Showing posts with label ретка. Show all posts
Showing posts with label ретка. Show all posts

Wednesday, March 29, 2017

Екстрактот од целото растение канабис ѝ го продолжи животот на малата Меди!

Дознајте повеќе за малата Меди која страда од синдромот Zellweger и марихуаната за неа е единствениот природен безбеден лек!

Меди ја победи смртта со канабис!
Медлин (Madeline) или скратено Меди (Maddie) има само четири годинки и боледува од терминална генетска болест наречена Zellweger Syndrome. Модерната конвенционална медицина до сега не понудила ниту еден лек или пак, третман и многу деца со ова катастрофално заболување не ја преживуваат првата година од својот живот. Марихуаната се чини дека е единственото нешто што ја одржува оваа мала душичка во нормален живот! Меди е глува, слепа и се храни со цевка. Таа исто така има остеопороза, камења во бубрезите, дисфункција на црниот дроб, коагулопатија, анемија, адренална инсуфициенција, низок мускулен тонус, а во јануари 2015 година се стекна и со епилептични напади.


Епи-нападите веднаш станаа опасни по нејзиниот живот, вели нејзината очајна мајка. Тие беа болни и траеа многу долго, па често се случувало таа да престане да дише и да мора да ја реанимираат. Во период од осум седмици откако кај неа се појавија нападите, Меди примаше 26 видови на фармацевтски лекови. Со самото тоа таа ги изгуби и оние незначителни моторни вештини што ги имаше стекнато и беше испратена во болница за неизлечиво болни деца, каде што се очекуваше нејзиниот живот наскоро да заврши...


Како функционира ендоканабиноидниот систем?
„Јас не можев да прифатам дека ќе го изгубам моето бебе, па за време на неделите кои водеа кон моментот кога мислевме дека ќе бидат нејзините последни денови, јас започнав да истражувам и открив информации за екстрактот од целото растение канабис. Ноќта кога ја зедовме дома, кога требаше да е последната ноќ со нашата ќерка, ние ја овластивме да може да користи канабис. Се надевавме дека канабисот ќе ја одржува во комфорна состојба во нејзините последни моменти. Наместо тоа, Меди започна да дише самостојно и зачестеноста и времетраењето на нејзините напади започнаа да се намалуваат. Наскоро таа беше осум дена без епи напад!“ - изјавува Меган Холт (Meagan Holt) мајката на Медлин.


Канабисот е создаден за да биде консумиран!
„Потоа откривме дека нејзиниот десен бубрег беше преполн со камчиња и наскоро сфативме дека Меди е сензитивна на опијати, до таа мера што имаше непријатен инцидент од несаканите ефекти од опијатите и ургентна интубација. Медикаментозниот крем од марихуана на градите помогна да се извади цевката“ - додава Меган. Меди користи високо концентрирана форма на масло од канабис наречено FECO (Full Extract Cannabis Oil). Со употребата на овој есенцијален екстракт користите најголем процент од медицинските својства на растението што е возможно. Моментално Меди прима 90 мг CBD и 40 мг THC секој ден! „Ние им велиме на луѓето дека CBD ја одржа Меди во живот, но THC-A ја врати во живот“ - додава таа.


„Неодамна ние започнавме со обидите да ја спасиме од нејзините епилептични напади со канабис. За време од неколку дена високo концентрираниот CBD (18:1) спреј функционираше половина од времето. Потоа ние пробавме изолиран THC-A. Една капка во нејзината уста, што само по себе е необично затоа што таа не земаше ништо преку уста (орално), беше толерирано екстремно добро и два од три напади се стопирани“ - додава мајката на Меди.


Меди сега 15 дена е без епи напад и моментално не користи бензодијазепами (традиционалниот „лек за спасување“) во период од 22 дена. Таа прима само уште четири лекови од целиот арсенал токсични лекови, повеќе не е во болница за неизлечиво болни деца и започна повторно да ги учи вештините како знаковниот јазик на слепите, гукање, клоцање со ноџињата и генерално повторно ужива во животот. Марихуаната на Меди ѝ обезбедува квалитетен живот за што нејзините родители мислеа дека е невозможно. Меди е само уште еден пример дека кај сите неизлечиви болести, пожелно е да му се даде шанса на канабисот!

 
Извор: The Fresh Toast

Sunday, September 13, 2015

Семејствата ги споделуваат своите искуства и живи докази дека Канабисот е чудотворен ЛЕК!

