Showing posts with label епилептични. Show all posts
Showing posts with label епилептични. Show all posts

Tuesday, March 13, 2018

Соединението CBD помага да се спречи зачестеноста на епилептичните напади

Едно природно соединение, наречено канабидиол - CBD кое го содржи канабисот, може да помогне да се спречи зачестеноста на епилептичните напади, сугерира научната јавност врз база на достапните докази, објавени на интернет во Journal of Neurology Neurosurgery & Psychiatry

Канабисот лекува епилепсија!
Доказите до денес се најзастапени помеѓу децата или тинејџери и ретките и сериозни форми на состојбата. Значи досегашните докази се ограничени само на третман на епилептични пациенти, чија епилепсија не реагира на конвенционалните лекови, предупредуваат истражувачите. Помеѓу 70 и 80 проценти од луѓето со дијагностицирана епилепсија успеваат целосно да ги контролираат нападите со користење на конвенционални лекови како што се Валпроат (valproate) и Карбамазепин (carbamazepine), но сепак до една третина оваа состојба воопшто не реагира на овие третмани и да не заборавиме колку се штетни долгорочните последици од овие конвенционални третман за епилепсија!


Прелиминарните истражувања сугерираат дека соединенијата што се наоѓаат во канабисот (канабиноидите) можат да ги потиснат конвулзиите. И еден од овие канабиноиди, канабидиолот или ЦеБеДе, се чини дека покажува ветување за спречување на нападите. За да го истражат ова подетално, истражувачите ги следеле истражувачките бази на објавени и необјавени студии и податоци во врска со потенцијалното влијание на канабиноидите како додаток на вообичаениот третман за епилептичните напади, објавени до октомври 2017 година.


Шарлот Фиги заедно со нејзиниот анти-епилептичен лек! :)
Во серија од 91 студија се откриени шест клинички испитувања (555 пациенти) и 30 опсервациони студии (2.865 пациенти) кои се квалификувале за вклучување во нивниот преглед. Сите учесници, чија просечна возраст била 16 години, имале ретки форми на епилепсија кои не реагирале на вообичаениот третман. Вкупната анализа на податоците од клиничките испитувања покажа дека ЦБД е поефикасен од лажниот лек (плацебо) 50 проценти или повеќе и на испитаниците им понуди подобрување на квалитетот на животот. Канабидиолот, исто така, беше поефективен од плацебо во целосно уништување на нападите, иако ова беше сè уште ретко.


Збирните податоци од 17-те опсервативни студии покажаа дека фреквенцијата на напади се намалила за најмалку 50 проценти кај половина од пациентите и целосно исчезнала кај речиси  10 (8,5%) во осум од овие студии. Квалитетот на животот се подобрил на половина од пациентите во 12 од студиите. „Фармацевтското ЦБД при адјувантна (adjuvant) терапија кај педијатриски почетни епилепсии отпорни на лекови може да ја намали фреквенцијата на напади“ - заклучуваат истражувачите. „Постоечките [рандомизирани контролирани испитувања] докази се најчесто во педијатриски примероци со ретки и тешки епилептични синдроми,  кои ги испитуваат другите синдроми и канабиноиди“ - додаваат истражувачите.


На видеата подолу, може да дознаете за малата Шарлот Фиги (Charlotte Figi) која боледуваше од Драветов синдром, но благодарение на посебната врста канабис „Шарлотс веб“ (Charlotte's web) - именувана и создадена специјално за ова мало пациентче, таа сега е нормално девојче и може нормално да расте, д асе развива и да се радува на детството! Повеќе за таа дизајнирана врста на канабис во која доминира канабидиолот, може да дознаете во второто видео. Ве замолуваме да го споделите овој текст на социјалните мрежи!


