Showing posts with label болест. Show all posts
Showing posts with label болест. Show all posts

Monday, August 20, 2018

Овој човек прави масло од канабис и го дава бесплатно за да им помогне на болните лица

Се проценува дека над милион луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинска марихуана за олеснување на болката. Во еден приградски дом, во необичен модерен станбен имот во Бирмингам, 42-годишниот инвеститор на имоти, Сатнам Бенс (Satnam Bains), тивко ги дестилира литрите од сопственото масло од канабис во импровизирана гаражна лабораторија кое го подарува на смртно болните лица 


Бенс почна да го води својот бизнис и научи како се прави масло откако на неговиот помал брат, минатата година, му беше дијагностициран редок вид на рак на бубрезите. „Дојде од никаде. Тој имаше само 32 години и беше високостручен градежен инженер“ - рече Сатнам. „Немаше многу што лекарите би можеле да направат за разлика од тоа што ќе го испратат дома со пеколен лек и морфиум кој мораше да се администрира за хроничната болка“ - додава тој. 

Неколку недели подоцна, еден пријател го спомна маслото од канабис, а Сатнам му даде 1 грам од лекот за 50 фунти од дилер на улица. „Мојот брат беше на морфиум околу шест недели, кога јас ставив една мала капка масло во топло млеко и целосно го трансформирав“ - истакнува тој. „Во рок од еден час тој беше исправен во својот кревет и изгледаше жив“ - саклучува Бенс. 

Бенс е еден од стотиците обични луѓе кои формираат подземни мрежи за размена на совети и упатства за тоа како да се направи и добие масло од канабис за медицински цели. Иако Велика Британија е најголемиот извозник на медицински канабис во светот, останува нелегално за лекот да се одгледува дома или да се снабдува за олеснување на симптомите на хронични болести кои се движат од рак до ХИВ. Се проценува дека повеќе од еден милиони луѓе во Велика Британија се потпираат на медицинската марихуана за олеснување на болката или како дел од палијативната грижа за хронични болести, но оние што имаат потреба моментално ризикуваат затворска казна ако се свртат кон црниот пазар на интернет или купуваат од улични дилери на дрога.

Но, диспаритетот помеѓу извозот на лекови од канабис во Велика Британија и неговите сопствени закони, сè уште е во центарот на вниманието откако серијата случаи со висок профил придонесоа за промена на јавното мислење и на крајот, владина политика. Несреќникот со епилепсија, малиот Били Колдвел, чија употреба на масло од канабис му помогна да ја намали фреквенцијата на неговите живото-загрозувачки епилептични конвулзивни напади, делумно го поттикнаа министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид (Sajid Javid), да објави легислатива со која се дозволува маслото од канабис да биде препишано од лекарите.

Во меѓувреме, Бенс е на мисија да го направи и дистрибуира скапоценото масло бесплатно и покрај максималната затворска казна од 14 години ако биде фатен од страна на полицијата. Тој вели дека бил инспириран од промената што ја видел кај неговиот брат: „Во текот на неделите (откако почна да зема масло од канабис) му помогна повторно да го врати апетитот, бидејќи морфиумот го натера да се чувствува гладен, но и да не може да јаде“. Во рок од осум месеци тој ја зголемил дозата на 10 капки дневно до тој степен што морфиумот повеќе не бил потребен. „Тоа беше ништо помалку од чудо и си помислив: Морам да научам како да го правам ова самиот, бидејќи бев уморен од одење по дилери на дрога“ Седејќи во неговата гаража, во куќата што ја дели со своите родители, Бенс рече дека разговарал со еден локален дилер кој му рекол дека направил масло за неговата мајка која имала Паркинсонова болест.

Тој ме научи како да го направам тоа и во текот на повеќе месеци го усовршив процесот за да го извлечам маслото најдобро колку што можев“ - рече Бенс. „Бев во контакт со нелегални домашни одгледувачи кои беа среќни да продаваат, па дури и ми ги даваа своите остатоци“ - додава тој. Марихуаната содржи преку 113 различни хемиски соединенија познати како канабиноиди. Најпознатите канабиноиди се THC (тетрахидроканабинол) и CBD (канабидиол). THC е одговорен за познатиот хај од канабисот, додека CBD помага да се балансираат ефектите на THC и да се обезбеди опсег на олеснување на симптомите и да се извлече целосниот медицински потенцијал од растението поради синергичниот ефект на сите активни состојки кои природно постојат во растението.

Во принцип, CBD се смета за целосно безбедна состојка. Студиите покажаа дека CBD е антиконвулзивен лек и постојат добри докази од клиничките испитувања дека фармацевтските препарати можат да ги третираат двете тешки форми на детска епилепсија, но ТХЦ треба да биде макар во трагови за препаратите да се најефикасни. Но, владата не се согласува целосно. Во коментарот објавен на нивната веб-страница, портпаролот на Агенцијата за регулација на медицината и здравствената заштита (MHRA) изјави: „Додека MHRA го дала своето мислење дека производите кои содржат канабидиол (CBD) што се користат за медицински цели се лекови, исто така, внимателно се разгледани потребите на поединци кои користат CBD производи за лекување или управување со симптомите на медицински состојби. Нашата примарна грижа е безбедноста на пациентот и сакаме да повториме дека поединците кои користат производи од канабидиол (CBD) за лекување или управување со симптомите на медицински состојби треба да разговараат за нивниот третман со нивниот лекар“.

Гледајќи тајно кон местото каде што неговиот татко седи во друга соба, Бенс го објасни макотрпниот и сложениот од прилика осум часовен процес од суровиот цвет од канабис, па сè до масло. „Моите родители не се многу среќни поради тоа што го правам, поради мирисот и затоа што се плашат дека ќе бидам фатен и испратен во затвор, но во исто време знаат дека тоа помогнало и на мојот брат. Тие само ме игнорираат и ме оставаат засега“ - вели Бенс. Процесот вклучува 2-3 перења на марихуаната во кофа исполнета со алкохолен растворувач (96%<), а потоа смесата внимателно се просејува и се цеди преку серија филтри за кафе, пред да се стави густата течност на шпорет за да испари алкохолот и за на самиот крај да се додадат неколку капки дестилирана вода. Бенс рече дека прави серија на секои неколку недели, со 600-800 гр марихуана што произведува околу 60 грама масло (цела Рик Симпсон терапија за 90 дена). Пациентите треба да започнат со мали дози (околу пола зрнце ориз) три пати на ден (на 8 часа) и постепено да ја дуплираат дозата на секои 4 дена, додека да стигнат до грам на ден (па и повеќе). Еден грам од маслото на улица во Британија вообичаено се продава до 70 фунти, а кај нас во Македонија од 30 до 80 евра за 1 мл.