Теоријата ретко соодветствува со праксата. Наместо да чекаме на (искривоколчени) научни истражувања, бидејќи досегашните се наводно неуверливи, може да започнеме да се водиме од искуството. Не постои поголем доказ за нешто од искуството. Не постои поголем и порелевантен доказ од вистинските ЖИВИ примери на успешно излечени пациенти со помош на Канабис и производи од Канабис. Не постои поголем доказ дека Марихуаната е безопасна, дека не е воопшто штетна од овие вистински приказни, бидејќи повеќето од тие пациенти се деца и тоа многу мали деца и бебиња! Кога една билка не му штети на едно новороденче и мало дете, како тогаш може да му наштети на било кој друг? Секое дете заслужува среќно и нормално детство!

Проследете ги сведоштвата на едни сега веќе среќни родители!

Родителите на Колин се пресреќни
што пробаа својот син да го лекуваат со Марихуана!
Дајан Улрик (Diane Ulrick): Нашиот син Колин (Colin) има скоро 11 години и боледува од синдромот Smith - Magenis. Тоа е ретко генетско пореметување. Тој има епи-напади и експлозивни кризи.

Чед Улрик (Chad Ulrick): Докторите велат дека повеќе немаат што да му дадат - тие го пробале секој можен лек што постои.

Дајан Улрик: Психијатрите одбиваат да го видат, бидејќи тој не може да каже што му е. Тие не сакаат да го прегледаат и да ги третираат неговите кризи и анксиозни напади. Ние се чудевме и си велевме: „Што треба сега ние да сториме со него?“. Неговите медикаменти престанаа да делуваат, а серолозите сугерираа медицинска Марихуана за неговото однесување. Колин започна да користи медицинска Марихуана на девет годишна возраст, па поминаа веќе две години. Ние користиме Канабисово масло. Понекогаш го ставаме во капсули. Ние сфативме дека тоа функционира подобро со едноставно нанесување на павлака. И Колин започна да покажува одредени подобрувања. Епи-нападите и однесувањето - тоа (маслото) ги поправи нештата за коишто ние мислевме дека никогаш нема да биде возможно да се поправат. Сега тој може да се сконцентрира; може да седне и да го слуша учителот и всушност да учи одредени знаци и учи да зборува.

Чед Улрик: Неговиот учител знае се` за неговиот случај. Тој потполно не` поддржува бидејќи го гледа ефектот што е постигнат.

Дајан Улрик: Тоа е нашиот и неговиот живот. Ние се плашевме дека ќе бидеме приморани да го ставиме под посебен надзор, доколку не може да го прими својот лек. Ова е нашиот лек; Ова е неговиот лек. Ние се чувствуваме како криминалци, а ние не треба да бидеме криминалци заради тоа што сакаме да го лекуваме нашиот син, кога психијатрите и докторите не можат повеќе да ни помогнат. Сега треба да помогнеме ние и нашата држава Мишиген.

Страшна несреќа е кога имаш болно дете.
Уште пострашна несреќа е кога имаш дете болно од ретка болест...
Но, среќа во несреќа е кога знаеш дека постои ПРИРОДЕН ЛЕК кој за жал се` уште е забранет. Сепак, подобро е да бидеш нелегално излечен, отколку легално мртов!!!

Monday, August 31, 2015

6 годишно девојче со ретка болест за прв пат застана на нозе благодарение на Канабисот!

Бела Чинонис (Bella Chinonis) пати од една многу ретка болест - синдром 1p36 Depletion. Ова нејзе `и причинува голем број на сериозни проблеми: заостанување во развојот, епилептични напади, како и ограничена способност за говор. Бела е една од само 150-те пациенти под 18 години, на кои им е препишана медицинска Марихуана и/или Канабисово масло во американската држава Мишиген (една од државите во САД кадешто Марихуаната е легализирана за медицинска употреба). 

Ида Чинонис, мајката на Бела на локалните медиуми им објасни како Коноповото масло го промени животот на нејзината мала ќерка. „Таа сега може да стои. Таа реагира на звуци и го обожува филмот 'Frozen'. Таа порано не го правеше тоа, а единственото нешто кое го правиме различно од порано е тоа што `и даваме медицинска Марихуана“ - истакнува мајката на Бела.

Постапката на овозможување на медицинска Марихуана за ова мало дете, не била лесна. Неврологот не сакал да `и препише лекови на база на Канабис, па семејството морало да се обрати на друго место. Следен предизвик бил законот во Мишиген, кој налага дека за секој пациент под 18 години, двајца доктори мора да ја дадат својата согласност. 

Ида е една од најсреќните родители на нелегално лекувано дете!
За среќа на семејството Чинонис и малата Бела, медицинските професионалци од Детроит и Тексас, одобрија таа да прима Канабисово масло, откако соодветно ја прегледаа. Маслото кое го користи Бела, беше создадено специфично за нејзините потреби, т.е. за нејзината ретка болест со соодветен сооднос на канабиноидите THC и CBD.

