Showing posts with label синдром. Show all posts
Showing posts with label синдром. Show all posts

Sunday, May 27, 2018

Приказната за CBD врстата канабис Charlotte’s Web: Како едно мало епилептично девојче го промени погледот на медицинската марихуана засекогаш

Денес Charlotte’s Web е високо почитувана врста на канабис пребогата со CBD. Пред оваа сорта канабис да стане спас за родителите кои бараат третман за сериозните епи-напади кај нивните деца, оваа врста со високо ниво на CBD, но ниско ниво на THC беше хумористично наречена „Разочарување на Хипиците“ (Hippie’s Disappointment - R4). Запознајте ја Шарлот Фиги (Charlotte Figi): Малото девојче кое е заштитно лице на оваа врста и кое ја промени историјата на активната состојка CBD


Врстата Шарлотс веб беше еден од првите видови наменски одгледувани за лицето да не може да се надува, тоа е медицинска марихуана во еден од нејзините најдобри облици и ги нуди сите придобивки само како недостаток на оваа врста е слабата моќ во поглед на убивањето на ракот, бидејќи не е наменета за третирање канцери. Секој може да ја користи. На три месеци, Шарлот Фиги го имаше својот прв епилептичен напад. Тој траеше 30 минути. Како што Шарлот растеше, нападите не запираа. Всушност, зачестеноста почна да се зголемува, нападите биле опасни по нејзиниот живот, а фармацевтските лекови можеа да предизвикаат кома и смрт. Младата девојка близначка дошла до точка каде што секојдневно имала бројни напади кои траеле и по четири часа, а за да ја заштитат нејзината глава родителите биле принудени да ѝ ставаат кацига. Кога Шарлот имаше две години, таа почна да покажува индикации на когнитивниот пад. Таа исто така почнала да демонстрира знаци на аутизам. На три години, Шарлот беше врзана за инвалидска количка. Таа престана да зборува и не можеше да јаде. Дијагностицирана со синдромот на Дравет (Dravet syndrome), ретка форма на епилепсија - здравата и среќна иднина за Шарлот не изгледаше реална. На возраст од пет години, Шарлот доживува 300 грозни напади неделно, а нејзините родители, Мет (Matt) и Пејџ (Paige) Фиги беа очајни во потрага по лекот. Тие пробале практично сè.


Нападите што нивното дете ги доживеало го уништиле нејзиното здравје. Нејзиното срце престанало неколку пати, па морале да извршат реанимација. Здравјето на Шарлот станало толку критично и нејзиниот живот бил во опасност, што таа била ставена во клинички индуцирана кома, со цел нејзиното тело да се одмори и наводно да „заздрави“, но родителите биле против тоа, бидејќи не сакале нивната ќерка да стане растение приклучено на апарати. Докторите го информирале семејството Фиги дека не можеле да сторат ништо друго. Дедото на Шарлот веруваше поинаку. Тој прочитал неколку приказни за другите деца кои страдаат од изнемоштувачки напади, чии родители успеале да најдат успех со медицинска марихуана. Поради исцрпеноста на сите опции за клинички третман, родителите на Шарлот одлучија дека немаат што да изгубат ако пробаат со канабис. Родителите на Шарлот набавиле малку масло екстрахирано од R4 (Разочарувањето на Хипиците) за Шарлот и тоа бил моментот кога нивниот свет се променил засекогаш. Резултатите од екстрактот биле речиси инстантни. Шарлот премина од 300 напади неделно на НУЛА напади првата недела, откако тие се обидоа со уљето. По иницијалната доза, нападите почнаа да се појавуваат со многу помала фреквенција. Нејзините родители знаеја дека ќе им биде потребно ова чудотворно масло на долгорочна основа за Шарлот да може да ужива во нејзиното детство.


Пред (лево) и после канабис терапија (десно)!
Семејството Фиги ги контактирало браќата Стенли (Stanley brothers), одгледувачи на медицинска марихуана во Колорадо, кои го создале маслото R4, кое го спасило животот на нивната ќерка. Браќата Стенли беа среќни да го снабдат ова семејство со нивниот сега веќе хипер популарен вид на канабис, за кој дотогаш немале голема надеж дека воопшто ќе се продава, поради слабата психоактивност. Оваа сорта беше толку вешта во контролата на нападите, така што браќата го промениле името на врстата во „Пајажината на Шарлота“ (Charlotte’s Web) во нејзина чест. Не помина долго време после тоа, па друга мајка слушнала за приказната на Шарлот. Станува збор за синот на Хедер Џексон (Heather Jackson), Заки (Zaki) кој страда од синдромот Дуз (Doose), онеспособувачка форма на детска епилепсија. Ако маслото од канабис функционира за Шарлот, можеби тоа би било лек и за нејзиното момче, си помислила таа, па мајката Џексон му дала шанса на лекот. Се покажало дека врстата е исто толку успешна за Заки како што беше за Шарлот. Приказните за овие деца го променија погледот врз канабисот ширум светот и спасија многу деца во слична ситуација.


