Цветањето на марихуаната е фазата од развојот на растението кога женските билки ќе почнат да произведуваат пупки (туфки). Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате
Иако постојат машки и женски растенија, најголемиот дел од одгледувачите ги оставаат само женските билки, бидејќи само тие произведуваат висококвалитетни туфки преполни со канабиноиди и со малку или воопшто семки, кои се идеални за консумирање по пат на пушење. Фазата на цветањето кај марихуаната е еден од најважните чекори во процесот на одгледување. Осигурете се дека ќе ги поставите вашите растенија на соодветен светлосен циклус, за марихуаната да ги даде резултатите кои ги сакате.
Најголем дел од проблемите со кои се соочуваат одгледувачите поврзани со фазата на цветање може да ги прочитате подолу. Доколку сте одгледувач - почетник, подобро е да ги прочитете следниве препораки пред самите да се соочите со истите проблеми ;) На страницата Grow Marijuana
може да прочитете уште повеќе совети за растење, а исто така и да ги
прочитате анонимните коментари од одгледувачите ширум светот, како почетници, така и поискусни, да ги согледате нивните
искуства, а исто така и самите да поставите прашање или да оставите
коментар! :)
* Мувла - мувлата може да се појави кога влажноста во просторијата за растење е премногу висока. Ова може да се избегне со мерење на влажноста и избегнување на прскањето со вода на вашите растенија.
* Штетници - штетниците во просториите за растење обично доаѓаат од клонови и се ретки кај билките, кои се пораснати директно од семе. Најопасни се пајачињата Spider Mites од семејството Tetranychidae. Затоа одржувајте ги просториите за растење речиси стерилно чисти! Доколку одгледувате надвор - заградете ги билките за да не бидат напаѓани од желки и полжави.
* Хермафродит поради стрес - ова може да биде предизвикано од протекување дури и на малку светлина кога билките спијат или започнување на светлосниот циклус за цветање (12-12) уште пред да се оформи цветот. Стресот може да биде предизвикан исто така, поради премногу или премалку вода, како и несоодветни температури - превисоки или прениски од препорачаното. Хермафродитните растенија може да ги опрашат другите растенија во вашиот гроу бокс со ослободување на поленот.
* Протекување на светлина - предизвикува стрес кај билката и доведува до забавување на процесот на цветнање. Исто така, предизвикува хермафродитизам кај билките (на една билка се препознаваат двата пола).
* Презреани туфки - предизвикано од ненавремено берење. Затоа внимавајте да не ги предобрите туфките! :) Не е добро ни да се бере прерано, ниту пак предоцна. Доцната берба на цветовите од марихуаната доведува до тоа тие да не се толку потентни (јаки) и ризикувате билката да стане хермафродит.
* Штетници - штетниците во просториите за растење обично доаѓаат од клонови и се ретки кај билките, кои се пораснати директно од семе. Најопасни се пајачињата Spider Mites од семејството Tetranychidae. Затоа одржувајте ги просториите за растење речиси стерилно чисти! Доколку одгледувате надвор - заградете ги билките за да не бидат напаѓани од желки и полжави.
Хермафродит |
Последица од пајачињата |
* Протекување на светлина - предизвикува стрес кај билката и доведува до забавување на процесот на цветнање. Исто така, предизвикува хермафродитизам кај билките (на една билка се препознаваат двата пола).
Еве како да го разликувате полот :) |
* Машки растенија во собата за растење/гроу боксот - машките растенија ги опрашуваат женските растенија, што доведува до тоа целата енергија којашто е потребна за формирањето на тешките мрсни и потентни туфки, да се трасферира за производство на семе, што значи дека билката дава послаб и помал принос.
Во моментот кога ќе согледате дека имате машки билки, отстранете ги од просторот наменет за растење и уништете ги затоа што поленот се разнесува многу далеку, па дури може и да ги опраши женските марихуана билки од соседите... Ние ви препорачуваме да не ги уништите машките билки, туку да ги употребите во исхраната - од нив да направите суров цеден сок, смуди или чај. Ајде! Прво, па женско!!! :D

СРЕЌНО! :) <3
No comments:
Post a Comment