Јас го собирам во пластични шприцеви за орална употреба или мешам со маслиново масло за локална употреба“ - вели тој. „Јас немам пари од ова и секоја серија ме чини доста. Сè што сакам е да лекувам толку многу луѓе колку што можам и ги замолувам да се молат за мојот брат. Ако излекувам доволно луѓе, чувствувам дека Бог ќе го излекува и мојот брат. Успеав да стапам во контакт со многу корисници на масло на различни социјални медиумски платформи и им го давам на луѓето бесплатно или за номинална исплата“. Одгледувањето и снабдувањето со канабис, без разлика дали е за медицински цели, во Британија е нелегално со Закон за злоупотреба на дроги и носи максимална казна од 14 години затвор и парична казна.

Авинаш Тахрор (Avinash Tahroor) од добротворната организација Charity Release, рече: „Иако ретко се користат максималните казни, можно е да се добие затворска казна дури и ако нема финансиска корист за лицето кое го извршило прекршокот. Според овој драконски закон, илјадници пациенти се непотребно криминализирани секоја година за едноставно поседување или одгледување на лекот што им е неопходен“. Но, Бенс вели дека е подготвен да ги преземе промените и ризиците: „Ги знам ризиците што ги преземам, но сакам да мислам дека законот нема да биде толку груб за мене, бидејќи јас го правам тоа од вистински причини. Дури и да бев затворен, би рекле дека вреди, бидејќи знам дека им помогнав на многу луѓе“.


ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:




Новинар: Кате К.
Уредник: MoniQue Konopova
Извор: Huffingtonpost.co.uk

Tuesday, May 15, 2018

ТХЦ ги отстранува отровните Алцхајмерови протеини од мозокот

Тетрахидроканабинолот од марихуаната го забрзува отстранувањето на токсичната маса од отровни амилоидни бета протеини од мозокот кои го одпочнуваат развојот на Алцхајмеровата болест. Ова откритие се надоврзува на резултати од претходни истражувања кои го докажале заштитниот ефект на канабиноидите кај пациенти со невродегенеративни болести 


Иако други истражувања го докажале неврозаштитниот ефект на канабиноидите, веруваме дека ова истражување е прво кое открива дека канабиноидите влијаат врз воспалението и насобирањето на амилоидни бета протеини во нервните клетки“ - вели Дејвид Шуберт (David Schubert) од Институтот за Биолошки Студии Салк од Калифорнија (Salk Institute for Biological Studies in California). Шуберт и неговите колеги ги тестирале ефектите од ТХЦ на човечки неврони кои ги имитираат ефектите на Алцхајмер во лабораторија.


Ајде да се навратиме на „Основите по канабисологија“ за да ги повториме чудесните карактеристики на нашиот Добар Самаританец - ТХЦ: одговорен е за психолошките ефекти на марихуаната благодарение на неговите болкоублажувачки својства, ефективно третира симптоми на сè од ХИВ, канцери и хемотерапија, до хронична болка, посттрауматично нарушување и мозочен удар, а делува во содејство со другите канабиноиди. Судејќи по сè, ТХЦ е восхитувачки медицински биомолекул; истражувачите работат на добивање на генетички модифициран квасец кој може да го произведе многу поефикасно отколку кога би се произведувал синтетички. Патот на ТХЦ е најчесто преку пушење или вапоризација од белите дробови во крвотокот каде се поврзува со два типа на рецептори, канабиноиден рецептор ЦБ 1 и 2 кои се наоѓаат на клеточните мембрани низ целото тело.


Во мозокот, овие рецептори се најконцентрирани во невроните поврзани со: задоволство, сеќавање, размислување, координација и осет за време и се врзуваат со класа на липидни (масни) молекули наречени ендоканабиноиди кои се произведуваат во телото за време на физичка активност и го поддржуваат клеточното сигналирање во мозокот. ТХЦ исто така може да се врзе со нив на истиот начин и тогаш настанува олабавување во способноста на мозокот да комуницира со себеси. Тоа може да биде и добро и лошо бидејќи иако заборавиш нешто важно, ќе се чувствуваш супер и ќе сакаш да ги изедеш сите грицки поради тоа што се активира чувството за глад и благосостојба. 

Во текот на годините истражувањата потврдиле дека врзувајќи се со овие рецептори, ТХЦ може да има друг  ефект на мозок кој старее бидејќи му помага да ги исчисти токсичните насобирања - плаки на амилоидни бета протеини.  Никој не е целосно сигурен што го предизвикува Алцајмерот, но се мисли дека е резултат на акумулирањето на два типа на оштетувања: амилоидни плаки и неврофибриларен заплет, а исто така се смета дека оваа болест се јавува токму поради ендоканабиноиден дефицит во мозокот. 

Амилоидните плаки се наоѓаат помеѓу невроните како густи групи од бета амилоидни молекули - леплив тип на протеин кои лесно се поврзуваат и неврофибриларни заплети предизвикани од дефектни протеини кои се поврзуваат во густа, нерастворлива маса во невроните. Не е јасно зошто овие оштетувања се појавуаат во мозкот, но студиите го поврзале воспалувањето во мозочното ткиво со истовремено намножувањето на плаките и неврофибриларните заплети. Па, ако можеме да најдеме нешто што го намалува воспалувањето во мозокот и истовремено му помага на телото да се исчисти од овие оштетувања, би биле на добар пат да го пронајдеме првиот ефективен третман за Алцајмер, а тој третман всушност е веќе познат, само треба да го легализираме – тоа е канабисот!

Уште во 2006 година, истражувачи од Истражувачкиот Институт Scripps Research Institute откриле дека ТХЦ го инхибира создавањето на амилоидни плаки блокирајќи ги ензимите во мозокот кои ги произведуваат и сега Шуберт и неговиот тим покажаа дека ТХЦ може да го спречи воспалувањето на нервните кетки што значи го обезбедува нивниот опстанок. „Воспалувањето на мозокот е главна последица од Алцхајмерова боелст, но секогаш се претпоставуало дека овој одговор доаѓа од клетки во мозокот слични на имуните, не од самите нервни келтки“ - вели еден од тимот, Антонио Курес (Antonio Currais). „Кога не можевме да ја идентификуваме молекуларната основа на воспалителниот одговор како бета амилоиди, стана јасно дека компонентите слични на ТХЦ кои ги создаваат нервните клетки се вклучени во  заштитување од нивно изумирање“ – додаваат истражувачите.

Кратка канабис видео лекција за љубопитните!

Ова е многу интересно проучување, но засега е демонстрирано само со неврони во лабораторија, така што наредниот чекор би бил Шуберт и неговиот тим да ја набљудуваат врската меѓу ТХЦ и намалувањето на воспалението и насобирањето на плаки, но во клинички случај на луѓе. А тие веќе имаат најдено кандидат именуван како „Ј147“ кој ги има истите ефекти како ТХЦ, а ова може да биде начинот на кој тие можат да ги тестираат ефектите на ТХЦ без Владата да им го попречи патот во докажувањето.  