Хедер и Заки Џексон
Родителите од целиот свет сакаа да дознаат повеќе за тоа и дали нивните деца ќе имаат корист од ова растение исто како Шарлот и Заки. Нивните деца и безброј други сметаат дека нивното здравје се подобрува неизмерно со користење на Шарлотс Веб и други слични ЦБД масла. Приказната на Шарлот го смени начинот на кој светот гледна на медицинската марихуана, но и на епилепсијата. Овој вид на канабис ги спасува животите на децата и не може да те надува. Овие врсти богати со ЦБД, а сиромашни со ТХЦ беа менувач на играта. Особено за децата кои страдаат од изнемоштувачки напади. Од 2011 година, кога Шарлотс веб беше развиена, имало бројни студии кои покажале дека ЦБД е успешно кај контролата на нападите. Најдобро во овој лек е тоа што ЦБД е природно и не содржи никакви несакани ефекти најчесто поврзани со лековите на рецепт. Некои од овие несакани ефекти вклучуваат: главоболки, гадење, опаѓање на косата, депресија, откажување на црниот дроб, двојно гледање, намалувањето на говорот, раздразливост, нарушувања на спиењето и расположението и друго.



Како ЦБД функционира и на кој начин ги стопира епи-нападите

Човечкото тело има природен ендоканабиноиден систем, со канабиноидни рецептори пронајдени низ телото. Овие се познати како CB1 и CB2 рецептори и се одговорни за регулирање на различни функции во телото. Медицинскиот канабис (и CBD и THC) се врзува за овие рецептори кога се консумира, суштински ги враќа во нормала кога ќе станат неурамнотежени. CB1 рецепторите обично се наоѓаат во мозокот и се одговорни за регулирање на нештата како што се: болка, когнитивни способности, движење, расположение и апетит. CB2 рецепторите, од друга страна, се најзастапени во имунолошкиот систем и имаат директно влијание врз болката и воспалението. Епилептичните напади се предизвикани од абнормални електрични празнења во мозочните клетки. За возврат, ова резултира со конвулзии во телото, а понекогаш и со губење на свеста. Со активирање на CB1 рецепторите со помош на медицински канабис, нападите почнуваат да се намалуваат без странични несакани ефекти.


Шарлот е сега нормално, среќно и здраво девојче!
Во 2003 година една студија објавена во Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics открила дека канабиноидите биле многу корисни за луѓето кои страдале од напади. Марихуаната, се чинеше, даваше придобивки кои не беа пронајдени во традиционалните лекови кои се користат за превенција на напади и марихуаната не дава негативни нус ефекти како нив. Според д-р Роберт ДеЛоренцо (Robert DeLorenzo), кој ги студирал ефектите на канабисот врз епилепсија повеќе од една деценија за време на студијата: „Оваа студија покажува дека канабиноидите можат да понудат единствени предности во лекувањето на нападите во споредба со моментално пропишаните антиконвулзиви. Не ја покажува само антиконвулзивната активност на егзогено применетите канабиноиди, но исто така укажува на тоа дека канабиноидниот систем на мозокот работи да го ограничи времетраењето на нападот со активирање на CB1 рецепторот“ - објаснува тој. DeLorenzo и неговиот тим на професионалци за истражување беа првите кои докажаа дека марихуаната може да ги намали нападите со активирање на CB1 рецепторот. DeLorenzo го објасни ова на следниов начин: „Состојките во марихуаната и протеините на каннабиноидните рецептори произведени природно во телото за да го регулираат централниот нервен систем и другите телесни функции играат клучна улога во контролирањето на спонтаните напади кај епилепсијата“ - додава.



Револуционерните придобивки на ЦБД

Можеби една од најголемите придобивки од сите е дека ЦБД не е психоактивна состојка, што значи дека може да се користи од секого и на секоја возраст, вклучувајќи ги и децата и возрасните кои се грижат за своето здравје. Бидејќи ЦБД нема да ја промени свеста на една личност, тоа е лек кој може да го користи некој, во секое време. Безброј луѓе кои најдоа корист во маслото со ЦБД, благодарни ѝ се токму на Шарлот Фиги. Моќта на овој лек го врати ова мало девојче во живот. Сега е веќе на 11-годишна возраст, Шарлот е нормална, среќна и здрава и живее во Колорадо Спрингс. Поради нејзината приказна, сега има мали и големи луѓе низ целиот свет кои добиваат втора шанса за нормален живот. ЦБД работи во синергија со природниот ендоканабиноиден систем на телото за лекување на многу други состојби настрана од животно-загрозувачките напади што Шарлот веќе не ги искусува. Ова непсихоактивно соединение во канабисот покажало дека е корисно за неколку состојби, од кои некои вклучуваат:

  • Редукција на болката;
  • Воспаление;
  • Епилепсија;
  • Алцхајмерова болест;
  • Акни;
  • Опоидно повлекување;
  • Повлекување на никотин;
  • Анксиозност;
  • Депресија;
  • ПТСД;
  • Шизофренија;
  • Рак.

Едуцирај се и информирај се повеќе:











Автор и главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova
Извор: Greenamerica

Sunday, January 14, 2018

Канабисот е најбезбедниот лек за третирање на „женските проблеми“ поврзани со ПМС

Канабисот има потенцијал да третира голем број на болести, растројства и невообичаени здравствени состојби, од тешки мачнини и гадење до мигрена. Но, она што баш би ги интересирало жените е дали канабисот има некакво влијание врз пред и пост-менструалниот синдром, грчевите, менувањето на расположение и целата неудобност која доаѓа пропратно. Уште еден текст којшто направи да бидам сигурен дека пред канабисот, поимот болка, каква и да е, и од што и да е предизвикана, го губи значењето, во целост!


Ветеранката Amy Rising пуши канабис заради ПМС и ПТСД
Дали марихуаната третира ПМС?

