Showing posts with label женски. Show all posts
Showing posts with label женски. Show all posts

Saturday, June 23, 2018

Поленизација на канабисот - собирање и чување на поленот од машките цветови

Кога одгледувачот сака да ја опраши билката за да го обезбеди семето, најдобро е да започне со светлосен режим од 12 часа светлина и 12 часа темнина во времетраење од седум дена, по што машката билка треба да се премести во собата за цветање


Поленов прав од машки билки од канабис
Пред да зборуваме за собирање на поленот, да го разгледаме начинот на зашеметување (staggering) и што тој прави за опрашувањето на канабисот. Staggering е тактика која му овозможува на одгледувачот на канабис да добие максимум семе во секоја канабис билка. Ако сакате да дознаете повеќе за полинацијата и бербата семе од канабис, може да ги усовршите своите практични и теоретски знаења со добивање на мастер сертификат за канабис, онлајн на Универзитетот за канабис тренинг (Cannabis Training University).


Временска рамка

Треба да се има на ум дека секоја врста ќе биде различна во текот на овој временски период. Ако сакате да го одгледувате вашиот канабис или да направите семе од канабис, потребно е исто така да знаете како ќе го собирате поленот и ефективно ќе го опрашите растението.


Отворете ги ќесињата со полен

Откако машките растенија од канабис почнуваат да цветаат, можете да го соберете поленот. Ако женската билка ги феминизира своите семиња, можете да го направите истото. Веднаш штом ќе ги видите топчињата со полен кои пукаат на билката како да се отвораат, треба да бидете подготвени да го соберете поленовиот прав. Еден начин на кој може да се каже дали вашиот полен е подготвен за да биде собран е внимателно да ги отстраните вреќичките со полен и да им овозможите да се исушат за една недела. Откако ќе се исушат, тогаш ќе ги ставите сите во зиперка. За да знаете сигурно дека се подготвени, едноставно ја тресете затворената зиперка со полен и жолтеникавиот прав треба лесно да се истури.


Чување на вашиот полен

Сега, кога успешно сте го собрале поленот, веќе е време да го зачувате. Непријателот за чување на поленот е влагата. Таквиот полен во голема мера може да го оштети семето од канабис. Додавањето брашно за готвење за премачкување на собраниот полен или зрна ориз успешно ја задржуваат влагата. Ако додадете повеќе брашно и го ставите поленот во замрзнувач, всушност може да го зачувате вашиот полен за една година или дури и подолго. Користете кутии за замрзнување, наместо пластични ќеси за замрзнувач. 


Опрашување на женските билки

Почекајте додека вашите женски растенија не се до три недели во фазата на цветање, пред да го разгледувате опрашувањето. Сега, кога вашата мајка е во својата трета недела на цветање, користете четка и аплицирајте го феминизираниот полен каде туфките се развиваат. До третата недела, туфките треба да покажат многу тенки бели влакна. Ќе го нанесете поленот на овие тенки бели влакна. Ќе забележите дека цветовите што го допираат поленот се единствените кои ќе создадат семе од марихуана. Можете да одлучите да опрашите неколку туфки или сите. Бидете сигурни дека сите женски влакна се допираат со поленот.


Бербата на семињата

Треба да почекате околу шест недели пред бербата на семето, бидејќи тоа е времето кое ќе биде потребно за семето од канабис да се развие. Бидете сигурни дека канабис растенијата ќе останат живи пред да падне семето. Можете веднаш да ги користите вашите семиња за садење или да ги чувате на суво и темно место, додека не ви се потребни, дури и со години. Сепак, секогаш означете го семето, ставајќи го датумот на складирање на етикетата, но и врстата или вкрстените врсти од кои е добиено.



Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Friday, June 22, 2018

Кога да ги одвоите машките од женските канабис билки?

Секој што веќе одгледува се запрашува зашто не започнал да го прави тоа порано? Не само што е важно да ги одберете соодветните врсти, треба да знаете и кога да ги тргнете машките билки надвор од одгледувалиштето


Машки цвет од канабис/коноп
Растењето марихуана дома не само што е интересно хоби, туку оние кои стекнале соодветно искуство, можат да се гордеат со својата жетва, како и да заштедат многу пари со производство на сопствен лековит цвет. Билката комуницира со одгледувачот и поради тоа ќе ви го даде лекот што ви е најпотребен токму Вам.


Одгледувачот мора да се осигура дека сите машки растенија се отстранети од собата за растење од женските билки, пред поленот да започне да се ослободува од прашниците. Ако ова не се направи на време, тоа може да претставува целосна катастрофа за успехот на жетвата и производството на високо-квалитетни цвеќиња без семе е практично невозможно, поради тоа што женските цветови се претвораат во хермафродити. 