* * *

„Како што со радозналост и радост ги откривам благодетите на ова свето растение со секој нов ден, мојата восхит и понизност пред ова растение растат со секое ново изгрејсонце“ - 

Извор: Futurism
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Friday, March 23, 2018

Женава со масло од канабис ги ублажува симптомите на паркинсонова болест

Оваа жена која страда од треперења и спазматична контракција на мускулите тврди дека маслото од канабис ги контролира симптомите на Паркинсонова болест. Дајан Ли (Diane Lee) зема масло од канабис осум месеци, вели дека тоа го контролира нејзиното треперење


Diane Lee со нејзиниот лек <3
Дајан Ли (53) вели дека ѝ бил дијагностициран Паркинсонизам индуциран од лекови кои ѝапредизвикуваат треперење на телото. Г-ѓа Ли, од Престатин (Prestatyn), за The Daily Post изјави дека нејзината состојба беше предизвикана од антидепресивот сертралин (sertraline), кој таа го зема две години. Таа вели дека нејзините лекари ја советуваат да продолжи со земање на сертралин. Сепак, г-ѓа Ли вели дека со земањето на тој штетен фармацевтси лек не може да држи чаша или да спие правилно поради треперења и спазматичната контракција на мускулите што ги доживува. 


Производителите на сертралин велат дека во клинички испитувања кај возрасните еден од десет може да доживеат треперење. Таа зема две капки масло од каннабидиол CBD кога станува наутро и истата доза  пред спиење. Во рок од 10 минути по ставање на неколку капки под нејзиниот јазик таа престана да трепери и опиша дека чувство на смиреност го опфати нејзиното тело. Г-ѓа Ли ја откри нејзината состојба на дебатата околу повици за легализација на канабисот за медицинска употреба. Понудата за дебата околу ова прашање во Парламентот на Велика Британија не успеа. 


Г-ѓа Ли рече: „Лекарите одбија да ми дадат лекови за Паркинсоновата болест, бидејќи состојбата беше предизвикана од лекови. Тие ми рекоа да го намалам сертралинот, бидејќи имам недостаток на хемиски допамин во мозокот, што предизвикува Паркинсонова болест предизвикана од лекови. Но, дури и ако ја испуштам дозата, го чувствувам тоа, па морам да продолжам со антидепресивите. Паркинсонизмот предизвикува треперења и контракција на мускулите. Не е пријатно. CBD ме прави посмирена и тоа е единственото нешто што ги зема треперењата и контракциите во мускулите - можам да почувствувам дека минува низ моето тело“.


Г-ѓа Ли го открила маслото од канабис пред осум месеци откако нејзиниот сопруг, Мајкл (Michael) (72), го забележал во продавница во Блекпул и го купил. Г-дин Ли купил ЦБД во форма на таблети откако прочитал дека може да му помогнат на неговото артритно колено - тврди дека ја искоренал непријатноста. ЦБД е еден од околу 600 хемиски соединенија кои ги содржи канабисот. Sativex е прв лек базиран на канабис (спреј за орална употреба) признаен од британската влада, но активистите сакаат ослободување на природните канабиноиди за употреба на состојби започнувајќи од рак на мозок до блага депресија.

Автор: Кристина Т.
Извор: Dailypost

Thursday, February 22, 2018

91-годишен пациент со Алцхајмер и Деменција од Орегон конечно може нормално да живее со канабис

За да му помогнат на својот 91-годишен татко да се справува со гневот и агресијата поврзани со деменцијата, неговите деца биле непријателски настроени кон неговата медицинска грижа. Без да кажат на неговите доктори, тие го третирале со канабис. Една од неговите ќерки благодарение на својата медицинска позадина, како пензионирана медицинска сестра која живее во Портланд, слушнала за можните придобивки од екстрактите од марихуана кај пациенти со Алцхајмерова болест


Покрај ограничените истражувања на оваа тема и федералните закони во САД, маслото од канабидиол, станало последно средство за семејството. „Работите станаа навистина лоши и тој немаше да може да остане дома поради неговото агресивно однесување“ - рече неговата ќерка. Во изминатата година, со согласност на нејзините браќа и сестри и како лекарска одлука за нејзиниот татко, таа му даваше капсули од маслото на својот татко. Се покажа дека соединението помага при анксиозност, болка и други заболувања, изјавува порталот OregonLive не ги користи вистинските имиња на семејството на нивно барање заради приватноста.

Тие се чувствуваа изневерени од страна на медицинската установа, бидејќи нивната ситуација стануваше сè потешка и пострашна. Соочени со тоа што морале да го институционализираат својот стар татко, семејството одлучило дека ризикот е благ. Некои лекари ги предупредувале да се обидат без оваа пресвета и најбезбедна билка, велејќи дека канабисот може да има одредени ефекти кога се комбинира со фармацевтски лекови. Тоа донекаде е вистина, бидеќи канабисот навистина го регулира целиот организам, со што конвенционалните синтетички отровни прашаци во форма на таблети стануваат излишни. За ова семејство постигнатите резултати со канабисот беа вредни за обид.


Тој е многу посмирен“ - рече едната ќерка. „Тој сè уште се збунува и сè уште сака да си оди дома (кога е дома), но не ги вознемирува другите. Тој само изгледа многу посреќен“ - додава таа. Докторите не беа корисни, а неговата ќерка имаше тешкотии да најде веродостојни истражувања за канабисот. Семејството дознало за мала студија од Израел што покажа дека канабисот им помогнал на пациентите со Алцхајмер подобро да спијат ноќе, полесно да се социјализираат и да бидат помалку агресивни. Неговата друга ќерка вели дека тие биле загрижени, но само заради непознатото што ги чека, „но, (мојата сестра) прочитала многу истражувања, го сподели тоа со нас и ние размисливме дека немаме многу други опции. Мислевме дека доколку пробаме, тоа нема да му наштети на нашиот татко“ - заклучува таа. И во право беа!

Семејството не им кажало на 24-часовните старатели за што зборува нивниот татко. Тие рекоа само дека се обидуваат со нов лек. Ќерката ја користеше медицинската заднина за да му пристапи научно на новиот предизвик, почнувајќи со мала доза од 5 милиграми дневно и побарала од старателите да го пополнат прашалникот на крајот од секоја смена, документирајќи го апетитот на нејзиниот татко, однесувањето во текот на спиењето и расположението. „Требаше да бидам способна да мерам сè што се случува“ - рече таа. Таа ја зголемувала дозата постепено малку по малку.