Поврзани статии - избор на Уредникот:









Автор: Кристина Т.
Извор: Eurekalert.org
Главен и одговорен уредник: MoniQue Konopova

Monday, March 27, 2017

Уште една успешна канабис битка на мајка со епи-нападите на нејзината ќерка

Меган со својата ќерка Меди
Мајката Меган Холт (Meagan Holt) конкретно се залага за употребата на медицинска марихуана како третман за една ретка форма на епилепсија „Grand Mal seizures“ (Generalised tonic-clonic seizure), односно последица на болеста Zellweger Syndrome

Животниот пат на нејзината четири годишна ќеркичка Меди (Maddie - Madeline) е секојдневие за многу родители... Поради недостатокот од научни истражувања, мајката на ова девојче се` уште точно не знае до која мера и точно на кој начин лековитата билка канабис ѝ помага на нејзината ќерка. Но едно е сигурно - ѝ помага без несакани споредни ефекти!


Но, дали употребата на растението канабис го олеснува ова бебенце од тешките симптоми од болеста? Апсолутно, да! Дали билката успеа да ги стопира нејзините напади што го загрозуваат нејзиниот живот? Дефинитивно, да! Дали третманот со канабис докажа дека Меди нема повеќе потреба од сите оние штетни лекови? Погодивте - ДА!  И најважното прашање: Дали малата Меди ја промени свеста на многу родители кои се плашат своите деца да ги лекуваат со марихуана, поради страв од законската регулатива? Без сомнение! Случајот на ова детенце ја промени и свеста кај многу доктори и медицински професионалци исто така. 


Разликата по третманот од канабис е очигледна...
Но, што доколку некој нов симптом на болеста се појави? Што доколку оваа ретка форма на епилепсија се врати? Не знам колку време мојата ќерка има на оваа планета, но она што го знам е дека нејзино човечко вродено право е безбедниот пристап кон оваа билка која животот ѝ го спасува. Со канабис таа се радува, таа игра, таа се смее и може да биде повеќе своја (индивидуална)“ - изјавува мајката на ова девојче.

За мене ова не е избор, ова е нешто што јас морам да го правам; да ѝ го обезбедам на Меди олеснувањето коешто таа го заслужува користејќи канабис. Моја должност е да застанам зад мојата ќерка. Јас морам да се залагам за употребата на ова растение за Меди и други деца кај кои исто така може да е корисно, па дури и да им спаси живот. Јас си поставив како животна мисија да ѝ покажам на медицинската заедница, јавноста, нашите законодавци, дека е веќе доста“ - објаснува таа.


Ниеден родител не треба да поминува низ она низ коешто поминавме јас и мојот сопруг. Замислете како гледате четири возрасни мажи кои ротираат давајќи му прва помош на безживотното тело на мојата ќерка, додека алармите свират... Дали не би направиле се` за да му помогнете на своето дете? Дали ќе истражувате за алтернативните решенија кога тимот од експерти што се грижат за вашето дете тврди дека не постои ништо друго што може да се стори? Јас нема да престанам да му го давам природниот лек на моето бебе што ѝ го спасува животот и нема да престанам да се залагам за оние без глас сè додека нема да бидат сослушани“ - заклучува напатената мајка...

Извор: The Fresh Toast

Friday, March 10, 2017

Сè повеќе пациенти со епилепсија користат медицинска марихуана

Научното истражување од Sydney University покажа дека 14% од лицата со епилепсија користеле производи од канабис за да ја контролираат својата состојба и кај мнозинството се покажале големи подобрувања

Лекот за сите болести е природен!
90% од возрасните епилептичари во студијата и 71% од децата испитаници изјавиле дека марихуаната им помага да се справат со нивните епилептични напади. Многу од пациентите со епилепсија во Австралија започнуваат да се лекуваат со канабис терапија, покажува најновата анкета на национално ниво. Родителите на децата со епилепсија коишто се третирани со канабис ги потврдуваат подобрувањата во нивната состојба во менаџирањето и редуцирањето на епилептичните напади.

Канабисот е побезбеден од епи-нападите!
Објавена во зборникот Epilepsy & Behaviour (Епилепсија и однесување), научната студија „the Epilepsy Action Australia study“, во партнерство со the Lambert Initiative при Универзитетот во Сиднеј, анкетираше 976 испитаници со цел да ја проучи употребата на канабис кај лицата со епилепсија, причините за употреба и сите забележани придобивки пријавени од страна на консументите на канабис со епилепсија. Главната причина за обидот со канабис терапија беше да се изнајде побезбеден третман со „поповолни“ несакани ефекти во споредба со стандардните антиепилептични лекови. Главниот автор на студијата Anastasia Suraev од the Lambert Initiative изјави дека истражувачите добиле дополнителен увид за причините кои влијаат на употребата на канабис кај пациентите.