Одгледувачите почетници не треба да се обидуваат да ги користат машките билки за размножувачки цели. Вкрстувањето разновидни канабис врсти за создавање на нови меѓувидови е доста напредна постапка со која може да се пофалат поискусните. Најдобар совет за почетниците е да се отстранат машките растенија веднаш по нивната идентификација и да се уништат со тоа што се сечат и фрлаат во пластични ќеси, кои го спречуваат истекувањето на поленот, а може исто така и веднаш да се употребат за чаеви бидејќи листовите се богати со CBD.


Женски цвет од канабис
Мажјаците обично го откриваат својот пол порано од женките. Одгледувачот мора да внимава на местото каде што поединечните странични гранки ги исполнуваат главните вертикални стебленца на растението. Машките предцветови се појавуваат како staminate primordia, кои се чини дека се мали кластери на топченца кои висат. Женските предцветови се појавуваат во истата област на растението како кај машките, меѓутоа се појавуваат како каликси (pistil primordia) кои се појавуваат како мали тенки бели влакна кои растат нагоре. Машките предцветови може брзо да созреат и да создадат полен во изненадувачки краток временски период! ВНИМАВАЈТЕ!


Денешната канабис индустрија,  го негува канабисот во исклучително контролирани средини. Освен за тесно контролирани и следени проекти на одгледување, женските и машките канабис растенија се сегрегирани и се одделуваат едни од други. Кога ќе се избере соодветна машка билка (обично со добра структура и големо производство на смола), потоа нејзиниот полен се собира, па размножувањето на примарната женка се прави по строг протокол.


Кога станува збор за одгледување во домашни услови, практиката на отфрлање на машките растенија е исклучително важна за севкупниот успех на жетвата. Денешните домашни производители обично го набавуваат своето семе од семенска компанија или банка и имаат избор помеѓу феминизираното семе (семе што ќе произведува само женски растенија) и нормално семе (семе што ќе произведува женски и машки растенија). Женските растенија го прекинуваат производството на смола во вид на снегулести, лепливи трихоми на нивните цветови, откако ќе станат опрашени од машкиот полен - а трихомите содржат највисоки нивоа на канабиноиди.


Бессемениот канабис се појавил на црниот пазар, познат како „sinsemilla“, што во превод значи „без семе“ (зборот е изведен од латински sine „без“ [see sans] + semen „семе“ [see semen]). Ваквиот канабис без семе брзо го привлече вниманието на потрошувачите, бидејќи е со многу повисок квалитет во поглед на неговата содржина со високи нивоа на смола. Денес во канабис индустријата, сите комерцијални цвеќиња се sinsemilla и тоа подразбира дека цвеќињата не содржат семе.



Читај повеќе за одгледувањето канабис:










Автор и Уредник: MoniQue Konopova

Sunday, January 14, 2018

Канабисот е најбезбедниот лек за третирање на „женските проблеми“ поврзани со ПМС

Канабисот има потенцијал да третира голем број на болести, растројства и невообичаени здравствени состојби, од тешки мачнини и гадење до мигрена. Но, она што баш би ги интересирало жените е дали канабисот има некакво влијание врз пред и пост-менструалниот синдром, грчевите, менувањето на расположение и целата неудобност која доаѓа пропратно. Уште еден текст којшто направи да бидам сигурен дека пред канабисот, поимот болка, каква и да е, и од што и да е предизвикана, го губи значењето, во целост!


Ветеранката Amy Rising пуши канабис заради ПМС и ПТСД
Дали марихуаната третира ПМС?

Дисменорејата (Dysmenorrhea), поим за менструални болки, погаѓа околу 40% од сите жени во светот и може да биде толку интензивна што 20% од сите тие жени не можат да станат од кревет. Додека постојат повеќе лекови за овие болки, многу жени меѓу кои и Кралицата Викторија, се сигурни дека канабисот е единствениот лек ефективен за нив. И покрај растечкиот број на жени кои упорно тврдат дека марихуаната е единствениот излез од ПМС, тоа сè уште сериозно не ја квалификува медицинската марихуана за третирање на овој здравствен проблем. Можеби затоа што не постои конкретно истражување за ова, иако постојат неколку студии кои укажуваат дека канабисот може да биде лек за ПМС.


Ејми Рајзинг (Amy Rising), воздухопловна ветеранка, пуши марихуана. Рајзинг работи на промената на законите за воените ветерани да можат слободно да си го третираат пост трауматското стресно нарушување (ПТСД) со марихуана. Ветувачките знаци и докази дека канабисот помага при ПМС се многубројни. Додека истражувањата за тесната врска меѓу марихуаната и ПМС-от се ограничени, постојат студии кои покажуваат дека марихуаната многу успешно ги третира, пак, симптомите кои се поврзани со ПМС-от. На пример, успешно ги елиминира и спречува главоболките. Во 2016 година, студија објавена во Pharmacotherapy открила дека марихуаната ефективно ја намалува фрекфенцијата на месечни мигрени од 10.4 на 4.6. Студиите исто покажуваат дека марихуаната помага при иритабилноста. И ТНС и CBD го покачуваат значително нивото на „среќниот“ хормон серотонин. Марихуанта ги сведува на минимум дијарејата, ги намалува акните и грчевите.