Канабис за среќна и здрава старост! :)
За ова семејство лекот бил скап и тешко достапен, па таа проценува дека неговата месечна доза ќе чини 600 долари на мало и тоа не е целосната терапија. Тој сѐ уште не спие преку ноќ, но веќе не е агресивен. Институциите кои добиваат федерално финансирање, како што е Oregon Health & Science University, се оддалечија од медицинскиот канабис. Нивните лекари нема да им помогнат на пациентите да го набават. Тоа создава информативен јаз - пациентите не чувствуваат дека можат да разговараат со своите лекари за тоа, лекарите не се нужно добро обучени за најновите истражувања за канабисот, а пациентите потоа бараат совети од компетентните активисти, како нас.

Д-р Џенис Нокс (Janice Knox), анестезиолог кој ја основа американската клиника за канабиноиди во Портланд со своето семејство на лекари, се обидува да биде таков релевантен ресурс за информации. „Тоа е навистина тажно затоа што тие (пациенти) бараат информации“ - изјавува Нокс. „Тие сакаат да ги слушнат своите лекари, сакаат некој да седне и само да разговара со нив за добрите и лошите страни на канабисот“ - додава тој. „...мислам дека тоа што се случува е бидејќи има стигма за користењето на марихуаната и дека луѓето се чувствуваат како да е голема негативна работа, дека тоа што го прават е криминал, нешто што мора да се сокрие ... и тие се чувствуваат виновни за тоа“ - додава овој освестен лекар. „Ако сакаме да се справиме со федералниот проблем, тоа ќе мора да дојде од нашите професионални здруженија кои велат „погледнете, ова е практика на медицината“, ајде да разговараме за ова“ - заклучува тој.

Автор: Кате К.
Извор: Оregonlive 

Monday, January 8, 2018

Поранешен полицаец со Паркинсонова болест шокиран од моменталните позитивни ефекти од канабисот

Поранешниот полицаец Лари Смит (Larry Smith) почна да ги искусува ефектите од Паркинсоновата болест пред 20 години и неговото здравје оттогаш значително се намали. По две децении обиди со различни третмани и не гледајќи никакви значителни резултати, тој на крајот се свртел кон она против коешто цел живот професионално бил против - кон медицинската марихуана како последна надеж


Larry Smith се лекува со канабис од Паркинс
Во овој текст за популаризирање на ефектите од канабисот врз Паркинсоновата болест и нејзино спречување, ги закачивме овие три клипови од документарниот филм „Патување со Лари“ (Ride with Larry). Ова е еден од најпознатите примери. Канабисот исто така ја спречува појавата на Паркинсонова болест. На видео снимките самите со свои очи можете да се уверите. Ова се извадоци од документарниот филм создаден од екипа документаристи кои го следат канабис-патувањето на Лари и како тој се обидува да ги лекува своите долгогодишни симптоми за прв пат со природната супстанца што е нелегална на федерално ниво во САД. Како што рече неговата сопруга: „не ми се допаѓа идејата за кршење на федералниот закон, иако тоа е државен закон. Во Калифорнија, многу е јасно дека е дозволено. Сè уште непријатно, но ... колку што знам дека пробавме сè, ова е единственото нешто што останало. Ќе пробаме и ќе видиме како ќе оди“.

Ride with Larry - Documentary
И покрај правните и моралните последици од таквиот обид, двајцата се согласија да заминат во Сан Диего, Калифорнија, за да добијат дозвола (картичка) за Лари да користи марихуана за својот третман. Во првото видео, тој зборува со лекар кој е во состојба да обезбеди картичка за медицинска марихуана и да му дозволи на Лари да го купи третманот. Кога лекарот го прашува Лари како се чувствува во последно време, Лари одговара: „Моите симптоми се многу поочигледни од кога и да е порано, а болката е малку поостра“. Како што може да се види, Лари страда многу од дискинезија, што е категорија на движење со присилно движење на мускулите и има проблеми со одењето и зборувањето. Неговата сопруга рече дека има толку многу проблеми со одењето што сега зема 20 таблети секојдневно. Фармацевтскиот лек што му е препишан е поскап од 3000 долари, но кога ќе пристигне во амбулантата за медицинска марихуана, плаќа само 40 долари за својата прва доза на туфки од марихуана.

Иако ги купува цветовите, ова не е единствениот начин да се консумира марихуаната при третирање на медицински проблем, што е нешто што станува очигледно во третото видео. Неговиот пријател, исто така, страда од Паркинсонова болест и во минатото користел медицинска марихуана, па затоа му го става маслото од канабис под неговиот јазик и на неговиот образ. Потребни се само неколку минути за канабисот да почне да делува. Според описот на видеото: „Со неколку капки масло од канабис под неговиот јазик, тешката дискинезија на Лари (неконтролирани движења), губење на гласот и треперењето се смируваат во рок од неколку минути! Ние дури и не ги уредивме снимките бидејќи резултатите беа толку изненадувачки“. Ова го шокираше поранешниот полицаец, кој се загрижи за другите полицајци што го поддржуваат или го осудија заради неговата одлука да употреба на марихуана. Веднаш по администрирањето на третманот, тој стои без проблем и вели: „Една личност како мене навистина може да користи марихуана и ме прави многу лут што не можам да ја добијам во мојата матична држава“. Неговата матична држава Јужна Дакота не дозволува употреба на медицинска марихуана, па затоа Лари и неговата сопруга патувале во Сан Диего за да добијат третман.

Автор: MoniQue Konopova
Извор: MintPress News, HERB



Friday, September 22, 2017

Како канабисот ја третира астмата и го олеснува дишењето?

Истражувањата покажале дека канабиноидите од канабисовото растение ги заштитуваат белите дробови и ја ублажуваат констрикцијата и непријатноста предизвикани од астмата. Проценето е дека едно од 12 деца страда од астма - хронична болест на дишните патишта која се појавува во детството. Иако повеќето астматичари искусуваат минимални симптоми, болеста е поврзана со 3.000 смртни случаи годишно


Канабисот е познат бронходилататор!
Повеќето астматичари го изоставаат канабисот како варијанта стравувајќи од влошување на нивните симптоми. Но, спротивно од вообичаеното верување, истражувањата покажуваат дека канабисот има позитивно влијание врз белите дробови и го олеснува дишењето. Всушност, канабисот повеќе им помага отколку што им штети на пациентите со астма. Чадот од тутунот не е ист со чадот од тревата. Чадот од тутунот е штетен за белите дробови, па оние кои пушат цигари, се препорачува и да консумираат марихуана.

Канабисот во поголем степен ги отвора отколку што ги затвора воздушните патишта во нашето тело! Истражување објавено во Journal of Pharmacology and Experimental Therapeutics покажало колку канабиноидите ги заштитуваат белите дробови. Експериментирајќи на гвинејски свињи, истражувачите ја измериле способноста на канабиноидите да ја спречат бронхоконстрикцијата (стеснувањето на бронхиите). 