Дисменорејата (Dysmenorrhea), поим за менструални болки, погаѓа околу 40% од сите жени во светот и може да биде толку интензивна што 20% од сите тие жени не можат да станат од кревет. Додека постојат повеќе лекови за овие болки, многу жени меѓу кои и Кралицата Викторија, се сигурни дека канабисот е единствениот лек ефективен за нив. И покрај растечкиот број на жени кои упорно тврдат дека марихуаната е единствениот излез од ПМС, тоа сè уште сериозно не ја квалификува медицинската марихуана за третирање на овој здравствен проблем. Можеби затоа што не постои конкретно истражување за ова, иако постојат неколку студии кои укажуваат дека канабисот може да биде лек за ПМС.


Ејми Рајзинг (Amy Rising), воздухопловна ветеранка, пуши марихуана. Рајзинг работи на промената на законите за воените ветерани да можат слободно да си го третираат пост трауматското стресно нарушување (ПТСД) со марихуана. Ветувачките знаци и докази дека канабисот помага при ПМС се многубројни. Додека истражувањата за тесната врска меѓу марихуаната и ПМС-от се ограничени, постојат студии кои покажуваат дека марихуаната многу успешно ги третира, пак, симптомите кои се поврзани со ПМС-от. На пример, успешно ги елиминира и спречува главоболките. Во 2016 година, студија објавена во Pharmacotherapy открила дека марихуаната ефективно ја намалува фрекфенцијата на месечни мигрени од 10.4 на 4.6. Студиите исто покажуваат дека марихуаната помага при иритабилноста. И ТНС и CBD го покачуваат значително нивото на „среќниот“ хормон серотонин. Марихуанта ги сведува на минимум дијарејата, ги намалува акните и грчевите.


Добрата вест е тоа што иако докторите не можат да им препишат медицинска марихуана конкретно за ПМС на своите пациентки, тие можат да им ја препорачаат за симптомите на ПМС-от. Кога жените ќе добијаат пристап до диспанзер (рекреативен или медицински), ќе имаат пристап и до производите од многу компании за секакви женски потреби од полесно постигнување оргазам до сузбивање на грчевите во утробата. Whoopi & Maya создаваат целосна линија дизајнирана за менструалните болки. Ох, и кој може да ги заборави старите и добри ТНС супозитории (не тампони) од FORIA кои ублажуваат силни ПМС болки? Овие производи, можеби нема да ѝ помогнат на секоја, но благодарение на непостоечкиот ризик и безбедноста на марихуана, вреди да се проба и експериментира. 




5 врсти на канабис кои се супер ефикасни за ПМС:


1. Обама Куш (Obama Kush) - хибрид на сатива и индика. Не само што успешно ја побива менструалната болка туку и влијае на расположението, поради застапеноста на ЦБД од сативата.



2. Блек Чери Чиз Кејк (Black Cherry Cheese Cake) - индика која го опушта телото кога пристигнува хајот и трае 2-3 часа. Се препорачува пред спиење или на крајот од денот, кога немате обврски, поради интензитетот на индиката.



3. Блу Дрим (Blue Dream) - ефективен хибрид каде преовладува индиката. Идеална врста бидејќи ефективно ја намалува болката, а го има мозочниот ефект на сатива, поради што се препорачува пред работа и пред излегување, на почетокто од денот.



4. Дач Трит (Dutch Treat) - доста опушталка врста за влез во романтилен филм.



5. Прпл Уркл (Purple Urkle) - ова тешка индика не е шега бидејќи директно те ослободува од болките! Значи не се препорачува кога треба да се заврши нешто многу важно ако сте почетници. Се препорачува и за несоница.




Едно нешто за кое што сум сигурен дека ќе се сложиме сите, е дека имињата на врстите и хибридите се многу креативни и необични. Па, јасно ни е дека сè што е поврзано со ова растение е бесконечно и креативно, нели? Уживајте! :)

Извори: HERB, The Maven

Wednesday, April 5, 2017

Мајката на тинејџер со Туретов синдром се бори за медицинска марихуана во училиштата

Канабисот позитивно влијае на расположението. Помага при анксиозност и депресија, без да создаде зависност. Смирува и релаксира без несакани споредни ефекти. Ја враќа мотивацијата и желбата за живот. Корисниците започнуваат да гледаат оптимистички на животот и наместо да ги гледаат недостатроците, започнуваат да се фокусираат на позитивните аспекти на работите

Џои Мичел и нејзиниот син Џош Мичел
Џои Мичел (Joy Mitchell) вели дека нејзиниот 16 годишен син Џош (Josh) благодарение на канабисовото масло се променил од многу насилен и често пати повлечен на училиште, во дете кое може конечно да се контролира. Но, законот се` уште го одвлекува овој тинејџер назад од неговиот лек. Само пред неколку месеци, тивко и сконцентрирано играње шах, било невозможно ни да се помисли за ова момче. Овој шеснаесетгодишник има Аутизам, а згора на тоа доби уште една дијагноза, а тоа е Туретов синдром. „Тој ја трескаше својата глава навистина тешко на земјата“ - објаснува Џои која вели дека Џош со саксија фрлал по шерифот. Одлуката да пробаат медицинска марихуана ја донесоа минатата година кога мајката веќе не знаеше каде ѝ е паметот. „Тој му се закануваше на мојот постар син со нож и ескалираше добивајќи премногу сила за да го спречам, имаше повеќе епизоди и јас не знаев што друго да направам, ние се обидовме со се` на што можевме да помислиме“ - објаснува мајката. 