Семејството Чинонис е пресреќно што здравствената состојба на нивната ќерка конечно се подобрува и што имаат пристап до забранетиот лек, но свесни се дека многу други деца ширум светот како нивната Бела, се` уште патат и уште долго време ќе патат и умираат поради законската регулатива. Тие се надеваат дека еден ден, секое дете ќе има пристап до овој лек, којшто може значително да го подобри квалитетот на нивните животи.

Tuesday, June 23, 2015

„Здраво. Јас сум Кејти...“ - Канабис против Пери Ромберг синдром!

Драги 420 пријатели! Запознајте ја Кејти. Таа е едно од лицата на Канабисот, едно од лицата спасено со помош на ова чудотворно растение... Едно од прекрасните, среќни и насмеани лица, кое доби поквалитетен и подолг живот благодарение на оваа билка! Животните патешествија на овие деца и возрасни ја имаат моќта да го разубедат и најголемиот противник на легализацијата и најголемиот поборник на забраната на цвеќето наречено Марихуана. Можеби ќе си речеш: „Ма што ми е мене гајле за оваа________? Нејзин проблем. Она е болна, сама нека си се бори. Што има јас да се замарам? Што имам јас од тоа?“ 


Генерациите се менуваат и треба да се трудиме да оставиме подобра подлога зад себе, за генерациите што следуваат. Со еден збор - доколку ние сме се мачеле, да направиме барем нашите деца да не се соочуваат со истите проблеми како нас! Болестите не бираат. Светот се менува, а со него се јавуваат и нови болести, а постојат и многу болести кои се` уште не се доволно, точно или целосно истражени, а лекот е ист, не се менува и постои од кога постои оваа планета - КАНАБИС! 

Ова може да биде човекот кој го сакаш најмногу. 
Ова може да биде твоето дете...
Ова може да бидеш ти! 

Кејти боледува од синдромот
Пери Ромберг и само
Канабисовото
масло и ги олеснува маките,
давајќи `и поквалитетен живот
КЕЈТИ: „Јас имам една многу ретка болест наречена Пери Ромберг (Parry Romberg Disease). Постојат само околу 500 дијагностицирани случаи во светот. Причината за ова заболување се` уште е непозната, а лекот исто така е непознат. Кај мене првите симптоми се појавија кога имав 7-8 години. Не бев дијагностицирана се до мојата 18-та година, кога ги открив последиците од оваа болест. Со прости зборови кажано, мојата глава се топи, се јаде сама себе. Мојата глава и моето лице се губат пред моите очи, а особено мојата лева страна.

До пред да наполнам 34 години, дознав како оваа болест завршува. Се веруваше дека болеста достигнува до одредена фаза, меѓутоа едно научно истражување објавено во 1981 година со неколку лични сведоштва од пациенти, покажа дека 2/3 од луѓето заболени од Ромберг, продолжуваат да боледуваат се` до атрофија на мозокот. Оваа болест до сега 26 години го троши ткивото на моето лице, вклучувајќи го черепот на лицето, мускулите, масното ткиво, но и видот. Ова најверојатно ќе заврши и со зафаќање на функцијата на мојот мозок, оставајќи дупки. 

Понекогаш болката е страшно неподнослива - без разлика дали е физичка, ментална или емоционална. Да се страда од нешто, за кое најпаметните луѓе на земјава страдаат да го разберат - е вистинска мака. Страдањето од постојаните општествени предрасуди на секаде на патот претставува повеќе и од најголема болка. Нападите и другите нарушувања одат рака под рака со Ромберг, поради што олеснувањето од сите овие маки е речиси невозможно“.

Право на избор! Дали ти би сакал/а да се лекуваш со смртоносни лекови кои создаваат зависност или пак, по природен пат - со растение кое не може да ти наштети?

„Канабисот и канабисовото масло се појавија во мојот живот токму кога јас се трудев да најдам начини за олеснување од оваа болест. Јас пробав многу лекови, па дури и Метадон и исклучително инвазивни процедури со цел да ја редуцирам болката, бидејќи не постои начин за запирање на оваа болест. Канабисовото масло не само што ми помогна да се справам со болката на сите нивоа, тоа ми овозможи да бидам активен учесник во животот на моето семејство. Лекот Оксикотин (Oxycontin) и другите тешки и јаки, опасни лекови беа на мојот хоризонт, да не се појавеше Канабисот. 

Јас секогаш ќе бидам болна од синдромот Пери Ромберг, но благодарение на Канабисовото масло, јас имам шанса за поквалитетен живот без болка.“