Легално мртов или нелегално излечен?
И покрај ограничувањата на ретроспективната онлајн анкета, не можеме да го игнорираме тоа што значителен дел од возрасните и децата со епилепсија користат канабис-базирани производи во Австралија, а многу од нив пријавуваат значителна корист за нивната состојба. Посистематски клинички студии се итно потребни за да ни помогнат подобро да се разбере улогата на канабиноидите кај епилепсијата“ - рече таа. Во 2015 година бабата и дедото на три годишно девојче со ретка форма на епилепсија, донираа голема сума на пари за Ламберт инцијативата за да ги поттикнат истражувањата на медицинскиот канабис. Помогни и ти - сподели ја оваа статија!

Извор: The Guardian

Sunday, October 2, 2016

Новели е 95 дена по ред без епилептичен напад благодарение на канабисовото масло!

Новели нема епи напади затоа што
консумира екстракт од канабис!
Ова мало и слатко насмеано девојче се вика Новели (Novaleigh). Таа е од Тексас, а сега живее во Колорадо за да може да го добива својот лек легално

Го следам нејзиниот случај некаде околу две години. На сликава е со додаток за кислород кој го прима поради респираторна инфекција која ја доби минатата недела. Но и покрај инфекцијата, Новели е 95 дена по ред без епилептичен напад. Така што веќе го дуплира претходниот рекорд. Да живееше уште во Тексас, таа ќе имаше по неколку стотици напади дневно, за кои примаше шака лекови и пак беше во болница секој втор ден и завршуваше на апарати, повеќето време полусвесна“ - вели Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

И за болеста на Новели може да се каже дека нема доволно студии или дека е изолиран случај, но колкаво его треба да имаш за да го негираш она што ти е пред очи? Чисто за информација, лекот на Новели не е само CBD туку содржи и THC и е во далеку поголем сооднос од 15:1. Иако само CBD, како и лекови со споменатиот сооднос ќе делуваат кај повеќето деца со епилепсија, кај многу други потешки случаи ќе треба и значителна доза на THC, а по најновите сознанија и THCV. Не смееме да ги ограничуваме пациентите кој сооднос ќе го примаат, зашто третманот е строго индивидуален.

Веќе 95 дена без епи напади! :)
ТОКМУ ОВА се случува кога на вашето дете ќе му ја прекинете терапијата со токсични фармацевтски лекови за епилепсија што лекарите ги препишуваат за стопирање на епилептичните напади, а всушност не функционираат, а кога наместо нив ќе започнете на детето да му давате терапија со канабисово масло! Анти епилептични лекови коишто им се препишуваат на нашите деца можат да предизвикаат оштетување на когнитивниот развој, а исто така тие кај многу деца предизвикуваат зголемување на епилептичната активност.

Јас никогаш не помислив дека ќе го слушнам моето дете како зборува. Било кога. Кога ние се преселивме тука за да имаме пристап до канабис за Новели, ние постигнавме две животни промени. Ние бевме во можност да се ослободиме од стотиците напади на ден, коишто евентуално би `и го одзеле животот, а исто така бевме во можност да се ослободиме од вреќата полна со фармацевтски лекови коишто `и го држеа грбот, но не успејаа да `и обезбедат олеснување од нападите за повеќе од две години“ - велат родителите на Новели.

Канабисот е растението на здравјето, среќата и љубовта!
Новели со нејзините пресреќни родители
Беше потребна една година после тоа за да го слушнам моето дете да каже „мама“ за прв пат. Таа не го кажа нејзиниот прв збор се` додека не наполни три и пол години. Но, дозволете ми да ви кажам - тоа е како да сте добиле лото. Тоа е радост што ме доведува на колена. Не постои начин за тоа да се опише“ - додаваат тие.

Ако се` уште не сте сосема сигурни дека канабисот е безбеден лек, како за рак, така и за епилепсија и ред други заболувања, а исто така дека е многу ефикасен лек, кој многу успешно ги контролира епилептичните напади кај децата - погледнете го видеото за да се уверите!