Секое дете заслужува здравје и непречено образование!
За среќа лекарите му препишаа на Џош еден вид на канабисово масло, коешто тој го прима на секои два часа. „Јас само ја отварам мојата уста и го нанесувам под јазикот. Само едно прскање вообичаено. Тоа ми помогна да се смирам повеќе и да се релаксирам и слично. Јас ги правам овие звуци и ми помогна и тоа да престане исто така“ - изјавува младиот пациент Џош Мичел. Тој покажа позитивна промена во однесувањето благодарение на канабисовото масло. Мајката смета дека беше многу драстична, многу брза. Тој често вриштеше дека го мрази својот живот (F*** my life) цело време. Неговата мајка среќно изјавува дека оваа изјава се променила од „го мразам мојот живот“ во „го сакам мојот живот“!

Тој има потешкотии на училиште...“ - вели неговата мајка, кога тој нема да ја земе својата доза. Џош може да пропушти само една доза пред да почне да се вознемирува. „Доколку можам да го имам ова на училиште тоа ќе ми помогне многу во мојата работа и се` останато“ - додава Џош. Џои сака нејзиниот син да има колку што е можно поисполнет живот и тоа вклучува одење на училиште по цел ден. 

Со канабис против стрес, анксиозност, агресија, депресија!
Мислам дека тие чуваат други лекови под клуч во училиштето и јас не разбирам зошто тие едноставно не можат да го чуваат заклучено“ - Џои сака Џош да може да го користи својот лек и на училиште. Доста голем број американски држави изгласаа строга регулатива која дозволува медицинска употреба на канабис во училишните кампуси. Главниот спонзор на оригиналниот предлог-закон во Минесота, сега откако се стекна со внимание, ова за него треба да биде лесно техничко прилагодување. Сенаторот Скот Дибл (Scott Dibble), политичар од партијата Minnesota Democratic–Farmer–Labor Party (DFL) изготвува нацрт-закон со надеж дека ќе го претстави за време на законодавната сесија оваа недела.

 
Канабисот ја поттикнува неврогенезата!
Асоцијацијата на училишните одбори од Минесота рече дека најдобриот совет од нив за сега е дека медицинската марихуана мора да биде складирана и давана надвор од училишните дворови. „Како јавно училиште, ние треба да се придржуваме кон сите закони коишто се однесуваат на јавните училишта. Според Статутот MN 152.23, во ниту едно училиште во Минесота не е дозволено користење медицински канабис во училиштата. Следствено, бидејќи не е дозволен во училишните дворови, автобуси итн. ние не можеме да го дозволиме“ - истакна Тод Лишио (Todd Lyscio), Извршниот директор на Crosslake Community School. Да се надеваме дека ова наскоро ќе се промени, затоа што секое дете заслужува нормално детство и соодветна едукација!

Извор: CBS Minnesota

Wednesday, March 29, 2017

Екстрактот од целото растение канабис ѝ го продолжи животот на малата Меди!

Дознајте повеќе за малата Меди која страда од синдромот Zellweger и марихуаната за неа е единствениот природен безбеден лек!

Меди ја победи смртта со канабис!
Медлин (Madeline) или скратено Меди (Maddie) има само четири годинки и боледува од терминална генетска болест наречена Zellweger Syndrome. Модерната конвенционална медицина до сега не понудила ниту еден лек или пак, третман и многу деца со ова катастрофално заболување не ја преживуваат првата година од својот живот. Марихуаната се чини дека е единственото нешто што ја одржува оваа мала душичка во нормален живот! Меди е глува, слепа и се храни со цевка. Таа исто така има остеопороза, камења во бубрезите, дисфункција на црниот дроб, коагулопатија, анемија, адренална инсуфициенција, низок мускулен тонус, а во јануари 2015 година се стекна и со епилептични напади.


Епи-нападите веднаш станаа опасни по нејзиниот живот, вели нејзината очајна мајка. Тие беа болни и траеа многу долго, па често се случувало таа да престане да дише и да мора да ја реанимираат. Во период од осум седмици откако кај неа се појавија нападите, Меди примаше 26 видови на фармацевтски лекови. Со самото тоа таа ги изгуби и оние незначителни моторни вештини што ги имаше стекнато и беше испратена во болница за неизлечиво болни деца, каде што се очекуваше нејзиниот живот наскоро да заврши...


Како функционира ендоканабиноидниот систем?
Јас не можев да прифатам дека ќе го изгубам моето бебе, па за време на неделите кои водеа кон моментот кога мислевме дека ќе бидат нејзините последни денови, јас започнав да истражувам и открив информации за екстрактот од целото растение канабис. Ноќта кога ја зедовме дома, кога требаше да е последната ноќ со нашата ќерка, ние ја овластивме да може да користи канабис. Се надевавме дека канабисот ќе ја одржува во комфорна состојба во нејзините последни моменти. Наместо тоа, Меди започна да дише самостојно и зачестеноста и времетраењето на нејзините напади започнаа да се намалуваат. Наскоро таа беше осум дена без епи напад!“ - изјавува Меган Холт (Meagan Holt) мајката на Медлин.


Канабисот е создаден за да биде консумиран!
Потоа откривме дека нејзиниот десен бубрег беше преполн со камчиња и наскоро сфативме дека Меди е сензитивна на опијати, до таа мера што имаше непријатен инцидент од несаканите ефекти од опијатите и ургентна интубација. Медикаментозниот крем од марихуана на градите помогна да се извади цевката“ - додава Меган. Меди користи високо концентрирана форма на масло од канабис наречено FECO (Full Extract Cannabis Oil). Со употребата на овој есенцијален екстракт користите најголем процент од медицинските својства на растението што е возможно. Моментално Меди прима 90 мг CBD и 40 мг THC секој ден!Ние им велиме на луѓето дека CBD ја одржа Меди во живот, но THC-A ја врати во живот“ - додава таа.