Алфа-пинене го олеснува дишењето!
Посебно внимание посветиле на ТНС, ЦБД, ЦБГ, ЦБЦ, ЦБД-А и ТХЦ-В канабиноидите. Откриле дека ТХЦ и ТХЦ-В (THC-V) се единствените канабиноиди кои ја спречуваат констрикцијата и дека ТНС е поефективен. Значи, канабисот делува како бронходилататор, а не како бронхоконстриктор! Резултатите биле вчудовидувачки земајќи во предвид дека бронхоконстрикцијата е еден од најголемите проблеми што ги мачат астматичарите. При напад на астма, бронхиолите [воздушни ходници по кои поминува воздухот низ носот и устата до алвеолите (воздушни торбички) во белите дробови] се стеснуваат. Како резултат на тоа, стапката на проток на кислород е многу намалена. Но, според ова истражување канабисот им помага на бронхиолите да се отворат.

Лекот се крие во трихомите!
Истражување од 1974 година покажало дека бронходилаторниот ефект на канабисот е послаб од тој на исопротеренол-от, но трае доста подолго и дека е еднакво ефективен како салбутамол-от, кој пак, постигнува максимална бронходилатација за пократко време. Д-р. Рејчел Нокс (Rachel Knox), шеф на Minority Cannabis Bussiness Association, вели: „ТНС е многу моќен бронходилататор и е тоа што ни треба кога лечиме астма. Кога астматичарот добива напад од астма, бронхиолите се стеснуваат меѓу себе и значително го отежнуваат дишењето. Тогаш, внеси ТНС. ТНС веднаш ќе ги отвори и дишењето ќе се подобри“


Канабисот поседува моќни антивоспалителни својства!


α-Pinene го има во рузмаринот, но и канабисот!
Канабисот има добро познати антивоспалителни својства реагирајќи со канабиноидните рецептори низ телото вклучувајќи ги и белите дробови. На пример, едно истражување во весникот Mediators of Inflammation открило дека канабиноидот ЦБД го намалува прекумерното лачење на слуз кое е главна карактеристика на астмата. Иако истражувањето не е извршено врз луѓе, научниците заклучиле дека ЦБД е моќна и успешна природна и безопасна состојка при третирањето на астмата, бидејќи го регулира претераното воспаление во телото. Овие кристалчиња со форма на печурки се трихомите на канабисот и содржат најголем број од активните канабиноиди од растението.


Канабисот ја намалува бронхијалната вкочанетост!

Канабисот е познат по своите релаксаторни својства, познат е по опуштањето на мускулатурата. Бронхоспазмот пак, (бронхијалната вкочанетост) е ненадејна констрикција на мускулите во белите дробови која може да предизвика груби реакции во дишењето кај астматичарите. Но, канабисот има неверојатен ефект при ублажувањето и елиминирањето на мускулните контракции. Како? Релаксирајќи ги мускулите во белите дробови, воздушните патишта се прошируваат и така се зголемува протокот на воздух!

Од фановите од Куманово
Според др. Џесика Нокс (Jessica Knox) тоа е резултат на присуството на алфа-пиненот во канабисот. Значи, консумирањето канабис резултира со акутна бронходилатација! Алфа-пиненот (α-Pinene) е терпен кој се скоро сите врсти канабис. Исто така, се наоќа во маслата од иглолисните дрва, како борот, но и во есенцилајното масло до рузмарин!


Кој е најдобар метод за третирање на астмата со канабис?

Значи, позитивното влијание на канабисот врз астматичарите е очигледно, иако многу од нив се двоумат и плашат да го пробаат... Токму пушењето/вапоризирањето/инхалирањето канабис е најдобриот начин за справување со проблемите со дишење. Благодарение на модерната технологија, постојат повеќе софистицирани начини за консумирање на канабисот и третман со истиот. Вапоризацијата е еден од тие начини - испарувањето на канабисот. Испарувањето (вапоризирањето) е многу попријатно за консумирање и го пренесува лекот без никаква иритација, затоа што се вдишува студен чад.

Вапоризирањето е попријатно од џоинт
Д-р Дастин Сулак (Dustin Sulak), водечки доктор во полето на медицински канабис, открил дека испарувањето на канабисот е високо ефективно решение за пациентите со астма бидејќи обезбедува поголема температурна контрола. „Можеби 90% од астматичарите можат да вдишат испарлив канабис... Ако го направат то правилно, ќе можат да дишат подлабоко, да си ги прошират белите дробови и да ја ублажат констрикцијата“ - истакнува тој. Доктор Сулак препорачува ДНЕВНО ДОЗИРАЊЕ како лек и за подобра контрола на астмата.

За брзо ослободување од болката при напад од астма, тој препорачува тинктура или испарувач бидејќи така лекот ќе се нанесе без никаква иритација. Но, пред сè, д-р Сулак ги советува пациентите да го слушаат своето тело. „Многу е важно да го слушаш твоето тело. Ако користењето на испарувач ти предизвикува кашлица или ти ги влошува симптомите, тогаш не треба да го користиш овој метод“ - заклучува тој. При таков случај, тој препорачува орална ингестија - џвакање на канабисот, маслото од канабис или тинктурата нанесена сублингвално - под јазикот.

Извор: Wake Up World

Thursday, June 1, 2017

Информации за лекувањето на други болести - Дијабетес (извадок од Протоколот на Рик Симпсон „Лекот за рак“ стр. 92 - 93)

Дијабетичарите коишто самошто биле дијагностицирани се обично доста лесни за излекување и за кратко тие често се ослободени од болеста. Но кај пациентите коишто ја имале оваа состојба долго време и страдаат од ефектите од болеста со години, тоа често ќе одземе подолг период. Дури и кај лошо оштетените пациенти, доколку висококвалитетното масло се зема соодветно, често за шест недели тие повеќе немаат потреба од инсулин. За жал, оштетувањето коешто оваа болест го предизвикува во нашите тела може да одземе значително подолго време за да се излекува, но со оглед на времето, повеќето од ова исто така може да се поправи

http://phoenixtears.ca/ & http://donate.hempcures.work/
Маслото се чини дека често ја има способноста да го подмлади панкреасот доста брзо, па тој може повторно да функционира правилно. Ние најпрво бевме во можност да го докажеме ова на дијабетичар којшто го лекував од рак. На крајот од неговиот третман против канцер, тој прекина со маслото целосно за десет дена. За мое изненадување, неговите нивоа на шеќер во крвта останаа во нормала и стана очигледно дека неговиот панкреас мора да функционира правилно повторно.

Јас секогаш им кажувам на пациентите јас не сум доктор, но јас мислам дека тоа ќе биде во нивен најдобар интерес, ако тие би можеле да престанат со хемиските лекови коишто тие ги користат за други состојби. Мошне често, одредени лекови може да ја попречат ефикасноста на третманот со масло и употребата на маслото обично ќе ги замени тие лекови во секој случај.

