше од фацијална парализа, солзните канали не работеа, тој мораше да користи очни лубриканти, делумна загуба на видот во едното око. Покрај тоа тој имаше и повреда на главата којашто резултираше со проблеми во меморијата, проблеми со говорот. Тој одеше со бастун и ги помина сите овие изминати години во болка. Ова е од порака што ја испрасти. == „Маслото ме поправа на клеточно ниво. Целото ткиво од лузна на мојата десна страна е исчезнато! Јас сега имам движење на моето десно око. Јас можам дури и да се смеам, сега парализата во моето лице исчезнува. Сето ова се случи во последните 6 месеци. Еднаш поради болката од туморот јас ја зголемив мојата доза до грам и 11/2 грами дневно дозирани во текот на денот. Пред неколку месеци јас гледав ТВ и јас сфатив дека јас можам да ја видам десната страна од мојот нос. Прв пат сум го видел тоа во 1977. Јас започнав да го вежбам. Сега имам целосно движење.“ Канабисовото Масло... не само за рак Луѓенца.“ - Кори (Corrie)



* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/

Sunday, February 26, 2017

Рецепт за подготовка на кана-кокосово масло!

Рецепт за подготовка на лек од канабисово и кокосово масло. Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести

Против болки, гадење, епи-напади и повеќе!
Поради законските регулативи во многу држави, т.е. поради рестрикцијата за употреба на канабис, науката превзема ситни бебешки чекорчиња во истражувањето на медицинските својства на канабисот. Традиционалната медицина од секогаш ја користела оваа природна билка, прашајте ги вашите (пра)баби и (пра)дедовци за „чуварката“ доколку не верувате...


Еве еден домашен рецепт за подготовка на природен лек направен од канабисово и кокосово масло, којшто се користи за лекување на многу болести. Со смолата од канабис подготвена по рецептот на Рик Симпсон по пат на декарбоксилација, во комбинација со ладно цеденото virgin масло од кокос како основна база за подготовка на лекот - може да направите буквално најразновидни лековити производи (+ пожелно е да додадете и темјан за да го поткрепите антиканцерогениот ефект на канабисот ако сакате да направите супозитории). Кокосовото масло е многу хранливо и со него едноставно се подготвуваат супозитории со канабисово масло.


Кана-кокосово масло
Подготовката на кокосово масло со канабисово масло - КАНА-КОКОСОВО МАСЛО е едноставна. Одберете ја врстата (врстите) канабис што најмногу им одговара на вашите потреби, затоа што секоја индивидуа е уникатна и сечие тело функционира на поинаков начин. Без разлика која врста на канабис ќе ја одберете за подготовка на овој лек, правите неверојатен благодет за целокупната ваша здравствена благосостојба, дури и да сте потполно здрави. Настојувајте само врстата (или врстите, затоа што може да се мешаат) да е одгледана на што е можно поприроден начин. Најпрвиот чекор е активацијата на марихуаната по пат на декарбоксилација (хемиски процес на активација на канабиноидите од растението).

 

Сами направете си го лекот!
Потребни состојки: 1 грам декарбоксилирана марихуана или подготвено масло + 28 грама (1 ounce) ладно цедено virgin кокосово масло. Количествата може да бидат прилагодени според овој сооднос. Финалниот производ можете да го употребување во кујната за готвење, меѓутоа на средна температура, затоа што доколку се загрее премногу, активните состојки од марихуаната ќе исчезнат. Комбинацијата од двете масла успешно лекува рак, болки, гадење, епилептични напади и многу повеќе! Не постои заболување што не може да се излечи со канабис!


Инструкции: Постојат повеќе начини, еве еден од нив...
  1. Ставете ја измерената мелена активирана марихуана во стаклена тегла и додадете кокосово масло. Цврсто затворете го капакот од теглата и ставете ја во сад полн со вода.
  2. Полека загревајте ја водата на ниска температура, под температурата на вриење во времетраење од 60 минути. (Ова спречува маслото да се прегрее и да го изгуби лековитиот ефект.)
  3. Исцедете ја течноста од канабисот во маслото. Користете мрежеста цедилка или пелена/платно како за цедење урда и отстранете ги цврстите остатоци од тревата од маслото во друга стаклена тегла.
  4. Маслото од канабис и кокос сега е подготвено да се јаде или да се користи како лосион за надворешна употреба. Отстранетите цврсти остатоци од подготовката не се фрлаат! Тие исто така се лековити и може да се јадат, како и печат или варат и додаваат во секој кулинарен рецепт, како и секоја друга билка.