Неодамна ние започнавме со обидите да ја спасиме од нејзините епилептични напади со канабис. За време од неколку дена високo концентрираниот CBD (18:1) спреј функционираше половина од времето. Потоа ние пробавме изолиран THC-A. Една капка во нејзината уста, што само по себе е необично затоа што таа не земаше ништо преку уста (орално), беше толерирано екстремно добро и два од три напади се стопирани“ - додава мајката на Меди.


Меди сега 15 дена е без епи напад и моментално не користи бензодијазепами (традиционалниот „лек за спасување“) во период од 22 дена. Таа прима само уште четири лекови од целиот арсенал токсични лекови, повеќе не е во болница за неизлечиво болни деца и започна повторно да ги учи вештините како знаковниот јазик на слепите, гукање, клоцање со ноџињата и генерално повторно ужива во животот. Марихуаната на Меди ѝ обезбедува квалитетен живот за што нејзините родители мислеа дека е невозможно. Меди е само уште еден пример дека кај сите неизлечиви болести, пожелно е да му се даде шанса на канабисот!

 
Извор: The Fresh Toast

Monday, March 27, 2017

Уште една успешна канабис битка на мајка со епи-нападите на нејзината ќерка

Меган со својата ќерка Меди
Мајката Меган Холт (Meagan Holt) конкретно се залага за употребата на медицинска марихуана како третман за една ретка форма на епилепсија „Grand Mal seizures“ (Generalised tonic-clonic seizure), односно последица на болеста Zellweger Syndrome

Животниот пат на нејзината четири годишна ќеркичка Меди (Maddie - Madeline) е секојдневие за многу родители... Поради недостатокот од научни истражувања, мајката на ова девојче се` уште точно не знае до која мера и точно на кој начин лековитата билка канабис ѝ помага на нејзината ќерка. Но едно е сигурно - ѝ помага без несакани споредни ефекти!


Но, дали употребата на растението канабис го олеснува ова бебенце од тешките симптоми од болеста? Апсолутно, да! Дали билката успеа да ги стопира нејзините напади што го загрозуваат нејзиниот живот? Дефинитивно, да! Дали третманот со канабис докажа дека Меди нема повеќе потреба од сите оние штетни лекови? Погодивте - ДА!  И најважното прашање: Дали малата Меди ја промени свеста на многу родители кои се плашат своите деца да ги лекуваат со марихуана, поради страв од законската регулатива? Без сомнение! Случајот на ова детенце ја промени и свеста кај многу доктори и медицински професионалци исто така. 


Разликата по третманот од канабис е очигледна...
Но, што доколку некој нов симптом на болеста се појави? Што доколку оваа ретка форма на епилепсија се врати? Не знам колку време мојата ќерка има на оваа планета, но она што го знам е дека нејзино човечко вродено право е безбедниот пристап кон оваа билка која животот ѝ го спасува. Со канабис таа се радува, таа игра, таа се смее и може да биде повеќе своја (индивидуална)“ - изјавува мајката на ова девојче.

За мене ова не е избор, ова е нешто што јас морам да го правам; да ѝ го обезбедам на Меди олеснувањето коешто таа го заслужува користејќи канабис. Моја должност е да застанам зад мојата ќерка. Јас морам да се залагам за употребата на ова растение за Меди и други деца кај кои исто така може да е корисно, па дури и да им спаси живот. Јас си поставив како животна мисија да ѝ покажам на медицинската заедница, јавноста, нашите законодавци, дека е веќе доста“ - објаснува таа.


Ниеден родител не треба да поминува низ она низ коешто поминавме јас и мојот сопруг. Замислете како гледате четири возрасни мажи кои ротираат давајќи му прва помош на безживотното тело на мојата ќерка, додека алармите свират... Дали не би направиле се` за да му помогнете на своето дете? Дали ќе истражувате за алтернативните решенија кога тимот од експерти што се грижат за вашето дете тврди дека не постои ништо друго што може да се стори? Јас нема да престанам да му го давам природниот лек на моето бебе што ѝ го спасува животот и нема да престанам да се залагам за оние без глас сè додека нема да бидат сослушани“ - заклучува напатената мајка...

Извор: The Fresh Toast

Saturday, October 31, 2015

Аспергеровиот синдром се лекува и контролира со помош на Канабис

Марихуаната може да се употребува за да се ублажат негативните симптоми кај ова невроразвојно нарушување, но и да се истакнат позитивните страни кај пациентите со Аспергеров синдром. Како да се користи? Како делува?


Зелена е бојата на новата панделка
која го симболизира ова нарушување!
Аспергеровиот синдром претставува форма на Аутизам која може да се појави во детството, но и подоцна во текот на животот. Симптомите вклучуваат проблеми со социјализација, гласна вокализација, нетипичен говор, емоционална приврзаност или одбивност, проблеми со контролата на гневот и ограничени интереси, кои можат да прераснат во опсесија. Луѓето со Аспергеров синдром најчесто се чувствуваат како да не припаѓаат во општеството. Тие често пати се попаметни, покреативни или повнимателни од своите врсници и можат тоа да го покажат и да успејат во животот, само доколку им е дадена шанса. 