Сум имал извештаи од пациенти кои страдале од двата типa 1 и 2 на дијабетес коишто тврдат дека маслото ги излечило успешно. На пример, јас сум се соочил со пациенти кои инјектирале инсулин за триесет години, и, откако започнале со маслото, во рок од шест недели тие повеќе немале потреба да ги земаат овие инјекции. Во исто време, други извештаи што јас ги добив од некои тврдат дека тие биле ефикасни само во намалувањето на нивната инсулинска доза. Но, тие, исто така, истакнаа дека со употребата на маслото тоа исто така направило други прекрасни работи кои го подобриле нивното целокупно здравје.

Начинот на кој гледам на тоа, прекинувањето со инсулин и способноста панкреасот да ги контролира нивоата на шеќер во крвта повторно е целта. Сепак, дури и ако ова не може целосно да биде завршено, ефектите од маслото сè уште ќе бидат многу корисни за телото на пациентот. Поради тоа што оваа болест предизвикува проблеми во циркулацијата и други компликации, често инфекција предизвикана од повреда е невозможна за исцелување користејќи ги т.н. конвенционални методи на медицинскиот систем. На пример, ако дијабетичар се здобие со инфекција на неговото стапало и тоа одбие да се исцели правилно, на крајот, одговорот на медицинскиот систем е да се отстрани (ампутира) стапалото или барем делот којшто е инфициран.

Лично познавам дијабетичари коишто го имаат ова направено и по малку време тие обично имаат потреба да им биде отстрането повеќе бидејќи инфекцијата продолжува да напредува. Колку страшна перспектива со која се соочуваат дијабетичарите и она што го прави ова уште полошо е фактот дека овие операции се целосно непотребни.

Во тоа време, не знаев ништо за лековитите својства на коноповото растение и сè што можам да направам е да ја гледам агонијата низ која овие пациенти мораа да поминуваат; но оттогаш јас конечно ја научив вистината. Ако маслото се користи надворешно, тоа ќе ги излечи дијабетските чиреви за многу кратко време, па може да ги замислите придобивките кои диајбетичар ги добива кога оваа супстанца е внесувана. Јас ја правев оваа информација достапна со години но сè уште докторите одбираат да ја игнорираат употребата на овој лек и продолжуваат да ги осакатуваат своите пациенти. Ова е една од причините зошто јас немам корист од медицинскиот систем и сите овие така наречени лекари кои се хранат со нашето страдање.

По земањето на третманот со масло, многу дијабетичари кои биле на рестриктивни диети со години се однесуваат како дете во продавница за благо. Наеднаш, тие повторно можат да јадат храни коишто диајбетичарот не би требало и некои пациенти ќе настојуваат да претеруваат. Како што времето минува, маслото може да ја поправи штетата којашто била направена во телата на дијабетичарите како лоша циркулација, итн. Маслото исто така ќе ги излечи тие гнасни инфекции со кои дијабетичарите треба да се спрауваат, на разумен начин, и од она што сме го сведочеле, висококвалитетното конопово масло е ефективно во третманот на сите типови на дијабетес.“ - Рик Симпсон, Коноп: Најмедицинското Растение

„Маслото го подмладува панкреасот и, верувале или не, тој потоа често започнува да произведува инсулин дури и по години на неактивност. Многу пациенти може да престанат да се боцкаат со инсулин по неколку недели на маслото. Маслото исто така помага во лекувањето или контролата на сите други проблеми во телото поврзани со дијабетесот.

Јас би го јадел маслото и/или би го користел во супозиторија. Пушењето или вапоризирањето може исто така да помогне во редуцирањето на нивото на шеќер во крвта, но ефектите се многу ограничени кога се споредени со внесувањето на маслото. Јас би го користел маслото надворешно за дијабетските чиреви, едноставно нанесете го маслото, покријте го со фластер и повторете го ова на секои три дена додека чирот е излечен. Јас би помешал масло од конопово семе со екстрактот и би го користел за масажи, што ќе поттикне циркулација на крвта и ќе помогне во превенцијата на отоците и другите неудобности. Јас исто така би вклучил конопово семе и масло од конопово семе во мојата диета.“ ЈБ


НЕ ИГНОРИРАЈ! СПОДЕЛИ! ДА ГО НАПРАВИМЕ ЗАЕДНО СВЕТОВ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ! ОД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ ЗАВИСИ!!!


* Симнете си го протоколот бесплатно на англиски и донирајте за да биде преведен на сите јазици! - http://donate.hempcures.work/ 

Wednesday, March 29, 2017

Екстрактот од целото растение канабис ѝ го продолжи животот на малата Меди!

Дознајте повеќе за малата Меди која страда од синдромот Zellweger и марихуаната за неа е единствениот природен безбеден лек!

Меди ја победи смртта со канабис!
Медлин (Madeline) или скратено Меди (Maddie) има само четири годинки и боледува од терминална генетска болест наречена Zellweger Syndrome. Модерната конвенционална медицина до сега не понудила ниту еден лек или пак, третман и многу деца со ова катастрофално заболување не ја преживуваат првата година од својот живот. Марихуаната се чини дека е единственото нешто што ја одржува оваа мала душичка во нормален живот! Меди е глува, слепа и се храни со цевка. Таа исто така има остеопороза, камења во бубрезите, дисфункција на црниот дроб, коагулопатија, анемија, адренална инсуфициенција, низок мускулен тонус, а во јануари 2015 година се стекна и со епилептични напади.


Епи-нападите веднаш станаа опасни по нејзиниот живот, вели нејзината очајна мајка. Тие беа болни и траеа многу долго, па често се случувало таа да престане да дише и да мора да ја реанимираат. Во период од осум седмици откако кај неа се појавија нападите, Меди примаше 26 видови на фармацевтски лекови. Со самото тоа таа ги изгуби и оние незначителни моторни вештини што ги имаше стекнато и беше испратена во болница за неизлечиво болни деца, каде што се очекуваше нејзиниот живот наскоро да заврши...


Како функционира ендоканабиноидниот систем?
Јас не можев да прифатам дека ќе го изгубам моето бебе, па за време на неделите кои водеа кон моментот кога мислевме дека ќе бидат нејзините последни денови, јас започнав да истражувам и открив информации за екстрактот од целото растение канабис. Ноќта кога ја зедовме дома, кога требаше да е последната ноќ со нашата ќерка, ние ја овластивме да може да користи канабис. Се надевавме дека канабисот ќе ја одржува во комфорна состојба во нејзините последни моменти. Наместо тоа, Меди започна да дише самостојно и зачестеноста и времетраењето на нејзините напади започнаа да се намалуваат. Наскоро таа беше осум дена без епи напад!“ - изјавува Меган Холт (Meagan Holt) мајката на Медлин.