Цедење на маслото
Зошто кокосовото масло е подобро од путерот? Кокосовото масло е најдоброто масло за произведување на потентни мешавини со канабис, како за надворешна употреба, така и за подготовка на колачи и други прехранбени лековити производи со канабис, затоа што содржи високо заситена содржина на масти. Тоа го прави кокосовото масло поспособно да ги апсорбира лековитите состојки од марихуаната, како што се канабиноидите, терпините, флавоноидите и др. во споредба со путерот или пак, другите видови на масла како основа. Додека путерот содржи заситени масти од околу 60%, содржината на кокосовото масло изнесува 90% заситени масти. 


Наместо да подготвувате разновидни видови на канапутери или тинктури, доволно е само да го имате кана-кокосовото масло во вашата кујна и да го додавате во секојдневната исхрана. Овој производ е идеален за лицата кои мора да се хранат со мрсна диета за справување со епилепсијата, Алцхајмерот или ракот (како кетогенската диета). Исто така, идеално е за вегетаријанците, веганите, лицата кои се на палео исхрана, за изнемоштени лица, за зајакнување на имунитетот и за сите кои не се алергични на кокосово масло, а сакаат да го консумираат канабисот без да го пушат или вапоризираат!

Извори: Daily Health Post
 

Кана-кокосово масло :P

Thursday, October 22, 2015

Канабисот го балансира имуниот систем

Ендоканабиноидниот систем (Endocannabinoid system) - ECS, претставува комплексна сигнална мрежа, која што има многубројни ефекти врз целиот организам


Ендоканабиноидниот систем ги регулира сите процеси во целото тело: апетитот, метаболичкото здравје, шеќерот во крвта, дебелината, чувството за болка, оксидативниот стрес, терморегулацијата, видот и очниот притисок, расположението, меморијата и многу повеќе. Едно од својствата (најважното) на ECS е неговиот ефект врз имуниот систем. Всушност ендоканабиноидниот систем и имуниот систем се во тесна корелација. 

На кој начин ендоканабиноидниот систем поттикнат од канабиноидите, дејствува врз имуниот систем?

Накратко: оптималните концентрации од одредени канабиноиди можат да ги редуцираат воспалителните одговори кај пациентите со автоимуни болести (Мултиплекс склероза, Артритис, Лупус, Енцефаломиелитис, Паркинсонова болест и др.). Канабиноидите исто така играат значајна улога во модулирањето на неврогенезата и невродегенерацијата. 


Имуномодулативните ефекти се резултат на координираните одговори од така наречениот „вроден имунолошки систем“, како и на „адаптивниот имунолошки систем“. Доколку се појави дисбаланс помеѓу целуларниот и хуморалниот имунитет, резултатот е дисфункција и појава на некое заболување. На пример, кај мултиплекс склерозата целуларниот имун систем е хипер активиран против мозокот и нервниот систем на пациентот, како тие да се страни тела. Истражувачите коишто ги истражувале ефектите на ECS врз имуниот систем, уште одамна докажаа дека кај воспаленијата во зглобовите и другите воспаленија постојат евидентирани значајни придобивки од природните ендогено произведени канабиноиди (ендоканабиноидите природно произведени од нашето тело).

Никој до сега не починал дури и од прекумерна употреба на канабис - НУЛА смртни случаи во историјата. 

Дури и долгогодишната употреба на канабисот може да има само позитивни последици - го продолжува животот. Дури и започнувањето во детството и раната младост не влијае негативно врз развојот на мозокот. Никој во историјата не оглупел и не полудел од ова растение. Научно е докажано дека канабисот во мозокот прави конекции кои претходно ги немало, што значи дека позитивно влијае на развојот на мозокот - ја поттикнува неврогенезата. Доказ дека канабисот не е штетен за мозокот се бебињата и дечињата на кои ова растение им го врати здравјето и животот! Децата со Аутизам, АДД и АДХД кои користат марихуана, стануваат покомуникативни, а многу од нив прозборуваат за прв пат благодарение на оваа билка. Прекумерната употреба може за некого да биде непријатна, но не е штетна или смртоносна, напротив - предизвикува сонливост и отвора апетит - некои луѓе можеби не го сакаат тоа чувство. 


Организмот се регенерира и лекува од болестите самостојно исклучиво преку квалитетен сон, а марихуаната му помага на телото во тоа и го балансира имуниот систем, помагајќи му самостојно да се справи со болеста, вирусите и бактериите, а ја зголемува и надежта кај пациентите кои имаат генетска предиспозиција за појава на автоимуни болести. Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот. Никој немал проблеми со кризи и останати негативни симптоми, како што е случајот при одвикнувањето од некои (природни и синтетички) супстанци, па дури и кафето и шеќерот, затоа што од канабис не се станува зависен! Канабисот се користи за ублажување на негативните ефекти од многу фармацевтски лекови. На природен начин го продолжува животот кај пациентите со СИДА и се препорачува користење на оваа билка кај пациентите после трансплантација на органи.