Тетрахидроканабинолот (THC) и Канабидиолот (CBD) се двата главни канабиноиди (состојки во канабисот). ТХЦ е психоактивниот канабиноид што го дава блаженото возвишено чувство на еуфорија, додека пак ЦБД не е психоактивен канабиноид и има смирувачко дејство, т.е. го намалува и неутрализира ефектот на ЦБД. Лицата со Аспергеров синдром се препорачува да бараат врсти на Марихуана кои имаат повисоко ниво на ЦБД наспроти ТХЦ од кои може да се направат есктракти - масло и тинктури или пак, прехранбени производи со екстракт од канабис (колачи и сл.) или ректални супозитории за подолготраен ефект. Пушете или вапоризирајте ги цветовите, доколку ви треба брз ефект. Ако имате Аспергеров синдром пожелно е да ги мешате цветовите со листовите, за да внесете поголемо количество на ЦБД.


Анксиозност: Анксиозноста поврзана со Аспергеровиот синдром го оневозможува нормалниот тек на еден продуктивен живот. Канабидиолот го смирува телото и ослободува од стресот. Затоа ако имате Аспергеров синдром особено доколку сте почетник, избегнувајте врсти на канабис со високо ниво на Тетрахидроканабинол, кои може да предизвикаат дополнителна вознемиреност.

Лутина и бес: Лицата со Aспергеров синдром често се доста нестабилни и контролирани од страна на нивните емоции и може да имаат напади на бес не само во детството. Запалете џоинт или вапоризирајте канабис веднаш штом почувствувате дека збеснувате. На тој начин веднаш ќе може да се смирите до ниво кога слободно ќе може да разговарате за вашите чувства.

Гастроинтестинални нарушувања: Луѓето кои патат од Аспергеров синдром може да имаат проблеми со контролата на стресот, поради нивната неможност да ги контролираат своите емоции. Ова често пати доведува до нарушувања на гастроинтестиналниот тракт, како Улцеративен колитис, Воспаление на дебелото црево или Кронова болест. Марихуаната ослободува од болки и има ани-воспалително својство. Доколку кај овие лица се појави анорексија и неухранетост, марихуаната го стимулира апетитот, бидејќи го предизвикува чувството на глад.

Канабисот е делчето кое недостасува во мозокот
на пациентите со Аспергеров синдром.
Несоница: Стресот и депресијата кај лицата со Аспергеров синдром го оневозможуваат квалитетниот целовечерен сон. Канабисот помага при заспивањето и навлегувањето во длабок сон, поради седативниот ефект.

Кога мозокот е пребрз: Аспергеровиот синдром предизвикува неможност луѓето да се сконцентрираат и да комуницираат, поради тоа што мислите им се пребрзи. Марихуаната го забавува процесот на размислување, овозможувајќи им на овие пациенти да размислуваат јасно и да се фокусираат на една мисла/тема во еден момент.

Социјализација: Канабисот може да ги ублажи социјалните фобии, што особено на овие пациенти им овозможува ослободени да излезат од дома и да се социјализираат без потешкотии и без грижи дека ќе се чувствуваат чудно.

Марихуаната може да не им помогне на сите пациенти дијагностицирани со Аспергеров синдром и може да не помогне веднаш. Потребно е да се пробува и да се бара соодветната врста, односно да се испробуваат разни варијации на соодносот на ТХЦ и ЦБД, но и да се пробаат разните начини на консумирање на овој природен лек, за да се пронајде најсоодветниот начин на лекување со канабис којшто е најкорисен за конкретниот пациент.

Sunday, September 13, 2015

Семејствата ги споделуваат своите искуства и живи докази дека Канабисот е чудотворен ЛЕК!

Теоријата ретко соодветствува со праксата. Наместо да чекаме на (искривоколчени) научни истражувања, бидејќи досегашните се наводно неуверливи, може да започнеме да се водиме од искуството. Не постои поголем доказ за нешто од искуството. Не постои поголем и порелевантен доказ од вистинските ЖИВИ примери на успешно излечени пациенти со помош на Канабис и производи од Канабис. Не постои поголем доказ дека Марихуаната е безопасна, дека не е воопшто штетна од овие вистински приказни, бидејќи повеќето од тие пациенти се деца и тоа многу мали деца и бебиња! Кога една билка не му штети на едно новороденче и мало дете, како тогаш може да му наштети на било кој друг? Секое дете заслужува среќно и нормално детство!

Проследете ги сведоштвата на едни сега веќе среќни родители!

Родителите на Колин се пресреќни
што пробаа својот син да го лекуваат со Марихуана!
Дајан Улрик (Diane Ulrick): Нашиот син Колин (Colin) има скоро 11 години и боледува од синдромот Smith - Magenis. Тоа е ретко генетско пореметување. Тој има епи-напади и експлозивни кризи.

Чед Улрик (Chad Ulrick): Докторите велат дека повеќе немаат што да му дадат - тие го пробале секој можен лек што постои.

Дајан Улрик: Психијатрите одбиваат да го видат, бидејќи тој не може да каже што му е. Тие не сакаат да го прегледаат и да ги третираат неговите кризи и анксиозни напади. Ние се чудевме и си велевме: „Што треба сега ние да сториме со него?“. Неговите медикаменти престанаа да делуваат, а серолозите сугерираа медицинска Марихуана за неговото однесување. Колин започна да користи медицинска Марихуана на девет годишна возраст, па поминаа веќе две години. Ние користиме Канабисово масло. Понекогаш го ставаме во капсули. Ние сфативме дека тоа функционира подобро со едноставно нанесување на павлака. И Колин започна да покажува одредени подобрувања. Епи-нападите и однесувањето - тоа (маслото) ги поправи нештата за коишто ние мислевме дека никогаш нема да биде возможно да се поправат. Сега тој може да се сконцентрира; може да седне и да го слуша учителот и всушност да учи одредени знаци и учи да зборува.