Добрата вест е тоа што иако докторите не можат да им препишат медицинска марихуана конкретно за ПМС на своите пациентки, тие можат да им ја препорачаат за симптомите на ПМС-от. Кога жените ќе добијаат пристап до диспанзер (рекреативен или медицински), ќе имаат пристап и до производите од многу компании за секакви женски потреби од полесно постигнување оргазам до сузбивање на грчевите во утробата. Whoopi & Maya создаваат целосна линија дизајнирана за менструалните болки. Ох, и кој може да ги заборави старите и добри ТНС супозитории (не тампони) од FORIA кои ублажуваат силни ПМС болки? Овие производи, можеби нема да ѝ помогнат на секоја, но благодарение на непостоечкиот ризик и безбедноста на марихуана, вреди да се проба и експериментира. 




5 врсти на канабис кои се супер ефикасни за ПМС:


1. Обама Куш (Obama Kush) - хибрид на сатива и индика. Не само што успешно ја побива менструалната болка туку и влијае на расположението, поради застапеноста на ЦБД од сативата.



2. Блек Чери Чиз Кејк (Black Cherry Cheese Cake) - индика која го опушта телото кога пристигнува хајот и трае 2-3 часа. Се препорачува пред спиење или на крајот од денот, кога немате обврски, поради интензитетот на индиката.



3. Блу Дрим (Blue Dream) - ефективен хибрид каде преовладува индиката. Идеална врста бидејќи ефективно ја намалува болката, а го има мозочниот ефект на сатива, поради што се препорачува пред работа и пред излегување, на почетокто од денот.



4. Дач Трит (Dutch Treat) - доста опушталка врста за влез во романтилен филм.



5. Прпл Уркл (Purple Urkle) - ова тешка индика не е шега бидејќи директно те ослободува од болките! Значи не се препорачува кога треба да се заврши нешто многу важно ако сте почетници. Се препорачува и за несоница.




Едно нешто за кое што сум сигурен дека ќе се сложиме сите, е дека имињата на врстите и хибридите се многу креативни и необични. Па, јасно ни е дека сè што е поврзано со ова растение е бесконечно и креативно, нели? Уживајте! :)

Извори: HERB, The Maven

Wednesday, December 7, 2016

Какви типови на марихуана цветови постојат?

Во зависност од вашите потреби и желби, како одгледувачи на марихуана, имате можност да произведете широк дијапазон на разновидни марихуана билки со разновидни цветови. Кај билките пораснати од семе, може да се појават разни видови на цветови според тоа каква е генетиката на семето, но и според тоа во какви услови се растени и на кој начин се одгледувани


Видови на марихуана цветови
Хермафродитно цветче
ЖЕНСКИ цветови - женските билки се примарна цел кај повеќето одгледувачи. Тие произведуваат тешки мрсни цветови (туфки) преполни со канабиноиди, кои потоа се берат, се сушат, поминуваат процес на кјуринг и се користат за рекреативна и медицинска употреба. Доколку се опрашени, женските растенија го стопираат производството на THC и започнуваат да формираат семе.

СЕНСИМИЛА (Sensimilla) - ова е термин кој се користи за цветањето на марихуаната којашто НЕ била опрашена од машка билка. Сенсимила цветовите се најпотентни и содржат најмногу THC и се најценети помеѓу комерцијалните одгледувачи на канабис.

Хермафродитна туфка
МАШКИ цветови - машките билки имаат своја примена, но не произведуваат туфки што се пушат, тие произведуваат цветови со полен што може да се употреби за производство на семе. Доколку сакате да одгледувате нефертилизирани женски марихуана растенија, машките билки во просторијата за растење ќе ги опрашат сенсимила билките и останатите женски билки, доколку не ги отстраните и уништите на време.


ХЕРМАФРОДИТИ (цветови со двополови карактеристики - туфки со прашници полни полен) - хермафродитните билки настануваат поради стрес за време на вегетативниот период или раното цветање. Билката којашто е оставена да цвета предолго, исто така може да стане хермафродит. Доколку ви се појават хермафродити не очајувајте! Тие се` уште може да произведуваат туфки што може да се пушат, но им недостасува потентноста што ја имаат женските, затоа што хермафродитите својата енергија ја насочуваат во производство на семе, а не на канабиноиди.