Wednesday, December 7, 2016

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Во зависност од вашите потреби и желби, како одгледувачи на марихуана, имате можност да произведете широк дијапазон на разновидни марихуана билки со разновидни цветови. Кај билките пораснати од семе, може да се појават разни видови на цветови според тоа каква е генетиката на семето, но и според тоа во какви услови се растени и на кој начин се одгледувани


Видови на марихуана цветови
Хермафродитно цветче
ЖЕНСКИ цветови - женските билки се примарна цел кај повеќето одгледувачи. Тие произведуваат тешки мрсни цветови (туфки) преполни со канабиноиди, кои потоа се берат, се сушат, поминуваат процес на кјуринг и се користат за рекреативна и медицинска употреба. Доколку се опрашени, женските растенија го стопираат производството на THC и започнуваат да формираат семе.

СЕНСИМИЛА (Sensimilla) - ова е термин кој се користи за цветањето на марихуаната којашто НЕ била опрашена од машка билка. Сенсимила цветовите се најпотентни и содржат најмногу THC и се најценети помеѓу комерцијалните одгледувачи на канабис.

Хермафродитна туфка
МАШКИ цветови - машките билки имаат своја примена, но не произведуваат туфки што се пушат, тие произведуваат цветови со полен што може да се употреби за производство на семе. Доколку сакате да одгледувате нефертилизирани женски марихуана растенија, машките билки во просторијата за растење ќе ги опрашат сенсимила билките и останатите женски билки, доколку не ги отстраните и уништите на време.


ХЕРМАФРОДИТИ (цветови со двополови карактеристики - туфки со прашници полни полен) - хермафродитните билки настануваат поради стрес за време на вегетативниот период или раното цветање. Билката којашто е оставена да цвета предолго, исто така може да стане хермафродит. Доколку ви се појават хермафродити не очајувајте! Тие се` уште може да произведуваат туфки што може да се пушат, но им недостасува потентноста што ја имаат женските, затоа што хермафродитите својата енергија ја насочуваат во производство на семе, а не на канабиноиди.

No comments:

Post a Comment