Monday, December 12, 2016

Аеропоника системи за одгледување канабис во домашни услови

Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор

Запознајте се со системот аеропоника

Иако аеропонската технологија е пронајдена дури во 1930 година, само во последните неколку години се стекнува со поголема важност, особено во пренаселените урбани средини каде што нема слободни места за производство на храна. Аеропонскиот систем е највисока технологија во хидропониката. Хидропоника значи одгледување на растенија без подлога, вкоренети во воден раствор. Во аеропониката корените висат во празно корито, но се капат во фино распрсканите хранливи материи на секои неколку минути (постојано се прскани од магла-спреј од хранливите материи). Придобивките се огромни. Растенијата растат до 50% побрзо отколку на супстрат, па така тие се спремни за жетва и 2-3 пати порано од нормално. На пример, расадот од домати треба да биде стар најмалку 28 дена за пресадување во супстратот, додека кај аеропониката доволни се само 10 дена.

Хранливите материи се нанесуваат директно на корените на растенијата, кои многу полесно ги впиваат, бидејќи има лесно достапен кислород и се стимулира растот на ситните коренчиња. Системот на циркулирање на хранливиот раствор може да биде целосно затворен, со што е голема заштедата на вода. Не постои ризик од болести кои се пренесуваат преку почвата или преку проточната вода, но можно е да се зголеми густината на садењето. Аеропонските системи можат да ја намалат потрошувачката на вода за 98%, употребата на ѓубрива за 60%, употребата на пестициди за 100%, а во исто време даваат максимален принос. Растенијата одгледувани со овој систем се покажаа, исто така, дека имаат повеќе витамини и минерали, што ги прави потенцијално похранливи и поздрави.
Технологијата е целосно програмирана и автоматизирана, дури и можно е преместување на целиот систем, како и примена во домашни услови. Во зависност од системите за одгледување, билките можат да бидат наредени хоризонтално или вертикално. Надземниот дел од билките се придржува за платформата со помош на јака околу долниот дел на стеблото или во перфорирана саксија, а корените се капат во растворот. Главниот недостаток на овој систем е тоа што во комората за полувлажна атмосфера се појавуваат бактерии, така што мора да се врши редовна дезинфекција со хидроген пероксид. Друг недостаток е бучавата што ја предизвикува системот. Целиот систем е прилично скап, а зависи од високиот квалитет на пумпата за висок притисок, од фогерите и тајмерот.



Спротивното мислење дека овие растенија, поради изобилството на храна и вода, се нежни и кршливи е погрешно, тие токму поради тоа имаат доволно цврстина да дадат зголемен род. За овој систем потребна е пумпа и микрораспрскувачи - така наречени фогери, кои можете да ги направите самостојно. Притисокот на водата мора да биде многу висок, така што прскалките да го распрскуваат растворот со големина на капките од 5-50 микрометри. Колку е помала капката, толку подолго таа ќе лебди во воздухот и ќе раствори повеќе кислород. Времето на прскање е обично две секунди на секои 1,5 - 2 минути или една секунда на секоја минута. Истовремено во воздухот може да се додава СO2, со што се зголемува ефикасноста на фотосинтеза. 

Аеропониката не е за почетници! Одгледувачот кој сака да има успех кај аеропониката, треба да има зад себе доста искуство и кај класичното одгледување во земја, треба да знае како расте марихуаната и како изгледа една здрава билка, а секако треба да знае и да ги препознава нутритивните суфицити и дефицити кај билките.


No comments:

Post a Comment