Канабисот е создаден за да биде консумиран!
Потоа откривме дека нејзиниот десен бубрег беше преполн со камчиња и наскоро сфативме дека Меди е сензитивна на опијати, до таа мера што имаше непријатен инцидент од несаканите ефекти од опијатите и ургентна интубација. Медикаментозниот крем од марихуана на градите помогна да се извади цевката“ - додава Меган. Меди користи високо концентрирана форма на масло од канабис наречено FECO (Full Extract Cannabis Oil). Со употребата на овој есенцијален екстракт користите најголем процент од медицинските својства на растението што е возможно. Моментално Меди прима 90 мг CBD и 40 мг THC секој ден!Ние им велиме на луѓето дека CBD ја одржа Меди во живот, но THC-A ја врати во живот“ - додава таа.


Неодамна ние започнавме со обидите да ја спасиме од нејзините епилептични напади со канабис. За време од неколку дена високo концентрираниот CBD (18:1) спреј функционираше половина од времето. Потоа ние пробавме изолиран THC-A. Една капка во нејзината уста, што само по себе е необично затоа што таа не земаше ништо преку уста (орално), беше толерирано екстремно добро и два од три напади се стопирани“ - додава мајката на Меди.


Меди сега 15 дена е без епи напад и моментално не користи бензодијазепами (традиционалниот „лек за спасување“) во период од 22 дена. Таа прима само уште четири лекови од целиот арсенал токсични лекови, повеќе не е во болница за неизлечиво болни деца и започна повторно да ги учи вештините како знаковниот јазик на слепите, гукање, клоцање со ноџињата и генерално повторно ужива во животот. Марихуаната на Меди ѝ обезбедува квалитетен живот за што нејзините родители мислеа дека е невозможно. Меди е само уште еден пример дека кај сите неизлечиви болести, пожелно е да му се даде шанса на канабисот!

 
Извор: The Fresh Toast

Sunday, November 27, 2016

Пушењето марихуана како лек за воспалителни болести на цревата!






Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови


Научниците знаат дека марихуаната содржи повеќе од 100 состојки наречени канабиноиди, коишто имаат биолошки позитивен ефект врз телото на консументот. Канабисот веќе долго време се препишува како лек од страна на лекарите во некои земји и тоа за третирање на физички заболувања како артритис, епилепсија, рак, но и за ментални нарушувања како што е ПТСД, депресија или анксиозност. Сепак, улогата што марихуаната може да ја игра во медицината се` уште не е испрецизирана, иако потенцијалот што го има ова растение во подобрувањето на целокупната благосостојба на човекот (па дури и милениците) е веќе одамна добро позната. Канабисот се покажа и како лек за пациентите кои претрпеле трансплантација на органи - оваа билка им помага новиот орган да е полесно прифатен од страна на нивното тело. Недостатокот на истражувања во голем дел се должи на фактот што повеќето студии се фокусирани на незаконската употреба на марихуаната, а не на терапевтскиот потенцијал и поради тоа што канабисот во поголемиот дел од светот е класифициран како дрога бр. 1, што го прави научното истражување речиси и невозможно...


Coltyn Turner успешно ја победи Кроновата болест
Во потрагата по одговори за потенцијалот што го има марихуаната врз здравјето на човекот, научниците дојдоа до интересни наоди. Кога станува збор за несвојствените воспалителни заболувања кај цревата (Inflammatory Bowel Disease - IBD), канабисот може да биде единственото природно решение, многу побезбедно и поефикасно од фармацевтските лекови. Имено, постојат два типа на IBD и тоа Улцерозен колитис и Кронова болест. Употребата на канабис како терапија според Д-р Џордан Тишлер (Jordan Tishler) кој своето образование го завршил на Харвард и е водечки експерт за канабис терапевтика во Масачусетс, канабисот е решението и е многу побезбеден и помалку штетен во споредба со другите лекови.  Да појасниме дека споредните ефекти од канабист не се негативни ефекти. Тие вклучуваат сонливост или на пример зголемен апетит - а тоа се знаци дека телото се лекува - телото си кажува дека му требаат повеќе хранливи материи и сон за да се избори со болеста! Она што е најважно е дека споредните ефекти од канабисот не се летални (смртоносни) како кај фармацевтските лекови. Друга важна работа е што токму кај пациентите со гастроинтестинални нарушувања, споредниот ефект од марихуаната кој предизвикува зголемен апетит - е токму она што им е најпотребно!


'Подобро е да сум нелегално жив, отколку легално мртов'
Постои изобилство од канабиноидни рецептори во гастроинтестиналниот ѕид, истовремено во имуните клетки и клетките од цревата. Канабисот е многу ефективен кај воспалителните заболувања во третирањето на двете истовремено - основната болест, како и нејзините симптоми. Несаканите последици се вистински, но можам да го избројам бројот на пациенти коишто не успеваат со канабис терапијата поради нетолеранција на споредните ефекти од една страна. Внимателното планирање на режимот, согласноста на пациентот, како и редовното следење, исто како и кај било кој друг лек, можат ефикасно да ги надминат овие потешкотии“ - истакнува Д-р Тишлер.


Ти благодариме д-р Рашна! Сите лекари да бидат како тебе :)
Д-р Тишлер и другите негови колеги, коишто препишуваат медицински канабис се ангажирани да го намалат влијанието што воспалителните болести на цревата го имаат врз секојдневниот живот на луѓето што страдаат од овие болести. Поради тоа што симптомите и степенот на болеста се различни кај секоја индивидуа, тој препорачува вариетет од подготовки и начини на употреба на канабисот. „Оралните подготовки (edibles) даваат многу подолга покриеност, додека за повремените симптоми јас обично преферирам вапоризиран цвет. За оние пациенти коишто имаат потреба од дополнителен третман, јас понекогаш комбинирам орален режим со вапоризирање туфки. Како и кај сите лекови, постојат ризици и придобивки од канабисот и целта е секогаш да се најде начинот и да се користи најмалата возможна доза за да се добие најдобриот резултат, со најмалку споредни ефекти“ - додава Д-р Тишлер. Тој исто така нагласи дека медицинскиот режим значително се разликува од рекреативниот и покрај тоа што секоја употреба на канабист е медицинска.

Д-р Рашна Пател (Rachna Patel) исто така е лиценциран лекар во Калифорнија и таа ја раководи нејзината сопствена клиника за медицинска марихуана. Позната како „Експерт за медицинска марихуана“ (The Medical Marijuana Expert) д-р Рашна третира IBD користејќи канабис со многу успех до сега. „Јас открив дека тој им помага на моите пациенти на повеќе начини. Тој им помага да се намалат стомачните грчеви, гадењето и тој исто така помага да се стимулира апетитот со оглед на тоа што пациентите коишто страдаат од IBD често имаат проблеми со губењето на тежината, па користењето на канабис може да помогне кај апетитот и контролата на тежината“ - истакнува таа.