Чед Улрик: Неговиот учител знае се` за неговиот случај. Тој потполно не` поддржува бидејќи го гледа ефектот што е постигнат.

Дајан Улрик: Тоа е нашиот и неговиот живот. Ние се плашевме дека ќе бидеме приморани да го ставиме под посебен надзор, доколку не може да го прими својот лек. Ова е нашиот лек; Ова е неговиот лек. Ние се чувствуваме како криминалци, а ние не треба да бидеме криминалци заради тоа што сакаме да го лекуваме нашиот син, кога психијатрите и докторите не можат повеќе да ни помогнат. Сега треба да помогнеме ние и нашата држава Мишиген.

Страшна несреќа е кога имаш болно дете.
Уште пострашна несреќа е кога имаш дете болно од ретка болест...
Но, среќа во несреќа е кога знаеш дека постои ПРИРОДЕН ЛЕК кој за жал се` уште е забранет. Сепак, подобро е да бидеш нелегално излечен, отколку легално мртов!!!

Monday, August 31, 2015

6 годишно девојче со ретка болест за прв пат застана на нозе благодарение на Канабисот!

Бела Чинонис (Bella Chinonis) пати од една многу ретка болест - синдром 1p36 Depletion. Ова нејзе `и причинува голем број на сериозни проблеми: заостанување во развојот, епилептични напади, како и ограничена способност за говор. Бела е една од само 150-те пациенти под 18 години, на кои им е препишана медицинска Марихуана и/или Канабисово масло во американската држава Мишиген (една од државите во САД кадешто Марихуаната е легализирана за медицинска употреба). 

Ида Чинонис, мајката на Бела на локалните медиуми им објасни како Коноповото масло го промени животот на нејзината мала ќерка. „Таа сега може да стои. Таа реагира на звуци и го обожува филмот 'Frozen'. Таа порано не го правеше тоа, а единственото нешто кое го правиме различно од порано е тоа што `и даваме медицинска Марихуана“ - истакнува мајката на Бела.

Постапката на овозможување на медицинска Марихуана за ова мало дете, не била лесна. Неврологот не сакал да `и препише лекови на база на Канабис, па семејството морало да се обрати на друго место. Следен предизвик бил законот во Мишиген, кој налага дека за секој пациент под 18 години, двајца доктори мора да ја дадат својата согласност. 

Ида е една од најсреќните родители на нелегално лекувано дете!
За среќа на семејството Чинонис и малата Бела, медицинските професионалци од Детроит и Тексас, одобрија таа да прима Канабисово масло, откако соодветно ја прегледаа. Маслото кое го користи Бела, беше создадено специфично за нејзините потреби, т.е. за нејзината ретка болест со соодветен сооднос на канабиноидите THC и CBD.

Семејството Чинонис е пресреќно што здравствената состојба на нивната ќерка конечно се подобрува и што имаат пристап до забранетиот лек, но свесни се дека многу други деца ширум светот како нивната Бела, се` уште патат и уште долго време ќе патат и умираат поради законската регулатива. Тие се надеваат дека еден ден, секое дете ќе има пристап до овој лек, којшто може значително да го подобри квалитетот на нивните животи.

Friday, July 17, 2015

5 факти за Канабидиолот (CBD) кои мора да ги знаете

Канабидиол (CBD) е канабиноид, кој за разлика од канабиноидот THC (Тетрахидроканабинол) не те прави напушен. Поради ова врстите на Марихуана кои имаат повеќе CBD, а помалку THC не се барани и посакувани од страна на рекреативните корисници. Од друга страна пак, овие врсти се повеќе барани од страна на пациентите како лек, за да го избегнат психоактивното дејство

Хемиска структура на Cannabidiol.

1. CBD е круцијална состојка во Марихуаната

Канабидиолот е еден од над 60-те состојки на Канабисот, кои спаѓаат во групата на молекули наречени канабиноиди. Количината на канабиноидите е различна кај секое растение. Канабидиолот и тетрахидроканабинолот најчесто се најголемиот процент од сите канабиноиди во растението и токму затоа се најпроучувани и најпопуларни.

Марихуаната растена за рекреативна употреба содржи повеќе THC од CBD. Сепак, со користење на селективни техники на вкрстување на врстите, одгледувачите успеале да создадат хибриди со високо ниво на CBD и многу ниско ниво на THC. Овие врсти се поретки, но станаа многу популарни изминативе години за медицинска употреба. Таква врста е „Charlotte's web“ создадена со вкрстување од страна на браќата Стенли на нивната фарма со Канабис, за медицинските потреби на девојчето Шарлот (Чарли) со Драветов синдром (тешка форма на епилепсија):



2. CBD не е психоактивен

Канабидиолот не е психоактивен бидејќи не влијае на истите патеки во мозокот и телото како THC. Овие патеки наречени CB1 рецептори се одговорни за умствените ефекти од тетрахидроканабинолот. Извештајот објавен во 2011 година во „Current Drug Safety“ заклучува дека „не ги попречува психомоторните и психолошките функции“. Авторите додаваат дека неколку студии сугерираат дека CBD е „добро толерирано и безбедно“ дури и во големи дози. 