Ова растение претставува лек како за болните, така и за здравите - се користи за лекување и за превенција и секоја форма на консумирање на канабисот е здрава (започнувајќи од јадење или анално внесување на маслото-екстрактот од цветовите, па се` до пиењето чај од било кој дел од растението, јадењето на јадења збогатени со екстрактот или млеко/путер со канабис, јадењето на живото растение и семките во салати, смудиа, сосови, сокови, надворешното мачкање на кожа (рак на кожа, бемки) на маслото или кремите, па завршувајќи на евапорацијата (испарувањето) на цветовите и екстрактите и пушењето џоинт и тн. и тн.). 

Доколку кај тебе се појави секојдневна потреба за консумирање на ова растение - немој да се плашиш, затоа што очиглено имаш дефицит од канабиноиди коишто твоето тело и мозок ги бараат. Како што имаш секојдневна потреба од зеленчук, така може да се појавии секојдневна потреба од канабис. Некои болести бараат постојана употреба на марихуана. Што е подобро: да се труе организмот со опасни фармацевтски лекови кои го скратуваат животот на пациентот или подобро е да се користи една обична лековита билка, која во никој случај не може да ти наштети? Ниту еден хемиски создаден фармацевтски лек на база на канабис, не може да го даде ефектот што го има целото растение, бидејќи само растението ја има неопходната комбинација од состојки кои само заедно го даваат посакуваниот ефект!

Марихуаната ти помага да се чувствуваш нормално и слично како што пиеш чај од нане против киселини и грчеви во желудникот секој пат кога ќе ти се појават, на сличен начин треба да користиш и канабис, по потреба на пример секој пат кога нема да можеш да заспиеш, кога немаш апетит, кога си тажен и нерасположен, кога имаш болки, за повеќе концентрација, за зголемување на либидото, против канцер, за стопирање на епилептични напади или при некоја друга здравствена состојба - не постои заболување кое не може да се лекува со канабис

Проучувањето и деталното разбирање на кој начин функционираат состојките од канабисот, канабиноидните рецептори, како и на ензимите коишто ги синтетизираат, хидролизираат и метаболизираат, како и поврзаноста на ендоканабиноидниот систем со останатите системи во организмот, без сомнеж од корен ќе ги промени учебниците и целата медицинска стручна литература ширум светот.


Референци:
  • Fernandez-Ruiz J, et al. (2013). Cannabidiol for neurodegenerative disorders: Important new clinical applications for this phytocannabinoid? Br J Clin Pharmacol. 75(2): 323-333;
  • Tanasescu R and CS Constantinescu. (2010). Cannabinoids and the immune system: An overview. Immunobiology. 215: 588-597;
  • Klein TW, et al. (2003). The cannabinoid system and immune modulation. 74: 486-496;
  • Downer EJ. (2011). Cannabinoids and innate immunity: Taking a toll on neuroinflammation. The Scientific World Journal. 11: 855-865;
  • Croxford JL, Yamamura T. (2005). Cannabinoids and the immune system: potential for the treatment of inflammatory diseases? J Neuroimmunol. Sep;166(1-2):3-18;
  • Massi P, Vaccani A, Parolaro D. (2006). Cannabinoids, immune system and cytokine network. Curr Pharm Des. 12(24):3135-46.

Monday, May 25, 2015

Не постои заболување кое не може да се лекува со Канабис!


Канабисот лекува: Астма, Псоријаза, Егзема и други кожни заболувања, секакви видови на Рак, Депресија, други видови на болести и состојби на расположението и однесувањето, Дијареа, Гадење, Епилепсија, Глауком, Мултиплекс склероза, Кронова болест, Грчеви во мускулите, Главоболки, Проблеми со спиењето, Анорексија, Булимија, Дебелина, Дијабет, Алцхајмер, Артритис, Болки, и... ЛИСТАТА ПРОДОЛЖУВА!



Речиси не постои заболување кое што не може да биде лекувано со Канабис! Секое заболување најдобро се третира со соодветна врста на Канабис, т.е. со соодветен сооднос на канабиноидите. Секој канабиноид дејствува различно на секоја болест и за третирање на секоја болест потребна е поголема концентрација на некој од канабиноидите.




Меѓутоа, Екстрахираниот Канабидиол или некој друг канабиноид не се доволни. Имено, за да се постигне целокупната лековита моќ за успешно да се победи одредено заболување, потребно е целото растение, а пред се` цветовите во кои се содржи волшебна природна комбинација од лековити состојки, кои само заедно можат да го дадат посакуваниот ефект - ЗДРАВЈЕ!


Hannah има тешка епилепсија - Драветов синдром. Се` што сака ова дете е да биде здраво. Тоа е невозможно, бидејќи „ЦЕЛИОТ ЛЕК“ се` уште е НЕЛЕГАЛЕН, а фармацевтските деривати со CBD од билката ги задоволуваат само потребите за профит на фармацевтските индустрии, а не и потребите на пациентите. Затоа потребно е да се легализира целото растение!