Победи ги воспаленијата!
Најновото откритие кај истражувањата на Кроновата болест немамерно го поддржува канабисот не само како лек за симптомите, туку и како лек за болеста сама по себе. Студијата спроведена од страна на интернационален тим раководен од Case Western University School of Medicine, откри дека габите и бактериите вообичаено присутни во човечкото тело имаат нетипични интеракции во телата на пациентите со Кронова болест. Како надополнување на ова, со истражувањето на фекалната материја кај здравите индивидуи и лицата со Кронова болест во исто семејство, истражувачите откриле дека во споредба со здравите членови од семејството, лицата со Крон имале повисоки нивоа на два вида на бактерии и една габа, коишто заедно ја создаваат лигавата материја што го предизвикува воспалението во цревата.


Ова научно достигнување во комбинација со идентификувањето на антигабичното и антибактериското дејство на канабисот го има потенцијалот да создаде нови третмани и конечно и лек за Кроновата болест и другите видови на нетипични воспаленија на цревата. Со култивирањето на различни врсти на канабиноиди со овие својства, научниците се фокусирани на максимизирање на антигабичното (антифунгалното) и антибактериското дејство кај надворешната како и кај внатрешната употреба на оваа медицинска билка.





Извор: Coltynscrue

Thursday, June 30, 2016

Состојките од канабисот претставуваат природен и безбеден лек против Алцхајмер

„Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ 

Што е подобро? Лекување со билки или
со синтетички дроги во форма на апче?
Алцхајмерот е најпознатата форма на деменција и претставува прогресивна состојба која се влошува со текот на времето. Тоа е физичка болест со психички последици, го напаѓа мозокот и може да предизвика губење на меморијата и потешкотии во говорот и другите когнитивни функции.

До сега е познато дека користењето канабис без разлика на кој начин, може да го спречи стареењето на мозокот. Едно ново научно истражување сугерира дека една од состојките во растението канабис може да ги уништи токсичните протеини што ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест. Токму ова истражување на научниот свет му даде нови одговори на многубројните „недокажани“, а одамна практично одговорени прашања, за тоа како Алцхајмеровата болест може да биде спречена и терапевтски третирана на природен начин. Ракописот на првичните наоди е објавен во зборникот Aging and Mechanisms of the Disease (Стареење и механизмите на болеста).

Канабисот е нова надеж за многу
невродегенеративни болести!
Научниците од Salk Institute во Калифорнија најдоа докази дека Тетрахидроканабинолот - THC, но и другите состојки до сега откриени во марихуаната, можат синергично да го отстранат штетниот протеин наречен amyloid beta кој е поврзан со појавата на ова заболување што ги напаѓа постарите лица. „Воспалението во мозокот е главна компонента од оштетувањето поврзано со Алцхајмеровата болест, но секогаш се претпоставуваше дека овој одговор доаѓа од имуните клетки во мозокот, а не самите нервни клетки“ - вели еден од авторите на студијата и постдокторскиот истражувач Д-р Антонио Карес (Antonio Currais).

Научниците не еднаш до сега рекле дека токму ТХЦ ќе биде „аспиринот“ за идните генерации. „Кога бевме во можност да ја идентификуваме молекуларната база на воспалителниот одговор на амилоид бета, стана јасно дека компонентите слични на THC што нервните клетки самите ги произведуваат, може да бидат вклучени во заштитата на клетките од нивна смрт“ - додава тој. „Иако досегашните претходни студии понудија докази дека канабиноидите може да се невропротективни против симптомите на Алцхајмер, ние веруваме дека нашата студија е прва до сега да демонстрира дека канабиноидите влијаат на двете како на воспалението, така и на амилоидната бета акумулација во нервните клетки“ - истакна главниот автор на студијата професорот Дејвид Шуберт (David Schubert).


Sunday, September 13, 2015

Семејствата ги споделуваат своите искуства и живи докази дека Канабисот е чудотворен ЛЕК!

Теоријата ретко соодветствува со праксата. Наместо да чекаме на (искривоколчени) научни истражувања, бидејќи досегашните се наводно неуверливи, може да започнеме да се водиме од искуството. Не постои поголем доказ за нешто од искуството. Не постои поголем и порелевантен доказ од вистинските ЖИВИ примери на успешно излечени пациенти со помош на Канабис и производи од Канабис. Не постои поголем доказ дека Марихуаната е безопасна, дека не е воопшто штетна од овие вистински приказни, бидејќи повеќето од тие пациенти се деца и тоа многу мали деца и бебиња! Кога една билка не му штети на едно новороденче и мало дете, како тогаш може да му наштети на било кој друг? Секое дете заслужува среќно и нормално детство!

Проследете ги сведоштвата на едни сега веќе среќни родители!

Родителите на Колин се пресреќни
што пробаа својот син да го лекуваат со Марихуана!
Дајан Улрик (Diane Ulrick): Нашиот син Колин (Colin) има скоро 11 години и боледува од синдромот Smith - Magenis. Тоа е ретко генетско пореметување. Тој има епи-напади и експлозивни кризи.

Чед Улрик (Chad Ulrick): Докторите велат дека повеќе немаат што да му дадат - тие го пробале секој можен лек што постои.

Дајан Улрик: Психијатрите одбиваат да го видат, бидејќи тој не може да каже што му е. Тие не сакаат да го прегледаат и да ги третираат неговите кризи и анксиозни напади. Ние се чудевме и си велевме: „Што треба сега ние да сториме со него?“. Неговите медикаменти престанаа да делуваат, а серолозите сугерираа медицинска Марихуана за неговото однесување. Колин започна да користи медицинска Марихуана на девет годишна возраст, па поминаа веќе две години. Ние користиме Канабисово масло. Понекогаш го ставаме во капсули. Ние сфативме дека тоа функционира подобро со едноставно нанесување на павлака. И Колин започна да покажува одредени подобрувања. Епи-нападите и однесувањето - тоа (маслото) ги поправи нештата за коишто ние мислевме дека никогаш нема да биде возможно да се поправат. Сега тој може да се сконцентрира; може да седне и да го слуша учителот и всушност да учи одредени знаци и учи да зборува.

Чед Улрик: Неговиот учител знае се` за неговиот случај. Тој потполно не` поддржува бидејќи го гледа ефектот што е постигнат.

Дајан Улрик: Тоа е нашиот и неговиот живот. Ние се плашевме дека ќе бидеме приморани да го ставиме под посебен надзор, доколку не може да го прими својот лек. Ова е нашиот лек; Ова е неговиот лек. Ние се чувствуваме како криминалци, а ние не треба да бидеме криминалци заради тоа што сакаме да го лекуваме нашиот син, кога психијатрите и докторите не можат повеќе да ни помогнат. Сега треба да помогнеме ние и нашата држава Мишиген.

Страшна несреќа е кога имаш болно дете.
Уште пострашна несреќа е кога имаш дете болно од ретка болест...
Но, среќа во несреќа е кога знаеш дека постои ПРИРОДЕН ЛЕК кој за жал се` уште е забранет. Сепак, подобро е да бидеш нелегално излечен, отколку легално мртов!!!