3. CBD има широк спектар на медицински придобивки

И покрај тоа што CBD и THC влијаат  на различни патеки  во телото, генерално тие имаат многу исти медицински придобивки. Според извештајот од 2013 година објавен во British Journal of Clinical Pharmacology, студиите октрија дека CBD  ги има следниве медицински својства:

  • Антиеметичко -          Намалува гадење и повраќање;
  • Антиконвулзивно -    Потиснува епи-напади;
  • Антипсихотично -      Против психијатриски                                                                  нарушувања;
  • Анти-воспалително - Против воспалителни болести;
  • Антиоксидант -          Против невродегенеративни                                                        нарушувања;
  • Антиканцерогено -     Против тумори и канцерогени                                                    клетки (рак);
  • Анксиолитик / Анти-депресив - Против анксиозност и                                                                  депресија;

Многу пациенти ширум светот се лекуваат со екстракти и тинктури со канабиноидите THC и CBD. За жал многу помалку од студиите се спроведувани врз луѓе, а многу повеќе врз животни. Фармацевтска верзија  на CBD неодамна беше развиена од страна на една фармацевтска компанија базирана во Велика Британија. Компанијата GW Pharmaceuticals сега ги финансира клиничките испитувања на CBD како лек за шизофренија и одредени типови за епилепсија. Тим од научници пак, од California Pacific Medical Center, предводени од страна на д-р Sean McAllister изјави дека се надеваат дека ќе започнат испитувања врз луѓе за CBD како третман против рак на дојка.


4. CBD ги редуцира „негативните“ ефекти од THC

CBD нуди природна заштита од чувството на „high“ поради канабиноидот THC. Бројни научни истражувања потврдуваат дека CBD го намалува ефектот на THC, како што се моменталните краткотрајни потешкотии со меморијата, а понекогаш параноја и сонливост. CBD исто така му противдејствува на ефектот на Марихуаната да поттикнува на сон.

Ниту CBD, ниту THC (ниту пак другите канабиноиди) потврдено е дека не можат смртно да се предозираат! 


5. CBD сè уште е нелегално

И покрај тоа што CBD се користи како лек, овој канабиноид (како и останатите) се` уште е нелегален во многу делови од светот. CBD се смета како наркотично средство од прв ред во САД, додека пак во Канада се смета за наркотично средство од втор ред. 

Од друга страна пак, Агенцијата за храна и лекови неодамна одобри обид за фармацевтската верзија на CBD кај деца со ретки форми на епилепсија. Овој лек се нарекува Epidiolex. Според компанијата овој лек содржи повеќе од 98% CBD, количини во трагови од некои други канабиноиди и нула THC. Оваа компанија прави и друг лек базиран на Канабис, наречен Sativex кој беше одобрен во над 24 држави за третирање на мултиплекс склероза.

Патент доделен за Американското здравство и општествени служби во 2003 година (US6630507) исто така ја опфаќа употребата на CBD како третман за различни невродегенеративни и воспалителни болести.

Tuesday, May 19, 2015

Научно истражување: Канабисот е безбеден и многу ефикасен при третманот на епилепсија

Најновата студија врз Марихуаната, исто како и претходните - повторно потврди дека состојките во ова растение, а најмногу канабиноидот КАНАБИДИОЛ (CBD) се потполно безбеден и неверојатно ефикасен лек за сите видови на епилепсија


Според резултатите добиени во ова истражување, презентирани за време на овогодинешната средба на Американската Академија за Неврологија што се одржува секоја година, 213-те испитаници на различна возраст, кои живеат со разни видови на епилепсија (вклучувајќи го и Драветовиот синдром, за кој се` уште не постои ефикасен фармацевтски лек, потоа Синдромот Ленокс Гастаут, како и 2 сериозно тешки детски епилепсии), покажаа во просек 54% намалување на бројот на епи-нападите откако започнале да консумираат екстракт од Канабис. Само 12 од пациентите од 213-те кои биле вклучени во ова истражување не успеале да го спроведат до крајот, бидејќи им се појавиле благи несакани од нивна страна последици како: зголемен умор, зголемен апетит или проливи.

Испитаниците користеле екстракт од растението Марихуана богат со канабиноидот Канабидиол (CBD) - втората најактивна состојка во оваа билка, веднаш по канабиноидот Тетрахидроканабинол (THC). Овој нов препарат се нарекува ЕПИДИОЛЕКС и е произведен од страна на GW Pharmaceuticals. Овој фармацевтски лек на база на Канабис се состои од 98% CBD и други канабиноиди. Тој е лабораториски тестиран и веќе е достапен во големите аптеки и продавниците за производи од Канабис во некои земји во САД. 

Студијата беше водена од страна на Д-р Орин Девински, кој е директор на Сеопфатниот центар за епилепсија при Универзитетот во Њу Јорк. Доктор Девински изјавува дека резултатите се веродостојни и ветувачки, но исто така вели дека ова е само почеток и дека треба да се спроведуваат уште истражувања. Постоечките лекови против епилепсија до сега не се потврдија како ефикасни и истите вклучуваат многу повеќе несакани последици врз здравјето на пациентите, отколку овој нов лек Епидиолекс којшто е направен од Канабис. Уморот и зголемениот апетит, што се јавиле кај само 12 од 213 испитаници не е ништо во споредба со последиците од другите досегашни лекови против епилепсија со кои пациентите лесно може да се предозираат и да настапи смрт. 


Се надеваме дека Канабисот наскоро ќе се извади од листата на дроги и ќе се легализира/декриминализира како цело растение. Најстрашно ќе биде доколку ова не се случи, а наместо легализација на Канабисот фармацевтските компации ќе почнат масовно производство на лекови и екстракти од Канабис, со цел да остварат голем профит. Треба да имаме пред вид дека само целото растение и канабисовото масло на Рик Симпсон имаат најголеми здравствени придобивки, а не хемиски синтетизирани соединенија од истото.